Tuesday, September 22, 2009

Документи

Во овој дел од страната ќе се објавуваат историски документи и други поважни современи документи.

Овој дел на страната е конципиран за да им помогне на читателите со документи кои ги нема на македонски јазик во електронска верзија.
Редакцијата на amfiteatar.info апелира до сите кои имаат можност да ни испратат историски документи, или нивни делови, на македонски јазик да го направат тоа преку електронска пошта на

amfiteatar.blogspot@gmail.com ,
однапред ви благодариме.

105 comments:

  1. АТЛАНСКАТА ПОВЕЛБА

    САД беа технички сеуште неутрални во 1941г., кога Претседателот Френклин Рузвелт одржуваше бродски состаноци со Британскиот Премиер Винстон Черчил на брегот на Њуфаундленд. Декларацијата која произлезе од таа конференција, позната како Атлантската повелба, ги нагласува принципите на самоодлучност и меѓународна соработка за промовирање на мирот. По влегувањето на САД во војната, во декември 1941, сите влади кои се бореа против силите на Оската се заколнаа дека ќе ги одржуваат принципите на повелбата со тоа што ја потпишаа изјавата позната како Декларација на Обединетите Нации. Обата документи ги поставија воените објективи и помогнаа да се постави основата на поствоениот свет.

    Атлантската повелба

    14 aвгуст, 1941


    Претседателот на Соединетите Американски Држави и премиерот, г. Черчил претставувајќи ја Владата на Неговото Височество во Обединетото Кралство, заедно, одлучни во правото да се промовираат одредени општи принципи во националните поолитики на нивните почитувани земји, на кои тие ги основаат нивните надежи за подобра иднина на светот.

    Прво, нивните земји не бараат никакви проширувања, територијални или други;

    Второ, тие не сакаат да видат никакви територијални промени со кои не се согласуваат слободно изразените желби на луѓето кои ги засегаат истите;
    Трето, тие го почитуваат правото на сите луѓе да го изберат начинот на управување под кој ќе живеат; и тие сакаат да ги видат суверените права и самоуправувањето да биде реставрирано на оние кои биле присилно лишени од нив;

    Четврто, тие ќе настојуваат со должна почит за нивните постоечки обврски за идно уживање на сите држави, големи или мали, победнички или покорени, за пристап под еднакви услови до трговијата и до суровините на светот кои се потребни за нивен економски просперитет;

    Петто, нивните желби за потполна соработка помеѓу сите нации на економско поле со цел на сите да им се обезбедат подобрени работни стандарди, економски напредувања и социјална сигурност;

    Шесто, по целосното уништување на Нацистичката тиранија тие се надеваат да видат заснован мир кој на сите нации ќе ги гарантира начините за живеење во безбедност во нивните граници и кој ќе гарантира дека сите луѓе во сите територии ќе можат да ги живеат нивните животи ослободени од страв и од сиромаштија;

    Седмо, таквиот мир би требало да овозможи на сите луѓе непречено преминување на морињата и океаните;

    Осмо, тие веруваат дека сите нации на светот, како за реалистички така и од духовни причини мора да ја напуштат употребата на сила. Поради тоа што не може да се одржува мир се додека постојат копнени, воздушни или морепловни армади кај нациите кои се закануваат, или можат да се заканат, со агресија надвор од нивните граници, тие веруваат поставувајќи ги основите на еден поширок систем на општа безбедност дека разоружувањето на таквите нации е есенцијално. Тие исто така ќе ги помогнат и охрабрат сите други изводливи мерки кои ќе го олеснат тешкиот товар на армадите за мирољубивите луѓе.

    Френклин Рузвелт

    Винстон Черчил

    ReplyDelete
  2. BILL OF RIGHTS

    Законот за правата (Bill of Rights) се состои од првите десет амандмани на Уставот на САД. Во него се содржат граѓанските права и слободи а тој се базира на документите за човековите права појавени порано во Европа. Законот за правата се донесува три години по Уставот на САД и служи како појдовна точка за дефинирање на граѓанските права и слободи во уставите на многу земји и кај некои меѓународни документи.


    Закон за правата

    1791г.


    Амандман 1.

    Конгресот нема да донесува никаков закон за востановување на државна религија ниту за забрана на слободно исповедање на верата, ни за ограничување на слободата на говорот или на печатот, или на правото на народот на мирни собири и на упатување петиции до владата за исправање на неправдите.

    Амандман 2.

    Освен добро организираната Милиција, неопходна за безбедноста на слободната држава, нема да се повредува правото на народот да чува и да носи оружје.

    Амандман 3.

    Ниеден војник во време на мир не смее да живее во куќа без согласност на сопственикот, ниту во време на војна, освен ако тоа биде пропишано со закон.

    Амандман 4.

    Не смее со неоправдани претреси и заплени да се крши правото на граѓаните на безбедност на личноста, ставовите, хартиите од вредност, имотот и налог за тоа не смее да се издава, освен во случај на веројатна причина, поткрепена со заклетва или свечена изјава, при точен опис на местото на кое треба да се изврши претрес и личностите и работите што треба да се земат.

    Амандман 5.

    Никој не може да биде повикан да одговара за тежок злостор или друг казнив злостор освен врз основа или обвинение на голема порота, со исклучок за кривични дела извршени во сувоземните и поморските сили или во Милицијата, и тоа во време на активна служба во време на војна или на јавна опасност, никој не смее поради исто кривично дело да биде двапати изложен на опасност за животот ниту смее да се натера на какво и да било кривично судење да сведочи против самиот себеси, ниту да се лиши од животот, слибода и имот без прописна законска постапка, ниту може приватна сопственост да се одземе во јавен интерес без праведен надомест.

    Амандман 6.

    Во сите кривични гонења обвинетиот ќе ужива право на брзо и јавно судење од страна на непристрасната порота на државата и округот во кој е извршено кривично дело, а тој круг претходно ќе биде со закон утврден и има право да биде информиран за природата и причината за обвинувањето, право да биде соочен со сведоците против себе, право задолжително да се приведат сведоци во негова полза и право на помош со совет за својата одбрана.

    Амандман 7.

    Во судењата според обичајното право каде што спорната сума ќе надминува дваесет долари се зачувува правото на судење со порота и никаков факт што поротата ќе го испита нема повторно да се преиспитува во кој било суд на Соединетите Држави, освен во согласност со правилата на обичајното право.

    Амандман 8.

    Не смее да се бараат претерани кауции, да се изрекуваат претерани парични казни, ни да се одредуваат сурови и невообичаени казни.

    Амандман 9.

    Набројувањето во Уставот на извесни права нема да се толкува така да се оспоруваат или намалуваат други права што ги задржал народот.

    Амандман 10.

    Овластувањата што не им се дадени на Соединетите Држави со овој Устав, ниту им се забранети на државите, се резервирани за секоја одделна држава или народ.

    ReplyDelete
  3. ДВАНАЕСЕТЧЛЕНИОТ УСТАВ

    Закрепостените селаните во Германија ја составија оваа листа на барања во почетокот на Селанската Војна (1524). Тие беа особено загрижени за оправдувањето и прифаќањето на нивните барања и покрај тоа што тие биле од економска и социјална природа.

    Дванаесетте члена/одредби


    Првиот Член
    Прво, наша желба и волја и резолуција е дека во иднина ние треба да имаме сила и авторитет, така што секоја заедница треба да избере и постави пастир (водач) и да имаме право да го смениме доколку се однесува несоодветно. Пастирот треба да не учи на евангелието, чисто и едноставно, без никакви додавки, доктрини ниту човекови менувања.

    Вториот Член
    Според тоа дека десетокот (данок на стока) е поставен во Стариот Завет и исполнет во Новиот ние сме подготвени и волни ферски да го плаќаме. Зборот на Бога јасно укажува дека во праведно давање на Бога и давање на неговите луѓе службата на пастирот е неопходна. Ние сакаме во иднина одговорниот во црквата што народот ќе го назначи да го собира десетокот. Од десетокот треба да се дава на пастирот, избран од целата заедница, за негово издржување, како што ќе й изгледа правилно на целата заедница. Она што ќе остане треба да се дава на сиромашните од нашата околина, како што околностите и генералното мислење бара. Ако нешто сеуште остане да се чува, за да не мора некој од нас да ја напушти земјата поради сиромаштија. Малите десетоци, без разлика дали црковни или поставени нема воопшто да се плаќаат затоа што Бог ги создал стадата за слободна употреба на човекот. Значи, од сега па натаму нема да плаќаме недостојни даноци поставени од страна на човекот.

    Третиот Член
    Обичај беше досега, за некои луѓе, да не поседуваат како нивна сопственост, што е доволно мизерно, бидејќи Исус не спасил сите без исклучок со истурањето на неговата скапоцена крв, ниско како и високо. Така според Ракописот треба да бидеме слободни и треба да сакаме да бидеме такви. Ова не дека сакаме да бидеме целосно слободни и без никаков авторитет. Бог не не учи да водиме живот без ред во страста на телото, туку дека треба да го сакаме и почитуваме Бог и нашиот сосед. Ние драго го сфаќаме ова како наредба од Бог за да ги величиме заедниците. Тој не не учи да не ги почитуваме авторитетите, туку да бидеме понизни не само кон авторитетите, туку кон сите. Според тоа ние сме подготвени да допуштиме да бидеме покорни во согласност на законите на Бог кон нашите избрани авторитети во сите работи кои му доликуваат на Христијани. Така, ние безусловно сметаме дека ќе не ослободите од тоа да ви служиме, освен ако пишува во Евангелието дека треба да ви бидеме слуги.

    ReplyDelete
  4. Четвртиот Член
    На четврто место, досега било обичај на сиромав човек да не му е дозволено да допре дива птица или риба во вода, што е прилично небратски, себично и не се согласува со зборот на Бога. Во некои места власта ја заштитува играта, се на наша загуба и нервоза, безгрижно дозволувајќи неразумни животни да ја уништуваат нашата жетва без причина, жетва која Бог страдно ја израснал за човекова употреба но покрај тоа ние се мораме да прифатиме со молчење. Ова не е ниту добро ниту пријателски, бидејќи кога Бог го создаде светот му даде на човекот доминација врз сите животни, врз птиците во воздухот и рибите во водата. Според тоа, наша желба е доколку човекот ја поседува водата, да докаже со соодветни документи дека неговото право несвесно било здобиено со купување. Ние не сакаме тоа да му го одземеме нему со сила, но неговите права треба да бидат според Христијанските и братските правила. Но оној кој не може да овозможи такви докази треба да отстапи од своето тврдење со благонаклоност.

    Петтиот Член
    На петто место оштетени сме во областа на дрвосечењето затоа што благородните луѓе ги поседуваат шумите за себе. Ако сиромав човек побара дрва мора да плати две парчиња пари за нив. Наше мислење во однос на дрвата кои што паднале во раце на господар, без разлика дали е тој световен или привремен, освен доколку не се прописно купени, е дека треба да й се вратат на заедницата. Понатаму, на секој член од заедницата треба да му биде овозможено да зема дрва за огрев бесплатно, за потребите на неговиот дом.

    Шестиот Член
    Наша шеста поплака е во врска со прекумерната служба што се бара од нас, а се зголемува од ден на ден. Бараме оваа работа да се разгледа внимателно за да не бидеме угнетувани на ваков начин, туку да се има љубезен обзир кон нас бидејќи од нашите претци беше барано да служат онолку колку што наложил Бог.

    Седмиот Член
    Седмо, ние нема да дозволиме и понатаму да бидеме угнетувани од нашите господари, но ќе им дозволиме да го бараат од нас она што е праведно и правилно според договорот меѓу господарот и селанецот. Гоподарот не треба да бара повеќе служба или други задолженија без да му плати на селанецот, туку да му овозможи на селанецот да ужива во неговото служење во мир и тишина откако ќе ја заврши работата. Селанецот, како и да е, треба да му помогне на господарот кога е потребно, во соодветно време кога нема да биде понижувачки за селанецот и секако за соодветна плата.

    Осмиот Член
    На осмо место, за нас претставува огромен товар служењето кое не може да ја исплати ќиријата. Селаните со ова влегуваат во загуба и се уништeни. Тие бараат од господарите да означат чесни личности кои ќе ги проверат овие надоместоци од служењата и ќе одредат праведна ќирија, за селанецот да не работи за ништо, бидејќи неговиот труд треба да биде вреднуван.

    ReplyDelete
  5. Деветтиот Член
    На деветто место, големо зло ни се прави со постојаното создавање на нови закони. Не ни се суди во согласност со прекршокот, туку некогаш повеќе од потребното, а некогаш помалку. По наше мислење, треба да ни биде судено според стариот пишан закон, за случајот да биде одлучен според неговите вистински особини, а не пристрасно.

    Десеттиот Член
    На десетто место, ние сме оштетени од присвојувањето на полињата кои претходно и припаѓаа на заедницата од страна на индивидуалци. Нив повторно ќе ги земеме во наша сопственост. Ако се случи некој легално да го купил земјиштето, ќе се направи братски договор со него според околностите.

    Единаесеттиот Член
    На едианесетто место, ние целосно ја поништуваме должноста наречена “heriot” и нема повеќе да го поднесуваме, ниту пак да дозволиме сирачиња и вдовици бесрамно да бидат ограбувани против волјата на Бог.

    Заклучок
    На дванаесетто место е нашиот заклучок и наша крајна резолуција е дека доколку еден или повеќе од горенаведените членови не се во согласност со зборот на Бог, а ние мислиме дека се, таквите членови ќе ги тргнеме доколку навистина се докаже дека тие не се во согласност со Бога, со објаснувањата на вистинското значење на Ракописот. Или ако членовите се признаат сега а потоа се докаже дека се неправедни, од тој час ќе бидат мртви и непостоечки без правна сила. Исто така, ако подоцна се појават повеќе поплаки, а се базирани врз вистината и Ракописите и се поврзани со навреди кон Бог и нашите соседи, ние го задржуваме правото да ги прикажеме и нив, во согласност со Христијанските учења. За ова треба да му се молиме на Бога, затоа што тој и само тој може да ги признае нашите барања. Мирот на Исус нека завладее со сите нас.

    ReplyDelete
  6. ДОГОВОР ЗА СЕВЕРНО-АТЛАНТСКИОТ ПАКТ - НАТО

    Подолу стои текстот за основање на НАТО. Формиран во текот на Студената војна од неговите одредби произлегуваат главните акции преземени против Источниот блок на Комунистички земји. Овој договор е договор со кој се прогласува колективна безбедност меѓу неговите потписници. Одредбите во членот 5 на Пактот се менуваат со влегувањето на Турција и Грција во НАТО и со редефинирањето на Француската територија.

    Северно Атлантскиот Пакт - НАТО

    4 април 1949г., Вашингтон Дистрикт на Колумбија


    Договорните страни на овој пакт ја реафирмираат нивната верба во целите и принципите на Повелбата на Обединетите Нации, и нивната желба да живеат во мир со сите народи и сите влади.

    Тие се одлучни во намерата да ги чуваат слободите, заедничкото наследство и цивилизацијата на нивните народи, основани врз принципите на демократија, индивидуални слободи и владеење на правото.
    Тие ја промовираат стабилноста и благосостојбата во Северно Атлантската област.

    Тие се решени да ги соединат нивните напори за колективна одбрана и за сочувување на мирот и сигурноста.

    Според тоа тие го прогласуваат овој Северно Атлантски пакт:


    Член 1.
    Странките се обврзуваат, според одредбите на Повелбата на Обединетите Нации, да го решат секој меѓународен конфликт во кој ќе се вмешаат со мирни средства и така што меѓународниот мир и сигурност нема да бидат загрозени, и се обврзуваат дека во нивните меѓународни односи ќе се воздржуваат од заканата за употреба на сила на начин кој е во спротивност со Повелбата на Обединетите Нации.


    Член 2.
    Странките ќе допринесуваат кон натамошен развиток на мирните и пријателски меѓународни односи со јакнењето на слободните институции, со промовирање на подобро разбирање на принципите врз кои овие институции се основани и со промовирање услови за стабилност и благосостојба.
    Тие ќе настојуваат да ги елиминираат конфликтите во нивните меѓународни економски политики и ќе ја охрабруваат економската соработка заеднички и поединечно.


    Член 3.
    За поефективно да ги постигнат целите овој Пакт, странките на овој договор, поединечно и сите заедно, со постојана самопомош и меѓусебно помагање, ќе го одржуваат и развијат нивниот индивидуален и заеднички капацитет за да се воздржат од вооружен напад.

    ReplyDelete
  7. Член 4.
    Странките меѓусебно ќе се консултираат секогаш кога, по мислењето на било која од нив, територијалниот интегритет или политичката независност или безбедност, на било која од нив се загрозени.


    Член 5.
    Странките се согласуваат дека вооружен напад против една или повеќе од нив во Европа или Северна Америка ќе се смета како напад против сите нив, и следствено на тоа тие се согласуваат дека, доколку таков напад се случи, секоја од нив, во согласност со правото на индивидуална или колективна самоодбрана пропишано во член 51 од Повелбата на Обединетите Нации, ќе помогне на странката или странките така нападнати со моментално преземање, индивидуално и во договор со другите странки, таква акција каква што ќе сметаат дека е потребна, вклучувајќи тука и употреба на воена сила, за да ја обноват и задржат сигурноста на Северно Атлантската област.

    Член 5.1.
    За секој таков вооружен напад и за сите мерки кои се преземени како резулатат на него веднаш ќе се извести Советот за Безбедност.
    Таквите мерки, кои се преземени како резултат на нападот, ќе бидат прекинати кога Советот за Безбедност ќе преземе мерки кои се потребни за да се обнови и сочува меѓународниот мир и сигурност.


    Член 6.
    За да се постигнат целите од Член 5, вооружен напад над една или повеќе Странки повлекува вооружен напад:
    на територијата на било која од Странките во Европа или Северна Америка, на Алгериските територии на Франција, на територијата на островите под надлежност на било која од Странките во Северно-Атланската област северно од Островот Канцер;
    на вооружени сили, пловни средства, или воздухоплови на било која од Странките, кога тие се наоѓаат на или над овие територии или некои други области во Европа во кои окупациони сили на било која од странките биле стационирани на датумот на влегување во сила на овој пакт или пак Средоземното Море или Северно Атлантската област северно од Островот Канцер.


    Член 7.
    Овој Пакт не влијае, и нема да се интерпретира како да влијае, на било каков начин, на правата и обврските кои произлегуваат од Повелбата на Обединетите нации, или на примарната одговорност на Советот за Безбедност - чувањето на меѓународниот мир и безбедност.


    Член 8.
    Секоја странка изјавува дека ниедна меѓународна обврска, помеѓу неа и некоја друга Странка или помеѓу неа и некоја трета земја, не е во конфликт со одредбите на овој Пакт, и се обврзува да не презема меѓународни обврски кои се во конфликт со овој Пакт.


    Член 9.
    Странките со овој Пакт основаат Совет во кој сите ќе бидат преставени и во кој ќе се расправаат работи во врска со имплементацијата на овој Пакт.
    Советот ќе биде така организиран за да може да се состанува без одлагања во било кое време.
    Советот ќе основа такви помошни тела какви што ќе му бидат потребни; посебно ќе основа комитет за одбрана кој ќе предлага мерки за имплементација на Членовите 3 и 5.

    ReplyDelete
  8. Член 10.
    Странките можат, со јавна спогодба, да поканат било која друга европска држава да ги унапредува принципите на овој Пакт и да придонесува за безбедноста на Северно Атлантската област и да пристапи кон овој Пакт.
    Секоја држава која ќе биде поканета да биде Странка на овој Пакт може да стане Странка со предавање на пристапните документи во Владата на Соединетите Американски Држави.
    Владата на Соединетите Американски Држави ќе ја информира секоја Странка поединечно за предавањето на таквите документи за пристапување.


    Член 11.
    Овој Пакт ќе биде ратификуван, а неговите одредби спроведени од страна на Странките, во согласност со нивните почитувани уставни процедури.
    Ратификуваните документи ќе бидат предадени во Владата на Соединетите Американски Држави, која ќе ги извести сите други потписници за секое предавање на документи за пристап.
    Пактот ќе влезе во сила помеѓу државите кои го ратификуваат кога ратификациите на мнозинството потписници, вклучувајќи ја ратификацијата на Белгија, Канада, Франција, Луксембург, Холандија, Обединетото Кралство и Соединетите Држави, ќе бидат предадени и ќе се ефектуираат со почит на другите држави во однос на датумот на предавање на нивните ратификации.


    Член 12.
    Десет години по влегувањето во сила на овој Пакт, или доколку се појави потреба во било кое друго време, Странките ќе, доколку некоја од нив така побара, се консултираат меѓусебно заради преиспитување на Пактот, со тоа што ќе ги имаат впредвид факторите кои влијаат врз мирот и безбедноста во Северно Атлантската област, вклучувајќи го тука и развојот на универзалните како и регионалните спогодби во согласност со Повелбата на Обединетите Нации за одржување на меѓународниот мир и безбедност.


    Член 13.
    По истекот на дваесет години од стапувањето на сила на овој Пакт, секоја Странка може да престане да биде Странка на Пактот една година по предавањето на известувањето за деунификација во Владата на Соединетите Американски Држави, која пак ќе ги информира владите на останатите Странки за предавањето на известувањето за деунификација.


    Член 14.
    Овој Пакт, од кој Англискиот и Францускиот текст се еднакво автентични, ќе биде предаден во архивите на Владата на Соединетите Американски Држави.
    Прописно сертифицирани копии ќе бидат доставени од таа влада до владите на останатите потписници.

    ReplyDelete
  9. КОНВЕНЦИЈА НА ООН ЗА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА

    Оваа Конвенција е изградена врз основа на принципите на Универзалната декларација за правата на човекот на ООН. Спецификацијата на категории, како што се правата на детето и правата на жената, се врши со цел да се потенцира важноста на одделните права и да се поттикне нивното почитување од страна на државите.
    Тексот кој следи содржи заложби, на државите кои ја прифаќаат конвенцијата, за спроведување на правила за почитување на правата на детето.

    Конвенција на ООН за правата на детето


    Државите членки на оваа конвенција

    Сметајќи дека, во согласност со принципите прокламирани во Повелбата на Обединетите нации, признавањето на вроденото достоинство и на еднаквите и неотуѓиви права на сите припадници на човечката заедница претставува основа на слободата, правдата и мирот во светот,

    Имајќи предвид дека народите на Обединетите нации во Повелбата одново ја потврдија вербата во основните права на човекот и достоинството и вредноста на човечката личност и решија да придонесуваат кон социјалниот напредок и подигањето на животниот стандард во поголема слобода,

    Свесни дека Обединетите нации во Општата декларација за правата на човекот и во меѓународните пактови за правата на човекот прокламираа и се согласија дека на секој поединец му припаѓаат сите права и слободи содржани во нив, без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното или социјалното потекло и имотната состојба, раѓањето или друг статус,

    Потсетувајќи дека Обединетите нации во Општата декларација за правата на човекот прокламираа дека на детството му припаѓаат посебна грижа и помош,

    Уверени дека на семејството, како основна единица на општеството и природна средина за развој и благосостојба на сите негови членови, а посебно на децата, треба да им биде дадена неопходна заштита и помош за да може во целост да ги преземе одговорностите во заедницата,

    Свесни за фактот дека детето, заради целосен и складен развој на личноста, треба да расте во семејна средина, во атмосфера на среќа, љубов и разбирање,

    Сметаат дека детето треба во целост да биде подготвено да живее самостојно во општеството и да биде воспитано во духот на идеалите прокламирани во Повелбата на Обединетите нации, а посебно во духот на мир, достоинство, толеранција, слобода, рамноправност и солидарност,

    Имајќи предвид дека потребата за посветување посебна грижа за детето е изнесена во Женевската декларација за правата на детето од 1924 година и во Декларацијата за правата на детето што ја усвоија Обединетите нации во 1959 година и призната во Општата декларација за правата на човекот, во Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права (посебно во чл. 23 и 24), во Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права (посебно во член 10) и во статутите и соодветните инструменти на специјализираните агенции и меѓународните организации што се занимаваат со заштита на децата,

    Имајќи предвид, како што е назначено во Декларацијата за правата на детето што ја усвои Генералното собрание на 20 ноември 1959 година, дека "на детето, со оглед на неговата физичка и ментална незрелост, му се потребни посебна заштита и грижа, вклучувајќи соодветна правна заштита, како пред, така и по раѓањето",

    Потсетувајќи на одредбите на Декларацијата за социјалните и правните принципи што се однесуваат на заштитата и благосостојбата на децата, со посебен осврт врз националното и меѓународното старателство и посвојувањето, Правилата на Обединетите нации за стандардниот минимум во малолетничкото правосудство (Пекиншки правила) и Декларацијата за заштита на жените и децата во случај на вонредна состојба и вооружен судир,

    ReplyDelete
  10. Свесни дека во сите земји на светот има деца кои живеат во вонредно тешки услови и дека на тие деца им е неопходна посебна грижа,

    Земајќи го предвид значењето на традициите и на културните вредности на секој народ за заштита и складен развој на детето,

    Свесни за значењето на меѓународната соработка за подобрување на условите за живот на децата во сите земји, посебно во земјите во развој,

    Се согласија за следново:


    Прв дел

    Член 1.За целите на оваа конвенција, дете е секое човечко суштество кое не наполнило осумнаесет години возраст, ако врз основа на законот кој се однесува на детето, полнолетство не се стекнува порано.

    Член 2-1.
    Државите членки на оваа конвенција ги почитуваат и обезбедуваат правата содржани во Конвенцијта на секое дете под нивна јурисдикција, без никаква дискриминација и без оглед на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното, етничкото или социјалното потекло, имотната состојба, онеспособеноста, раѓањето или друг статус на детето или на неговиот родител или законит старател.

    Член 2-2.
    Државите членки ги преземаат сите потребни мерки за да се обезбеди заштита на детето од сите форми на дискриминација или казна засновани врз статусот, активностите, изразеното мислење или убедување на родителите, на законитите старатели или на членови на семејството на детето.

    Член 3-1.
    Во сите активности што се однесуваат на децата од примарно значење се интересите на детето, без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавни или приватни институции за социјална заштита, судови, административни органи или законодавни тела.

    Член 3-2.
    Државите членки се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа што е неопходна за неговата добросостојба, земајќи ги предвид правата и обврските на неговите родители, законитите старатели или други поединци кои се правно одговорни за детето и ги преземаат за таа цел сите потребни законодавни и административни мерки.

    Член 3-3.
    Државите членки се грижат институциите, службите и установите кои се одговорни за грижа или заштита на децата да бидат во согласност со стандардите што ги утврдиле надлежните органи, посебно во областа на сигурноста, здравјето, бројот и подобноста на персоналот, како и стручниот надзор.

    Член 4.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни законодавни, административни и други мерки за остварување на правата признати во оваа конвенција. Во врска со економските, социјалните и културните права државите членки ги преземаат таквите мерки максимално користејќи ги своите расположиви средства, а каде што е тоа потребно во рамките на меѓународната соработка.

    Член 5.
    Државите членки ги почитуваат одговорностите, правата и должностите на родителите или, каде што е тоа случај, на членовите на поширокото семејство или заедницата, како што е предвидено со локалните обичаи, на законските старатели или на други лица законски одговорни за детето, на начин кој е во согласност со развојот на способностите на детето да ги обезбедат, да го упатат и да го насочуваат детето во остварувањето на неговите права што се признати во оваа конвенција.

    ReplyDelete
  11. Член 6-1.
    Државите членки признаваат дека секое дете има вродено право на живот.

    Член 6-2.
    Државите членки го обезбедуваат во најголема можна мера опстанокот и развојот на детето.

    Член 7-1.
    Детото се пријавува веднаш по раѓањето и од раѓањето има право на име, право на грижење, државјанство и, ако е тоа можно, право да знае кои му се родителите и право на нивно грижење.

    Член 7-2.
    Државите членки ги обезбедуваат остварувањето на овие права во согласност со националните закони и со своите обврски во согласност со соодветните меѓународни инструменти од оваа област, посебно во случаите каде што детето инаку би било апатрид.

    Член 8-1.
    Државите членки се обврзуваат да го почитуваат правото на детето на зачувување на својот идентитет, вклучувајќи ги државјанството, името и семејните врски, како што е тоа признаено со закон, без незаконито мешање.

    Член 8-2.
    Во случаите кога детето е нелагално лишено од некој или од сите елементи на својот идентитет, државите членки даваат соодветна помош и заштита за да му биде вратен идентитетот што побргу.

    Член 9-1.
    Државите членки обезбедуваат ниедно дете да не биде одвоено од своите родители против нивната волја, освен кога надлежните органи, врз основа на судски увид, ќе одлучат, во согласност со соодветниот закон и процедури, дека таквото раздвојување е неопходно и во најдобар интерес на детето. Таквата одлука може да биде неопходна во определен случај, како на пр. малтретирање или занемарување на детето од страна на родителите или ако родителите живеат одвоено па мора да се донесе одлука за местото на домување на детето.

    Член 9-2.
    Во секоја постапка во согласност со точка 1, сите заинтересирани страни ќе добијат прилика да учестуваат во постапката и да го изнесат своето мислење.

    Член 9-3.
    Државите членки го почитуваат правото на детето кое е одвоено од едниот или од обата родители да одржува лични односи и непосредни контакти со обата родители врз постојана основа, освен ако е тоа во спротивност со најдобрите интереси на детето.

    Член 9-4.
    Во случаите кога раздвојувањето е последица од мерка што ја презела држава членка, како што се притвор, затвор, прогонство, депортација или смрт (вклучувајќи смрт што поради која и да било причина ќе настапи додека е во грижа на државата) на едниот или на обата родители или на детето, државата членка, по барање на родителите, на детето или, ако случајот е таков, на друг член на семејството, ќе им обезбеди основни информации за местото на престојот на отсутниот член / членови на семејството, ако давањето таква информација не оди во штета на добросостојбата на детето. Државите членки, понатаму, се грижат поднесувањето на такво барање, само по себе, да не повлекува никакви штетни последици за заинтересираното лице/лица.

    ReplyDelete
  12. Член 10-1.
    Во согласност со обврската на државите членки согласно со член 9 точка 1, барањата на детето или на неговите родители да влезат во државата членка или да ја напуштат заради спојување на семејството, државите членки ги решаваат на позитивен, хуман и експедитивен начин. Државите членки, исто така, обезбедуваат поднесувањето на такво барање да не повлекува никакви штетни последици за подносителите на барањето и за членовите на нивните семејства.

    Член 10-2.
    Детето чии родители живеат во различни држави има право да одржува лични врски и непосредни контакти со обата родители врз постојана основа, освен под исклучителни околности. За таа цел и во согласност со обврската на државите членки согласно со член 9 точка 2, државите членки го почитуваат правото на детето и на неговите родители да ја напуштат секоја земја, вклучувајќи ја и сопствената, како и да влезат во својата земја. Правото на напуштање на секоја земја подлежи само на оние ограничувања што се пропишани со закон и што се потребни заради заштита на националната безбедност, јавниот ред (ордер публиц), јавното здравје и морал или правата и слободите на други и што се во согласност со другите права признати во оваа конвенција.

    Член 11-1.
    Државите членки преземаат мерки за борба против нелегалниот трансфер и невраќањето на децата од странство.

    Член 11-2.
    За таа цел, државите членки го поттикнуваат склучувањето на билатерални или мултилатерални спогодби или пристапувањето кон постојните спогодби.

    Член 12-1.
    Државите членки му обезбедуваат на детето кое е способно да формира свое сопствено мислење право на слободно изразување на тоа мислење за сите прашања што се однесуваат на детето, со тоа што на мислењето на детето му се посветува должното внимание во согласност со годините на возраста и зрелоста на детето.

    Член 12-2.
    За таа цел, на детето посебно му се дава прилика да биде сослушано во сите судски и административни постапки што се однесуваат на него, било непосредно или преку застапник или соодветен орган, на начин кој што е во согласност со процедуралните правила на националниот закон.

    Член 13-1.
    Детето има право на слобода на изразување која опфаќа и слобода да бара, да прима и да дава информации и идеи од сите видови, без оглед на границите, било усно или писмено или преку печат, по пат на уметноста или некој друг медиум, по избор на детето.

    Член 13-2.
    Остварувањето на ова право може да подлежи на извесни ограничувања, но само на оние што се определени со закон и што се неопходни:

    Член 13-2-(а).
    заради почитување на правата или угледот на други; или

    Член 12-2-(б).
    заради заштита на националната безедност или јавниот ред (ордер публиц) или јавното здравје или моралот.

    Член 14-1.
    Државите членки ги почитуваат правото на детето на слобода на мислење, совест и вероисповед.

    Член 14-2.
    Државите членки ги почитуваат правата и должностите на родителите и, каде што е таков случајот, на законитите старатели да го насочуваат детето во остварувањето на неговото право на начин којшто е во согласност со развојот на неговите способности.

    Член 14-3.
    Слободата на пројавување вероисповед или убедување може да подлежи само на оние ограничувања што се пропишани со закон и што се неопходни заради заштита на јавната сигурност, редот, здравјето или моралот или на основните права и слободи на други.

    ReplyDelete
  13. Член 15-1.
    Државите членки го признаваат правото на детето на слобода на здружување и слобода на мирно собирање.

    Член 15-2.
    Не можат да се наметнат никакви ограничувања на остварувањето на овие права освен оние што се во согласност со законот и што се неопходни во демократското општество во интерес на националната безбедност или јавната сигурност, јавниот ред (ордре публиц), заштитата на јавното здравје или моралот или заштитата на правата и слободите на другите.

    Член 16-1.
    Ни едно дете не смее да биде изложено на самоволно или незаконито мешање во неговиот приватен или семеен живот, дом или лична преписка, како ни на незаконити напади врз неговата чест и углед.

    Член 16-2.
    Детето има право на законска заштита од таквото мешање или напад.

    Член 17
    Државите членки ја признаваат значајната улога на средствата за јавно информирање и овозможуваат пристап на детето до информациите и материјалите од различни национални и меѓународни извори, посебно оние чија цел е унапредувањето на неговото социјално, духовно и морално добро и на физичкото и менталното здравје. За таа цел, државите членки:

    Член 17-а).
    ги поттикнуваат средствата за јавно информирање да шират информации и материјали од социјален и културен интерес за детето и во согласност со духот на член 29;

    Член 17-б).
    ја поттикнуваат меѓународната соработка во производството, размената и ширењето на таквите информации и материјали од различни културни, национални и меѓународни извори;

    Член 17-в).
    го поттикнуваат објавувањето и ширењето на детски книги;

    Член 17-г).
    ги поттикнуваат средствата за јавно информирање да им посветат посебно внимание на лингвистичките потреби на детето кое и припаѓа на малцинска група или кое е од автохтоно потекло;

    Член 17-д).
    го поттикнуваат развојот на соодветни насоки за заштита на детето од информациите и материјалите што му штетат на неговото добро, имајќи ги предвид одредбите на чл. 13 и 18.

    Член 18-1.
    Државите членки ќе ги вложат сите напори за да се уважува начелото обата родители да имаат заедничка одговорност во подигањето и развојот на детето. Родителите или, во зависност од случајот, законитите старатели, имаат главна одговорност за подигањето и развојот на детето. Интересите на детето се нивна основна грижа.

    Член 18-2.
    Заради гарантирање и унапредување на правата содржани во оваа конвенција, државите членки им даваат на родителите и на законитите старатели соодветна помош во вршењето на должноста за воспитување на детето и го обезбедуваат развојот на институциите, објектите и службите за грижа за децата.

    Член 18-3.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за да обезбедат децата на вработените родители да ги користат услугите на детските установи и објекти.

    Член 19-1.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни законодавни, административни, социјални и образовни мерки заради заштита на детето од сите форми на физичко или ментално насилство, повреди или злоупотреба, занемарување или немарен однос, малтретирање или експлоатација, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба, додека е на грижа кај родителите, законитите старатели или некое друго лице на кое му е доверена грижата за детето.

    Член 19-2.
    Тие заштитни мерки треба да опфатат, по потреба, ефикасни постапки за востановување на социјални програми за да се обезбеди поддршката неопходна на детето и на оние на кои им е доверена грижата за детето, како и други форми на спречување, утврдување, пријавување, проследување, истрага, постапување и следење на случаите на наведеното малтретирање на детето и, по потреба, обраќање до судот.

    ReplyDelete
  14. Член 20-1.
    Детето кое е привремено или трајно лишено од семејната средина или на кое, во негов најдобар интерес, не му е дозволено да остане во тој круг, има право на посебна заштита и помош од државата.

    Член 20-2.
    Државите членки, во согласност со своите национални закони, обезбедуваат алтернативна грижа за тоа дете.

    Член 20-3.
    Таа грижа треба да опфаќа, меѓу другото, сместување во друго семејство, кафалах според исламското право, посвојување или, ако е неопходно, сместување во соодветни установи за грижа за децата. При разгледувањето на решението треба да се обрне должно внимание и на фактот дека е пожелен континуитет во подигањето на детето, како и на етничкото, верското, културното и лингвистичкото потекло на детето.

    Член 21.
    Државите членки кои го признаваат и/или дозволуваат системот на посвојување обезбедуваат најдобрите интереси на детето да бидат решавачки и:

    Член 21-а).
    обезбедуваат усвојувањето на детето да го одобрува само надлежниот орган кој утврдува, во согласност со односниот закон и процедурите и врз основа на сите релевантни и сигурни информации, дека посвојувањето се дозволува со оглед на положбата на детето во врска со родителите, роднините и законитите старатели и, по потреба, дека заинтересираните лица свесно дале согласност за усвојување врз основа на таквиот совет кој може да биде потребен;

    Член 21-б).
    признаваат дека меѓудржавното усвојување може да се смета како алтернативна можност за грижа за детето ако детето не може да се смести во друго семејство или да биде посвоено или ако за него не може да се води грижа на адекватен начин во земјата на неговото потекло;

    Член 21-в).
    обезбедуваат детето на кое се однесува меѓудржавното посвојување да ужива заштита и стандарди еднакви на оние што постојат во случај на посвојување во рамките на една земја;

    Член 21-г).
    ги преземаат сите соодветни мерки сместувањето да нема, во случај на меѓудржавно посвојување, за последица неоправдана финансиска корист за оние што ќе учествуваат во тоа;

    Член 21-д).
    ги унапредуваат, каде што е тоа згодно, целите на овој член со склучување на билатерални или мултилатерални аранжмани или спогодби и настојуваат, во тие рамки, сместувањето на детето во друга земја да го извршат надлежните органи или тела.

    ReplyDelete
  15. Член 22-1.
    Државите членки преземаат соодветни мерки за да му овозможат на детето кое бара статус на бегалец или кое се смета како бегалец, во согласност со соодветниот меѓународен или национален закон и процедури, без оглед на тоа дали е детето во придружба на своите родители или на некое друго лице или не, да добие соодветна заштита и хуманитарна помош во остварувањето на правата содржани во оваа конвенција и во другите меѓународни инструменти за правата на човекот или за хуманитарните прашања чии членки се споменатите држави.

    Член 22-2.
    За таа цел, државите членки, ако сметаат дека е тоа целесообразно, учествуваат во сите напори на Обединетите нации и на другите надлежни меѓувладини или невладини организации што соработуваат со Обединетите нации заради заштита и давање помош на тоа дете и заради наоѓање на родителите или на другите членови на семејството на детето-бегалец за да се прибават информациите неопходни за спојување со неговото семејство. Во случаите кога не можат да се пронајдат родителите ниту другите членови на семејството, на детето му се дава еднаква заштита како и на сите други деца кои се постојано или привремено лишени од семејниот круг поради која и да било причина, како што е тоа наведено во оваа конвенција.

    Член 23-1.
    Државите членки признаваат дека ментално заостанато или физичко инвалидно дете треба да ужива полн и достоен живот, во услови со кои се обезбедува неговото достоинство, се поттикнува самостојноста и се олеснува активното учество на детето во заедницата.

    Член 23-2.
    Државите членки го уважуваат правото на инвалидното дете на посебна нега и ќе поттикнуваат и обезбедуваат помош на детето кое за тоа ги исполнува условите и на оние кои се одговорни за грижата за него, за која е поднесено барање, во зависност од расположивите средства, а што одговара на состојбата на детето и на условите на родителите или на другите лица кои се грижат за детето.

    Член 23-3.
    Уважувајќи ги посебните потреби на инвалидното дете, помошта во согласност со точка 2 се дава бесплатно секогаш кога е тоа можно, имајќи ги предвид финансиските средства на родителите или на другите лица кои се грижат за детето и која е осмислена така што инвалидното дете да има ефикасен пристап и да добива образование, обука, услуги на здравствена заштита, рехабилитација, подготовка за вработување и можности за рекреација на начин кој што придонесува за остварување на што поцелосна општествена интеграција и личен развој на детето, вклучувајќи културен и духовен развој.

    Член 23-4.
    Државите членки преземаат врз себе обврска да ја унапредуваат и поттикнуваат меѓународната соработка заради постепено постигање целосна реализација на правата од овој член. Во тој поглед, посебно ќе се земат предвид потребите на земјите во развој.

    ReplyDelete
  16. Член 24-1.
    Државите членки го признаваат правото на детето на највисоко ниво на здравствена и медицинска заштита и на рехабилитација. Државите членки ќе настојуваат ни едно дете да не биде лишено од правото на таква здравствена заштита.

    Член 24-2.
    Државите членки ќе се залагаат за целосно остварување на ова право и, посебно, ќе преземаат соодветни мерки за:

    Член 24-2-а).
    намалување на смртноста на доенчињата и децата;

    Член 24-2-б).
    обезбедување неопходна медицинска помош и здравствена заштита на сите деца, со акцент врз развојот на примарната здравствена заштита;

    Член 24-2-в).
    спречување на болести и потхранетост, вклучувајќи ги во рамките на примарната здравствена заштита, меѓу другото, примената на лесно достапна технологија и обезбедувањето на адекватни хранливи продукти и чиста вода за пиење, земејќи ги предвид опасностите и ризикот од загадувањето на животната средина;

    Член 24-2-г).
    обезбедување соодветна заштита на мајката пред и по раѓањето на детето;

    Член 24-2-д).
    овозможување на сите сегменти на општеството, посебно на родителите и децата, да бидат информирани, како и да им се даде поддршка во користењето на основните знаења за здравјето, исхраната на детето, предностите на доењето, хигиената и хигиенските услови на животната средина, како и за спречување на несреќите;

    Член 24-2-ѓ).
    развој на превентивна здравствена заштита, совети за родителите и образование и давање услуги во врска со планирањето на семејството.

    Член 24-3.
    Државите членки ги преземаат сите ефикасни и соодветни мерки за укинување на традиционалната практика која му штети на здравјето на децата.

    Член 24-4.
    Државите членки преземаат врз себе обврска да ја унапредуваат и поттикнуваат меѓународната соработка заради постепено постигање целосна реализација на правата од овој член. Во тој поглед, посебно ќе се земат предвид потребите на земјите во развој.

    ReplyDelete
  17. Член 25.
    Државите членки го уважуваат правото на детето што надлежните органи го згрижиле заради грижа, заштита или лекување на неговото физичко или ментално здравје, на периодични проверки на лекувањето што му се обезбедува на детето и сите други околности од значење за неговото згрижување.

    Член 26-1.
    Државите членки го уважуваат правото на секое дете да користи социјална заштита, вклучувајќи социјално осигурување, и ги преземаат сите мерки неопходни за целосно остварување на тоа право, во согласност со националните закони.

    Член 26-2.
    Овие повластици треба да бидат признати, ако тоа одговара, земајќи ги предвид средствата и условите на детето и на лицата што се одговорни за издржување на детето, како и сите други услови од значење за барањата за повластици што ќе ги поднесе детето или што ќе се поднесат од негово име.

    Член 27-1.
    Државите членки му признаваат право на секое дете на животен стандард примерен на физичкиот, менталниот, духовниот, моралниот и друштвениот развој на детето.

    Член 27-2.
    Родителот(ите) или другите лица одговорни за детето имаат првенствено одговорност, во рамките на своите способности и финансиски можности, да обезбедат животни услови потребни за развој на детето.

    Член 27-3.
    Државите членки, во согласност со националните услови и своите можности, преземаат соодветни мерки за помош на родителите и на другите лица одговорни за детето, заради остварување на ова право и, во случај на потреба, обезбедуваат материјална помош и програми за потпора, посебно во поглед на исхраната, облеката и домувањето.

    Член 27-4.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за да обезбедат детето да добива издржување од родителите или од другите лица кои се финансиски одговорни за детето, како во рамките на државите членки така и од странство. Посебно, ако лицето кое е финансиски одговорно за детето не живее во иста држава во која и детето, државите членки го поттикнуваат пристапувањето кон меѓународни спогодби односно склучувањето на такви спогодби, како и кон други соодветни аранжмани.

    Член 28-1.
    Државите членки му признаваат право на детето на образование и, заради постепено остварување на тоа право врз основа на еднакви можности,
    посебно:

    ReplyDelete
  18. Член 28-1-а).
    го прогласуваат основното образование како задолжително и бесплатно за сите;

    Член 28-1-б).
    го поттикнуваат развојот на различни форми средношколско образование, вклучувајќи го општото и стручното образование, кое им е достапно на сите деца и преземаат соодветни мерки, како што се воведувањето на бесплатно образование и укажувањето финансиска помош во случај на потреба;

    Член 28-1-в).
    на сите им овозможуваат стекнување на високо образование врз основа на способностите, користејќи адекватни средства;

    Член 28-1-г).
    на сите деца им ставаат на располагање образовни и стручни информации и услуги за професионална ориентација;

    Член 28-1-д).
    преземаат мерки за поттикнување на редовното школување и за намалување на испишувањето од училиштето.

    Член 28-2.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за да може дисциплината во училиштата да се спроведува на начин кој е во согласност со човечкото достоинство на детето и со оваа конвенција.

    Член 28-3.
    Државите членки ја унапредуваат и поттикнуваат меѓународната соработка за прашањата што се однесуваат на образованието, посебно заради давање придонес за елиминација на незнаењето и неписменоста во светот и за олеснување на пристапот кон науката, техничкото знаење и кон современите методи на наставата. Во тој поглед, посебно внимание им се посветува на потребите на земјите во развој.

    Член 29-1.
    Државите членки се согласни дека образованието на детето треба да биде насочено кон:

    Член 29-1-а).
    развој на личноста на детето, развој на надареноста и менталните и физичките способности до крајни граници;

    Член 29-1-б).
    развој на почитувањето на правата на човекот и на основните слободи, како и почитување на принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации;

    Член 29-1-в).
    развој на почитувањето на родителите на детето, неговиот културен идентитет, јазикот и вредностите, националните вредности на земјата во која детето живее и на земјата од која тоа потекнува, како и на цивилизациите што се различни од неговата;

    Член 29-1-г).
    подготвување на детето за одговорен живот во слободно општество, во духот на разбирањето, мирот, толеранцијата, еднаквоста на половите и пријателството помеѓу сите народи, етнички, национални и верски групи и лица од автохтоно потекло;

    ReplyDelete
  19. Член 29-1-д).
    развој на почитувањето на природната средина.

    Член 29-2.
    Ниту една одредба од овој член, како ни член 28, не смее да се толкува така што да се ограничува слободата на поединци и тела да основаат и да управуваат со образовни установи, имајќи го секогаш предвид почитувањето на принципите изнесени во точка 1 од овој член и под услов образованието во таквите институции да биде во согласност со минималните стандарди што може да ги пропише државата.

    Член 30.
    Во оние држави во кои постојат етнички, верски или јазички малцинства или лица од автохтоно потекло, детето кое му припаѓа на такво малцинство или е од автохтоно потекло не смее да биде лишено од правото, во заедница со другите припадници на групата, на своја култура, исповедување на своја вера и вршење на верски обреди или на употреба на својот јазик.

    Член 31-1.
    Државите членки му признаваат право на детето на одмор и слободно време, на игра и рекреација која и одговара на возраста на детето и на слободно учество во културниот живот и уметноста.

    Член 31-2.
    Државите членки го почитуваат и унапредуваат правото на детето на полно учество во културниот и уметничкиот живот и го поттикнуваат давањето на адекватни и еднакви можности за културни, уметнички, рекреативни и слободни активности.

    Член 32-1.
    Државите членки му признаваат право на детето на заштита од економската експлоатација и од работење на работа која може да биде опасна или да го спречува образованието на детето или да биде штетна за здравјето на детето односно за неговиот физички, ментален, духовен, морален или социјален развој.

    Член 32-2.
    Државите членки преземаат законодавни, административни, социјални и образовни мерки за примена на одредбите од овој член. За таа цел, а имајќи ги предвид соодветните одредби од другите меѓународни инструменти, државите членки посебно:

    Член 32-2-а).
    ја определуваат минималната возраст за вработување;

    Член 32-2-б).
    обезбедуваат регулирање на работното време и на условите за работа;

    Член 32-2-в).
    определуваат соодветни казни или други санкции за да се обезбеди ефикасна примена на одредбите од овој член.

    ReplyDelete
  20. Член 33.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки, вклучувајќи законодавни, административни, социјални и образовни мерки, за заштита на децата од нелегалната употреба на опојни дроги и психотропни супстанции, како што е дефинирано со соодветните меѓународни договори, и за спречување на користењето на децата во нелегално производство и трговија со тие супстанции.

    Член 34.
    Државите членки се обврзуваат да го заштитат детето од сите форми на сексуално искористување и сексуална злоупотреба. За таа цел, државите членки посебно ги преземаат сите соодветни национални, билатерални и мултилатерални мерки за спречување на:

    Член 34-а).
    наведувањето или присилувањето на детето да учествува во незаконити сексуални активности;

    Член 34-б).
    експлоататорското користење на децата во проституција или во други незаконити сексуални дејствија;

    Член 34-в).
    експлоататорското користење на децата во порнографски претстави и списанија.

    Член 35.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни национални, билатерални и мултилатерални мерки за да се спречат насилното одведување, продажбата или трговијата со деца за која и да било цел и во која и да било форма.

    Член 36.
    Државите членки го штитат детето од сите други форми на експлоатација штетни за детето.

    Член 37.
    Државите членки обезбедуваат:

    Член 37-а).
    ниту едно дете да не биде изложено на мачење или други свирепи, нечовечки или понижувачки постапки или казни. Смртната казна и доживотната робија без можност за пуштање на слобода не можат да се изречат за кривични дела што ги сториле лица помлади од 18 години;

    Член 37-б).
    ниту едно дете не може да биде лишено од слобода незаконито или самоволно. Апсењето, притворот или затворот за дете мораат да бидат во согласност со законот и да се користат само како последна можна мерка и за најкратко можно време;

    Член 37-в).
    со дете лишено од слобода се постапува така што се почитува достоинството на човечката личност, како и на начин со кој се земаат предвид потребите на лице од негови години. Секое дете лишено од слобода се одвојува од возрасните, освен ако не се смета дека тоа е во најдобар интерес на детето и има право да одржува контакт со своето семејство преку писма и посети, освен во исклучителни случаи;

    Член 37-г).
    секое дете лишено од слобода има право на итна правна и друга соодветна помош, како и право да го постави пред судот или друг надлежен, независен и непристрасен орган прашањето за законитоста на лишувањето од слобода и на право на итна одлука за тоа прашање.

    Член 38-1.
    Државите членки се обврзуваат да ги почитуваат и да ги обезбедат почитувањето на правилата од меѓународното хуманитарно право што се применуваат на нив во вооружени судири, а што се однесуваат на детето.

    Член 38-2.
    Државите членки ги преземаат сите практично изводливи мерки лицата што уште не наполниле петнаесет години возраст непосредно да не учествуваат во судири.

    ReplyDelete
  21. Член 38-3.
    Државите членки се воздржуваат од регрутирање во вооружените сили на лица што уште не наполниле петнаесет години возраст.При регрутирањето на оние лица што наполниле петнаесет години возраст, но не осумнаесет, државите членки настојуваат да им дадат предност на најстарите.

    Член 38-4.
    Во согласност со обврските врз основа на меѓународното хуманитарно право да го штитат цивилното население во вооружени судири, државите членки ги преземаат сите практично изводливи мерки за да се обезбедат заштита и грижа за децата погодени со вооружениот судир.

    Член 39.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки за подобро физичко и психичко закрепнување и социјална реинтеграција на детето кое е жртва на некоја форма на занемарување, експлоатација, злоупотреба, мачење или некоја друга форма на свирепо, нехумано или понижувачко постапување или казнување, или на вооружени судири. Таквото закрепнување и реинтеграција се одвиваат во средина која го поттикнува здравјето, самопочитувањето и достоинството на детето.

    Член 40-1.
    Државите членки му признаваат право на секое дете, за кое ќе се утврди, или кое е обвинето или за кое е признато дека го прекршило кривичниот закон, со него да се постапува на начин кој е во согласност со потткнувањето на неговото чувствување на достоинство и вредност, што го засилува неговото почитување на правата на човекот и основните слободи на другите и при што се земаат предвид возраста на детето и желбата да се подобри неговата реинтеграција и тоа да преземе конструктивна улога во општеството.

    Член 40-2.
    За таа цел и имајќи ги предвид соодветните одредби на меѓународните инструменти, државите членки посебно обезбедуваат:

    Член 40-2-а).
    ниту за едно дете неосновано да не се тврди, да не биде обвинето или да не се признае дека го прекршило кривичниот закон поради дело или пропуст што не биле забранети со националните или меѓународните закони во времето кога се направени;

    Член 40-2-б).
    на секое дете за кое се тврди или кое е обвинето за кршење на кривичниот закон да му се дадат барем следните гаранции:

    Член 20-2-б)-(i)
    да се смета за невино додека вината не се докаже според законот;

    Член 40-2-б)-(ii)
    да биде веднаш и директно известено за обвиненијата против него и ако е потребно неговите родители или законски старатели и да има правна или друга соодветна помош во подготовката и презентирањето на својата одбрана;

    ReplyDelete
  22. Член 40-2-б)-(iii)
    постапката да се води без задоцнувања од страна на надлежен независен и непристрасен орган или судско тело, со справедливо сослушување во согласност со законот, во присуство на правна или друга соодветна помош, и освен ако не се смета дека тоа не е во интерес на детето, посебно земајќи ги предвид неговите години, или положбата на неговите родители или законски старатели;

    Член 40-2-б)-(iv)
    да не биде присилено да сведочи или да признае вина; да се испитуваат или да бидат испитани сведоци на другата страна и да се обезбеди учество и испитување на неговите сведоци под еднакви услови;

    Член 40-2-б)-(v)
    ако се смета дека го прекршило кривичниот закон, оваа одлука и секоја досудена мерка која од тоа произлегува, повторно да ја разгледува повисок, надлежен, независен и непристрасен орган или судско тело во согласност со законот;

    Член 40-2-б)-(vi)
    да има бесплатна помош од преведувач ако детето не може да го разбере или не го зборува јазикот кој се користи;

    Член 40-2-б)-(vii)
    да се почитува неговата приватност на сите нивоа на постапката.

    Член 40-3.
    Државите потписнички ќе настојуваат да поттикнуваат донесување на закони, постапки, воспоставување на органи и установи применливи врз децата за кои се тврди, кои се обвинети и за кои се смета дека го прекршиле кривичниот закон, а посебно:

    Член 40-3-(а).
    утврдување на најниската возраст под која децата не можат да бидат сметани како способни за кршење на кривичниот закон;

    Член 40-3-(б).
    секогаш кога е тоа можно и пожелно, мерки за постапување со такви деца, без прибегнување кон судска постапка, со тоа што човечките права и законската заштита да бидат во целост почитувани.

    Член 40-4.
    Разноликоста на расположливите можности како што се грижа, советување, надзор; правно застапување; условно казнување; прифаќање; образование и програми на стручно насочување и други можности на институционална грижа ќе бидат на располагање за да се обезбеди со децата да се постапува на начин кој одговара на нивното добро и кој е пропорционален и на околностите и на стореното дело.

    Член 41.
    Ни една одредба од оваа конвенција нема да влијае врз кои и да било други одредби кои повеќе придонесуваат за остварување на правото на детето, а кои евентуално се наоѓаат:

    Член 41-а).
    во законите на државата членка или

    Член 41-б).
    во меѓународното право што таа држава го применува

    ReplyDelete
  23. Втор дел

    Член 42.
    Државите членки се обврзуваат да ги запознаат со принципите и одредбите на Конвенцијата што пошироко и на адекватен и активен начин како возрасните лица така и децата.

    Член 43-1.
    Заради разгледување на постигнатиот напредок на државите членки во извршувањето на обврските преземени врз основа на оваа конвенција, се основа Комитет за правата на детето, кој ги врши функциите наведени во натамошниот текст.

    Член 43-2.
    Комитетот го сочинуваат десет експерти со високи морални квалитети или со призната компетентност во областа на која се однесува оваа конвенција. Членовите на Комитетот ги избираат државите членки од редовите на своите државјани и тие ги вршат своите должности во лично својство, при што се води сметка за подеднаквата географска застапеност, како и за главните правни системи.

    Член 43-3.
    Членовите на Комитетот се избираат со тајно гласање од листата на лицата што ги номинираат државите членки. Секоја држава членка може да номинира едно лице од редовите на своите државјани.

    Член 43-4.
    Првите избори за Комитетот се одржуваат најдоцна шест месеци по датумот на влегувањето на оваа конвенција во сила, а потоа секоја втора година. Најмалку четири месеци пред датумот на сите избори, Генералниот секретар на Обединетите нации им упатува писмо на државите членки, повикувајќи ги да ги поднесат своите номинации во рок од два месеци. Генералниот секретар потоа ја подготвува листата на сите така номинирани лица по абецеден ред, назначувајќи ги и државите членки што ги номинирале и им ја поднесува на државите членки на оваа конвенција.

    Член 43-5.
    Изборите се одржуваат на состаноците на државите членки што ги свикува Генералниот секретар во седиштето на Обединетите нации. На тие состаноци на кои кворум сочинуваат две третини од државите членки, во Комитетот се избираат лицата што ќе добијат најголем број гласови и апсолутно мнозинство на гласовите од претставниците на државите членки што се присутни и што гласаат.

    Член 43-6.
    Членовите на Комитетот се избираат на период од четири години. Можат повторно да се избираат ако бидат повторно номинирани. Мандатот на петмината членови избрани на првите избори истекува по две години. Веднаш по првите избори имињата на тие петмина членови ги утврдува со ждрепка претседавачот на состанокот.

    Член 43-7.
    Ако некој член на Комитетот умре или поднесе оставка или изјави дека од некоја друга причина не може повеќе да ја врши должноста во Комитетот, државата членка која го номинирала тој член именува друг експерт од редовите на своите државјани на истото место за преостанатиот дел од мандатот во зависност од одобрението на Комитетот.

    Член 43-8.
    Комитетот утврдува свој деловник.

    Член 43-9.
    Комитетот ги избира своите функционери на период од две години.

    Член 43-10.
    Состаноците на Комитетот обично се одржуваат во седиштето на Обединетите нации или во некое друго згодно место што ќе го определи Комитетот. Комитетот обично се состанува еднаш годишно. Должината на траењето на состанокот на Комитетот се определува и, по потреба, се преиспитува на состанокот на државите членки на оваа конвенција, во зависност од согласноста на Генералното собрание.

    ReplyDelete
  24. Член 43-11.
    Генералниот секретар на Обединетите нации обезбедува потребен персонал и услови за ефикасно вршење на функциите на Комитетот врз основа на оваа конвенција.

    Член 43-12.
    Со согласност на Генералното собрание, членовите на Комитетот основан врз основа на оваа конвенција примаат плата од средствата на Обединетите нации, под условите што ќе ги определи Собранието.

    Член 44-1.
    Државите членки се обврзуваат на Комитетот да му поднесуваат извештаи преку Генералниот секретар на Обединетите нации за мерките што ги усвоиле, а што придонесуваат за остварување на правата што се признати овде, како и за напредокот постигнат во остварувањето на тие права:

    Член 44-1-а).
    во рок од две години од влегувањето на Конвенцијата во сила во државите членки;

    Член 44-1-б).
    потоа, секои пет години.

    Член 44-2.
    Во изештаите подготвени во согласност со овој член ќе се укаже на факторите и тешкотиите, ако ги има, што влијаат врз степенот на остварување на обврските по оваа конвенција. Извештаите треба да содржат доволно информации врз основа на кои Комитетот ќе има целосен увид во примената на Конвенцијата во односната земја.

    Член 44-3.
    Државата членка која на Комитетот му поднела сеопфатен прв извештај не мора во своите наредни извештаи што се поднесуваат во согласност со точка 1 (б), да ги повторува основните информации што претходно веќе ги дала.

    Член 44-4.
    Комитетот може да побара од државите членки додатни информации што се однесуваат на примената на Конвенцијата.

    Член 44-5.
    Комитетот му поднесува на Генералното собрание, преку Економскиот и социјален совет, секои две години извештаи за своите активности.

    Член 44-6.
    Државите членки и ги ставаат извештаите на увид на јавноста во своите земји.

    Член 45.
    Заради поттикнување на ефикасната примена на Конвенцијата и охрабрување на меѓународната соработка во областа за која говори оваа конвенција;

    Член 45-а).
    специјализираните агенции, УНИЦЕФ и други организации на Обединетите нации имаат право на присуство на свој претставник при рагледувањето на примената на оние одредби од оваа конвенција што се во нивна надлежност. Комитетот може да ги повика специјализираните агенции, УНИЦЕФ и други органи на Обединетите нации да поднесат извештаи за примената на Конвенцијата во областите што се во рамките на нивните активности;

    ReplyDelete
  25. Член 45-б).
    Комитетот, ако смета дека е потребно, им ги доставува на специјализираните агенции, на УНИЦЕФ и на други надлежни тела извештаите на државите членки што содржат барање или укажуваат на потреба од стручни совети или помош, заедно со евентуалните забележувања и предлози во врска со тие молби или потреби;

    Член 45-в).
    Комитетот може да му даде препорака на Генералното собрание да го замоли Генералниот секретар од името на Комитетот да преземе студии за конкретните прашања што се однесуваат на правата на детето;

    Член 45-г).
    Комитетот може да дава предлози и општи препораки што се засноваат врз информациите примени во согласност со чл. 44 и 45 од оваа конвенција. Таквите предлози и општи препораки им се доставуваат на заинтересираните држави членки, а Генералното собрание за нив се известува, со евентуални коментари од државите членки.


    Трет Дел

    Член 46.
    Оваа конвенција им е отворена за потпишување на сите држави.


    Член 47.
    Конвенцијата подлежи на ратификација. Ратификационите инструменти се депонираат кај Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 48.
    Оваа конвенција останува отворена за пристапување на сите држави. Инструментите за пристапување се депонираат кај Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 49-1.
    Оваа конвенција влегува во сила триесеттиот ден од датумот на депонирањето на дваесеттиот ратификационен инструмент или инструмент за пристапување кај Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 49-2.
    За секоја држава која ќе ратификува Конвенцијата или ќе и пристапи по депонирањето на дваесеттиот ратификационен инструмент или инструментот за пристапување, Конвенцијата влегува во сила триесеттиот ден од датумот на депонирањето на ратификациониот инструмент или инструмент за пристапување.

    Член 50-1.
    Секоја држава членка може да предложи амандман и да му го поднесе на Генералниот секретар на Обединетите нации. Генералниот секретар потоа им го доставува предложениот амандман на државите членки со молба да назначат дали се за конференција на државите членки заради разгледување и гласање за предлозите. Во случај кога во рок од четири месеци од датумот на доставувањето на таквиот амандман најмалку една третина од државите членки се изјасни за конференција, Генералниот секретар свикува конференција под покровителство на Обединетите нации. Сите амандмани што ќе ги усвои мнозинството држави членки што се присутни и што гласаат на конференцијата, се поднесуваат на одобрение до Генералното собрание.

    Член 50-2.
    Амандманот усвоен во согласност со точка (1) на овој член влегува во сила по одобрение на Генералното собрание на Обединетите нации и по прифаќањето од страна на две третини од државите членки.

    Член 50-3.
    Кога ќе влезе во сила амандманот станува задолжителен за оние држави членки што го прифатиле, а другите држави членки и понатаму ги обврзуваат одредбите од оваа конвенција и сите евентуални амандмани прифатени порано.

    Член 51-1.
    Генералниот секретар на Обединетите нации го прима и им го доставува на сите држави текстот за резервите што ќе ги изразат државите во време на ратификацијата или пристапувањето.

    Член 50-2.
    Резервата која не е во согласност со целта и намената на оваа конвенција не е дозволена.

    ReplyDelete
  26. Член 50-3.
    Резервите можат да се повлечат во кое и да било време по пат на писмено известување упатено до Генералниот секретар на Обединетите нации, кој за тоа ги известува сите држави. Таквото известување влегува во сила на денот кога ќе го прими Генералниот секретар.

    Член 52.
    Државата членка може да ја откаже оваа конвенција по пат на писмено известување до Генералниот секретар на Обединетите нации. Откажувањето влегува во сила една година по денот на приемот на известувањето од страна на Генералниот секретар.

    Член 53 .
    Генералниот секретар на Обединетите нации е определен за депозитар на Конвенцијата.

    Член 54.
    Оригиналот на оваа конвенција, чиишто текстови на арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански јазик се подеднакво веродостојни, се депонира кај Генералниот секретар на Обединетите нации.
    Потврдувајќи го наведеното, потписниците за тоа прописно овластени, ја потпишаа оваа конвенција.

    ReplyDelete
  27. ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА НЕЗАВИСНОСТ НА САД

    Декларацијата за независност беше објавена за време на војната на 13-те Американски колонии против Британската власт од страна на Кралот и претставува еден вид образложение за причините поради кои Американските колонии се одделуваат од Британската власт. Оригиналниот нацрт на документот го подготвил Томас Џеферсон.

    Декларацијата за независност

    Во конгресот, 4 јули 1776г.


    Едногласна декларација на тринаесетте соединети држави на Америка

    Кога во текот на развојот на настаните за еден народ ќе стане неопходно да ги раскине политичките врски кои го поврзувале со друг и меѓу силите на светот да заземе одделно и рамноправно место што му го даваат законите на природата и Богот на таа природа, достојното почитување на мислењата на човештвото бара од него да ги објави причините што го навеле на тоа одделување.

    Ние сметаме дека тие вистини се очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакви, дека нивниот Создавател ги надарил со неотуѓиви права, дека помеѓу нив се животот, слободата и барањето на среќата. Дека, за да ги обезбедат тие права, луѓето воспоставуваат меѓу себе држави кои својата праведна власт ја црпат од согласноста на оние со кои се владее, дека кога некоја форма на владеење ќе стане штетна за тие цели, народот има право да ја промени или да ја укине и да воспостави нова држава засновувајќи ја врз такви принципи и организирајќи ја нејзината власт во таква форма која најверојатно ќе му обезбеди безбедност и среќа. Разумноста навистина ќе диктира одамна установените форми на управување да не се менуваат поради безначајни и минливи причини, и согласно со тоа, сите искуства покажуваат дека човештвото е повеќе склоно да го поднесува злото додека е подносливо одошто да си го земе правото да ги укинува формите на кои е навикнато. Но, кога долга низа злоупотреби и насилства кои секогаш имаат иста цел ќе откријат план со кој се има намера луѓето да се подложат на целосен деспотизам, тогаш е нивно право, нивна должност, да го отфрлат таквото владеење и да обезбедат нови чувари за својата идна безбедност. Такво беше трпеливото страдање на овие колонии и таква е сега потребата што ги присилува да го менуваат својот првобитен систем на владеење. Историјата на сегашниот крал на Велика Британија е историја на постојани навреди и насилства кои имале како непосредна цел воспоставување на апсолутна тиранија над овие држави. За да го докажеме тоа нека бидат изнесени фактите пред непристрасниот свет:

    ReplyDelete
  28. Тој одби да одобри закони мошне корисни и потребни за јавното добро.

    Тој им забрани на своите гувернери да одобруваат закони од непосредна и итна важност, доколку не бидат задржани додека не ја добијат неговата согласност, а кога така ќе беа задржани, тој сосема престануваше да води грижа за нив.

    Тој одби да одобри други закони за разместување на широки области од народот ако тој народ не се откаже од правото на преставништво во законодавното тело, право од непроценлива вредност за еден народ, а опасно само за тираните.

    Тој ги свикуваше законодавните тела во места необични, непогодни и оддалечени од местата каде што се чуваат нивните јавни архиви, со една цел - со заморување да ги натера на согласност со неговите мерки.

    Тој во повеќе наврати ги распушташе претставничките домови затоа што тие со машка цврстина им се спротиставувааа на неговите нафрлувања врз правата на народот.

    Тој одбиваше, долго време по таквите распуштања, да нареди да се изберат други, при што законодавната власт, која не можеше да се уништи, му се враќа на целиот народ тој ја врши, додека во меѓувреме државата остануваше изложена на опасностите од инвазијата однадвор и на потреси одвнатре.

    Тој се трудеше да го спречи населувањето на овие држави, и за таа цел, попречувајќи ги законите за натурализирање на странците, одбивајќи да се донесат други што ќе го охрабруваат нивното доселување ваму и отежнувајќи ги условите за нова распределба на земјата.

    Тој го попречуваше вршењето на правосудството одбивајќи да ги одобри законите за установување на судската власт.

    Тој ги направи судиите зависни само од неговата волја во поглед на нивната служба и висината на нивните плати.

    Тој создаде многу нови установи и испрати толпи службеници да го тормозат нашиот народ и да му го уништуваат имотот.

    Тој држеше кај нас во време на мир, стационирана војска без согласност на нашите законодавни тела.

    Тој сакаше воената власт да ја направи независна од граѓанската и повисока од неа.

    Тој се здружуваше со други за да нè потчини на судската власт, туѓа на нашето уредување и која нашите закони не ја признаваа, давајќи ја својата согласност за нивните акти на божемно законодавство:

    За да смести кај нас голем број вооружени групи;

    За со лажни процеси да ги заштити од казни за какво и да било убиство што би го направиле над жителите на овие држави;

    За да ја прекине нашата трговија со другите делови на светот;

    ReplyDelete
  29. За да ни наметне давачки без наша согласност;

    За во многу случаи да нè лиши од предноста за судење со порота;

    За да нè носи преку море за судење поради божемни кривични дела;

    За да го укине либералниот систем во една соседна провинција воспоставувајќи таму деспотско владеење и проширувајќи ги нејзините граници така што од неа да направи во исто време и пример и погодно орудие за воведување на исто апсолутистичко владеење во овие колонии;

    За да ни ги одземе нашите права укинувајќи ги нашите најскапоцени закони и менувајќи ги од основа формите на нашата управа;

    За да го укине нашето сопствено законодавство, а себеси да се прогласи овластен да прави за нас закони од сите можни случаи.

    Тој се откажа да владее тука објавувајќи дека не сме под негова заштита и водејќи војна против нас.

    Тој ги ограбуваше нашите мориња, ги опустошуваш нашите брегови, ги палеше нашите градови и ги уништуваше животите на припадници на нашиот народ.

    Тој во ова време префрлува огромни војски од странски платеници за да го комплетира делото на смртта, пустошењата, тиранијата, што веќе ги имаше почнато со примери на суровост и подмолност на кои тешко може да им се најдат рамни во време на најголемото варварство и кои се сосема недостојни за поглаварот на една цивилизирана нација.

    Тој ги присилуваше нашите сограѓани, заробени на отворено море, да кренат оружје против својата земја, да станат џелати на своите пријатели и браќа, или самите да паднат од нивни раце.

    Тој поттикнуваше внатрешни востанија меѓу нас и настојуваше на жителите на нашите граници да им доведе немилосрдни дивјаци Индијанци, чиешто познато правило на војување е уништувањето без оглед на возраста, полот или состојбата на здравјето.

    Во секоја фаза од овие опресии ние со најпонизни изрази молевме сето тоа да се поправи, но на секоја наша нова молба беше одговарано само со нови неправди. Поглаварот чиј карактер така е обележен со сите дела што го карактеризираат еден тиранин не е погоден да владеее со еден слободен народ.

    Не ги лишуваше од внимание ни своите британски браќа. Ги предупредувавме одвреме-навреме дека нивното законодавство се обидува да нè подложи на неподнослива власт. Ги потсетувавме на околноста на нашето иселување и на населувањето овде. Се повикувавме на нивното чувство за правда и великодушност и ги заколнувавме со врските на нашето сродство да ги осудат тие насилства кои неизбежно ќе доведат до прекин на нашите врски и на нашите добри односи. Тие, исто така, останаа глуви на гласот на правдата и на сродството. Ние, според тоа, мораме да й се потчиниме на неопходноста која како неминовност го објавува нашето одделување и да ги сметаме, како што го сметаме и другото човештво, непријатели во војна, а пријатели во мир.

    Според тоа, ние, претставниците на Соединетите Држави, собрани на општ Конгрес, повикувајќи се на Врховниот судија на светот да биде сведок на праведноста на нашите намери, а од името и по овластувањето на добриот народ на овие колонии, свечено објавуваме и изјавуваме дека овие соединети колонии се, што според правото и треба да бидат, слободни и независни држави, дека се разрешени од секаква покорност на британската круна и дека сите политички врски меѓу нив и државата Велика Британија се и треба да бидат целосно прекинати, и дека како слободни и независни држави тие имаат целосна власт да водат војна, да склучуваат мир, да создаваат сојузи, да ја средуваат трговијата и да ги вршат сите други дејности и работи што независната држава има право да ги врши. И со цврста увереност во заштита на божественото Провидение ние се заветуваме со своите животи, со својата среќа и со својата света чест дека ќе ја поддржуваме оваа декларација.

    ReplyDelete
  30. Горенаведената декларација, по налог на Конгресот, беше напишана и потпишана од следните членови:

    Њу Хемпшир: Јозиа Барлет, Вилијам Випл, Метју Торнтон.
    Масачусетс Бај: Семјуел Адамс, Џон Адамс, Роберт Трит Пеин, Елбриџ Гери.
    Роуд Ајленд: Стивен Хопкинс, Вилијам Елери.
    Конетикат: Роџер Шерман, Семјуел Хантингтон, Вилијам Вилијамс, Оливер Волкот.
    Пенсилванија: Роберт Морис, Бенџамин Раш, Бенџамин Фанклин, Џон Мортон, Џорџ Клајмер, Џемс Смит, Џорџ Тејлор, Џемс Вилсон, Џорџ Рос.
    Врџинија: Џорџ Вит, Ричард Хенри Ли, Томас Џеферсон, Бенџамин Харисон, Томас Нелсон Помладиот, Френсис Лајтфут Ли, Картер Брекстон.
    Њујорк: Вилијам Флојд, Филип Линингстон, Френсис Луис, Луис Морис.
    Делавер: Сезар Родни, Џорџ Рид, Томас Мек Кин.
    Северна Каролина: Вилијам Хупер, Џозеф Хјуис, Џон Пен.
    Јужна Каролина: Едвард Ратлиџ, Томас Хејворд Помладиот, Томас Линч Помладиот, Артур Мидлтон.
    Њу Џерси: Риџард Стоктон, Џон Витерспун, Френсис Хопкинсон, Џон Харт, Абрахам Кларк.
    Мериленд: Семјуел Чеис, Вилијам Пака, Томас Стоун, Чарлс Керол.
    Џорџија: Балтон Гвинет, Лиман Хол, Џорџ Валтон

    ReplyDelete
  31. УНИВЕРЗАЛНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

    Изградена на основите на Магна Карта, Француската декларација за Правата на човекот и граѓанинот и американскиот Закон за правата, Универзалната декларација за правата на човекот им дава на човековите права наднационален карактер и е резултат на согледувањето на ужасите од II-та светска војна.

    Универзалната декларација за човековите права

    Декември, 1948г.


    Резолуција 217А(III) на Генералното Собрание на Организацијата на Обединетите Нации

    Земајќи го впредвид фактот дека признавањето на вроденото достоинство и на еднаквите и неотуѓиви права на сите членови на човечкото семејство се во основата на слободата, правдата и мирот во светот;

    Земајќи го впредвид фактот дека занемарувањето и непочитувањето на човековите права резултираше со варварски чинови кои што ја загрозија совеста на човештвото, а доаѓањето на свет во кој човечките суштества ќе уживаат слобода на говорот и верувањата и слобода од страв и немаштија беше прогласена за највисок стремеж на обичните луѓе;

    Земајќи го впредвид фактот дека е суштествено, доколку не сакаме човекот да биде присилен, во крајни случаи, да прибегнува кон побуна против тиранијата и угнетувањето, човековите права да бидат заштитени со законот;

    Земајќи го впредвид фактот дека е суштествено да се промовира развојот на пријателски односи меѓу нациите;

    Земајќи го впредвид фактот дека народите на Обединетите нации во Повелбата ја потврдија својата верба во фундаменталните човекови права, во достоинството и вредноста на човечката личност и еднаквите права на мажите и на жените и решија да промовираат општествен прогрес и подобри стандарди на живот во поголема слобода;

    Земајќи го впредвид фактот дека земјите се заложија, во соработка со Обединетите нации, да постигнат унапредување на универзалното почитување и придржување кон човековите права и фундаментални слободи;

    Земајќи го впредвид фактот дека широкото разбирање на овие права и слободи е од најголема важност за целосна реализација на ова залагање;

    Сега, според тоа
    Генералното Собрание
    Ја прогласува оваа Универзална декларација за заеднички стандард на постигање за сите народи и нации, со цел секој поединец и секој орган на општеството, постојано имајќи предвид оваа Декларација, да се труди, со подучување и образование, да го промовира почитувањето на овие права и слободи и со прогресивни мерки, национални и меѓународни, да обезбедува нивно универзално и успешно прифаќање и почитување и меѓу народите на самите земји-членки, и меѓу народите на териториите под нивна јурисдикција.

    Член 1.
    Сите човечки суштества се родени слободни и со еднакво достоинство и права. Даден им е разум и совест и тие треба да се однесуваат еден кон друг во братски дух.

    ReplyDelete
  32. Член 2.
    Секој има право да ги има сите права и слободи изнесени во оваа Декларација, без разликување од каков било вид, какво што е разликувањето врз основата на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, верата, политичките и други ставови, националното или општественото потекло, сопственоста, раѓањето или друг вид статус.
    Покрај тоа, нема да се прави разлика врз основа на политичкиот, јурисдикцискиот или меѓународниот статус на земјата или територијата на која што й припаѓа личноста, без разлика дали е таа независна, протекторат, не владеее со самата себе или е под некој друг вид ограничување на сувереноста.

    Член 3.
    Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста.

    Член 4.
    Никој не може да биде држен во ропство или слугување; ропството и трговијата со робови ќе бидат забранети во сите нивни форми.

    Член 5.
    Никој не смее да биде подложен на мачење или на суров, нечовечен или понижувачки третман или казна.

    Член 6.
    Секој има право да биде признаен насекаде како личност пред законот.

    Член 7.
    Сите се еднакви пред законот и имаат право, без никаква дискриминација, на еднаква заштита на законот. Сите имаат право на еднаква заштита од дискриминација која што ја повредува оваа Декларација и на заштита од поттикнување на таква дискриминација.

    Член 8.
    Секој има право на ефективна помош од страна на компетентни национални трибунали при чинови кои што ги повредуваат фундаменталните права што му се дадени со уставот или со законите.

    Член 9.
    Никој не смее да биде подложен на произволно апсење, притвор или егзил.

    Член 10.
    Секој има право со целосна еднаквост на фер и јавно сослушување од независен и непристрасен трибунал во одредувањето на неговите права и обврски и на секое обвинение против него.

    Член 11-1.
    Секој обвинет за казнив престап има право да биде сметан за невин сé додека не се докаже неговата вина според законот, и на јавно судење при кое тој ги има сите гаранции неопходни за своја одбрана.

    Член 11-2.
    Никој не смее да биде сметан за виновен за казнив престап во случај на чин или пропуст кој што не сочинувал казнив престап според националносто и меѓународносто право во времето кога бил сторен. Ниту, пак, смее да биде наметната построга казна од онаа што била применета во времето кога бил сторен казнивиот престап.

    Член 12.
    Никој не смее да подлежи на произволно мешање во неговата приватност, семејство, дом или преписка, ниту пак на напади врз неговата чест и репутација. Секој има право на заштита од законот против такви мешања и напади.

    Член 13-1.
    Секој има право на слобода на движење и престој во границите на секоја држава.

    Член 13-2.
    Секој има право да ја напушти секоја земја, вклучувајќи ја и својата, и да се врати во својата земја.

    Член 14-1.
    Секој има право да бара и да ужива азил, од прогонување, во други земји.

    Член 14-2.
    На ова право не може да се повикува во случај на гонење што навистина произлегува од неполитички криминал или од чинови спротивни на целите и принципите на Обединетите нации.

    ReplyDelete
  33. Член 15-1.
    Секој има право на националност.

    Член 15-2.
    Никој не смее произволно да биде лишен од националноста, ниту да му се одрече правото да ја промени својата националност.

    Член 16-1.
    Мажите и жените кои се полнолетни, без никакви ограничувања поради расата, националноста и верата, имаат право да се венчаат и да создаваат семејство. Тие имаат еднакви права во врска со стапувањето во брак, за време на бракот и при негов развод.

    Член 16-2.
    Во брак треба да се стапи само при слободна и целосна согласност на идните сопружници.

    Член 16-3.
    Семејството е природна и основна група единица на општеството и има право на заштита од општеството и од државата.

    Член 17-1.
    Секој има право да поседува сопственост како сам така и во здружение со други.

    Член 17-2.
    Никој не смее произволно да биде лишен од сопственост.

    Член 18.
    Секој има право на слобода на мислата, совеста и религијата; ова право ја вклучува и слободата да ја промени својата религија или верувања, и слободата, било како поединец или во заедница со другите, јавно или приватно, да ја манифестира својата религија или верување преку подучување, практика, богослужба и придржување.

    Член 19.
    Секој има право на слобода на мислењето и изразот; ова право ја вклучува слободата да се имаат мислења без мешање и да се бранат, примаат и споделуваат информации и идеи преку сите медиуми без разлика на границите.

    Член 20-1.
    Секој има право на слобода на мирно собирање и здружување.

    Член 20-2.
    Никој не смее да биде присилен да припаѓа на здружение.

    Член 21-1.
    Секој има право да учествува во владеењето на својата земја директно или преку избрани преставници.

    Член 21-2.
    Секој има право на еднаков пристап до јавните служби во својата земја.

    Член 21-3.
    Волјата на народот ќе биде основа за авторитетот на власта; оваа волја ќе се изразува во периодични и вистински избори кои што ќе бидат универзални и со еднакво право на глас и ќе се одржуваат со тајно гласање или со еквивалентни слободни гласачки процедури.

    Член 22.
    Секој, како член на општеството, има право на социјално осигурување и има право на реализација, преку национални напори и меѓународна соработка и во согласност со организацијата и ресурсите на секоја држава, на економските, социјалните и културните права неопходни за неговото достоинство и слободниот развој на неговата личност.

    Член 23-1.
    Секој има право на работа, на слободен избор на вработување, на праведни и поволни услови за работа и за заштита од невработеност.

    ReplyDelete
  34. Член 23-2.
    Секој, без никаква дискриминација, има право на еднаква плата за еднаков труд.

    Член 23-3.
    Секој што работи има право на праведна и поволна награда осигурувајќи за себе и за своето семејство егзистенција со човечко достоинство, и надополнета, ако е потебно, со други средства на социјална заштита.

    Член 23-4.
    Секој има право да формира и да им се придружи на синдикати за заштита на сопствените интереси.

    Член 24.
    Секој има право на одмор и слободно време, вклучувајќи и разумно ограничување на работното време и повремен платен одмор.

    Член 25-1.
    Секој има право на стандард на живот адекватен на неговото и здравјето и добросостојбата на семејството, вклучувајќи храна, облека, сместување и медицинска помош и неопходните социјални услуги, и право на сигурност во случај на невработеност, болест, инвалидитет, вдоство, старост или друг недостиг на заработувачка во околности кои што се надвор од неговата контрола.

    Член 25-2.
    Мајчинството и детството имаат право на специјална грижа и помош. Сите деца, без разлика дали се родени во или надвор од брак, ќе уживаат еднаква социјална заштита.

    Член 26-1.
    Секој има право на образование. Образованието ќе биде бесплатно, барем во елементарните и основни стадиуми. Основното образование ќе биде задолжително. Техничкото и професионално образование ќе биде направено достапно за сите и високото образование ќе биде еднакво достапно за сите врз основа на заслугите.

    Член 26-2.
    Образованието ќе биде насочено кон целосен развиток на човечката мисла и кон зацврстување на почитувањето на човековите права и фундаменталните слободи. Тоа ќе промовира разбирање, толеранција и пријателство меѓу сите нации, расни или религиозни групи, и ќе ги унапреди активностите на Обединетите нации за одржување на мирот.

    Член 26-3.
    Родителите имаат првенствено право да го изберат видот на образованието што ќе го добијат нивните деца.

    Член 27-1.
    Секој има право слободно да учествува во културниот живот на заедницата, да ужива во уметностите и да ги споделува научните достигања и користа од нив.

    Член 27-2.
    Секој има право на заштита на моралните и материјалните интереси што произлегуваат од секој научен, литературен и уметнички производ чијшто автор е тој самиот.

    Член 28.
    Секој има право на општествен и меѓународен ред во кој правата и слободите изнесени во оваа Декларација можат целосно да се реализираат.

    Член 29-1.
    Секој има должности кон заедницата во која што единствено е возможен слободен и целосен развиток на неговата личност.

    Член 29-2.
    Во реализирањето на своите права и слободи, секој ќе биде подложен само на оние ограничувања кои што се одредени од законот единсвено заради осигурување на должното признавање и почитување на правата и слободите на другите и за да се исполнат праведните барања на моралност, јавен ред и генерална добросостојба во едно демократско општество.

    ReplyDelete
  35. Член 29-3.
    Овие права и слободи во ниеден случај не можат да бидат реализирани во спротивност со целите и принципите на Обединетите нации.

    Член 30.
    Ништо во оваа Декларација не смее да биде интерпретирано како да имплицира дека која било држава, група или личност има право да се зафати со активност или да изведе чин чијашто цел би била деструкција на кое било од правата и слободите изнесени овде.

    ReplyDelete
  36. УСТАВОТ ОД СЕДУМНАЕСЕТ ЧЛЕНА НА ПРИНЦОТ ШОТОКУ


    Подолу следи првиот пишан устав на Јапонија базиран врз принципите на Конфуџие, а подготвен од принцот Шотоку во 604г. од н.е. Овој устав преставувал патоказ во јапонската историја, го потикнал Будизмот, и ги убедил луѓето да му се покорат на императорот.

    Уставот од седумнаесет члена на Принцот Шотоку


    Дванаесетта година [604], летото, третиот ден во четвртиот месец. Принцот на Империјата лично ги подготвил законите за прв пат. Застапени биле седумнаесет членови, и тоа:

    1. Да се вреднува храброста и да не се почитува распуштената опозиција. Сите луѓе се под влијание на приврзаништвото, но само неколку од нив се интелигентни. Поради тоа постојат некои кои не се покоруваат на своите татковци и господари, или некои кои предизвикуваат нетрпеливост со соседните села. Но кога оние што се на врвот се хармонизирани, а оние во долните слоеви се пријателски расположени и кога постои согласност во дискусиите за бизнис, вистинските погледи на работите спонтано овозможуваат добивка. Тогаш што би можело да не биде совршено?

    2. Искреното почитување на трите богатства. Трите богатства се состојат од Буда, Правото и Монастичките наредби. Тие се конечната заштита на четвртото поколение и најважниот предмет на верба во сите земји. Има луѓе кои што се лоши. Може да дојде до следење на нивната дејност. Но ако тие не успеат да проврат до трите богатства, ќе се докаже нивната нечесност.

    3. Кога ги добиваш наредбите на императорот треба совесно да се покориш на нив. Бог е Рајот, владетелот е Земјата. Рајот се проширува, Земјата се стеснува. Кога тоа е така, четирите годишни времиња го произведуваат правецот на правото и моќта на Природата ја потикнува нивната сила, нивното делување. Доколку Земјата се стреми кон проширување, Рајот едноставно ќе потоне во пропаст. Поради тоа, кога бог зборува, владателот слуша, пониските; инфериорните акти се во согласност со супериорните. Како последица, кога се прима наредбата на императорот таа треба совесно да биде спроведена.

    4. Министрите и функционерите треба да поседуваат пристојно поведение во однос на своите принципи на владеење за да може владеачките принципи на владата да се рефлектираат врз поведението на луѓето. Сигурно е дека доколку супериорните не располагаат со пристојност, ниските, инфериорните ќе бидат хаотични: доколку инфериорните посакуваат сопствено поведение, мора да бидат обвинети. Тоа значи дека кога бог и владателот располагаат со пристојно однесување, разликата во класите не е измешана: кога луѓето располагаат со пристојност, владата на државната организација напредува самата од себе.

    ReplyDelete
  37. 5. Прекинување со лакомството и напуштање на алчноста дава непристрасност која гарантирано ви е пренесена вам. Незадоволството пренесено од луѓето содржи можеби илјадници поплаки на ден. Ако во еден ден има толку многу, колку ќе ги има за време од повеќе години? Ако човекот кој што треба да одлучува за важните работи нив ги уредува по свои принципи и притоа е поткуплив, зема мито, тогаш гарантирано богатите луѓе ќе бидат како камен кој што пропаѓа во вода, додека класата на сиромашните како водата која се искачува над каменот. Покрај овие услови, сиромашните луѓе нема да ја знаат магијата за да се упатат себеси. Тука исто така ќе се појави недостаток во задолженијата на министерот.

    6. Казната која е злобна и обесхрабрувачка е и добра. Тоа е едно извонредно правило од антиката. Умилкувачите и измамниците се болно оружје за пропаст на државата и насочен меч за деструкција на населението. Подлизурковците се исто така дел од нив, за распространување на нивните супериорни, за сметка на грешките на инфериорните од нивна страна, така всушност инфериорните ги цензурираат грешките на супериорните. Луѓе од ваков вид се умилкуваат кон господарите и се испречуваат напред над останатите луѓе. Сето ова предизвикува немир, врева меѓу населението.

    7. Да пуштиме секој човек да има свое задолжение и да не допуштиме делокругот на задолженијата да биде измешан. Кога на мудрите луѓе им се доверува функција, звуците на добивката се зголемуваат. Ако непринципиелните луѓе заземаат определена функција, катастрофите и востанијата ќе бидат многукратни. Во овој свет, малкумина се родени со знаење: мудроста е производ на сериозната медитација. Во сите овие работи, било голем или мал, најди го вистинскиот човек и сигурно тој добро ќе управува: на сите околности, било тие да се веднаш или спротивно, да се сретнат со мудар човек и тие ќе бидат од нив подложни. На овој начин Државата ќе биде постојана, исто и Храмовите на Земјата и од Семето ќе биде отстранета опасноста. Поради тоа мудрите владатели од антиката бараат човек за да ја пополни службата, а не служба по барање на човекот.

    8. Нека министрите и функционерите се занимаваат со службата во утрината, а нека се одмараат подоцна. Работите во Државата не дозволуваат немарливост и целиот ден е доста тежок за нивно усовршување. Ако концентрацијата во работата е подоцна, итните работи не можат да бидат проследени: ако службениците се одмараат брзо, работата не може да биде завршена.

    9. Добрата верба е темел на правото. Во се треба да постои добра верба и покрај тоа што секогаш тука се доброто и лошото, успехот и падот. Ако господарот и владетелот забележуваат добра верба еден кон друг, тогаш што е тоа што не би можело да биде усовршено? Доколку пак господарот и владетелот не забележуваат добра верба еден во друг, апсолутно се, без исклучок ќе пропадне во неуспех.

    10. Да се ослободиме од гневот и да се воздржиме од гневниот изглед. Исто така, да не допуштиме да се јадосуваме кога другите се разидуваат со нас. Сите луѓе имаат срце и нека секое срце се користи како потпора. Нивното право е наша неправда и нашето право е нивна неправда. Ние не сме несомнено мудри, исто така и тие не се несомнено будали. И двете страни сме всушност обични луѓе. Како може некој да предава пропис со кој се разликува правилното од неправдата? За нас се сите, еден со друг, мудри и глупави, како прстен кој нема крај. Поради тоа, додека другите прибегуваат кон гневот, ние да се насочиме кон противречната бојазливост на нашите грешки, иако и самите можеби сме во право, сепак ајде да го следиме мнозинството и да дејствуваме како нив.

    ReplyDelete
  38. 11. Да дадеме чиста оценка за заслугата и незаслугата и да расчистиме со тоа дека секој ќе биде или награден или казнет. Во денешно време, наградата не се добива без разлика на заслугите, исто така не се казнува чинот на криминал. Вие високите функционери кои имате надлежност над јавните афери, нека биде ваша должност да расчистите околу казните и наградите.

    12. Да не дозволиме провинцијалните авторитети да вршат изнуден собир на луѓето. Во државата не постојат двајца господари, луѓето немаат двајца учители. Владателот е учител на луѓето низ целата држава. Службениците на кои ги даваат задолженијата се сите нивни вазали. Како може тие, исто како Владата, да се осмелуваат да собираат даноци од луѓето?

    13. Нека на сите личности им биде доверена служба еквивалентна со нивната должност. Поради нивна болест, или доколку се тие испратени на мисија, нивната должност може да биде запоставена. Но кога и да се способни да занимаваат со работата, да оставиме да се приспособат исто како да имале сознание од претходно и да не бидат спречени во јавните работи како резултат на тоа дека нивната врска е загубена.

    14. Вие министрите и функционерите! Да не бидете завидливи. Доколку ние им завидуваме на другите, тие исто така и тие ќе бидат завидливи на нас. Злото на завидливоста не познава граници. Ако другите ја истакнуваат интелигенцијата над нас, тоа не ни пружа задоволство, ако не надминуваат со својата способност, ние стануваме завидливи. Врз основа на тоа ќе треба да пројде период од петстотини години за да пронајдеме мудар човек и дури илјада години за да добиеме мудрец. Но доколу не најдеме мудри луѓе и мудреци, дали воопшто државата ќе може да владее?

    15. Да се тргнеме настрана од тоа што е приватно и да ги насочиме нашите погледи напред кон тоа што е државно – тоа е патеката на министерот. Сега доколку човекот е под влијание на приватни мотиви, тој несомнено ќе почуствува навреда и ќе биде под влијание на навредливи чуства. Тој несомнено ќе престане да се однесува хармонизирано со другите. Ако тој се најде надвор од хармонизираниот свет со другите, тој со сигурност ќе го жртвува јавниот интерес за неговите приватни чуства. Кога огорченоста расте, таа се сплеткува со другите и станува разорувачка за правото. Врз основа на тоа во членот е запишано, супериорните и инфериорните мора да се согласуваат заедно. Смислата е иста со ова.

    16. Да овозможиме луѓето да бидат вработени во правовремен период. Тоа е едно древно и одлично правило. Да овозможиме вработување во зимските месеци, кога имаме безработица. Но од Пролет до Есен, кога луѓето се зафатени со земјоделоските работи или црнички, ние не би требало многу да ги вработуваме. Ако не се занимаваат со земјоделство, со што ќе се прехрануваат? Ако не се занимаваат со црнички, што ќе прават со облекувањето?

    17. Одлуките за важните работи не би требало да бидат донесени од една личност, самостојно. Тие треба да бидат разгледувани од повеќемина. Но малите работи не предизвикуваат големи последици. Не е потребно за таков вид на активности да бидат консултирани повеќе личности. Само во оние случаи кога станува збор за поголема тежина на работите, кога постои сомнение дека може да не успее, тогаш е потребна консултација со повеќемина, се со цел да се донесе правилен заклучок.

    ReplyDelete
  39. ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ

    Со оваа декларација Француското национално собрание задоволи многу од жалбите на Францускиот народ во врска со владеењето на монархијата и ги востанови идеите на Француската револуција. Оваа декларација останува еден од најважните документи во Западната политичка историја.

    Декларација на правата на човекот и граѓанинот

    1789


    Претставниците на Францускиот народ организирани во Националното Собрание, верувајќи дека игнорирањето, занемарувањето, или задршката на правата на човекот е единствената причина за јавните раздори и за корупцијата на власта, одлучи да одреди официјална декларација на природните, неоттуѓиви, и свети права на човекот, со намера оваа декларација да биде трајна за сите членови на социјалното тело, таа ќе ги потсетува постојано на нивните права и обврски; со намера актите на законодавната власт, како и оние на извршната власт да можат во секој момент да се споредат со објектите и целите на сите политички институции и со тоа истите да бидат повеќе почитувани; и на крај, со намера граѓаните со постапки базирани врз едноставни и неоспорни принципи во иднина да настојуваат на одржување на уставот поради колективната среќа. Поради тоа Националното Собрание во присуство и под покровителство на Врховното Битие ги признава и прокламира следните права на човекот и граѓанинот:

    1. Луѓето се родени еднакви во правата. Социјални разлики можат да се формираат само за општо добро на сите.

    2. Целта на сите политички здруженија е зачувувањето на природните и вдлабените права на човекот. Овие права се слобода, сопственост, сигурност, и отпор кон угнетување.

    3. Принципот на целосен суверенитет се наоѓа во основите на нацијата. Никое тело, ниту пак индивидуа не може да се стекне со било каков авторитет кој не потекнува директно од нацијата.

    4. Слободата се состои во слобода за чинење на сите дејствија кои не повредуваат никого; значи примената на природните права на секој човек нема граници освен оние граници кои ги заштитуваат останатите членови на општеството во практицирање на истите права. Овие ограничувања можат да се одредат единствено со закон.

    5. Само законот може да забрани такви дејствија кои му се штетни на општеството. Ниедно дејствие не може да биде спречено доколку тоа не е забрането со закон, и никој не смее да биде присилен да направи нешто доколку тоа не е предвидено со закон.

    6. Правото е израз на општата волја. Секој граѓанин има право во неговото формирање да учествува лично или преку негов преставник. Правото мора да биде исто за сите, без разлика дали тоа нешто штити или забранува. Сите граѓани, со тоа што се еднакви во очите на правото, се еднакво погодни за сите почести и за сите јавни позиции и занимања во согласност со нивните способности, без други делења освен она на нивните предности и таленти.

    7. Никој не може да биде обвинет, уапсен или затворен освен во случаите и во согласност со формите запишани во правото.

    8. Законот ќе обезбеди такви казни доколку тие се строго и очигледно неопходни и никој нема да страда од казна освен кога против дејствието кое го направил се предвидува со закон таква казна.

    ReplyDelete
  40. 9. Сите личности се сметаат за невини се додека не се прогласат за виновни; ќе се апсат само ако тоа е неопходно; сите суровости кои не се потребни за обезбедување на притворената личност ќе бидат строго забранети со законот.

    10. Никој нема да биде прогонет поради неговото мислење, вклучувајќи го тука и религиозното мислење (религиозната припадност), но манифестирањето на религиозната припадност да не го вознемирува јавниот ред воспоставен со правото.

    11. Слободниот проток на идеи и мислења е едно од најскапоцените права на човекот. Според тоа, секој човек може да зборува, пишува и објавува слободно но ќе биде одговорен за такви злоупотреби на слободата какви што ќе бидат предвидени со законот.

    12. Сигурноста на правата на човекот и на граѓанинот бара јавни воени сили. Овие сили, следствено на предходно наведеното се воспоставуваат за доброто на сите а не за лични предности на оние на кои ќе им бидат доверени.

    13. Јавен придонес, во форма на давачки, е основано потребен за одржување на јавните сили и за трошоците на администрацијата. Овие давачки ќе се распределат правично меѓу сите граѓани пропорционално со нивните средства.

    14. Сите граѓани, индивидуално или преку нивните претставници имаат право да одлучат за потребата од јавните давачки, да ги плаќаат нивните давачки слободно, да знаат како се употребуваат нивните средства, да ги менуваат пропорциите, начинот на оданочување и начинот на собирањето и траењето на даноците.

    15. Општеството има право да бара за секој јавен застапник отчет за својата управа.

    16. Општеството во кое надзорот на правата не е осигуран, ниту пак поделбата на моќта е дефинирана, воопшто нема устав.

    17. Заради тоа што сопственоста е неповредливо и свето право, никој нема да биде лишен од него освен за јавни потреби, кога законот одредува и јасно го бара тоа, и тогаш само под услов сопственикот да биде претходно праведно обесштетен.

    ReplyDelete
  41. КОНВЕНЦИЈА НА ООН ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ

    Оваа Конвенција е изградена врз основа на принципите на Универзалната декларација за правата на човекот на ООН. Спецификацијата на категории, како што се правата на жената и правата на детето, се врши со цел да се потенцира важноста на одделните права и да се поттикне нивното почитување од страна на државите.
    Тексот кој следи содржи заложби, на државите кои ја прифаќаат конвенцијата, за спроведување на правила за почитување на правата на жената.

    Конвенција на ООН за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените


    Државите членки на оваа конвенција,

    Констатирајќи дека Повелбата на Обединетите нации повторно ја прогласува верата во основните права на човекот, достоинството и вредноста на човековата личност и во рамноправноста на мажите и жените,

    Констатирајќи дека Општата декларација за правата на човекот го потврдува начелото на недопустливост на дискриминацијата и прогласува дека сите луѓе се родени слободни и еднакви во достоинството и правата и дека секому му припаѓаат сите права и слободи што се таму наведени, без какви и да било разлики, вклучувајќи ја и разликата во поглед на полот,

    Констатирајќи дека државите потписнички на Меѓународниот пакт за правата на човекот имаат обврска да обезбедат рамноправност на мажите и жените во поглед на сите економски, општествени, културни, граѓански и политички права,

    Имајќи ги предвид меѓународните конвенции склучени под покровителство на Обединетите нации и на специјализираните агенции, што се однесуваат на рамноправноста на мажите и жените.

    Имајќи ги, исто така, предвид резолуциите, декларациите и препораките што ги усвоија Обединетите нации и специјализираните агенции, што се однесуваат на рамноправноста на мажите и жените,

    Загрижени, меѓутоа, поради фактот што и покрај сите овие инструменти и понатаму постои широка дискриминација на жените,

    Потсетувајќи дека со дискриминацијата на жените се кршат начелата на рамноправност и почитување на човековото достоинство, дека тоа претставува пречка за рамноправното учество на жените во политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот на нивните земји, го сопира натамошниот напредок на општеството и на семејството и го отежнува целосниот развој на способноста на жените да учествуваат во служба на своите земји и на човештвото,

    Загрижени поради фактот што, во услови на сиромаштво, на жените им се најмалку достапни храната, здравствената заштита, образованието, обуката и вработувањето и задоволувањето на другите потреби,

    Уверени дека воспоставувањето на нов меѓународен економски поредок, заснован врз рамноправност и праведливост, значително ќе придонесе за остварување на рамноправноста на мажите и жените,

    Нагласувајќи дека ликвидацијата на апартхејдот, на сите форми расизам, расна дискриминација, колонијализам, неоколонијализам, агресија, странска окупација, доминација и мешање во внатрешните работи на други држави е од суштествена важност за потполното остварување на правата на мажите и жените,

    Потврдувајќи дека јакнењето на меѓународниот мир и безбедност, попуштањето на меѓународната затегнатост, меѓусебната соработка на сите држави без оглед на нивниот општествен и економски систем, општото и целосно разоружување, посебно нуклеарното разоружување под строга и ефикасна меѓународна контрола, афирмацијата на принципите на справедливост, рамноправност и заемна корист во односите помеѓу земјите, остварувањето на правото на народите под странска и колонијална доминација и странска окупација на самоопределување и независност, како и почитувањето на националниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе придонесат за општествениот напредок и за развојот, а со тоа и за остварувањето на целосна рамноправност на мажите и жените,

    ReplyDelete
  42. Уверени дека целосниот и сестран развој на земјите, благосостојбата на светот и делото на мирот бараат најголемо учество на жените, рамноправно со мажите, во сите сфери на животот,

    Имајќи го предвид големиот придонес на жените за благосостојба на семејството и за развојот на општеството, што досега во потполност не е признато, општественото значење на мајчинството и улогата на обата родители во семејството и во подигањето на децата и свесни дека улогата на жената во раѓањето не треба да биде основа за дискриминација туку дека подигањето на децата треба да се смета како заедничка одговорност на мажите и жените и на општеството во целост,

    Свесни дека е потребно да се промени традиционалната улога на мажот, како и улогата на жената во општеството, за да се оствари целосна рамноправност на мажите и жените,

    Решени да ги применат принципите содржани во Декларацијата за елиминирање на дискриминацијата на жените, како и за таа цел да ги усвојат мерките потребни за отстранувањето на таа дискриминација во сите нејзини видови и манифестации,

    Се согласија за следното:


    Прв дел

    Член 1.
    За целите на оваа конвенција, изразот “дискриминација на жените” ја означува секоја разлика, исклучување или ограничување во поглед на полот, што има за последица или цел да го загрози или оневозможи признавањето, остварувањето или вршењето од страна на жените на човековите права и основните слободи на политичко, економско, општествено, културно и граѓанско или друго поле, без оглед на нивната брачна состојба, врз основа на рамноправност на мажите и жените.

    Член 2.
    Државите членки ја осудуваат дискриминацијата на жените во сите видови, согласни се да ја спроведуваат, со сите соодветни средства што им стојат на располагање и без одлагање, политиката на отстранување на дискриминација на жените и за таа цел се обврзуваат:

    Член 2-а).
    Да го внесат принципот на рамноправност на мажите и жените во своите национални устави или во соодветните закони, доколку тоа веќе не го сториле, како и да обезбедат, со законски или со други соодветни мерки, практична примена на тој принцип;

    Член 2-б).
    Да усвојат соодветни законски и други мерки, вклучувајќи и санкции каде што е потребно, со кои се забрануваат сите видови дискриминација на жените;

    Член 2-в).
    Да воведат правна заштита на правата на жените врз рамноправна основа со мажите и, преку надлежните национални судови и други јавни институции, да обезбедат ефикасна заштита на жените од секоја постапка со која се врши дискриминација;

    Член 2-г).
    Да се воздржат од секоја постапка или практика на дискриминација на жените и да обезбедат јавните органи и институции да постапуваат во согласност со оваа обврска;

    ReplyDelete
  43. Член 2-д).
    Да ги преземат сите потребни мерки заради отстранување на дискриминација на жените од страна на кое било лице, организација или претпријатие;

    Член 2-ѓ).
    Да ги преземат сите погодни мерки, вклучувајќи ги и законодавните, заради измена или укинување на постојните закони, прописи, обичаи и практика, што претставуваат дискриминација на жените;

    Член 2-е).
    Да ги стават надвор од сила сите внатрешни казнени одредби со кои се врши дискриминација на жените.

    Член 3.
    Државите членки ги преземаат во сите области, посебно во политичката, општествената, економската и културната, сите погодни мерки, вклучувајќи ги законодавните, заради обезбедување целосен развој и напредок на жените, за да им се гарантира остварување и уживање на правата на човекот и на основните слободи, рамноправно со мажите.

    Член 4-1.
    Усвојувањето на посебни привремени мерки од страна на државите членки, што имаат за цел да се забрза остварувањето на рамноправноста на мажите и жените де факто, не се смета за дискриминација како што е дефинирано во оваа конвенција, но не смее на кој и да било начин да има за последица нееднакви или различни мерила, а овие мерки ќе престанат да важат кога ќе се оствари целта на сите да им се дадат еднакви можности и третман.

    Член 4-2.
    Усвојувањето на посебни мерки од страна на државите членки, вклучувајќи ги и мерките содржани во оваа конвенција што имаат за цел да се заштити мајчинството, не се смета за дискриминација.

    Член 5.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки:

    Член 5-а)
    Заради измена на општествените и културните обичаи во поглед на однесувањето на мажите и жените за да се отстранат предрасудите, како и вообичаената и секоја друга практика заснована врз сфаќањето за инфериорноста или супериорноста на едниот или другиот пол или за традиционалната улога на мажите односно на жените;

    Член 5-б)
    Семејното воспитување да го опфати и правилното сфаќање за мајчинството како општествена функција и признавањето на заедничката одговорност на мажите и жените во подигањето и развојот на децата, подразбирајќи во сите случаи да мора, пред се да се води сметка за интересите на детето.

    Член 6.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки, вклучувајќи ги и законодавните, заради спречување на сите форми на трговија со жените, како и искористувањето на проституцијата на жените.


    Втор Дел

    Член 7.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки за отстранување на дискриминацијата на жените во политичкиот и јавниот живот на земјата, а посебно се должни да го обезбедат, под еднакви услови како и на мажите, правото на жените:

    Член 7-а).
    Да гласаат на сите избори и јавни референдуми и да бидат избирани во сите тела што се избираат по пат на јавни избори;

    ReplyDelete
  44. Член 7-б).
    Да учествуваат во креирањето и спроведувањето на владината политика и да заземаат раководни положби и да ги вршат сите јавни функции на сите нивоа на власт;

    Член 7-в).
    Да учествуваат во работата на невладините организации и здруженија што се занимаваат со јавниот и политичкиот живот во земјата.

    Член 8.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки за да им обезбедат на жените можност, под еднакви услови со мажите, без дискриминација, да ги претставуваат своите влади на меѓународно ниво, како и да учествуваат во работата на меѓународните организации.

    Член 9-1.
    Државите членки им признаваат на жените еднакви права како и на мажите, да го стекнат, да го променат или да го задржат своето државјанство. Тие посебно се грижат склучувањето на брак со странски државјанин или промената на државјанство на мажот за време на траењето на бракот автоматски да нема за последица промена на државјанството на жената, ниту таа да стане лице без државјанство односно да биде присилена да го земе државјанството на мажот.

    Член 9-2.
    Државите членки им обезбедуваат на жените еднакви права како и на мажите, во поглед на државјанството на децата.


    Трет дел

    Член 10.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки заради отстранување на дискриминацијата на жените за да им обезбедат еднакви права како и на мажите, во поглед на образованието, а посебно за да обезбедат врз основа на рамноправност на мажите и жените:

    Член 10-а).
    Еднакви услови во поглед на кариерата и професионално насочување, во поглед на можноста за учење и стекнување на дипломи во образовните установи од сите категории како во селските така и во градските средини, оваа рамноправност се обезбедува во поглед на предучилишното, општото, техничкото и стручното образование, како и на вишото техничко образование и на сите видови професионално насочување;

    Член 10-б).
    Достапност на еднакви наставни програми, еднакви испити и наставен персонал кој има квалификации од исто ниво, како на училишни простории и опрема од ист квалитет;

    Член 10-в).
    Отстранување на традиционалното сфаќање за улогите на мажите и жените на сите степени и во сите форми на образование со поттикнување создавањето на мешовити одделенија и други видови образование што можат да придонесат за постигањето на таа цел, посебно со ревизија на учебниците и на училишните програми и со приспособување на наставните методи;

    Член 10-г).
    Еднаква можност за користење на стипендиите и на другите видови бесповратна помош за студии;

    Член 10-д).
    Еднаква можност за пристап кон програмите на перманентно образование, вклучувајќи ги програмите за образование на возрасните и функционалните програми за описменување, посебно оние што имаат за цел во што е можно пократко време да се намали јазот во степенот на образованието помеѓу мажите и жените;

    Член 10-ѓ).
    Намалување на стапката на напуштање на училиштето од страна на женската младина и организација на програми за девојките и жените кои прерано го напуштиле училиштето;

    Член 10-е).
    Еднакви можности за активно занимање со спорот и физичко воспитување;

    Член 10-ж).
    Достапност на посебните информации од областа на образованието, заради давање помош во обезбедувањето на здравјето и благосостојбата на семејството, вклучувајќи ги информациите и советите за планирањето на семејството.

    ReplyDelete
  45. Член 11-1.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки заради елиминирање на дискриминација на жените во областа на вработувањето за да може, врз основа на рамноправнсота на мажите и жените, да се обезбедат еднакви права, а посебно:

    Член 11-1-а).
    Правото на работа како неотуѓиво право на сите луѓе;

    Член 11-1-б).
    Правото на еднакви можности за вработување, вклучувајќи ја и примената на еднакви критериуми при изборот на кандидати за работното место;

    Член 11-1-в).
    Правото на слободен избор на професијата и вработувањето, правото на унапредување, сигурност на вработувањето и сите права и услови што произлегуваат од работа, како и правото на стручно оспособување и преквалификација, вклучувајќи го учењето во стопанството, вишото стручното оспособување и повременото додатно оспособување;

    Член 11-1-г).
    Правото на еднаква награда, вклучувајќи ги бенефициите, како и на еднаков третман за еднаква работа и еднаков третман при оценувањето на квалитетот на работата;

    Член 11-1-д).
    Правото на социјална заштита, посебно во случај на заминување во пензија, невработеност, болест, инвалидност, старост и други видови неспособност за работа, како и правото на платено отсуство;

    Член 11-1-ѓ).
    Правото на здравствена заштита и заштита при работа, вклучувајќи ја и заштитата на биолошките и репродуктивните функции на жената.

    Член 11-2.
    Заради спречување на дискриминацијата на жените поради стапување во брак или мајчинство и заради обезбедување на нивното стварно право на работа, државите членки перземаат соодветни мерки заради:

    Член 11-2-а).
    Забрана, под закана од преземање на санкции, на давањето отказ поради бременост или породилно отсуство и дискриминацијата при отпуштањето од работа поради брачна состојба;

    Член 11-2-б).
    Воведување платено породилно отсуство или слични социјални бенефиции, без губење на правото на поранешното работно место, примањата по основа на стаж и социјалните примања;

    Член 11-2-в).
    Поттикнување да се обезбедуваат потребните помошни општествени служби за да им се овозможи на родителите да ги усогласат семејните обврски со обврските на работното место и учеството во општествениот живот, посебно со поттикнување на основањето и развојот на мрежата на установи за грижа за децата;

    ReplyDelete
  46. Член 11-2-г).
    Обезбедувањето на посебна заштита на жената за време на бременоста на оние работни места за кои е докажано дека се штетни за бремените жени.

    Член 11-3.
    Мерките на законска заштита што се однесуваат на прашањата опфатени во овој член се преиспитуваат периодично, во светлината на научните и технолошките сознанија и по потреба, се ревидираат, укинуваат или продолжуваат.

    Член 12-1.
    Државите членки преземаат соодветни мерки заради елиминирање на дискриминацијата на жените во областа на здравствената заштита за да можат, врз основа на рамноправноста на жените и мажите, да обезбедат достапност на здравствените услуги, вклучувајќи ги оние што се однесуваат на планирањето на семејството.

    Член 12-2.
    Без оглед на одредбата на став 1 од овој член, државите членки им обезбедуваат соодветни здравствени услуги на жените за време на бременоста, раѓањето и во периодот по раѓањето на детето, со обезбедување на бесплатни услуги, каде што е тоа потребно, како и соодветна исхрана за време на бременоста и доењето.

    Член 13.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки заради елиминирање на дискриминацијата на жените во другите области на стопанскиот и општествениот живот, за да им се обезбедат врз основа на рамноправноста на жените и мажите, еднакви права, а посебно:

    Член 13-а).
    Право на банкарски заеми, хипотекарни и други видови финансиски кредити;

    Член 13-б).
    Право на учество во рекреативните активности спортот и сите други форми на културен живот.

    Член 14-1.
    Државите членки ќе ги земат предвид посебните проблеми со кои се соочува жената на село, како и значајната улога што таа ја има во економскиот опстанок на своето семејство, вклучувајќи ја нејзината работа во секторите на стопанството во кои не се остварува доход и ќе ги преземат сите соодветни мерки за да обезбедат одредбите на оваа конвенција да се применуваат на жената на село.

    Член 14-2.
    Државите членки ќе ги преземат сите соодветни мерки заради елеминирање на дискриминацијата на жените во селските подрачја за да обезбедат тие, врз основа на рамноправноста на мажите и жените, да учествуваат во развојот на селото и да имаат од тоа користи, а посебно за да го обезбедат нивното право на:

    Член 14-2-а).
    Учество во изработката и спроведувањето на плановите за развој на сите нивоа;

    Член 14-2-б).
    Пристап до соодветната здравствена заштита, вклучувајќи ги информациите, советите и услугите во врска со планирањето на семејството;

    ReplyDelete
  47. Член 14-2-в).
    Директно користење на програмите за социјална заштита;

    Член 14-2-г).
    Стекнување на сите видови обука и образование, формално и неформално, вклучувајќи го описменувањето, како и пристап до сите услуги во рамките на месната заедница, како и до советодавните услуги, меѓу другото, заради проширување на нивните општи и технички знаења;

    Член 14-2-д).
    Организирање на групи за самопомош и на задруги за да остварат еднаков пристап до стопанските дејности по пат на вработување или вршење на самостојна дејност;

    Член 14-2-ѓ).
    Учество во сите активности на месната заедница;

    Член 14-2-е).
    Достапност до земјоделските кредити и заеми, до олесненијата при продажбата на производи, соодветна технологија и еднаков третман во земјишната и аграрната реформа, како и до програмите за повторно населување;

    Член 14-2-ж).
    Адекватни животни услови, посебно во поглед на домувањето, хигиенските услови, електричната енергија и снабдувањето со вода, сообраќајот и врските.


    Четврти дел

    Член 15-1.
    Државите членки им признаваат на жените еднакви права пред законот како и на мажите.

    Член 15-2.
    Државите членки им признаваат на жените еднаква правна способност во граѓанските работи како и на мажите и им даваат еднакви можности да се користат со неа. Тие посебно им даваат на жените еднакви права на склучување договори и управување со имот и ги третираат рамноправно во сите фази на постапката пред судот.

    Член 15-3.
    Државите членки се согласни дека сите напори и сите други приватни инструменти од кој и да било вид, чие правно дејство има за цел да ја ограничи правната способност на жените, се сметаат како ништовни и неважечки.

    Член 15-4.
    Државите членки им признаваат на жените и мажите еднакви права во поглед на законите за движењето на лицата и слободата на изборот на местото на престојувањето и живеалиштето.

    Член 16-1.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки заради отстранување на дискриминацијата на жените во сите прашања што се однесуваат на бракот и семејните односи, а посебно обезбедуваат, врз основа на рамноправноста на мажите и жените:

    ReplyDelete
  48. Член 16-1-а).
    Еднакво право на склучување на брак;

    Член 16-1-б).
    Еднакво право на слободен избор на брачниот другар и склучување на брак само по слободна волја и при потполна согласност;

    Член 16-1-в).
    Еднакви права и одговорности во бракот и при разводот;

    Член 16-1-г).
    Еднакви родителски права и обврски во однос на децата, без оглед на брачниот статус. Во сите овие случаи интересите на децата мораат да бидат на прво место;

    Член 16-1-д).
    Еднакви права слободно и одговорно да одлучуваат за планирањето на семејството, како и да имаат пристап кон информациите, образованието и средствата што ќе им овозможат да се користат со овие права;

    Член 16-1-ѓ).
    Еднакви права и одговорности во поглед на старателството, туторството, управувањето со имотот и усвојувањето на деца или сличните институции ако постојат во националното законодавство. Во сите случаи интересите на децата мораат да бидат на прво место;

    Член 16-1-е).
    Еднакви лични права на мажот и жената, вклучувајќи го правото на изборот на семејното име, професијата и занимањето;

    Член 16-1-ж).
    Еднакави права на обата брачни другари во поглед на сопственоста над имотот односно стекнувањето, управувањето, уживањето и отуѓувањето на имотот, без оглед на тоа дали ова се врши бесплатно или за значителна материјална награда.

    Член 16-2.
    Свршувачката и стапувањето на детето во брак не може да има никакви правни последици, а ќе се преземат сите потребни мерки, вклучувајќи ги законодавните, заради утврдување на минималните години на возраст за склучување на брак, како и воведувањето на обврската бракот да се склучи во официјалната матична служба.


    Петти дел

    Член 17-1.
    Заради следење на напредокот остварен во примената на оваа конвенција, ќе се формира Комитет за елиминирање на дискриминацијата на жените (натаму во текстот: Комитет) кој при влегувањето на Конвенцијата во сила ќе има 18, а по ратификацијата или пристапувањето на 35 држави членки, 23 стручњаци со високи морални квалитети и стручност за областа на која се однесува оваа конвенција. Државите членки меѓу своите државјани избираат стручњаци кои во работата на Комитетот ќе учествуваат во лично својство. При изборот на членовите на Комитетот ќе се води сметка за рамномерната географска застапеност, како и за тоа да бидат избрани стручњаци кои ќе ги претставуваат разните цивилизации и главните правни системи.

    Член 17-2.
    Членовите на Комитетот се избираат со тајно гласање, врз основа на списокот на кандидати што ги именувале државите членки. Секоја држава членка може да именува еден свој државјанин.

    Член 17-3.
    Првите избори ќе се одржат шест месеци по денот на влегувањето на оваа конвенција во сила. Најмалку три месеци пред датумот на секои избори, Генералниот секретар на Обединетите нации ќе им упати покана на државите членки да поднесат предлози во рок од два месеци. Генералниот секретар ќе го подготви списокот на сите така именувани лица, по азбучен ред, со називите на државите членки што ги именувале и ќе им го достави на државите членки.

    ReplyDelete
  49. Член 17-4.
    Изборите за членови на Комитетот ќе се одржат на состанокот на државите членки што ќе го свика Генералниот секретар на Обединетите нации и што ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации. На тој состанок, на којшто кворумот го сочинуваат две третини од членовите, ќе бидат избрани оние кандидати што ќе добијат најголем број гласови и апсолутно мнозинство на гласовите на присутните претставници на државите членки кои гласаат.

    Член 17-5.
    Членовите на Комитетот се избираат на четири години. Меѓутоа, мандатот на деветмината членови што ќе бидат избрани на првото гласање истекува по две години; веднаш по првите избори, претседателот на Комитетот со ждребка ќе ги избере имињата на овие деветмина членови.

    Член 17-6.
    Изборите за пет додатни членови на Комитетот ќе се одржат во согласност со одредбите на став 2, 3 и 4 од овој член, по соопштувањето за триесет и петтата ратификација или пристапувањето кон Конвенцијата. Мандатот на двајцата додатни членови на Комитетот што ќе бидат избрани при таа прилика, им истекува по две години. Овие двајца членови ги избира претседателот на Комитетот со ждребка.

    Член 17-7.
    За пополнување на евентуалните празни места државата членка на чиј претставник му престанала функцијата во својство член на Комитетот именува друго лице од редовите на своите државјани, под резерва на одобрение од Комитетот.

    Член 17-8.
    Членовите на Комитетот, при согласност од Генералното собрание, ќе примаат награда од средствата на Обединетите нации, под условите што ќе ги определи Генералното собрание, имајќи го предвид значењето на задачите што ги врши Комитетот.

    Член 17-9.
    Генералниот секретар на Обединетите нации го обезбедува потребниот персонал и условите за ефикасно вршење на функциите на Комитетот во рамките на оваа конвенција.

    Член 18-1.
    Државите членки се обврзуваат на Генералниот секретар на Обединетите нации да му поднесат, заради разгледување во Комитетот, извештај за законодавните, судските, управните или други мерки што ги усвоиле заради примена на одредбите на Конвенцијата, како и за напредокот остварен во тој период:

    Член 18-1-а).
    Во рок од една година по влегувањето на Конвенцијата во сила во односната држава;

    Член 18-1-б).
    Најмалку секоја четврта година по тоа и секогаш кога тоа ќе го побара Комитетот.

    Член 18-2.
    Во извештаите можат да се наведат факторите и тешкотиите што влијаат врз тоа до која мерка се извршуваат обврските што произлегуваат од оваа конвенција.

    Член 19.
    Комитетот ги избира своите функционери на период од две години.

    ReplyDelete
  50. Член 20-1.
    Комитетот обично се состанува еднаш годишно во траење од најмалку две недели, заради разгледување на извештаите поднесени во согласност со член 18 од оваа конвенција.

    Член 20-2.
    Состаноците на Комитетот обично се одржуваат во седиштето на Обединетите нации или на кое и да било друго соодветно место што ќе ги определи Комитетот.

    Член 21-1.
    Комитетот, преку Економскиот и социјалниот совет, секоја година го известува Генералното собрание за својата работа и може да дава предлози и општи препораки врз основа на разгледаните извештаи и информации што ги примил од државите членки. Таквите предлози и општи препораки се внесуваат во извештајот на Комитетот, заедно со евентуалните забелешки на државите членки.

    Член 21-2.
    Генералниот секретар ги доставува извештаите на Комитетот до Комисијата за положбата на жените, заради информирање.

    Член 22.
    Специјализираните агенции имаат право да присуствуваат на состаноците при разгледувањето на примената на оние одредби од оваа конвенција што спаѓаат во нивниот делокруг. Комитетот може да побара специјализираните агенции да поднесат извештаи за примената на одредбите на Конвенцијата во областите што спаѓаат во делокругот на нивната работа.


    Шестти дел

    Член 23.
    Ниту една одредба од оваа конвенција не смее да влијае врз кои и да било одредби што поефикасно водат кон постигнување на рамноправност на мажите и жените, а кои можат да бидат содржани во која и да било друга меѓународна конвенција, договор или спогодба што е во сила во односната држава членка.

    Член 24.
    Државите членки се обврзуваат да ги усвојат сите потребни мерки на внатрешен план заради целосно остварување на правата признати во оваа конвенција.

    Член 25-1.
    Оваа конвенција им е отворена за потпишување на сите држави.

    Член 25-2.
    Генералниот секретар на Обединетите нации е определен за депозитар на Конвенцијата.

    Член 25-3.
    Оваа Конвенција подлежи на ратификација. Ратификационите инструменти се депонираат кај Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 25-4.
    Оваа конвенција им е отворена за пристапување на сите држави. Пристапувањата се вршат со депонирање на инструментите за пристапување кај Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 26-1.
    Барање за ревизија на Конвенцијата може да поднесе секоја држава членка во секое време по пат на соопштение во писмена форма, упатено до Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 26-2.
    Генералното собрание на Обединетите нации решава за евентуалните мерки што треба да се преземат во врска со барањето.

    Член 27-1.
    Оваа конвенција влегува во сила триесетиот ден сметајќи од денот на депонирањето кај Генералниот секретар на Обединетите нации на дваесетиот инструмент за ратификација или за пристапување.

    Член 27-2.
    За секоја држава што ја ратификува оваа конвенција или што и пристапува по депонирањето на дваесеттиот инструмент за ратификација или пристапување, Конвенцијата влегува во сила триесеттиот ден сметајќи од денот на депонирањето на нејзиниот инструмент за ратификација или пристапување.

    Член 28-1.
    Генералниот секретар на Обединетите нации го прима и доставува до сите држави текстот на резервите што државите ќе ги изјават при ратификацијата или пристапувањето.

    Член 28-2.
    Резерва што не е споива со предметот и целите на оваа конвенција не е дозволена.

    ReplyDelete
  51. Член 28-3.
    Резервите можат да се повлечат во секое време по пат на соопштение во таа смисла, упатено до Генералниот секретар на Обединетите нации, кој за тоа ги известува сите држави. Таквото соопштение влегува во сила почнувајќи од датумот на приемот.

    Член 29-1.
    Секој евентуален спор помеѓу две или повеќе држави членки во поглед на толкувањето или примената на оваа конвенцијата што не ќе се реши по пат на преговори, се поднесува на арбитража по барање на едната од нив. Доколку во рок од шест месеци од датумот на поднесувањето на барањето за арбитража државите членки не успеат да се согласат за организацијата на арбитражата, секоја страна може да се обрати до Меѓународниот суд на правдата заради решавање на спорот со барање што се поднесува во согласност со Статутот на Судот.

    Член 29-2.
    Секоја држава членка може при потпишувањето или ратификацијата на оваа конвенција или при пристапувањето кон конвенцијата да изјави дека не се смета обврзана согласност со став 1 од овој член. Другите држави членки нема да бидат обврзни согласно со став 1 од овој член во однос на секоја држава членка што изјавила таква резерва.

    Член 29-3.
    Секоја држава членка која изјавила резерва во согласност со став 2 од овој член може во секое време да ја повлече резервата по пат на соопштение до Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 30.
    Оваа конвенција е составена на арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански јазик, при што сите текстови се еднакво веродостојни и ќе се депонираат кај Генералниот секретар на Обединетите нации.
    Во потврда на што долупотпишаните прописно овластени за таа цел, ја потпишаа оваа конвенција.

    ReplyDelete
  52. СТАТУТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СУД НА ПРАВДАТА

    Со воспоставувањето на ООН се воспостави и Меѓународниот суд на правдата како едно од нејзините највисоки тела. Овој суд се наоѓа во Хаг и е воспоставен за решавање на спорови помеѓу држави. Тој е воспоставен заради мирно решавање на споровите помеѓу државите. Во досегашната работа, овој суд, решил мал број случаи заради тоа што државите обично го избегнуваат.
    Текстот на Статутот на Меѓународниот суд на правдата е усвоен како составен дел на Повелбата на ООН.

    Статутот на Меѓународниот суд на правдата

    24 Октомври 1945г.


    Член 1.
    Меѓународниот суд на правдата, установен со Повелбата на Обединетите нации како главен орган на Обединетите нации, ќе се образува и ќе работи согласно одредбите на овој Статут.


    Глава 1.

    Воспоставување на судот

    Член 2.
    Судот преставува збир на независни судии без оглед на нивното државјанство, помеѓу личности со високи морални особини, кои исполнуваат потребни услови во своите земји да заземаат највисоки судски звања, или се признати како правни стручњаци по меѓународно право.

    Член 3-1.
    Судот се состои од петнаесет членови, меѓу кои двајца не можат да бидат државјани од иста држава.

    Член 3-2.
    Лице за кое, во поглед на членството во судот би можело да се земе дека е државјанин на повеќе од една држава ќе се смета за државјанин на онаа држава во која обично врши граѓански и политички права.

    Член 4-1.
    Членовите на судот ги избираат Генералното собрание и Советот за безбедност од листата на личности кои се предложени од страна на националните групи на Постојаниот арбитражен суд, согасно со следниве одредби.

    Член 4-2.
    Кога се во прашање оние членови на Обединетите нации што не се застапени во Постојаниот арбитражен суд, кандидатите ги предлагаат националните групи одредени во таа цел од страна на нивните влади под исти услови кои се пропишани и за членовите на Постојаниот арбитражен суд со чл.44 на Хашката конвенција од 1907 за мирно решавање на меѓународните спорови.

    Член 4-3.
    Условите под кои државата-учесник во овој Статут, а која не е член на Обединетите нации, може да учествува во изборот на членовите на Судот ги одредува, во недостаток на посебна спогодба, Генералното собрание по препорака на Советот за безбедност.

    Член 5-1.
    Најмалку три месеци пред денот на изборите, генералниот секретар на Обединетите нации писмено ќе се обрати до членовите на Постојниот арбитражен суд кои се припадници на државите-учеснички во овој Статут, како и до членовите на националните групи во смисла на чл.4, ст.2, и ќе ги повика во одредениот рок да предложат личности кои се во состојба да примат должности на член на Судот.

    ReplyDelete
  53. Член 6.
    И се препорачува на секоја национална група, пред да пристапи на ова предлагање на кандидати да се посоветува со својот највисок суд, со своите правни факултети и правни школи, како и со своите национални академии и национални одделенија на меѓународните академии кои се занимаваат со проучување на правото.

    Член 7-1.
    Генералниот секретар составува, по азбучен ред, листа на сите така предложени личности. Исклучувајќи го случајот предвиден со чл.12 ст.2 само тие личности можат да бидат избирани.

    Член 7-2.
    Генералниот секретар ја поднесува оваа листа до Генералното собрание и до Советот за безбедност.

    Член 8.
    Генералното собрание и Советот за безбедност пристапуваат кон изборот на членови на Судот независно една од друга.

    Член 10-1.
    За избрани ќе се сметаат оние кандидати што ќе добијат апсолутно мнозинство гласови во Генералното собрание и во Советот за безбедност.

    Член 10-2.
    При кое да е гласање во Советот за безбедност, било за избор на судии или за наименување членови на комисијата за која се говори во чл.12, нема да се прави никаква разлика помеѓу постојаните и непостојаните членови на Советот за безбедност.

    Член 10-3.
    Во случај повеќе од еден припадник од иста држава да добијат апсолутно мнозинство и во Генералното собрание и во Советот за безбедност, ќе се смета за избран само најстариот.

    Член 11.
    Ако, по првиот состанок одржан за избор, остане непополнето едно или повеќе места, ќе се одржи друг и, ако е потребно, и трет состанок.

    Член 12-1.
    Ако по третиот состанок и натаму остане непополнето едно или повеќе места, може, по барање било од Генералното собрание или од Советот за безбедност, во секое време, да се формира заедничка комисија од шест членови, од кои тројца ги наименува Генералното собрание а тројца Советот за безбедност, со цел за секое уште непополнето место да се избере со апсолутно мнозинство гласови една личност која ќе се предложи до Генералното собрание и Советот за безбедност на посебно усвојување.

    Член 12-2.
    Ако заедничката комисија постигне едногласна согласност во поглед на која било личност која ги исполнува потребните услови, таа личност може да се внесе во нејзината листа дури и ако не била внесена во листата на предложените кандидати за која се говори во чл.7.

    Член 12-3.
    Ако заедничката комисија се согласи дека нема да успее при изборот, тогаш членовите на судот кои се веќе избрани, пристапуваат, во рокот кој ќе го одреди Советот за безбедност, кон пополнување на слободните места вршејќи избор меѓу оние кандидати што добиле гласови било во Генералното собрание било во Советот за безбедност.

    ReplyDelete
  54. Член 12-4.
    Во случај на еднаква поделба на гласови меѓу судиите, решавачки глас има најстариот судија.

    Член 13-1.
    Членовите на Судот се избираат на девет години и можат да бидат повторно избрани; што се однесува пак, до судиите избрани при првиот избор, мандатите на петмината судии истекуваат на крајот на третата година а мандатите на другите петмина судии истекуваат на крајот на шестата година.

    Член 13-2.
    Судиите чии мандати истекуваат на крајот на гореспоменатите почетни периоди од три и шест години се одредуваат со коцка што ја извлекува генералниот секретар веднаш по извршениот прв избор.

    Член 13-3.
    Членовите на Судот и натаму ги извршуваат своите должности сé дури нивните места не бидат пополнети. Тие и по замената ги довршуваат сите спорови кои започнале да ги судат.

    Член 13-4.
    Во случај на оставка на некој член на Судот, оставката се упатува до претседателот на судот за да се достави до генералниот секретар. Со ова последно известување местото останува испразнето.

    Член 14.
    Испразнетите места се пополнуваат на ист начин кој е пропишан за првиот избор, имајќи ја притоа предвид и следнава одредба; во рок од еден месец по испразнувањето на местата, генералниот секретар ќе упати покана за кои се говори во чл.5, а денот на изборот го утврдува Советот за безбедност.

    Член 15.
    Членот на Судот избран на местото на членот чиј мандат не истекол ја врши должноста до истекот на рокот кој останал на неговиот предходник.

    Член 16-1.
    Ниеден член на Судот не може да врши никаква политичка или управна должност, ниту може да се оддаде на какво и да било друго занимање од професионална природа.

    Член 16-2.
    За секое сомнение кое ќе се појави во овој поглед решава Судот.

    Член 17-1.
    Ниеден член на Судот не може во ниеден спор да се појави како застапник, советник или адвокат.

    Член 17-2.
    Ниеден член не може да учествува во решавање на ниеден спор во кој порано учествувал како застапник, советник или адвокат на некоја од странките, како член на внатрешен или меѓународен суд, на анкетна комисија, или во било кое друго својство.

    Член 17-3.
    За секое сомнение кое ќе се појави во овој поглед решава Судот.

    Член 18-1.
    Ниеден член на Судот не може да биде отповикан од својата должност, освен кога, по едногласното мислење на другите членови; престанал да ги исполнува потребните услови.

    Член 18-2.
    Секретарот на Судот за тоа службено го известува генералниот секретар.

    Член 18-3.
    Со ова известување местото станува испразнето.

    Член 19.
    При вршењето на судската должност членовите на Судот уживаат дипломатски привилегии и имунитет.

    ReplyDelete
  55. Член 20.
    Секој член на Судот пред да стапи на должност дава свечена изјава на јавна седница дека својата власт ќе ја врши непристрасно и совесно.

    Член 21-1.
    Судот си избира претседател и потпретседател на три години; тие можат да бидат повторно избрани.

    Член 21-2.
    Судот го наименува својот секретар и ги поставува другите потребни службеници.

    Член 22-1.
    Седиштето на Судот е во Хаг. Тоа, меѓутоа не го спречува судот да заседава и ги извршува своите задачи и на друго место кога Судот смета дека е тоа потребно.

    Член 22-2.
    Претседателот и секретарот престојуваат во седиштето на Судот.

    Член 23-1.
    Судот заседава постојано, со исклучок за време на судскиот одмор, чиј почеток и траење го одредува Судот.

    Член 23-2.
    Членовите на судот имаат право на повремени отсудства, чиј почеток и траење ги утврдува Судот, водејќи сметка за оддалеченоста помеѓу Хаг и родниот крај на секој одделен судија.

    Член 23-3.
    Членовите на Судот се должни да бидат постојано на располагање на Судот, освен кога се наоѓаат на отсуство или се спречени поради болест или поради други сериозни причини со кои уредно ќе се оправдаат пред претседателот.

    Член 24-1.
    Ако некој член на Судот смета дека, од посебни причини, не треба да учествува во решавањето на одреден спор, тој за тоа ќе го извести претседателот.

    Член 24-2.
    Ако претседателот смета дека поради некоја посебна причина еден член на Судот не треба да учествува во решавањето на одреден спор, тој за тоа ќе го извести истиот.

    Член 24-3.
    Ако во таков случај помеѓу членот на Судот и претседателот дојде до несогласување, прашањето ќе го расправа со одлука на Судот.

    Член 25-1.
    Судот заседава во полн состав со исклучок кога овој Статут изрично поинаку предвидува.

    Член 25-2.
    Со деловникот на Судот може да се дозволи еден или повеќе судии, спрема околностите, и со ред да бидат ослободени од учество во судењето, под услов со тоа бројот на судиите слободни за образување на Судот да не се намали под единаесет.

    Член 25-3.
    За образување на Судот доволен е кворум од девет судии.

    Член 26-1.
    Судот може одвреме навреме да образува едно или повеќе одделенија составени од тројца или повеќе судии, спрема одлуката на Судот, кои ќе се занимаваат со одделни видови спорови; на пример, со работни спорови и спорови во врска со транзитот и сообраќајот.

    Член 26-2.
    Судот може во секое време да образува одделение кое ќе се занимава со одделен спор. Бројот на судиите што го сочинуваат таквото одделение ќе го утврди Судот во согласност со парничните странки.

    Член 26-3.
    Одделенијата предвидени со овој член судат и решаваат спорови ако тоа парничните странки го побараат.

    Член 27.
    Пресудата изречена од кое било одделение предвидено во членовите 26 и 29 ќе се смета како да е изречена од страна на Судот.

    ReplyDelete
  56. Член 28.
    Одделенијата предвидени во членовите 26 и 29 можат, со согласност на парничните странки, да заседаваат и да ги вршат своите задачи и во други места надвор од Хаг.

    Член 29.
    Со цел побрзо да се извршуваат работите, Судот секоја година образува едно одделение составено од петмина судии, кои по барање на парничните странки, во споровите суди и решава по куса постапка. Освен тоа, се избираат и двајца судии заради размена на судиите кои ќе бидат спречени да учествуваат во судењето.

    Член 30-1.
    Судот донесува деловник, по кој ги извршува своите должности. Тој особено пропишува правилник за постапката.

    Член 30-2.
    Со деловникот на Судот можат да се предвидат поротници кои ќе заседаваат во Судот или во некое од неговите одделенија, без право на глас.

    Член 31-1.
    Судиите кои се државјани на секоја од парничните странки го задржуваат правото да учествуваат во судењето на тој спор изнесено пред судот.

    Член 31-2.
    Ако Судот го земе во совет судијата што е државјанин на една од парничните странки, секоја друга парнична странка може да одбере една личност која ќе заседава во својство на судија. Изборот на таква личност ќе се изврши првенствено меѓу оние личности што биле предложени како кандидати според прописите на членовите 4 и 5.

    Член 31-3.
    Ако судот не земе во Советот ниеден судија кој е државјанин на парничните странки, секоја од тие странки може да пристапи кон изборот по еден судија како што е предвидено во ст.2 од овој член.

    Член 31-4.
    Одредбите од овој член се применуваат на случај од членовите 26 и 29. Во такви случаи претседателот ќе замоли еден или, ако е потребно, двајца членови на Судот кои го сочинуваат одделението да им го отстапат местото на членовите на Судот кои се државјани на заинтересираните парнични странки, а ако такви нема или се спречени да присуствуваат, на судии кои парничните странки нарочно ги избрале.

    Член 31-5.
    Кога повеќе парнични странки имаат ист интерес, тие при примената на горните одредби, се сметаат само како една парнична странка. За секое сомнение кое ќе се појави во тој поглед ќе реши Судот.

    Член 31-6.
    Судиите одредени според прописите на ставовите 2, 3 и 4 од овој член мораат да ги исполнуваат условите поставени со членовите 2, 17 (ст.2), 20 и 24 од овој Статут. Тие учествуваат во донесувањето на одлуката наполно рамноправно со своите колеги.

    Член 32-1.
    Секој член на Судот прима годишна плата.

    Член 32-2.
    Потпретседателот прима посебен годишен додаток.

    Член 32-3.
    Потпретседателот прима посебен додаток за секој ден за кој ја врши должноста претседател.

    Член 32-4.
    Судиите одредени врз основа на чл.31, а кои не се членови на Судот, примаат надополнување за секој ден кога ги вршат своите должности.

    Член 32-5.
    Тие плати, додатоци и надополнувања ги одредува Генералното собрание. Тие не можат да се намалуваат во текот на траењето на службата.

    Член 32-6.
    Платата на секретарот ја одредува Генералното собрание по предлог на Судот.

    Член 32-7.
    Со Правилникот што го донесува Генералното собрание се одредуваат условите под кои на членовите на Судот и секретарот можат да им се дадат пензии, како и условите под кои на членовите на Судот и на секретарот им припаѓа надополнување за патните трошоци.

    ReplyDelete
  57. Член 32-8.
    Горенаведените плати, додатоци и надополнувања се ослободуваат од сите даноци.

    Член 33.
    Трошоците на Судот ги сносат Обединетите нации на начин кој ќе го одреди Генералнотот собрание.


    Глава 2.

    Надлежност на Судот.

    Член 34-1.
    Само државите можат да бидат парнични странки во споровите пред Судот.

    Член 34-2.
    Судот, придржувајќи се за својот Деловник и согласно со него, може да бара од јавните меѓународни организации известувања во врска со споровите кои се водат пред нив и ќе прима такви известувања кои ќе му ги испратат таквите организации од сопствени побуди.

    Член 34-3.
    Кога било во некој спор пред Судот ако се постави прашање за толкување на Уставот на некоја јавна меѓународна организација или некоја меѓународна конвенција, заклучени врз основа на него, секретарот за тоа ќе ја извести таа јавна меѓународна организација и ќе й ја испрати во препис целокупната писмена постапка.

    Член 35-1.
    На судот можат да му се обрнуваат државите кои се учесници во донесувањето на овој Статут.

    Член 35-2.
    Условите под кои можат да му се обрнуваат другите држави ќе ги одредува Советот за безбедност, придржувајќи се за посебните одредби содржани во договорите во сила, но тие услови во никој случај не смеат парничните странки да ги стават во нееднаква положба пред Судот.

    Член 35-3.
    Кога државата, која не е член на Обединетите нации е странка во некој спор, Судот ќе го утврди износот кој таа странка е должна да го уплати како трошоци на Судот. Оваа одредба нема да се примени ако таа држава учествува во поднесувањето на трошоците на Судот.

    Член 36-1.
    Надлежноста на Судот се пристира на сите спорови кои странките ќе ги изнесат пред него, како и на сите случаи особено предвидени во Повелбата на Обединетите нации или во договорите и конвенциите во сила.

    Член 36-2.
    Државите учесници во донесувањето на овој Статут можат во секое време да изјават дека ја признаваат како обврска ipso facto и без посебна спогодба, спрема секоја друга држава што ја прими истата обврска, надлежноста на судот во сите правни спорови кои имаат за предмет:

    Член 36-2-а).
    Толкување на некои договори;

    Член 36-2-б).
    Секое прашање од меѓународното право;

    Член 36-2-в).
    Постоење на кој било факт што, ако се утврди, преставува кршење на некоја меѓународна обврска;

    Член 36-2-г).
    Природа или големина на должното надополнување поради кршење на некоја меѓународна обврска.

    Член 36-3.
    Напред наведените изјави можат да бидат направени безусловно или под услов на заемност од страна на голем број или од страна на одредени држави, или за одредено време.

    Член 36-4.
    Таквите изјави се депонираат при генералниот секретар на Обединетите нации кој во препис ги доставува до учесниците во донесувањето на овој Статут и до секретарот на судот.

    ReplyDelete
  58. Член 36-5.
    Изјавите направени во смисла на чл.36 од Статутот на Постојаниот суд на меѓународна правда а кои сеуште сé во сила ќе се сметаат, меѓу учесниците на овој Статут, како прифаќање на задолжителната надлежност на Меѓународниот суд на правдата до истекот на нивниот рок и согласно со нивните одредби.

    Член 36-6.
    Во случај на спор за надлежноста на Судот, прашањето се решава со одлука на Судот.

    Член 37.
    Секогаш кога некој договор, или конвенција во сила предвидува изнесување на извесно прашање пред некој суд кои требаше да го образува Друштвото на народите, или пред Постојаниот суд на меѓународната правда, прашањето ќе се изнесе, ако се во прашање учесници во донесувањето на овој Статут, пред Меѓународниот суд на правдата.

    Член 38-1.
    Судот, чија надлежност е своите одлуки по споровите што се изнесени пред него да ги донесува согласно со меѓународното право, ги применува:

    Член 38-1-а).
    Меѓународните конвенции, било општи, било посебни, кои поставуваат правила изрично признати од страна на државите во спорот;

    Член 38-1-б).
    Меѓународниот обичај, како доказ на општа практика која е прифатена како право;

    Член 38-1-в).
    Општите правни начела кои ги признаваат просветните народи;

    Член 38-1-г).
    Во рамките на одредбите на чл.50, судските одлуки и учењата на најповиканите стручњаци на меѓународно јавното право на различните народи, како помошно средство за утврдување на правните правила.

    Член 38-2.
    Оваа одредба не го ограничува правото на Судот еден спор да го решава ex aequo et bono, ако парничните странки за тоа се согласат.


    Глава 3.

    Член 39-1.
    Службени јазици на Судот се француски и англиски. Ако странките се согласат спорот да се расправа на француски, пресудата се изрекува на француски. Ако странките се согласат спорот да се расправа на англиски, пресудата се изрекува на англиски.

    Член 39-2.
    Во недостаток на спогодба за јазикот кој ќе се употребува, секоја парнична странка може во спорот да се служи со јазикот со кој сака; Судот пресудата ја изрекува на француски и англиски. Во овој случај Судот истовремено одредува кој до двата текста ќе се смета за веродостоен.

    Член 39-3.
    Судот, по барање од секоја парнична странка, ќе ја одобри употребата и на друг јазик, освен француски и англиски, со кој таа странка ќе се служи.

    Член 40-1.
    Споровите се изнесуваат пред Суд, според случајот, било со соопштување на посебна спогодба за неговата надлежност или со писмено барање упатено до секретарот. Во обата случаи мораат да бидат назначени предметот на спорот и парничните странки.

    Член 40-2.
    Секретарот веднаш го соопштува барањето до сите заинтересирани.

    Член 40-3.
    Тој, исто така ги известува членовите на Обединетите нации преку генералниот секретар, како и сите други држави кои се овластени да се појават пред Судот.

    Член 41-1.
    Судот е овластен да укажува, ако смета дека околностите го бараат тоа, на сите привремени мерки, што треба да се преземат заради обезбедување на правата на секоја парнична странка.

    Член 41-2.
    Во очекување на конечна пресуда, известување на продолжените мерки веднаш се доставуваат до парничните странки и до Советот за безбедност.

    ReplyDelete
  59. Член 42-1.
    Парничните странки ги преставуваат застапници.

    Член 42-2.
    Ним пред судот можат да им помагаат советници или адвокати.

    Член 42-3.
    Застапниците, советниците и адвокатите на парничните странки пред судот уживаат привилегии и имунитет нужни за независно вршење на нивните должности.

    Член 43-1.
    Постапката се состои од два дела: писмена и усна.

    Член 43-2.
    Писмената постапка се состои од доставување до Судот и до парничните странки, преставки, противпреставки и, ако е потребно, одговори на противпреставки; исто така и од сите доказни документи и исправи.

    Член 43-3.
    Овие достави се вршат преку секретарот, по редот и во рокови што Судот ќе ги одреди.

    Член 43-4.
    Заверениот препис на секоја исправа што ја поднесува едната парнична странка й се доставува на другата парнична странка.

    Член 43-5.
    Усната постапка се состои од сослушувања што ги врши Судот на сведоците, експертите, застапниците, советниците и адвокатите.

    Член 44-1.
    За вршење на секое соопштение на други лица, освен застапниците, советниците и адвокатите, Судот се обраќа непосредно до владата на државата на чија територија соопштението треба да се изврши.

    Член 44-2.
    Истата одредба се применува кога треба да се преземат мерки заради прибавување докази на самото место.

    Член 45.
    На расправата раководи претседателот или, ако е тој спречен, претседава потпретседателот; ако се обајцата спречени да претседаваат, претседава најстариот присутен судија.

    Член 46.
    Расправата пред Судот е јавна, освен ако Судот реши поинаку или ако парничните странки побараат јавноста да се исклучи.

    Член 47-1.
    На секоја расправа се води записник кој го потпишуваат секретарот и претседателот.

    Член 47-2.
    Само тој записник е веродостоен.

    Член 48.
    Судот издава наредби за управување на постапката, го одредува обликот и времето во кои секоја парнична странка мора да даде завршен збор и ги преземе сите мерки во врска со изведувањето на доказите.

    Член 49.
    Судот може, дури и пред да ја започне расправата, да ги повика застапниците да ја поднесат секоја исправа и да дадат секое објаснување. Секое одбивање се внесува во записник.

    Член 50.
    Судот може, во секое време, да им довери на секој поединец, орган, установа, комисија или друга установа, што ќе ја одбере, задача да спроведе иследување или да изврши вештачење.

    Член 51.
    На сведоците и експертите во текот на расправата се поставуваат сите прашања од значење за решение на спорот под услови кои ќе ги одреди Судот според деловникот спомнат во чл.30.

    ReplyDelete
  60. Член 52.
    Штом судот ќе ги прими доказите и изјавите од сведоците во роковите одредени за таа цел, тој може да одбие да го прими секој нов усен или писмен доказ кој едната парнична странка би сакала да го поднесе, освен ако другата парнична странка се согласи со тоа.

    Член 53-1.
    Кога една од парничните странки не се појави пред Судот, или пропушти да го брани своето право, другата парнична странка може да бара од Судот да реши во корист на нејзиното барање.

    Член 53-2.
    Пред да постапи по тоа, Судот мора да провери не само дали е надлежен во смисла на членовите 36 и 37, туку и дали барањето е основано и стварно и правно.

    Член 54-1.
    Кога под раководство на Судот, застапниците, советниците и адвокатите ќе ги завршат своите излагања на спорното прашање, претседателот објавува дека расправата е завршена.

    Член 54-2.
    Судот се повлекува поради советување.

    Член 54-3.
    Советувањата на судот се вршат во тајност и остануваат тајни.

    Член 55-1.
    Сите одлуки се донесуваат со мнозинство на присутните судии.

    Член 55-2.
    Во случај на еднаква поделба на гласовите решавачки ќе биде гласот на претседателот или судијата што го заменува.

    Член 56-1.
    Пресудата ги содржи причините на кои е заснована.

    Член 56-2.
    Таа ги содржи имињата на судиите кои учествувале во донесувањето на одлуката.

    Член 57.
    Ако пресудата во целина или делумно не преставува еднодушно мислење на судиите, секој судија е овластен да изложи одвоено мислење.

    Член 58.
    Пресудата ја потпишуваат претседателот и секретарот. Таа се чита на јавна седница, штом застапниците за тоа уредно ќе се известат.

    Член 59.
    Одлуката на судот има задолжителна сила само спрема парничните странки и во однос на тој посебен спорен случај.

    Член 60.
    Пресудата е конечна и против неа не е дозволена жалба. Во случај на спор, за значењето или досегот на пресудата, Судот ја толкува по барање од која било парнична странка.

    Член 61-1.
    Обновата на постапката може да се бара единствено кога ќе се заснова врз откривање на некој факт од решавачко значење кој пред изрекувањето на пресудата не бил познат, ни на Судот, ни на парничната странка која бара обнова на постапката, под услов таквото незнаење да не е последица на немарност.

    ReplyDelete
  61. Член 61-2.
    Постапката за обнова на постапката се отвора со пресуда на Судот со која изрично се утврдува постоењето на нов факт, признавајќи му својство во тој спор да послужи како основ за обновата на постапката и изјавува дека по тој основ барањето се уажува.

    Член 61-3.
    Судот може да бара предходно пресудата да се изврши пред да се одобри пристапувањето кон обнова на постапката.

    Член 61-4.
    Барањето за обнова на постапката мора да се поднесе најдоцна во рок од шест месеци од откривањето на новиот факт.

    Член 61-5.
    Ниедно барање за обнова на постапката не може да се поднесе по истекот на десет години од денот на пресудата.

    Член 62-1.
    Ако некоја држава смета дека има правен интерес кој може да биде загрозен со пресуда во извесен спор, таа може да поднесе до Судот барање да й се одобри да се замеша во спорот.

    Член 62-2.
    За тоа барање решава Судот.

    Член 63-1.
    Кога е во прашање толкување на некоја конвенција во која учествуваат и други држави кои не се странки во спорот, секретарот ќе ги извести сите такви држави без одлагање.

    Член 63-2.
    Секоја држава известена на тој начин има право да се замеша во постапката; но ако се послужи со тоа право, толкувањето содржано во пресудата исто така е задолжително за неа.

    Член 64.
    Ако судот поинаку не реши, секоја парнична странка ги сноси своите трошоци.


    Глава 4.

    Советодавни мислења

    Член 65-1.
    Судот може да дава советодавно мислење по секое правно прашање по барање на кој било орган овластен со Повелбата на Обединетите нации или во согласност со неа, да бара такво мислење.

    Член 65-2.
    Прашањата по кои се бара советодавно мислење на Судот мораат да се поднесат до Судот по писмена замолница која содржи точни податоци за прашањата по кои се бара мислење, и таа мора да биде проследена со сите исправи кои се во состојба тоа прашање да го расветлат.

    Член 66-1.
    Секретарот за барањето на советодавното мислење веднаш ги известува сите држави кои се овластени да се појавуваат пред Судот.

    Член 66-2.
    Секретарот, исто така, преку посебно и непосредно соопштение, ја исвестува секоја држава овластена да се појавува пред судот или меѓунароната организација за која Судот или ако Судот не заседава, неговиот претседател смета дека е во состојба да даде податоци по тоа прашање, дека Судот е готов во рокот кој претседателот ќе го одреди да прими писмени изјави, или да сослуша на јавна седница која во таа цел ќе се одржи, усни изјави во врска со тоа прашање.

    ReplyDelete
  62. Член 66-3.
    Ако која било таква држава овластена да се појавува пред Судот не прими посебно соопштение наведено во ст.3 на овој член, таква држава може да изрази желба да поднесе писмена изјава или да биде сослушана; а Судот ќе реши.

    Член 66-4.
    На државите и организациите кои поднеле писмени или усни изјави или и едни и други, дозволено е да ставаат забелешки на изјавите кои ги направиле другите држави и организации во облик, обем и во рокови кои во секој одделен случај ги одредува Судот или ако тој не заседава, претседателот. За таа цел, секретарот сите слични изјави благовремено им ги соопштува на државите и организациите кои поднеле такви изјави.

    Член 67.
    Судот ги прогласува своите советодавни мислења на јавна седница, за што предходно мораат да бидат известени генералниот секретар и претставниците на членовите на Обединетите нации, другите држави и меѓународните организации на кои тоа непосредно се однесува.

    Член 68.
    При вршењето на своите советодавни должности, Судот ќе се раководи и со одредбите на овој Статут кои се применуваат за решавање на споровите доколку смета дека има место за нивна примена.


    Глава 5.

    Измени и дополнувања

    Член 69.
    Измени и дополнувања на овој Статут ќе се вршат по истата постапка која е предвидена со Повелабата на Обединетите нации за измени и дополнувања на таа Повелба, водејќи меѓутоа, сметка за сите одредби кои по препорака на Советот за безбедност би ги усвоиле Генералното собрание во врска со учествувањето на државите кои го потпишале овој Статут, но кои не се членови на Обединетите нации.

    Член 70.
    Судот има право да ги предложува оние измени и дополнувања на овој Статут што ги смета за потребни преку писмени соопштенија до генералниот секретар, со цел да се разгледуваат согласно со одредбите на чл.69.

    ReplyDelete
  63. УСТАВОТ НА САД

    Уставот на САД е основата врз која функционира американската федерација. Тој ги пропишува начините на нејзино функционирање и делување и со тоа определува систем кој функционира одлично. Тој се состои од 7 члена и 27 амандмани, од кои првите десет амандмани се попознати како Закон за правата. Уставто на САД е усвоен во 1787г. и заедно со неговите амандмани важи и ден денеска. Подолу следи текстот на Уставот, имињата на оригиналните потписници на текстот и амандманите на Уставот на САД.


    Устав на Соединетите Американски Држави

    17 семптеври 1787 година


    Преамбула на Уставот на САД

    Ние, народите на Соединетите Држави, за да создадеме посовршена унија, да воспоставиме правда, да обезбедиме внатрешен мир, да се погрижиме за заедничката одбрана, да ја унапредиме општата состојба и да ги осигуриме благодетите на слободата за нас и нашето потомство, го пропишуваме и го донесуваме овој УСТАВ за Соединетите Држави на Америка.

    Член 1-1.

    Сета законодавна власт доделена со овој Устав ќе му припага на Конгресот на Соединетите Држави кој ќе се состои од Сенат и Претставнички дом.

    Член 1-2.

    Претставничкиот дом ќе биде составен од членови што секоја втора година ќе ги избира народот на одделните држави, а во секоја држава избирачите ќе ги имаат својствата што се бараат од членовите на изборното тело, најмногубројната гранка на државното законодавно тело.
    Никој неможе да биде избран за член на Претставничкиот дом ако не наполнил дваесет и пет години и не е седум години државјанин на Соединетите Држави и кој во времето на изборите не е граганин на државата во која се избира.

    (Претставниците и непосредните даноци ќе се расподелуваат на одделните држави што може да бидат вклучени во Унијата сразмерно со бројот на населението што ќе се одреди со додавање на вкупниот број слободни лица, вклучувајќи ги оние што се обврзале да служат определен број години и исклучувајќи ги неоданочените Индијанци, три петини од сите други лица.) Вистинско пребројување ќе се врши во рок од три години по првото заседание на Конгресот на Соединетите Држави и секои следни десет години на начин што ќе се пропише со закон. Бројот на членовите на Претставичкиот дом не може да биде поголем од еден на секои триесет илјади, но секоја држава мора да има најмалку еден член на Претставничкот дом, а додека таквото пребројување не се заврши Њу Хемпшир има право да избира тројца, Масачусетс осум, Род Ајленд и Плантажите Провиденс еден, Конектикат пет, Њујорк шест, Њу Џерси четири, Пенсилванија осум, Делавер еден, Мериленд шест, Вирџинија десет, Северна Каролина пет и Џорџија тројца.
    шпроменето со 16-тиот, а поништено со 14-тиот амандман на Уставот на САД

    ReplyDelete
  64. Кога ќе се испразни некое место на член на Претставничкиот дом од некоја држава извршната власт ќе распише избори за пополнување на испразнетото место. Претставничкиот дом избира свој претседател и други функционери и има исклучиво право за покренување постапка за кривично гонење на службени лица.

    Член 1-3.

    Сенатот на Соединетите Држави ќе биде составен од сенатори од секоја држава избрани од нивните законодавни тела на шест години, а секој сенатор ќе има еден глас. Веднаш штом ќе се состанат по првите избори тие ќе се поделат колку што е можно порамномерно во три групи. Седиштата на сенаторите од првата група ќе се испразнат по истекот на втората година, на сенаторите од втората група по истекот на четвртата година и на третата група по истекот на шестата година, така што секоја втора година да може да се избира една третина, а ако некое седиште се испразни поради оставка или некоја друга причина, во време кога законодавната власт на некоја држава не заседава, извршната власт на таа држава може да изврши привремени именувања до идното заседание на законодавното тело кое ќе го пополни испразнетото седиште. Никој нема да биде сенатор ако не навршил триесет години живот, не е државјанин на Соединетите Држави девет години и кој во време на изборите не е граганин на државата во која се избира. Потпретседателот на Соединетите Држави ќе биде претседател на Сенатот, но ќе нема право на глас, освен ако гласовите се еднакво поделени. Сенатот ги избира своите други службени лица, а исто така и претседателот про темпоре, во одсуство на потпретседателот или кога тој ќе ја врши должноста претседател на Соединетите Држави.

    Сенатот има исклучиво овластување за судење по сите барања за кривично гонење на службени лица, додека заседава за таа цел неговите членови се под заклетва или свечена изјава. Кога му се суди на претседателот на Содеинетите Држави претседава претседателот на Врховниот суд и никој не може да биде осуден без согласност на две третини од присутните членови. Пресудата во случај на кривично гонење не може да оди понатаму од одстранување од функцијата и разрешување од дружењето и уживањето на почесна должност, одговорни должности и платена служба на Соединетите Држави, но обвинета странка сепак подлежи на обвинување, осуда и казна според одредбите на законот.

    Член 1-4.

    Времето, местото и начинот на одржување на избори за сенатори и за членови на Претставничкиот дом ги пропишува во секоја држава нејзината законодавна власт, но Конгресот може во секое време со закон да ги донесе или да ги измени тие прописи, освен што се однесува на местата за избирање на сенатори. Конгресот ќе заседава барем еднаш годишно, а тоа заседание се одржува првиот понеделник во декември, освен ако со закон не се определи друг ден.

    Член 1-5.

    Секој дом ќе дава свој суд за изборите, за изборните резултати и за изботниот цензус на своите членови, а мнозинството од секој ќе претставува кворум потребен за работа, но помал број може да ја одлага работата од ден во ден и да биде овластен да ги принуди отсутните членови да присуствуваат на таков начин и со такви казни што ќе одреди секој дом.
    Секој дом може да пропише правила во својот Деловник, да ги казнува своите членови поради однесување со кое се повредува редот, и во согласност со две третини од претставниците, да исклучи некој член.
    Секој дом води записник за својата работа и одвреме-навреме го објавува, со ислучок на оние делови за кои, според мислењето на домот, е потребна тајност, а гласовите (да и не) на членовите на секој дом за секое прашање, по барање на една петтина од присутните ќе бидат внесени во записникот.
    Ниеден дом во време на заседание на Конгресот, не може без согласност на другиот дом да ја одложи работата повеќе од три дена, ниту да се примети во друго место од она каде што двата дома заседваат.

    ReplyDelete
  65. Член 1-6.

    Сенаторите и членовите на Претставничкиот дом ќе добиваат надомест за својата работа кој се одредува со закон, а го исплатува Благајната на Соединетите Држави. Во сите случаи, со исклучок на предавство, злостор и повреда на заседанијата на своите домови и кога доагаат и кога заминуваат од нив, а за секој свој говор или расправа нема да бидат распрашувани на ниедно друго место.
    Ниеден сенатор ни член на Претставничкиот дом во времето за кое е избран, нема да биде поставен на каква и да било должност во служба на владата на Соединетите Држави, што би била создадена или чии приходи на тој начин би се зголемиле во тоа време, и ниедно лице кое врши некаква службеничка должност во Соединетите Држави не може да биде член на кој и да било дом во текот на траењето на таа служба.

    Член 1-7.

    Сите закони за собирање приходи ќе произлегуваат од Претставничкиот дом, но Сенатот може да предложи или да се усогласува со амандмани како и за други закони.
    Секој законски предлог што ќе го донесат Претставничкиот дом и Сенатот, пред да стане закон, ќе му биде поднесен на претседателот на Соединетите Држави, ако тој го одобрува, ќе го потпише, но ако не го одобрува ќе го врати со своите забелешки на оној дом во кој бил направен, кој во целост ги внесува забелешките во својот записник и повторно ги разгледува. Ако по таквото повторно разгледување две третини од членовите на Домот ќе се согласат да се прифати законот, ќе му биде испратен заедно со забелешките на другиот дом, кој исто така повторно ќе го разгледа и ако го прифатат две третини од членовите, ќе стане закон. Но, во сите такви случаи гласањето во двата дома ќе биде решено со да или не, а имињата на лицата што гласале за и против ќе бидат внесени во записникот на секој дом посебно. Ако некој закон претседателот не го врати во рок од десет дена (изземајќи ги неделите) откако му бил поднесен, тој станува закон како да го потпишал, освен ако Конгресот не го спречи неговото враќање со одлагање на своја работа, во кој случај тој не станува закон.

    Секое решение, резолуција или гласање за што е потребна согласност на Сенатот и на Претставничкиот дом (освен по прашњето за одлагање на седниците) ќе му бидат поднесени на претседателот на Соединетите Држави и тие стануваат полноважни дури кога тој ќе ги потврди, а ако ги одбие, кога одново ќе ги изгласаат дветретини од членовите на Сенатот и на Претставничкиот дом, според правилата и ограничувањата пропишани за случај на предлози на закони.

    ReplyDelete
  66. Член 1-8.

    Конгресот ќе има право да воспоставува и да собира даноци, царини, трошарини и даноци на промет, да плаќа и да се грижи за заедничката одбрана и за општата благосостојба на Соединетите Држави, но сите царини, такси и трошарини ќе бидат еднакви на целата територија на Соединетите Држави;
    Да случува заеми од името на Соединетите Држави;
    Да ја регулира трговијата со странски држави и мегу одделните држави и со индијанските племиња;
    Да воспоставува еднообразни правила за натурализација и еднообразни закони во поглед на банкротството низ целата територија на Соединетите Држави;
    Да кова пари, да ја одредува нивната вредност и вредноста на странските валути и да ги утврдува стандардите на теговите и мерките;
    Да презема мерки за казнување поради фалсикување на хартии од вредност и на парите на Сооединетите Држави;
    Да воспоставува пошти и поштенски патишта;
    Да го потикнува напредокот на науката и на корисните уметности со обезбедување на ограничено на авторите и на пронаоѓачите ексклузивно право на нивните дела и пронајдоци;
    Да основа судови пониски од Врховниот суд;
    Да го одредува и да го казнува пиратството и кривичните дела на отворено море и повредите на мегународните права;
    Да објавува војна, да издава дозволи за фаќање на непријателски бродови и да донесува прописи за запленување на суво и на море;
    Да собира и одржува војска, но поарите одредени за таа цел не смее да се даваат за време подолго од две години;
    Да обезбедува и одржува морнарица;
    Да донесува правила за унапредување и регулирање на сувоземните и поморски сили;
    Да се грижи за повикување милиција за извршување на закони на Соединетите Држави, за задушување и одбивање на инвазии;
    Да се грижи за организирање, вооружување и дисциплина на милицијата и за раководење со оние нејзини делови што биле употребувани во служба на Соединетите Држави, оставајќи й го на секоја држава правото за поставување офицери и овластување за обука на милицијата според дисциплината што ја пропишува Конгерсот;
    Да врши исклучива законодавна власт во сите случаи над онаа област (непоголема од десет квадратни милји) која со отстапување од страна на Конгресот ќе стане седиште на владата на Соединетите Држави и да ја врши истата власт над сите места набавени со согласност на законодавното тело на државата во која тие се наогаат за подигање утврдувања, складови, арсенали, пристаништа и други подребни зданија, и да ги донесува сите закони што ќе бидат потребни и соодветни за извршување на наведените овластувања што овој Устав й ги дава на владата на Соединетите Држави или на одделен ресор или службено лице.

    ReplyDelete
  67. Член1-9.

    Преселба или вселување, за кои некоја од постојаните држави ќе смета за соодветно да ги прими, не може да биде забрането од страна на Конгресот пред 1808 година, но може да се определи данок или такса за таквото вселување не поголем од десет долари по личност.
    Привилегијата за тужба не смее да се стави надвор од сила, освен кога во случаи на бунт или инвазија тоа го бара јавната безбедност.
    Нема да се донесува никаков закон за одземање на имот и лишување од граѓански права, ни закон.
    Не може да се наметнува никаков данок на жител ниту каков било друг непосреден данок освен во сразмер со прописот или списокот на жителите погоре предвидени. Никаков данок или царина нема да се наплатува на предмети извезени од која било држава.
    Никаква повластица за трговија или за приходи не може со какви и да било прописи да им се дава на пристаништата на една држава во однос на пристаништата на некоја друга, ниту бродовите што пловат во една држава или од неа се обврзани да ја декларираат стоката, да плаќаат пристанишна такса или царини во друга држава.
    Никакви пари нема да се извлекуваат од државната ризница освен врз основа на средствата доделени со закон, а редовен извештај и сметка за приходите и расходите на државни пари мора да се објавуваат одвреме-навреме.
    Никакви титули за благородништво нема да издаваат Соединетите Држави; и ниедно лице што во нив зазема некаква платена служба или одговорно место не може без одобрение на Конгресот да прима никаков подарок, награда, звање ни титула од каков и да било вид од ниеден крал, владетел или странска држава.

    Член 1-10.

    Ниедна држава нема да влегува во каков било договор, сојуз или конфедерација, да издава дозвола за заробување на непријарески бродови, да кова пари, да издава кредитни писма, да употребува што и да било друго освен златни и сребрени пари за исплата на долговите, да донесува какви и да било закони за одземање имот или за лишување од грагански права, закон или закон кој ги слабее договорните обврски, или да доделува каква и да били друга титула за благородништво.
    Ниедна држава нема, без согласност на Конгресот, да наметнува какви и да било давачки или царини на увоз или на извоз освен оние што ќе бидат апсолутно неопходни за вршење на нејзините закони за инспекција, а чистите приходи од царините и давачките што ќе ги наложи државата на увоз и извоз ќе ги користи благајната на Соединетите Држави, и сите такви закони ќе бидат предмет на ревизија од страна на Конгресот.
    Ниедна држава нема, без согласност на Конгресот, да наметнува никаква царина на тонажата, да држи војска или воени бродови во време на мир, да склучува какви и да било договори или спогодби со други држави, или со некоја странска сила, или да се впушта во војна, освен ако е навистина нападната или се наога во таква непосредна опасност што не трпи одлагање.

    ReplyDelete
  68. Член 2-1.

    Извршната власт му припага на претседателот на Соединетите Држави на Америка.
    Тој ги врши своите функции во рок од четири години, и заедно со потпретседателот, избран за истиот рок, се избира како што следува;
    Секоја држава назначува, на начин што ќе го определи нејзиното законодаво тело, одреден број електори, еднаков со целокупниот број сенатори и членови на Претставничкиот дом на кои таа држава има право во Конгресот:
    Но ниеден сенатор или член на Претставничкиот дом, ни лице кое држи некаква државна функција во Соедеинетите Држави, доверлива или платена, не може да се назначи за електор.
    Електорите ќе се состануваат во своите држави и тајно ќе избираат две лица од кои барем едното не смее да биде жител на истата држава како нив.
    И тие ќе прават список на сите личности за кои се гласало и на бројот на гласовите што секој ги добил, тој список ќе го потпишат и ќе го оверат и запечатен ќе го испратат во седиштето на владата на Соединетите Држави, упатено до претседателот на Сенатот. Претседателот на Сенатот, во присуство на Сенатот и на Претставничкиот дом, ќе ги отвори сите заверени списоци и тогаш ќе бидат преброени гласовите. Лицето што добило најголем број на гласови ќе биде претседател ако тој број претставува мнозинство од целокупниот број наименувани електори, а ако има повеќе од еден кој има такво мнозинство и имаат еднаков број гласови, тогаш Представничкиот дом веднаш ќе го избере со тајно гласање едниот од нив за претседател, а ако ниедно лице нема мнозинство, тогаш од петтемината со најголем број гласови спомнатиот дом на истиот начин ќе избере претседател.Но, при изборот на претседател гласовите се земаат по држави, при што претставништвото на секоја држава има еден глас, кворумот за таа цел ќе се состои од член или членови на две третини од државите, а за избор е потребно мнозинство на сите држави. Во секој случај, по изборот на претседател, лицето кое има најголем број гласови на електорите ќе биде претседател. Но, ако останат двајца или повеќе кои имаат еднаков број гласови, Сенатот ќе го избере од нив потпреседателот со тајно гласање.
    Конгресот може да го определи времето за избирање на електори и денот на кој тие ќе ги дадат своите гласови, тој ден ќе биде ист во целите Соединети Држави.
    Ниедно лице освен граганин домородец или граганин на Соединетите Држави во времето на донесувањето на овој Устав не може да биде избран на должноста претседател, ниту која било личност може да биде избрана на таа должност ако нема навршено триесет и пет години живот и ако четиринаесет години не е државјанин на Соединетите Држави.
    Во случај на сменување на претседател од должноста или во случај на негова смрт, оставка или неспособност да ја врши власта и должностите на таа функција, таа се пренесува на потпреседателот, а Конгресот може со закон да одреди за случај на сменување, смрт, оставка или неспособност и на претседателот и на потпреседателот кое службено лице ќе ја врши таа должност додека неспособноста престане или додека не се избере претседател.
    Претседателот, во утврдено време, ќе добива надомест за својата служба, кој не може ни да се зголемува ни да се намалува во периодот за кој е избран, а во тој период нема да добива никакава друга награда од Соединетите Држави или од која и да било од нив. Пред да почне да ја врши својата должност тој ја два следнава заклетва или свечена изјава: Свечено се заколнувам или изјавувам дека верно ќе ја извршувам должноста претседател на Соединетите Држави и колку што можам подобро ќе го чувам, ќе го штитам и ќе го бранам Уставот на Соединетите Држави.

    ReplyDelete
  69. Член 2-2.

    Претседателот ќе биде врховен командант на војската и на морнарицата на Соединетите Држави и на милицијата на одделните држави кога ќе биде свикана во активна служба на Соединетите Држави, тој може да бара писмено мислење од главниот офицер во секој извршен департмент за секој предмет што се однесува на должностите од неговата надлежност и има право на одлагање на извршувањето на казни и помилување за кривични дела против Соединетите Држави, освен во случаите на кривично гонење.
    Тој има право, со мислење и согласност на Сенатот, да склучува мегународни договори, под услов две третини од присутните сенатори да ја дадат својата согласност, и да да именува, со мислење и согласност на Сенатот, амбасадори, други дипломатски претставници и конзули, судии на Врховниот суд и сите други службеници на Соединетите Држави чиешто именување не е поинаку предвидено, а кое ќе се одреди со закон, но Конгресот може со закон да го пренесе правото на именување на таквите пониски службеници, а ако го смета тоа за умесно, на самиот претседател, на редовните судови или на старешините на департментите.
    Претседателот има право да ги пополнува оние испразнети места што ќе се испразнат додека Сенатот не заседава, доверувајќи должности кои престануваат на крајот на следното заседание.

    Член 2-3.

    Одвреме-навреме тој ќе му дава на Конгресот информација за состојбата на Унијата и ќе го препорачува за разгледување мерки што ќе се смета дека се неопходни и корисни, тој може, во вонредни околности, да ги свикува двата дома, или едниот од нив, а во случај на несогласност мегу нив, во поглед на времето на одлагање на заседанието, може да го одложи тоа заседание за време кое ќе го смета за умесно, тој ќе прима амбасадори и други дипломатски претставници, ќе се грижи законите точно да се извршуваат и ќе ги поставува на должност сите службеници на Соединетите Држави.

    Член 2-4.

    Претседателот, потпреседателот и другите државни службеници на Соединетите Држави ќе бидат отстранети од должноста во случај на кривично гонење за предавство, поткуп или други тешки злосторства и кривични дела.


    Член 3-1.

    Судската власт на Соединетите Држави му се доверува на Врховен суд и на такви пониски судови какви што Конгресот може одвреме-навреме да одредува и установува. Судиите и на Врховниот и на пониските судови ги задржуваат своите функции додека добро се однесуваат и во одредено време добиваат надомест за својата служба кој не може да се намалува додека трае нивната служба.

    Член 3-2.

    Судската власт се протега на сите случаи според законот и праведноста, што произлегуваат од овој Устав, од законите на Соединетите Држави и договорите склучени или кои ќе се склучат според нивно овластување; -на сите случаи што се однесуваат на амбасадорите, на други дипломатски претставници и конзули; -на сите случаи на адмиралитетот и на поморското право; -на споровите во кои Соединетите Држави се странка; -на споровите меѓу две или повеќе држави; -меѓу една држава и граѓаните на секоја друга држава; -меѓу граѓаните на разни држави; -меѓу граѓаните на иста држава кои полагаат право на земја врз основа на концесии добиени од други држави; -меѓу една држава или нејзините граѓани и странски држави, граѓани или државјани.
    Во сите случаи што се однесуваат на амбасадори или на други дипломатски претставници и конзули и во кои некоја држава е странка, Врховниот суд ќе суди во прв степен. Во сите други случаи споменати порано Врховниот суд решава по жалби, како во поглед на примена на правото така и во поглед на фактите, со такви исклучоци и според оние прописи што ќе ги донесе Конгресот.
    Судењето за сите кривични дела, освен во случаите на отповикување се врши со учество на порота, и таквото судење ќе се заврши во државата во која било извршено наведеното дело, но ако делото не е извршено во ниедна држава, судењето се врши на она место или места што Конгресот ќе ги определи со закон.

    ReplyDelete
  70. Член 3-3.

    Предавство на Соединетите Држави ќе се состои само во водење војна против нив или во пристапувањето кон нивните непријатели, давајќи им помош и подршка. Никој не може да биде осуден за предавство без сведочење на двајца сведоци во очигледно дело на предавство или без признание на јавен претрес, пред суд.

    Конгресот ќе има овластување да пропише казна за предавство, но никогаш казната на предавство во овој поглед не смее да го погоди потомството на извршителот на предавството освен во време на погодена личност.


    Член 4-1.

    Целосната верба и доверба ќе им биде дадена во секоја држава на сите нејзини јавни акти, исправи и судски решенија на секоја друга држава. А Конгресот може со општи акти да го пропише начинот на кој таквите акти, исправи и решенија ќе се потврдуваат, а и нивното дејство.

    Член 4-2.

    Граѓаните на секоја држава ќе ги уживаат правата и заштитата на граѓаните на одделни држави.
    Лице обвинето во една држава за предавство, тежок злостор или некое друго кривично дело, кое избегало од правдата и се нашло во некоја друга држава, мора на барање од извршната власт на државата од која избегало да й се предаде и да биде приведено во државата под чија јурисдикција подпаѓа судењето за неговиот злостор.
    Ниедно лице кое е во служба или на работа во една држава, врз основа на нејзините закони, а избега во друга држава, не може врз основа на кој и да било нејзин закон или пропис да се ослободи од таа служба или работа, туку мора на барање од страната спрема која во поглед на таа служба или работа е во обврска да й се предаде.

    Член 4-3.

    Конгресот може да прима нови држави во Унијата, но ниедна нова држава не може да се основа ни да се прогласи на правното подрачје на која и да било друга држава, исто така не може ниедна држава да се основа со соединување на две или повеќе држави, ниту делови од држави, без согласност на законодавните тела на државите и на Конгресот.
    Конгресот има право да располага со територијата и со имотот на Соединетите Држави и за тоа да издава потребни правила и прописи, и ништо во овој Устав не смее да се толкува така да оди на штета на какво и да било право на Соединетите Држави или на која и да било друга држава.

    Член 4-4.

    Соединетите Држави ќе й гарантираат на секоја држава во оваа Унија републиканска форма на владеење и ќе ги штитат секоја од нив од инвазија, а на барање на законодавната или на извршната власт (кога законодавното тело не може да биде свикано) против внатрешното насилство.


    Член 5.

    Кога две третини од домот ќе сметаат за потребно, Конгресот ќе предложи амандмани на овој Устав, или на барање од законодавните тела на две третини од државите ќе свика уставотворно собрание за предлагање на амандмани кои во двата случаја ќе бидат полноважни во секој поглед, како дел од овој Устав, кога ќе ги ратификуваат законодавните тела на три четвртини од државите или уставотворните собранија во три четвртини од нив, според тоа дали Конгресот го предложил едниот или другиот начин за ратификување, под услов никаков амандман кој би се донесол пред година илјада осумстотини и осма во ниеден поглед да не може да ги измени одредбите од првиот и четвртиот став во деветиот оддел на првиот член, а ниедна држава без своја согласност, да не може да биде лишена од овој рамноправен глас во Сенатот.

    ReplyDelete
  71. Член 6.

    Сите заемни и обврски преземени пред усвојувањето на овој Устав ќе важат за Соединетите Држави со овој Устав како и во Конфедерацијата.
    Овој устав и законите на Соединетите Држави што ќе се донесуваат во иднина, сите склучени договори или оние што ќе бидат склучени од името на Соединетите Држави ќе бидат врховен закон на оваа земја, и судиите во секоја држава ќе бидат должни да ги почитуваат, дури и во случај ако со тоа доагаат во судир во што и да било со Уставот или со законите на која и да било држава.
    Порано спомнатите сенатори и членови на Претставничкиот дом, членовите на законодавните тела на одделните држави и сите управни и судски службеници и на Соединетите Држави и на одделните држави полагаат клетва или даваат свечена изјава со која се обрзуваат дека ќе го почитуваат овој Устав, но никаво верско убедување нема да се бара како квалификација за некоја функција или јавна служба во Соединетите Држави.


    Член 7.

    Ратификацијата од страна на уставотворните собранија на девет држави ќе биде доволна за стапување во сила на овој Устав како заеднички за државите што ќе го ратификуваат.


    Потписници на Уставот на САД во 1787г.:

    Џорџ Вашингтон - Претседател и претставник од Вирџинија

    Вирџинија - Џон Блер, Џејмс Медисон, пом.
    Делавер - Ганинг Бедфорд, помл., Џон Дикинсон, Ричард Басет, Џекоб Брум, Џорџ Рид.
    Јужна Каролина - Џон Рутлиџ, Чарлс Контсворт Пинкни, Чарлс Пинкни, Пирс Батлер.
    Конектикат - Џонсон, Роџер Шерман.
    Мериленд - Џејмс Мекхенри, Сент Томас Џенифер, Даниел Керол.
    Њујорк - Александер Хамилтон, Вилијам Ливингстон, Дејвид Брирли, Вилијам Патерсон, Џонатан Дејтон.
    Масачусетс - Натаниел Горам, Руфус Кинг.
    Њу Хемпшир - Џон Ленгтон, Николас Гилман.
    Пенсилванија - Бенџамин Франклин, Томас Мифлин, Роберт Морис, Џорџ Клајмер, Томас Фицсајмонс, Јаред Ингелрсол, Џејмс Волсон, Гувернер Морис.
    Северна Каролина - Вилијам Блаунт, Ричард Добс Спејт, Хју Вилијамсон.
    Џорџија - Вилијам Фју, Абрахам Болдвин.


    Амандмани на Уставот на САД

    Амандман 1.

    Конгресот нема да донесува никаков закон за востановување на државна религија ниту за забрана на слободно исповедање на верата, ни за ограничување на слободата на говорот или на печатот, или на правото на народот на мирни собири и на упатување петиции до владата за исправање на неправдите.

    Амандман 2.

    Освен добро организираната Милиција, неопходна за безбедноста на слободната држава, нема да се повредува правото на народот да чува и да носи оружје.

    Амандман 3.

    Ниеден војник во време на мир не смее да живее во куќа без согласност на сопственикот, ниту во време на војна, освен ако тоа биде пропишано со закон.

    Амандман 4.

    Не смее со неоправдани претреси и заплени да се крши правото на граѓаните на безбедност на личноста, ставовите, хартиите од вредност, имотот и налог за тоа не смее да се издава, освен во случај на веројатна причина, поткрепена со заклетва или свечена изјава, при точен опис на местото на кое треба да се изврши претрес и личностите и работите што треба да се земат.

    ReplyDelete
  72. Амандман 5.

    Никој не може да биде повикан да одговара за тежок злостор или друг казнив злостор освен врз основа или обвинение на голема порота, со исклучок за кривични дела извршени во сувоземните и поморските сили или во Милицијата, и тоа во време на активна служба во време на војна или на јавна опасност, никој не смее поради исто кривично дело да биде двапати изложен на опасност за животот ниту смее да се натера на какво и да било кривично судење да сведочи против самиот себеси, ниту да се лиши од животот, слибода и имот без прописна законска постапка, ниту може приватна сопственост да се одземе во јавен интерес без праведен надомест.

    Амандман 6.

    Во сите кривични гонења обвинетиот ќе ужива право на брзо и јавно судење од страна на непристрасната порота на државата и округот во кој е извршено кривично дело, а тој круг претходно ќе биде со закон утврден и има право да биде информиран за природата и причината за обвинувањето, право да биде соочен со сведоците против себе, право задолжително да се приведат сведоци во негова полза и право на помош со совет за својата одбрана.

    Амандман 7.

    Во судењата според обичајното право каде што спорната сума ќе надминува дваесет долари се зачувува правото на судење со порота и никаков факт што поротата ќе го испита нема повторно да се преиспитува во кој било суд на Соединетите Држави, освен во согласност со правилата на обичајното право.

    Амандман 8.

    Не смее да се бараат претерани кауции, да се изрекуваат претерани парични казни, ни да се одредуваат сурови и невообичаени казни.

    Амандман 9.

    Набројувањето во Уставот на извесни права нема да се толкува така да се оспоруваат или намалуваат други права што ги задржал народот.

    Амандман 10.

    Овластувањата што не им се дадени на Соединетите Држави со овој Устав, ниту им се забранети на државите, се резервирани за секоја одделна држава или народ.

    Амандман 11.

    Не може да се толкува дека судската власт на Соединетите Држави се протега на кој и да било спор според законот или според правото за праведност кој го покренуваат или го водат против една од Соединетите Држави граѓани на некоја друга држава или граѓани или поданици на некоја странска држава.

    ReplyDelete
  73. Амандман 12.

    Електорите ќе се состануваат во своите држави и ќе гласаат тајно за претседател и потпретседател од кои барем едниот не смее да биде жител на истата држава со нив, тие во своите гласачки ливчиња го именуваат лицето за кое гласаат како за претседател , а на посебни ливчиња лицето за кое гласаат за потпретседател и составуваат посебни списоци на сите лица кои добиле гласови за претседател и на сите лица што добиле гласови за потпреседател, како и бројот на гласовите дадени за секое од нив, тие списоци ги потпишуваат, ги оверуваат и запечатени ги испраќаат во седиштето на владата на Соединетите Држави упатени до претседателот на Сенатот, претседателот на Сенатот, во присуство на Сенатот и на Претставничкиот дом, ги отвара сите испратени списоци, а потоа гласовите се пребројуваат. Претседател станува лицето кое ќе добие најголем број на гласови за претседател, ако тој број претставува мнозинство од наименуваниот број електори, а ако никој нема такво мнозинство, тогаш меѓу лицата кои имаат најмногу гласови, но не повеќе од три лица од листата за оние за кои се гласало како за претседател Преставничкиот дом веднаш ќе избере, со тајно гласање претседател. Но, при изборот на претседател гласовите ќе се земаат по држави, а претставништвото на секоја држава има еден глас.
    Кворум за таа цел ќе се состои од по еден член или повеќе членови од две третини од државите, а за избор е потребно мнозинство на сите држави. А ако Претставничкиот дом не избере претседател во случај кога правото на избор преминало на него, до четвртиот ден на идниот месец март, тогаш потпреседателот ќе ја врши должноста претседател, како во случај на смрт или друга уставна неспособност на претседателот. Лицето што има најголем број гласови како потпреседател ќе биде потпреседател ако тој број претставува мнозинство од целокупниот број на назначените електори, а ако никој нема мнозинство, тогаш од двајцата со најголем број гласови на листата Сенатот ќе избере потпреседател, кворумот за таа цел ќе се состои од две третини од целокупниот број на сенаторите, а мнозинство од целокупниот број ќе биде неопходно за изборот. Но, ниедно лице што не ги исполнува со Уставот пропишаните услови за претседател не може да биде избран за потпретседател на Соединетите Држави.

    Амандман 13-1.

    Ни ропство ни недоброволно служење, освен како казна за злостор за кој виновникот ќе биде прописно осуден, нема да постои во Соединетите Држави или на кое и да било место што е под нивна јурисдикција.

    Амандман 13-2.

    Конгресот ќе има овластување да ја обезбеди примената на овој член со соодветно законодавство.

    Амандман 14-1.

    Сите родени лица или натурализирзни во Соединетите Држави и подложени на нивната јурисдикција се државјани на Соединетите Држави и на државата во која живеат. Ниедна држава нема да донесува ни да применува закон кој ќе им ги ускратат привилегиите или заштитата на државјаните на Соединетите Држави, ниедна држава не смее ниедно лице да го лиши од живот, слобода или имот без прописна законска постапка ниту може да му се ускрати законска заштита.

    Амандман 14-2.

    Членовите на Претставничкот дом ќе се распоредуваат меѓу одделните држави според бројот на нивните жители, при што се смета целокупниот број на жители во секоја држава, со исклучок на Индијанците кои не плаќаат данок. Но, ако правото на глас на кои и да било избори за наименување на електори за избор на претседател или на потпреседател на Соединетите Држави, членови на Претставничкоит дом на Конгресот или управни и судски функционери на одделна држава или на членови на нејзиното законодавно тело се оспори на кои и да било мажи од таа држава кои имаат дваесет и една година и се државјани на Соединетите Држави, или на кој и да било начин им се ускрати, освен поради учество во бунт или поради друг злостор, основата за нејзиното претставништво се намалува во сразмер во кој бројот на таквите машки граѓани се однесува според целокупниот број мажи на таа држава кои наполниле дваесет и една година живот.

    ReplyDelete
  74. Амандман 14-3.

    Никој не оже да биде сенатор или член на Претставничкиот дом во Конгресот, или електор за избор на претседател и потпреседател ниту може да врши каква и да било должност, цивилна или воена во Соединетите Држави или во која и да било од државите, ако откако положил клетва, како член на Конгресот или како службеник на Соединетите Држави, или како член на законодавното тело на која било од државите, или како извршен судски чиновник на некоја од државите, дека ќе се придржува кон Уставот на Соединетите Држави, земе учество во востание или бунт против истиот или даде помош или подршка на неговите пријатели. Но, Конгресот може со двотретинско мнозинство на секој од домовите да ја отстрани таквата пречка.

    Амандман 14-4.

    Важноста на државниот долг на Соединетите Држави, одобрена со закон, вклучувајќи ги долговите земени за исплата на пензии и награди за служба во задушување на востание и бунт, нема се доведува во прашање. Но, ни Соединетите Држави ни која и да било од државите не можат да ги земат врз себе или да ги платат долговите или обврските создадени со цел за потпомагање на востание или бунт против Соединетите Држави или какво и да било побарување за надоместување на штета поради загуба или ослободување на роб. Сите такви долгови, обврски и барања ќе се сметаат за незаконски и ништожни.

    Амандман 14-5.

    Конгресот има овластување да ги спроведува соодветните закони од одредбите на овој член.

    Амандман 15-1.

    Правото на граѓаните на Соединетите Држави на глас не можат да го ускратуваат или да го ограничуваат ни Соединетите Држави ни која и да било од државите поради расата, бојата или поранешната состојба на ропство.

    Амандман 15-2.

    Конгресот има овластување да го примени овој члес со соодветна легислатура.

    Амандман 16.

    Конгресот има овластување да пропишува и да собира данок на приходи добиени од каков и да било извор, без распределба на одделните држави без оглед на каков и да било попис.

    Амандман 17.

    Сенатот на Соединетите Држави ќе го сочинуваат по два сенатора од секоја држава избрани од народот на таа држава, на шест години, а секој сенатор ќе има еден глас. Електорите во секоја држава ќе ги имаат квалификациите потребни за електори на најбројното законодавно тело на соодветната држава. Кога ќе дојде до испразнување на претставништвото на некоја држава во Сенатот извршната власт на таа држава распишува избори за пополнување на испразнетото место, законодавното тело на секоја држава може да ја овласти извршната власт привремено да назначи претставник додека народот не ги пополни испразнетите места преку избори какви што ќе пропише законодавното тело. Овој амандман нема да се толкува така за да може да влијае на изборот или на траењето на мандатот на секој сенатор избран пред тој да стапи во сила како дел на Уставот.

    Амандман 18-1.

    По една година од ратификувањето на овој член производството, продажбата или превозот на опивни пијалоци на територијата на Соединетите Држави и на териториите под нивна јурисдикција како и увоз во териториите и извозот од нив се забранува со цел за потрошувачка.

    ReplyDelete
  75. Амандман 18-3.

    Конгресот и одделните држави имаат соодветно овластување да го применнат овој член со соодветни закони.

    Амандман 18-4.

    Овој член нема да се спроведува ако не го одобрат како амандман на Уставот, во рок од седум години од денот кога Конгресот ќе им го поднесе на државите, законодавните тела на онолку држави колку што е предвидено во Уставот.

    Амандман 19.

    Правото на глас на граѓаните на Соединетите Држави, Соединетите Држави или која и да било држава нема да го ускратат или да го ограничат врз основа на полот. Конгресот има право да го спроведе овој член со соодветни закони.

    Амандман 20-1.

    Мандатот на претседателот и на потпреседателот завршува на пладне 20-тиот ден од месец јануари, а мандатот на сенаторите и на членовите на Претставничкиот дом на пладне 3-от ден од месец јануари на годините во кои тие мандати би завршиле ако овој член не бил ратификуван. Од тогаш почнуваат мандатите на нивните наследници.

    Амандман 20-2.

    Конгресот се состанува барем еднаш секоја година и тоа заседание почнува на пладне 3-от ден на јануари, освен ако Конгресот со закон не определи некој друг ден.

    Амандман 20-3.

    Ако до времето определено за почеток на претседателовиот мандат избраниот претседател умре, потпреседателот ќе стане претседател. Ако претседателот не биде избран до времето определено за почеток на неговиот мандат или ако избраниот претседател не ги исполнува условите, тогаш потпреседателот ја врши должноста претседател додека претседателот не се здобие со условите. Во случај ни претседателот ни потпреседателот да не ги исполнуваат условите, Конгресот може со закон да одреди кој ќе ја врши таа должност и таа личност ќе постапува така додека претседателот или потпреседателот не се здобијат со условите.

    Амандман 20-4.

    Конгресот може да пропише со закон како ќе се постапи во случај на смрт на некое од оние лица меѓу кои Претставничкиот дом може да избере претседател, кога правото на избор ќе премине на тој дом, како и за случај на смрт на лица меѓу Сенатот може да избере кога ќе премине правото на избор.

    Амандман 20-5.

    Оддел 1 и 2 стапуваат во сила на 15-от ден од месец октомври по ратификацијата на овој член.

    Амандман 20-6.

    Овој член нема да се применува ако не го одобрат како амандман на Уставот, во рок од седум години од денот кога Конгресот ќе им го поднесе на државите, законодавните тела на три четвртини од државите.

    Амандман 21-1.

    Осумнаесеттиот член на Уставот на Соединетите Држави се укинува.

    Амандман 21-2.

    Со ова се забранува секој превоз или увоз во која и да било држава, територија или посед на Соединетите Држави со цел за испорака или употреба, на опивни пијалаци, ако не се во согласност со нивните закони.

    Амандман 21-3.

    Овој член нема да се применува ако не го одобрат како амандман на Уставот собранијата на толку држави колку што е предвидено со Уставот и тоа во текот на седум години од датумот на поднесувањето до државите од страна на Конгресот.

    ReplyDelete
  76. мандман 22.

    Ниедно лице не може да биде избрано на функцијата претседател повеќе од двапати и ниедно лице кое било на функцијата претседател или ја вршело должноста претседател повеќе од две години од рокот за кој некое друго лице е избрано за претседател не може да биде избрано на функцијата претседател повеќе од еднаш. Но, овој член нема да се применува на лицето кое се наоѓа на функцијата претседател кога Конгресот го предложи овој член или ја врши должноста претседател во време на рок кога овој член стапува во сила, доколку остане на функцијата претседател или ја врши должноста претседател во остатокот од тој рок. Овој член нема да се применува ако како амандман на Уставот не го ратификуваат законодавните тела на три четвртини од државите во текот на седум години од датумот на кој Конгресот им го поднесол на државите.

    Амандман 23-1.

    Дистриктот кој претставува седиште на владата на Соединетите Држави ќе назначи на начин што ќе го пропише Конгресот:
    Број на електори на избор на претседател и потпретседател еднаков на вкупниот број на сенатори и членовите на Претставничкиот дом во Конгресот на кој дистриктот би имал право кога би бил држава, но во никој случај поголем од државата со најмалку население; тие ќе бидат додадени кон електорите што ги назначуваат државите, но ќе се третираат, со цел за избор на претседател и на потпреседател, како да се електори кои ги именува држава; тие ќе се состануваат во дистриктот и ќе ги вршат оние должности што ќе ги предвидува членот дванаесетти на амандманот.

    Амандман 23-2.

    Конгресот има овластување да го примени овој член со соодветни законски одредби.

    Амандман 24-1.

    Правото на граѓаните на Соединетите Држави на глас на предходните или други избори за претседател или потпреседател, за електори за претседател или за потпреседател или за сенатор или за член на Претставничкиот дом во Конгресот нема да се ускратува или ограничува од Соединетите Држави или од кој и да било од државите од причина за неплатен гласачки или друг данок.

    Амандман 24-2.

    Конгресот има право да го стави во сила овој член со соодветни законски одредби.

    Амандман 25-1.

    Во случај на отстранување на претседателот од должноста или на неговата смрт или оставка, потпреседателот ќе стане претседател.

    Амандман 25-2.

    Кога и да дојде до празнење на потпреседателската функција и претседателот ќе именува потпреседател кој ќе ја превземе должноста штом неговото наименување ќе биде потврдено со мнозинство гласови во двата дома на Конгресот.

    Амандман 25-3.

    Кога претседателот ќе му упати на претседателот на Сенатот про темпоре и на претседателот на Претставничкиот дом писмена изјава дека не е способен да ја врши власта и должноста на својата функција и додека не им упати писмена изјава со спротивна содржина, таква власт и должностите ќе ги врши потпреседателот како вршител на должноста претседател.

    ReplyDelete
  77. Амандман 25-4.

    Кога потпреседателот и мнозинството главни функционери на Извршните департменти или на друго тело кое Конгресот може да го предвиди со закон ќе му упатат на предсетателот на Сенатот и на претседателот на Представничкиот дом писмена изјава дека претседателот не способен да ги врши власта и должностите на функцијата како вршител на должноста претседател.
    Потоа, кога претседателот ќе му упати на претседателот на Сенатот про темпоре и на претседателот на Претставничкиот дом писмена изјава дека не постои неспособност, тој ќе ги преземе власта и должностите на својата функција, освен ако потпреседателот и мнозинството главни функционери на извршните департменти или на друго тело кое го предвидел Конгресот со закон, не упатат во рок од четири дена до претседателот на Сенатот про темпоре и до преседателот на Претставничкиот дом писмена изјава дека претседателот не е способен да ги врши власта и должностите на својата функција. Врз основа на тоа Конгресот ќе го реши прашањето, состанувајќи се во рок од четириесет и осум часа ако не е во заседание. Ако Конгресот, во рок од дваесет и еден ден по приемот на последната писмена изјава, или ако Конгресот не заседава, во рок од дваесет и еден ден откако ќе се побара свикување на Конгресот, реши со две третини од гласовите на двата дома дека претседателот е неспособен да ги врши власта и должностите на својата функција, потпреседателот ќе продолжи да го врши истото како вршител на должноста претседател; инаку, претседателот ќе продолжи да ги врши власта и должностите на својата функција.

    Амандман 26-1.

    Правото на граѓаните на Соединетие Држави, кои имаат осумнаесет или повеќе години, да гласаат нема да биде ускратувано или ограничувано од Соединетите Држави или од која и да било од државите од причина на возраста.

    Амандман 26-2.

    Конгресот има овластување да го стави во сила овој член со соодветни законски одредби.

    Амандман 27.

    Нема да се донесе никаков закон за менување на компензацијата за услугите на Сенаторите и Преставниците се додека не се случи избор на Преставниците.

    ReplyDelete
  78. ХАМУРАБИЕВ ЗАКОНИК


    Хамурабиевиот законик е најстариот познат законик во светот. Тој е откриен напишан на камен блок во денешен Ирак. Се состои од 28 дела. Камениот блок на кој е пронајден законикот е реставриран и се наоѓа во музејот Лувр во Париз-Франција.

    ХАМУРАБИЕВ ЗАКОНИК

    Кога високиот бог, кралот Анунаки-а, и Бел, господар на небото и земјата, којшто ја определува судбината на светот, на Мардук. првенецот на Еа, му дадоа највисока власт над сите луѓе и го прославија неговото име меѓу Итигите; кога Вавилон го нарекоа со неговото славно име и на земјата го направија голем; кога во овој град за овој бог воспоставија вечно кралство, чиишто темели се постојани како неботo и земјата, - тогаш Еа и Бел ме повикаа по име, мене Хамураби, големиот кнез, кој се плаши од богoвите, да ја унапредам благосостојбата на луѓето, да му обезбедам важност на правото во оваа земја, да го истребам покварениот и нечесниот, да го спречам моќниот да го угнетува слабиот, да ја осветлам земјата, Хамураби, ...., возвишен, којшто е понизен пред големите богови: потомок на Сумулаил, моќен син на Син-му-бaлит-а, кралски потомок на вечноста, моќен крал, сонце на Вавилон, којшто им дава светлост на земјите Сумер и Акад, крал на којшто му сe покоруваат четирите страни на светот, љубимец на Ниние јас сум. - Кога Мардук ме прати да владеам со луѓето, на земјата да и објавам право, во устите на луѓето ставив право и правда, создадов благосoстојба на поданиците. А сега:

    Член 1.
    Ако некој обвини друг или обвинението го каже пред суд, ама не може да го докаже, кој обвинил да се убие.

    Член 2.
    Ако некој некого обвини за вражбини, а тоа не може да го докаже и оној кој е обвинет, оди на реката, скокне во реката: ако реката го земе, кој го обвинил ќе ја земе неговата куќа. Ако реката псжаже дека е невин и тој плива, оној кој го обвинил за вражбини да се убие, оној кој скокнал во реката ќе ја земе куќата на оној кој го обвинил.

    Член 3.
    Ако некој во некој процес сведочи на штета на окривениот, па она што ќе го рече не може да го докаже: ако во процесот се работи за животот, сведокот да се убие.

    Член 4.
    Ако така сведочи во парница за жито или пари, ќе ја добие казната за таа парница.

    Член 5.
    Ако судијата раководи со процесот и донесе пресуда и одлуката ја напишe: ако подоцна својата пресуда ја поништи и тоа се докаже дека одлуката која ја донел ја поништил ќе даде дванаесет пати повеќе казна од онаа која била одредена во процесот и јавно ќе биде истеран од судската столица и веќе да не се врати и да седи со судиите во процесот.

    Член 6.
    Ако некој украде божји или дворски работи од храмот или од дворот, да се убие; и оној кој од него го примил украденото да се убие.

    ReplyDelete
  79. Член 7.
    Ако некој, сребро, злато, роб или робинка, овца, магаре или било што друго од нечиј син или роб купи или ги прими на чување без сведок или БЕЗ договор, се смета како крадец и треба да се убие.

    Член 8.
    Ако некој украде говедо, или овца, или магаре, или свиња, или чамец, ако украденото му припаѓа на богот или на дворот ќе даде триесет пати пoвеќе: ако му припаѓа на мушкену (припадник на определен општествен слој во Вавилон), да надомести десет пати повеќе. Ако крадецот нема да плати да се убие.

    Член 9.
    Aко некој на кого нешто му исчезнало го најде кај друг: ако оној кај когo што е пронајдено она што е исчезнато каже: „Продавачот ми го продaде пред сведоци го купив" и ако сопственикот на исчезнатата работа кaже: „ќе доведам сведоци кои го познаваат она што ми исчезнало", тoгаш купувачот треба да го донесе продавачот што му го продал и сведoците пред кои го купил и сопственикот чија работа е исчезната треба дa донесе сведоци кои го познаваат исчезнатиот предмет. Судијата треба да ги испита нивните искази; сведoците пред кои е исплатена цената и сведоците кои ја познаваат исчезнатата работа, треба пред бога дa кажат што знаат. Продавачот е тогаш крадец и да се убие. Сопственикот на кого му исчезнала работата ја добива, а купувачот ги добива oд куќата на продавачот парите кои ги платил.

    Член 10.
    Aко купувачот не ги доведе продавачот и сведоците пред кои го купил предметот, а сопственикот на исчезнатиот предмет ги донесе сведоците кои го познаваат предметот, тогаш купувачот е крадец и ќе биде убиен, сопственикот го добива предметот кој исчезнал.

    Член 11.
    Ако сопственикот на кого му исчeзнал предметот нема сведоци кои го познаваат предметот, тој е несовесен и клеветел, да се убие.

    Член 12.
    Ако продавачот умрел, купувачот од куќата на продавачот ќе земе пет пати повеќе од она што може да го бара во тој процес.

    Член 13.
    Ако неговите сведоци не се во близина, судијата ќе му одреди рок од шест месеци. Ако за шест месеци не ги донесе сведоците, тој е несовесен и ќе ја добие казната за тој процес.

    Член 14.
    Ако некој украде од некого недораснат син, да се убие.

    Член 15.
    Ако некој низ врата изнесе дворски роб или робинка или роб на некој мушкену или робинка на некој мушкену, да се убие.

    Член 16.
    Ако некој во својата куќа прими исчезнат дворски роб или робинка. или на некој мушкену, па на јавниот повик на чиновникот не ги изведе, да се убие.

    Член 17.
    Ако некој фати избеган роб лли робинка во поле и ги однесе на нивниот господар, господарот на робот треба да му даде два шекела сребро.

    Член 18.
    Ако тој роб не го именува господарот, треба да го одведе во дворот; таму да се испита како стои со него и потoа ќе му биде вратен на својот господар.

    Член 19.
    Ако тој роб го задржи вo својата куќа и потоа робот се најде кај него, тој човек да се убие.

    Член 20.
    Ако робот побегне од oној кој го фатил, тој да се заколне во бога и тогаш е слободен (од сeкаква вина).

    Член 21.
    Ако некој провалил во куќа, пред таa дупка да се убие и закопа.

    Член 22.
    Ако некој извршил разбојништво и биде фатен, да се убие.

    Член 23.
    Ако разбојникот не биде фатен, ограбеннот треба пред бога да бара се што му е однесено. Тогаш населбата и старешината на населбата на чие земјиште е извршено разбојништвото ќе му надоместат се она што му е однесено.

    Член 24.
    Ако се лицата (насилно однесени) тогаш населбата и старешината на нивните роднини ќе им платат една мина сребро.

    Член 25.
    Ако во нечија куќа се појави оган н оној што ќе дојде да го гаси, фрли око на сопственоста на господарот на куќата, сопственоста на господарот ја земе, да се фрли во истиот оган.

    Член 26.
    Ако борец или некој лесен оружник добил наредба да оди во војна, не оди, а најмил платеник да оди на негово место, борецот или лесниот оружник да се убие, а платеникот да ја земе неговата куќа.

    ReplyDelete
  80. Член 27.
    Ако борецот или лесниот оружник биде во кралската несреќа (пораз) заробен и ако потоа неговото поле и неговиот двор се дадени на друг и тој ги земе. кога (тој) ќе се врати и ќе стигне во своето место, неговото поле н неговиот двор да му се вратат и тој да ги преземе.

    Член 28.
    Ако борецот или лесниот оружник биде заробен во кралската несреќа и ако негониот син може да ги преземе полето и дворот тогаш може да го преземе леното на неговиот татко.

    Член 29.
    Ако неговиот син е се уште мал и не може да го преземе леното, третината од полето и дворот да и се дадат на неговата мајка и таа да го изгледа.

    Член 30.
    Ако борецот или лесниот оружник својата куќа, поле или двор наместо да ги употребува, ги занемари така што тие да станат пусти (како без господар) и ако некој друг ги земе во посед неговото поле, куќа и двор и три години ги ужива: ако (тој) се врати и ги побара, својата куќа, поле или двор, да не му се дадат, оној кој го земал имотот и го користел и понатаму да го користи.

    Член 31.
    Ако ги напушти само за една година; така што тие се опустошиле (како без господар), а потоа се врати. треба да му се даде полето, дворот и куќата тој да ги преземе.

    Член 32.
    Ако борецот или лесниот оружник кој во кралска војна бил заробен, некој трговец го откупи и го врати во неговото место, ако во негова куќа има со што да се откупи, да се откупи: ако во неговата куќа нема ништо со што би можел да се откупи, тогаш ќе го откупи храмот на неговото место, ако храмот на неговото место не може да го откупи, тогаш треба дворот да го ослободи. Неговото поле, двор и куќа не можат да се отстапат за негов откуп.

    Член 33.
    Ако гувернерот или префектот го ослободи борецот и за кралската служба земе и испрати наемник како заменик, тој гувернер или префект, да се убие.

    Член 34.
    Ако гувернерот или префектот одземе сопственост од борецот, му нанесе штета, борецот го даде во наем, борецот во процесот го предаде на помоќниот, го одземе подарокот кој кралот му го дал на борецот, тој гувернер илп префект да се убие.

    Член 35.
    Ако некој говеда или ситна стока која кралот му ја дал на борецот, од овој ја купи, ги губи своите пари.

    Член 36.
    Полето, дворот и куќата на борец - лесен оружник или на оној кој е должен да плаќа трибут не можат да се продадат.

    Член 37.
    Ако некој купи поле, двор или куќа на борец, лесен оружник или на оној кој е должен да плаќа трибут, ќе се скрши неговата таблица за договорот за купување и тој ги губи своите пари. Полето, дворот и куќата се враќаат на сопственикот.

    Член 38.
    Борецот, лесниот окружник или оној кој е должен да плаќа трибут од поле, двопр, или куќа, од своето лено не може ништо да им препише на својата ќерка или жена и не може да ги даде за долгови.

    Член 39.
    Полето, дворот или куќата кои ги купил и ги има (како свои) може да им ги препише на жената или ќерката и да ги даде за отплата на долг.

    Член 40.
    На трговец или друг носител на лено може да го продаде своето поле, двор или куќа; купувачот ги добива на користење куќата, дворот или полето кои ги купил.

    Член 41.
    Ако некој, поле, двор и куќа на борец, лесен оружник или на оној кој е должен да плаќа трибут примил во размена и дал противвредност, борецот, лесниот оружник или оној кој е должен да плаќа трибут ќе се врати на своето поле, двор или куќа, и ќе ја задржи противвредноста.

    ReplyDelete
  81. Член 42.
    Ако некој земе на обработка поле, и ако не стори полето да биде со жито: треба да се докаже дека на полето не работел и тој на сопственикот на полето ќе му даде жито, како што е кај соседот.

    Член 43.
    Ако полето не го обработил, го оставил необработено, на сопственикот на полео ќе му даде жито како кај соседот и полето кое го оставил необработено ќе го изора, посее и ќе го врати на сопственикот.

    Член 44.
    Ако некој земе поле кое не е обработувано, за време од три години да го подготви за обработка, меѓутоа е мрзлив и полето не го обработи, четвртата година е должен да го ископа и засее и да го врати на сопственикот и да му измери за секои десет гана десет гура (мерки за волумен и површина во Вавилон).

    Член 45.
    Ако некој го даде своето поле на обработка за закупнина и ако ја прими закупнината и ако потоа настане невреме и жетвата се уништи, штетата ќе падне на закупецот.

    Член 46.
    Ако не прими закупнина, туку полето го даде на наполица или на третина, сопственикот и закупецот ќе го поделат според уделите житото кое ќе се најде на полето.

    Член 47.
    Ако обработувачот поради тоа што во првата година не го постигнал (од обработката) своето издржување, изјави дека не сака повеќе да го обработува полето, сопственикот не треба да попушти; неговиот обработувач мора да го обработи полето и од жетвата добива жито по договор.

    Член 48.
    Ако некој на некого должи долг со интерес и временска непогода го опусти неговото поле, или му ја уништи жетвата, или поради суша житото не расте; во таа година нема да го даде житото на доверителот (својата таблица ќе ја намокри во вода) и за таа година нема да даде интерес.

    Член 49.
    Ако некој од трговец позајми пари и ако полето подготвено за жито или сезам го даде на трговецот со зборовите: „работи го полето, жнеј го и земи го житото или сезамот, кое ќе се најде на него"; ако тогаш обработувачот произвел жито или сезам на полето, за време на жетвата сопственикот на полето ќе го земе житото или сезамот, кое ќе се најде на полето и ќе му даде на трговецот жито за парите со интересот и трошоците за обработката.

    Член 50.
    Ако даде поле засеано со жито или сезам, житото или сезамот кое е на полето ќе го добие сопственикот, а парите со интересот ќе му ги врати на трговецот.

    Член 51.
    Ако нема пари да врати, за вредноста на парите и интересот кои ги примил од трговецот, на трговецот ќе му даде жито или сезам според кралската тарифа.

    Член 52.
    Ако обработувачот не го засеал полето со жито, неговиот (на должникот) договор не станува ништовен.

    Член 53.
    Ако е некој премногу мрзлив да ја одржува својата брана, и не ја одржува добро; ако тогаш на неговата брана се направи отвор и водата го преплави полето, оној на чија брана настанал отворот треба да го надомести житото кое го уништил.

    Член 54.
    Ако не може да ја надомести штетата, треба да се продаде за пари и тој и неговиот имот, и оние на кои житото им е уништено ќе ги поделат добиените пари.

    ReplyDelete
  82. Член 55.
    Ако некој отвори свој канал за наводнување, но е невнимателен и водата го поплави полето на неговиот сосед, на овој ќе му одмери жито според приносот кај соседот.

    Член 56.
    Ако некој пушти вода и водата го поплави ограденото поле на соседот, ќе измери десет гури жито на секои десет гани.

    Член 57.
    Ако овчарот за пасење ситна стока не добие одобрување од сопственикот на полето, и ако без одобрение на сопственикот ја пушти ситната стока да го опасе полето, сопственикот да го ожнее своето поле и овчарот кој без дозвола ја пуштил стоката да пасе во полето, на сопственикот за секои десет гани да му плати по дваесет гури жито.

    Член 58.
    Ако откако стоката го напуштила полето н целата стока поминала низ вратата на населбата, овчарот се уште ја пушта стоката во полето и допушти да го испасе полето, тој овчар трсба да го преземе полето кое пуштил да се испасе и од жетвата на сопственикот на полето да му измери за десет гани шест гури жито.

    Член 59.
    Ако некој без дозвола на сопственнкот на бавчата, во туѓа бавча исече дрво, ќе плати пола мина сребро.

    Член 60.
    Ако некој на градинарот му го предаде полето да се засади (со овошје) и градинарот го засади и четири години го одгледува, во петтата годнна сопственикот и градинарот ќе поделат на еднакви делови, сопственпкот својот дел ќе го избере и ќе го земе.

    Член 61.
    Ако градинарот не го доврши засадувањето на полето, остави еден дел незасаден, тој празен простор ќе се смета во неговиот дел.

    Член 62.
    Ако полето кое му е предадено, не го засади и ако е житно поле, градинарот приносот за полето за годината во која не било засадено ќе МУ ГО измери на сопственикот според приносот кај соседот, полето ќе го приготви за работа и ќе го врати на сопственикот.


    Член 63.
    Ако била ледина, ќе го припреми полето за работа и ќе го врати на сопственикот. За секоја година треба да измери десет гури жито за десет гани површина.

    Член 64.
    Ако некој го даде својот двор на градинар да го користи, градинарот додека го користи дворот, од добивката два дела ќе му дава на сопственикот а третиот дел ќе го земе тој.

    Член 65.
    Ако градинарот не го работел дворот и добивката поради тоа се намалила, градинарот ќе му даде на сопственикот според приносот на соседот:

    Член 65-1.
    Ако некој земе пари од трговец и на овој му даде двор со урми
    и му каже: „урмите кои се во мојот двор земи ги за парите", а трговецот
    не се согласи, тогаш сопственикот треба да ги земе урмите кои се
    дворот, парите и интересот треба да му ги врати на трговецот, останатите урми кои се во дворот треба да ги земе сопственикот:

    Член 65-2.
    Ако закупецот, на сопственикот на куќата му го платил целиот износ на станарината за цела годнна и ако сопстеникот пред истекот
    на закупот му нареди на закупецот да се иссели, тогаш сопственикот
    на закупецот којшто пред рок се исселил од неговата куќа, ќе му ги врати
    парите кои одговараат на делот кој закупецот не го искористил:

    Член 65-3.
    Ако некој жито или пари (должи) и нема (да врати) жито или
    пари, но има друг имот што му стои на располагање ќе го даде пред сведоци на трговецот. Тој треба тоа да го прими без забелешка.

    [Членовите од 66 до 99 недостасуваат]

    ReplyDelete
  83. Член 100.
    Интересот за пари, колку примил, да го забележи и денот кога треба ги врати ќе му плати на трговецот.

    Член 101.
    Ако таму каде што отишол, не најде деловна прилика, парите кои ги примил помошникот, треба во двоен износ да му ги врати на трговецот.

    Член 102.
    Ако трговецот на помошннкот му позајмил пари за работа и овој таму каде што отишол претрпи штета, на трговецот треба да му ја врати главницата.

    Член 103.
    Ако на пат, за време на патувањето, непријателот му земе нешто од она што го носи, помошникот ќе се заколне во бога и ќе биде слободен.

    Член 104.
    Ако трговецот на помошникот му даде да продава жито, волна, масло или друга роба помошникот треба да го запише износот и да му го даде на трговецот. Помошникот ќе земе од трговецот признаница за парите кои му ги предал.

    Член 105.
    Ако помошникот пропушти да земе признаница за парите кои му ги предал на трговецот, парите за кои не е дадена белешка не можат да се внесат во активата.

    Член 106.
    Ако помошникот од трговецот земе пари и настане спор со трговецот (одречува), трговецот треба пред бога и со сведоци да докаже дека по-мошникот ги земал парите и помошникот ќе му даде три пати повеќе пари од оние што му ги земал.

    Член 107.
    Ако трговецот го излаже помошннкот, откако помошникот му вратил се што му дал трговецот, а трговецот го одречува тоа што му го вратил помошникот, помошникот треба да докаже пред бога и со сведоци и трговецот, затоа што се спорел со својот помошник, се што примил од него ќе му даде шест пати повеќе.

    Член 108.
    Ако крчмарката како цена за пијалокот не зема жито, а зема пари, и ако цената на пијалокот во однос на житото е помала, тогаш тоа треба да се докаже и ќе биде фрлена во вода.

    Член 109.
    Ако крчмарката, кога во нејзината куќа ќе се соберат завереници, не ги фати и не ги предаде во дворот, да се убие.

    Член 110.
    Ако посветеница (која веќе не може да се омажи) отвори крчма или влезе во крчма да пие, да се изгори.

    Член 111.
    Ако крчмарката даде на почек 60 ка побарани пијалоци, ќе земе за време на жетвата 50 ка жито.

    Член 112.
    Ако некој се наоѓа на пат, па на друг му доверил сребро, злато, драги камења, или други рачни ствари да ги однесе; ако овој не предаде се што требало да се пренесе во одредено место, туку присвои, оној што ги дал ќе докаже и човекот кој што не го предал она што требало да се пренесе, пет пати повеќе ќе го даде она што му е доверено.

    Член 113.
    Ако некој спрема друг има побарување во жито или сребро, и без да знае сопствепикот од куќата или житницата земе жито, судски ќе се докаже дека без знаење на сопственикот земал жито од куќата или житницата и тој што го земал житото ќе го врати и ќе изгуби се што позајмил.

    ReplyDelete
  84. Член 114.
    Ако некој немал побарување во жито или сребро од друг па сепак поради долг го липи од слободата, за секој случај ќе му плати една третина мина сребро.

    Член 115.
    Ако некој спрема некого има побарување во жито или сребро, па поради долгот го лиши од слобода, ако уапсениот во куќата на апсителот умре од природна смрт, тој случај не повлекува никакво побарување.

    Член 116.
    Ако уапсениот во куќата на апсителот умре од ќотек или од лошо пос-тапување, господарот на уапсениот апсителот ќе го викне на суд; ако умрениот бил син на слободен човек, тогаш ќе биде убиен синот на апсителот, ако бил роб, ќе плати една третина мина сребро и ќе изгуби се што позајмил.

    Член 117.
    Ако некој се задолжи и својата жена, син или ќерка, ги даде за пари или во должничко ропство, три годнни ќе работаат во куќата на купувачот или кај доверителот, во четвртата година ќе бидат пуштени на слобода.

    Член 118.
    Ако во ропска служба даде роб или робинка, и ако доверителот ги даде на друг, за пари ги продаде, не може да бара да му се вратат.

    Член 119.
    Ако некој се задолжи во својата робинка која му родила деца, и за пари ја продаде, парите кои трговецот ги платил, господарот на робинката треба да му ги плати на трговецот за да ја откупи робинката.

    Член 120.
    Ако некој своето жито го сместил на чување во некоја друга куќа, и настапи штета на житото, или сопственикот на куќата отвори житница и го земе житото или тврди дека кај него не е сместено житото, сопственикот на житото пред бога ќе го бара своето жито и сопственикот на куќата ќе го плати два пати повеќе житото што го земал од сопственикот.

    Член 121.
    Ако некој го сместил житото во друга куќа, за една година треба да му плати за еден гур пет ка жито како закупнина за житницата.

    Член 122.
    Ако некој на друг му даде да му чува сребро, злато или било што друго, се што ќе даде треба да покаже пред сведоци, ќе го заклучи својот договор и тогаш ќе го даде на чување.

    Член 123.
    Ако даде на чување без сведоци и договор и таму каде што ги дал одречуваат, за тоа нема правно побарување.

    Член 124.
    Ако некој некому му дал пред сведоци на чување сребро, злато или нешто друго, и овој одречува, ќе го приведат на суд и се што одречува ќе плати два пати повеќе.

    Член 125.
    Ако некој дал нешто од својот имот на чување и таму со обивање или пљачка неговиот имот го снемало заедно со имотот на сопственикот на куќата, сопственикот на куќата кој бил невнимателен, се што му е даденмо на чување и што дозволил да се изгуби, ќе го надомести на сопственикот на имотот. Сопственикот на куќата ќе го бара својот имот и ќе го земе од крадецот.

    Член 126.
    Ако некој чие добро не исчезнало каже: моето добро е изгубено и лажно ја прикажува својата штета и пред бога тужи за сопственост која не му е изгубена, се што барал двојно ќе даде, за својата божемна штета.

    ReplyDelete
  85. Член 127.
    Ако некој направи со прст да се покаже на посветеница или на жена на некој друг, меѓутоа тоа не може да го докаже, тогаш човекот треба да се изнесе пред суд и да му се жигоса челото.

    Член 128.
    Ако некој земе жена, а со неа не направи договор, таа жена не му е сопруга.

    Член 129.
    Ако некоја жена се фати во постела со друг маж, да се врзат и да се фрлат во вода. Ако господарот на жената (сака) може да ја остави жената да живее, и кралот својот роб може да го остави да живее.

    Член 130.
    Ако некој човек врз туѓа жена, која не го познавала човекот и се уште живее во татковата куќа, изврши насилство и кај нејзе спие и притоа биде фатен, тој човек да се убие а жената да си остане слободна.

    Член 131.
    Ако мажот ја обвини својата жена а таа не биде фатена со друг, таа да се заколне во бога и да се врати во својата куќа.

    Член 132.
    Ако на жена на некој човек се покаже со прст поради некој друг човек, а таа не биде фатена како спие со друг, поради својот човек таа ќе скокне во вода (или на божји суд).

    Член 133.
    Ако некој човек е одведен како воен заробеник а има што да се јаде во неговата куќа, и ако жената си отишла од куќата на својот маж, и отишла во некоја друга куќа, затоа што таа жена не го чувала своето тело, и што отишла во друга куќа, треба да се изведе пред суд и да се фрли во вода.

    Член 134.
    Ако некој човек е одведен како воен заробеник и во неговата куќа нема што да се јаде, ако тогаш неговата жена отиде во некоја друга куќа, таа жена не е крива.

    Член 135
    Ако некој човек е одведен како воен заробеник и во неговата куќа нема што да се јаде, ако неговата жена отиде во друга куќа и таму роди дете, и ако после нејзиниот маж се врати и стигне во своето место, таа жена треба да се врати на сопствениот маж а децата припаѓаат на таткото.

    Член 136
    Ако некој го напушти својот роден крај, побегне, а потоа неговата жена отиде во некоја друга куќа, ако тој човек се врати и сака да ја земе својата жена, затоа што му згрешил на својот роден крај и побегнал, жената на бегалецот да не му се врати на својот маж.

    Член 137.
    Ако некој одлучил да ја избрка конкубината која му родила деца или жената која му родила деца, треба да и врати се што донела (шерикту-мираз) и да и даде на плодоуживање поле, двор и друг имот, за да ги изгледа децата. Кога ќе ги изгледа децата од се што добиваат децата ќе и се даде дел кој е еднаков на делот на едно дете и таа ќе може да се омажни за човек што го сака.

    Член 138.
    Кога некој сака да ја избрка жената која не му родила деца, ќе и ја даде нејзината тирхата (подарок на младоженецот на таткото на невестата) и во целост ќе и го врати миразот што го донела од кај својот татко и ќе ја истера.

    Член 139.
    Ако нема тирхата, ќе и даде една мина сребро за отпуштање.

    Член 140.
    Ако е тој мушкену ќе и даде една третина мина сребро.

    Член 141.
    Ако жената на некој човек, која живее во неговата куќа има намера да го напушти, ако предизвикала несогласување, ако ја расипува куќата, го занемарува мажот, ќе се изведе пред суд и ако нејзиннот маж каже дека ја отпушта, ќе ја пушти да си оди по својот пат и нема да и даде цена на отпуштање. Ако нејзиниот маж не сака да ја отпушти и земе друга жена, таа ќе остане во куќата на својот маж како слугинка.

    Член 142.
    Ако жената се кара со својот маж и му рече: „Ти нема веќе да ме имаш", ќе се извиди нејзината тајна поради која трпи неправда, ако е таа без замерка, нејзиннот маж излегува, нејзе ја занемарува, таа жена не е крива, ќе го земе нејзиниот шерикту и ќе оди во куќата на нејзиниот татко.

    ReplyDelete
  86. Член 143.
    Ако таа не е во право, ја упропастува куќата, својот маж го занемарува, таа жена треба да се фрли во вода.

    Член 144.
    Ако некој земе жена и таа жена на својот маж му даде слугинка, и таа му роди деца, ако тој човек мисли да земе конкубина, тоа да не му се дозволи и да не земе конкубина.

    Член 145.
    Ако некој земе жена и таа не му роди деца, и ако тој мисли да земе конкубина, може да ја земе и да ја внесе во својата куќа. Конкубината да не ја изедначува со жената.

    Член 146.
    Ако некој земе жена и ако таа на мажот му даде слугинка која ќе роди деца и тогаш слугинката се натпреварува со господарката, затоа што родила деца господарката веќе не може да ја продаде; ќе и удри жиг и ќе ја брои меѓу робинките .

    Член 147.
    Ако не родила деца, господарката може да ја продаде.

    Член 148.
    Ако некој земе жена и ако таа се разболе и ако тој мисли да земе друга жена, да не ја избрка својата жена која се разболела, туку таа да остане во неговата куќа и додека живее тој да ја издржува.

    Член 149.
    Ако таа жена не сака да остане во куќата на својот маж, ќе и го врати во целина миразот, кој го донела од својот татко и таа ќе си отиде.

    Член 150.
    Ако некој на својата жена и подари поле, двор, куќа и за тоа и даде исправа, после смртта на нејзниот маж, нејзините деца ништо не смеат да и оспоруваат; таа може тоа да го остави после смртта, на еден син на кого што сака, не мора да му даде на некој од другите браќа (нејзините синови).

    Член 151.
    Ако на жената која живее во куќата на некој човек, нејзиниот маж се обврзал дека неговиот доверител не може да ја земе како емец и ако и е дадена исправа за тоа, ако тој човек должел пред да ја земе жената, неговиот доверител да не ја земе неговата жена. Ако жената пред да дојде во куќата на човекот, имала долг, нејзиниот доверител да не го земе нејзиниот човек.

    Член 152.
    Ако после доаѓањето на жената во куќата на човекот, двајцата земат обврска, двајцата треба да ја исплатат на доверителот.

    Член 153.
    Ако жената на некој човек поради друг маж го убие својот маж, да се набие на колец.

    Член 154.
    Ако некој ја спознае својата ќерка, да се протера од местото.

    Член 155.
    Ако некој на својот снн му вери девојка, и ако неговиот син ја спознал, а тој после спиел со нејзе и притоа бил фатен, да се врзе и да се фрли во вода.

    Член 156.
    Ако некој на својот син му вери девојка, и неговиот син се уште не ја спознал, а тој спие со нејзе, да и плати една половина мина сребро и да и врати се што донела од куќата на својот татко, таа може да се омажи за кого сака.

    Член 157.
    Ако некој по смртта на својот татко спие со својата мајка, двајцата да се запалат.

    Член 158.
    Ако некој после (смртта) на својот татко спие со неговата главна жеиа, која родила деца, да се истера од татковата куќа.

    Член 159.
    Ако некој кој донел библа (подароци) во куќата на својот тест, и дал тирхата, фрли поглед на друга жена и на тестот му каже: не сакам да ја земам твојата ќерка, таткото на девојката ќе задржи се што е донесено.

    Член 160.
    Ако некој однел подароци во куќата на својот тест, дал тирхата, и ако таткото на девојката рече: не сакам да ти ја дадам мојата ќерка, двапати повеќе ќе врати се што му е донесено.

    Член 161.
    Ако некој донесол подароци во куќата на својот тест, дал тирхата, а тогаш неговиот пријател го оклевети, и тестот му каже: ти нема да ја земеш мојата ќерка, два пати повеќе ќе врати (тестот) се што му е донесено и неговата (на одбиениот) жена не смее да ја земе неговиот пријател.

    ReplyDelete
  87. Член 162.
    Ако некој земе жена, и таа му роди деца, ако таа жена умре, нејзиниот татко да не бара ништо од нејзиниот мираз, тој припаѓа на нејзините синови.

    Член 163.
    Ако некој земе жена и таа не му роди деца, ако таа жена умре и ако тестот ја врати тирхатата којашто оној ја донел во куќата на својот тест, нејзиниот маж ништо да не бара од миразот; тој припаѓа на куќата на нејзиниот татко.

    Член 164.
    Ако неговиот тест не ја врати тирхатата, тој ќе го одбие износот на тирхатата од миразот и потоа миразот ќе го врати во куќата на таткото на жената.

    Член 165.
    Ако некој на својот син првенец му подари поле, двор и куќа и за тоа му издаде исирава; ако после таткото умре и браќата делат, оној син ќе го задржи подарокот што му го дал таткото, а преку тоа ќе делат еднакви делови.

    Член 166.
    Ако некој за синовите кој ги има, земе жени, а за својот недораснат син не земе жена, и ако таткото потоа умре, кога браќата ќе делат, на својот недораснат брат, кој нема жена, преку деловите ќе му дадат пари за тирхата и ќе му земат жена.

    Член 167.
    Ако некој земе жена и таа роди деца; ако таа жена умре и после мажот земе друга жена и таа му роди деца; кога таткото ќе умре, браќата нема да делат по мајките (на две); ќе го земат миразот на мајката (секоја група миразот на својата мајка), татковиот дел ќе го поделат меѓу себе (на исти делови).

    Член 168.
    Ако некој сака да го истера својот син и на судијата му изјави: ..Сакам да го истерам мојот син", судијата ќе ги разгледа неговите причини: ако синот нема тешки вини, кои се доволни за нсфрлање од синовскиот однос, таткото да не го истера.

    Член 169.
    Ако направил тешка кривица која е доволна за исфрлување од синовскиот однос, првиот пат ќе му биде простено; ако по втор пат стори тешка кривица, таткото може да го исфрли од синовскиот однос (да го лиши од правото на наследство).

    Член 170.
    Ако на некого неговата жена му родила деца и неговата робинка му родила деца, и таткото додека бил жив за децата на робинката рекол: ,,Мои деца" и ако ги вброил во децата на својата жена, кога ќе умре таткото, децата на жената и децата на робинката ќе го поделат татковиот имот.

    Член 171.
    Но, ако таткото за време на својот живот на децата кои ги родила робинката не им рекол: ,,Мои деца", кога ќе умре таткото, децата на робинката нема да делат со децата на жената, но робинката и нејзините деца ќе бидат слободни; децата на жената не можат да бараат децата на робинката да им бидат робови; жената ќе си го земе својот шерикту и својот нудуну (ну-ду-на-ам е подарок којшто мажот и го давал на жената за време на бракот, а се состоел од ораници, овоштарник, куќа или пари), кој мажот и го препишал и таа ќе остане во куќата на својот маж; додека живее ќе ги користи, за пари не може да ги продаде; по нејзе и припаѓаат на нејзините деца.

    Член 172.
    Ако нејзиниот маж не и дал нудуну, ќе и се врати во целост нејзиниот мираз и од имотот на нејзиниот маж ќе земе како дел на едно дете. Ако синовите ја принудуваат да си оди од куќата, судијата ќе ги разгледа нивните причини и ако вината е во синовите жената нема да ја напушти куќата.

    ReplyDelete
  88. Член 173.
    Ако жената сака да си оди, ќе им го остави на децата подарокот кој и го дал мажот, ќе го земе миразот кој го донела од куќата на својот татко и ќе се омажи за кого сака.

    Член 174.
    Ако на другиот маж не му роди дете, нејзиниот мираз ќе го добијат децата од првиот брак.

    Член 175.
    Ако дворски роб или роб на еден мушкену се ожени со ќерка на слободен човек и има деца, господарот на робот не може да бара ропство на децата од ќерката на слободнпот човек.

    Член 176.
    Ако дворски роб или роб на еден мушкену се ожени со ќерка на слободен човек и ако таа отпде во куќата на дворскиот роб или робот на мушкену носејќи со себе мираз од куќата на својот татко, и ако откако се заедно се закуќат и стекнат имот и потоа робот умре, ќерката на слободниот човек ќе го земе својот мираз а се што таа и нејзиниот маж стекнале откако се заедно ќе го подели на два дела: едната половина ќе ја земе господарот на робот, а другата половина ќе ја земе ќерката на слободниот човек за своите деца. Ако ќерката на слободниот човек немала мираз, тогаш ќе се подели на два дела тоа што таа и нејзиниот маж го стекнале откако биле заедно; едната половина ќе ја земе господарот на робот а другата ќерката на слободниот човек за своите деца.

    Член 177.
    Ако вдовицата чии деца се уште не се израснати има намера да оди во друга куќа (да се премажи), да не влезе без знаење на судијата. Кога ќе влезе во другата куќа судијата ќе испита што останува од куќата на првиот маж. Тогаш куќата на нејзиниот поранешен маж ќе му се довери на подоцнежниот и на таа жена ќе и се издаде исправа. Тие куќата ќе ја одржуваат и ќе ги гледаат децата и нншто од тоа нема да продадат. Купувачот кој ќе го купи имотот на децата на вдовицата, ќе ги изгуби парите и доброто ќе се врати на својот господар.

    Член 178.
    Ако на посветеница или на јавна девојка, нејзиниот татко и даде мираз и за тоа и даде исправа, но во исправата не е означено дека она што ќе остане после нејзе може да го даде на кого сака и не и оставил да работи по своја волја; кога таткото ќе умре, нејзиното поле и двор ќе го добијат нејзините браќа, а според вредноста на најзиниот дел ќе и дадат жито, зејтин, волна и ќе ја задоволат; ако браќата според вредноста на нејзиниот дел не и дадат жито, зејтин, волна и не ја задоволат таа полето и дворот ќе ги даде да се обработуваат на тој што сака и тој ќе ја издржува. Полето, дворот и се што и дал татко и ќе го ужива се додека е жива, но не може да го продаде или на некој друг да го отстапи: нејзиниот детски дел им припаѓа на браќата.

    Член 179.
    Ако посветеница или јавна девојка, на која татко и и дал мираз и и дал исправа и во неа означил дека својата оставина може да ја остави на кого сака и ако и оставил да работи по своја волја, кога таткото потоа ќе умре, таа својата оставина може да ја остави на кого сака, нејзините браќа ништо да не и испоруваат.

    Член 180.
    Ако таткото на својата ќерка посветеница или на јавна девојка не и даде мираз, и умре, од татковиот дел ќе го добие детскиот дел и ќе го користи додека е жива. Нејзината оставина им припаѓа на нејзините браќа.

    Член 181.
    Ако таткото му посвети на бога храмовна јавна девојка или храмовна служителка и не и даде мираз, кога таткото ќе умре, таа од татковиот имот ќе земе една третина од детскиот дел и ќе го користи додека е жива. Нејзината оставина им припаѓа на браќата.

    Член 182.
    Ако таткото на својата ќерка, жена на Мардук во Вавилон не и даде мираз и не и издаде исправа, кога таткото потоа ќе умре, од татковиот имот ќе добие од своите браќа една третина од својот детски дел, но нема да има терети. Мардуковата жена својата оставнна може да ја даде на кого сака.

    ReplyDelete
  89. Член 183.
    Ако некој на својата ќерка од конкубината и даде мнраз и ја омажи и за тоа и даде исправа, кога таткото потоа ќе умре, таа нема да има дел од татковата оставина.

    Член 184.
    Ако таткото на својата ќерка од конкубината не и даде мираз и не ја омажи, кога таткото ќе умре нејзините браќа ќе и дадат мираз спрема татковиот имот и ќе ја омажат.

    Член 185.
    Ако некој земе едно дете за син на свое име и го одгледа, не може да се бара враќање на тоа посвоено дете.

    Член 186.
    Ако некој земе едно дете како син и ако кога го земал детето сакало кај мајката и таткото, тоа посвоено дете ќе се врати во куќата на таткото.

    Член 187.
    Синот на фаворитот (управник на дворот) во дворска служба или на јавна девојка не може да се бара да се врати.

    Член 188.
    Ако занаетчија земе дете да го изгледа и го научи на неговиот занает, не може да се бара враќање на детето.

    Член 189.
    Ако не го научил на својот занает, одгледаното дете може да се врати во куќата на таткото.

    Член 190.
    Ако некој едно дете што го земал како син и го одгледал, не го гледа како свое дете, тоа дете може да се врати во куќата на таткото.

    Член 191.
    Ако некој кој земал едно дете како син и го одгледал, создаде семејство и потоа нма деца и сака да го истера одгледаниот син, тој син не треба да си оди со празни раце. Одгледувачот ќе му даде една третина од детскиот дел и тогаш ќе си отиде. Од полето, дворот и куќата нема ништо да му даде.

    Член 192.
    Ако синот на фаворитот или на јавна девојка на хранителот или на хранителката им каже: „Ти не си мој татко или моја мајка" да му се отсече јазикот.

    Член 193.
    Ако синот на фаворитот или на јавна девојка сака да се врати во куќата на својот татко, се откаже од својот хранител или хранителка и отиде во куќата на својот татко, да му се извади око.

    Член 194.
    Ако некој го даде своето дете на доилка и детето умре на нејзините раце, ако доилката без знаење на таткото и мајката дои друго дете, да се изнесе пред суд, и затоа што без знаење на таткото и мајката доела друго дете, да и се отсечат градите.

    Член 195.
    Ако синот го тепа својот татко, да му се отсечат рацете.

    Член 196.
    Ако некој на некого му уништи око, да му се уништи неговото око.

    Член 197.
    Ако некој на некого му скрши коска, да му се скрши коска.

    Член 198.
    Ако му уништи око на еден мушкену или му скрши коска на еден мушкену, да плати една мина сребро.

    Член 199.
    Ако некој му уништи око на роб на друг човек или му скрши коска на роб на друг човек, да плати со пола своја цена.

    Член 200.
    Ако некој му ги искрши забите на некој рамен на себе, да се искршат и неговите заби.

    ReplyDelete
  90. Член 201.
    Ако му ги скршил забите на еден мушкену да плати една третина мина сребро.

    Член 202.
    Ако некој удри по образ друг човек од повисок ранг, да му се удрат шеесет удари со камшик од говедски жили.

    Член 203.
    Ако слободен човек удри по образ слободен човек, да плати мина сребро.

    Член 204.
    Ако удри по образ еден мушкену, да плати десет шекела.

    Член 205.
    Ако робот на слободен човек удри по образ слободен човек, да му се исече уво.

    Член 206.
    Ако некој човек во караница удри друг и му нанесе повреда тој човек треба да се заколне ,,тоа не го направив намерно" и да му плати на лекарот.

    Член 207.
    Ако умре од неговиот удар, исто така да се заколне, и ако бил син на слободен човек, ќе плати пола мина сребро.

    Член 208.
    Ако бил син на мушкену, ќе плати една третина мина.

    Член 209.
    Ако некој ја удрил ќерката на слободен човек, така што таа го изгубила плодот, да плати десет шекела пари за нејзиниот плод.

    Член 210.
    Ако таа жена умре, да се убие неговата ќерка.

    Член 211.
    Ако ќерката на мушкену после ударот го изгубила својот плод, да плати пет шекела сребро.

    Член 212.
    Ако таа жена умре, да плати пола мина сребро.

    Член 213.
    Ако некој ја удри робинката на слободен човек и таа го изгуби својот плод, да плати два шекела сребро.

    Член 214.
    Ако робинката умре, да плати една третина мина.

    Член 215.
    Ако лекарот со бронзен (операционен) нож му нанесе тешка рана на некој човек и го излечи човекот, или ако со бронзениот нож отвори око и излечи око, да добие десет шекела сребро.

    Член 216.
    Ако бил мушкену да добие пет шекела.

    Член 217.
    Ако бил нечиј роб, сопственикот на робот да му плати на лекарот два шекела.

    Член 218.
    Ако лекарот со бронзен нож на некого му нанесе тешка рана и го убие, или на некого му отвори око и му го уништи окото, да му се исечат рацеге.

    Член 219.
    Ако лекарот на робот на еден мушкену му нанесе тешка рана и го убие, да му надомести роб за роб.

    Член 220.
    Ако со бронзен нож му отвори око и му го унншти, да плати пола од неговата вредност.

    Член 221.
    Ако лекарот на некого му ја излечи скршената коска или излечи слаби меки делови, болниот на лекарот треба да му даде пет шекела сребро.

    Член 222.
    Ако бил мушкену да му даде три шекела.

    Член 223.
    Ако бил роб, сопственикот на робот ќе му даде два шекела.

    Член 224.
    Ако лекарот на говедото или магарето му нанесе тешка рана и животното го излечи, сопственикот како награда ќе му даде една шестина од шекел.

    ReplyDelete
  91. Член 225.
    Ако на говедото му нанесе тешка рана и го убие, ќе му даде на сопственикот една четвртнна од вредноста.

    Член 226.
    Ако хирургот без знаење на господарот на робот го обележи со робски знак како неоттуѓив роб, на тој хирург да му отсечат рацете.

    Член 227.
    Ако некој го излаже хирургот и овој му втисне знак за неотуѓив роб, тој човек да се убие и закопа во својата куќа, а хирургот ќе се заколне: ,.не го жигосав со знаење" и ќе биде слободен.

    Член 228.
    Ако градителот за друг направи куќа и ја доврши, да му се даде како подарок два шекела сребро за сар површина.

    Член 229.
    Ако градителот за друг направи куќа и не ја направи цврсто, куќата која ја изградил се сруши и го убие сопственикот, да се убие градителот.

    Член 230.
    Ако биде убиен синот на сопственикот, да се убие синот на градителот.

    Член 231.
    Ако е убиен робот на сопственикот на куќата, да му се даде на сопственикот на куќата роб за роб.

    Член 232.
    Ако е уништен подвижен имот, ќе надомести се што е уништено и затоа што куќата не ја подигнал цврсто, што се срушила, ќе ја поправи срушената куќа со сопствен имот.

    Член 233.
    Ако градителот за друг направи куќа и не ја направи добро, ако ѕидот падне, градителот тој ѕид ќе го подигне со свои пари.

    Член 234.
    Ако бродоградителот за некого направи брод од шест гура, да му даде (оној за кого е направен бродот) како подарок два шекела сребро.

    Член 235.
    Ако бродоградителот за некого направи брод и не го направи цврст и ако истата година бродот се употреби и се оштети, бродоградителот бродот ќе го измени и поправи на свој трошок и ќе го врати поправен на сопственикот.

    Член 236.
    Ако некој го дал бродот под кирија на бродар и бродарот не бил внимателен, и ако бродот се потопи или ако го изгуби, бродарот на господарот на бродот како надомест треба да му даде брод.

    Член 237.
    Ако некој го земе во наем бродарот н бродот и го натовари со жито, волна, масло, урми, и друга роба, подобна за товар, ако бродарот не е внимателен, го потопи бродот и се што било во него, бродарот ќе го надомести бродот и се што било во него.

    Член 238.
    Ако бродарот потопи нечиј брод, но ако го спаси, ќе плати во пари пола од неговата вредност.

    Член 239.
    Ако некој го најмил бродарот треба да му даде за една година шест гура жито.

    Член 240.
    Ако бродот кој плови низ вода удри во брод кој плови од спротивната насока и го потопи, господарот на потопениот брод пред бога ќе бара се што изгубил на бродот н овој (господар) на бродот, кој го потопил другиот брод ќе му надомести брод на господарот на бродот и се што му пропаднало.

    Член 241.
    Ако некој земе туѓо говедо на принудна работа ќе плати една третина мина сребро.

    ReplyDelete
  92. Член 242.
    Ако некој земе (говедо) под кирија за една годнна, да му даде на сопственикот, на орачкиот вол, кирија четири гура жито

    Член 243.
    Кирија за вол од стадо три гура жито.

    Член 244.
    Ако некој земе под кирија говедо или магаре и во полето лав го убие за неговиот сопственик (убиен е).

    Член 245.
    Ако некој земе под кирија вол и го убие со лошо постапување или со удари, на сопственикот треба да му надомести вол за вол.

    Член 246.
    Ако некој земе под кирија вол и му ја скрши ногата, му го повреди вратот, на сопственикот, волот ќе го надомести со вол.

    Член 247.
    Ако некој земе под кирија вол и му го извади окото, на господарот на волот ќе му даде половина од вредноста на вол.

    Член 248.
    Ако некој земе под кирија вол и му скрши еден рог, му го исече опашот или му ја повреди муцката да му даде во пари една четвртина од неговата вредност.

    Член 249.
    Ако некој земе под кирија вол и бог (случај) го удри, тој умре, кој го земал под кирија ќе се заколне пред бога и ќе биде слободен.

    Член 250.
    Ако волот подивел и во своето трчање повреди некого и го убие, за тоа нема побарување.

    Член 251.
    Ако нечиј вол сака да боде и ако тоа (на сопственикот) му е познато и неговите рогови не ги потсекол ниту го спречил својот вол, ако волот го удри синот на слободен човек и го убие, ќе плати пола мина сребро.

    Член 252.
    Ако убие нечиј роб, ќе плати една третина мина сребро.

    Член 253.
    Ако некој друг најми на свое поле, му го продаде семето, му довери запрежна стока, и го обврзе да му го обработи полето, ако тој краде жито или сточна храна и кај него се најде, да му се исечат рацете.

    Член 254.
    Ако го присвоил семето, и ги заморил воловите, ќе го врати количеството жито коешто го примил, двојно.

    Член 255.
    Ако ги дал говедата под кирија кај друг, семето го украл, во полето ништо не раѓа, тој човек ќе се изведе пред суд и за жетвата ќе даде шест гура жито за секој шест гана.

    Член 256.
    Ако својата обврска не може да ја плати, да се остави на она поле кај стоката.

    Член 257.
    Ако некој најми земјоделски работник, за една годнна да му плати осум гура жито.

    ReplyDelete
  93. Член 258.
    Ако некој најми говедар, годишно да му плати шест гура жито.

    Член 259.
    Ако некој на поле го украде тркалото за наводнување, ќе му плати на господарот пет шекела сребро.

    Член 260.
    Ако украде шадуф или плуг, ќе плати три шекела сребро.

    Член 261.
    Ако некој најми овчар да му ги пасе говедата и овците, за една година ќе му плати осум гура жито.

    Член 262.
    Ако некој... говедо или овца...

    Член 263.
    Ако упропасти говедо или овца кои му се дадени, ќе му надомести на сопственикот говедо за говедо, овца за овца.

    Член 264.
    Ако овчарот, на кој му се дадени говедата и овците да ги пасе ја примил договорената награда и е задоволен, но ги намалил говедата и овците (стадото) ја намалил приновата, според договорот ќе даде принова и принос.

    Член 265.
    Ако овчарот на кого му се дадени говедата и овците да ги пасе, лажно ја претстави состојбата со приновата и за пари ги продаде, ќе се изведе пред суд и десет пати повеќе ќе му надомести на сопственикот за украдените говеда и овци.

    Член 266.
    Ако во шталата се случи удар од бога (случај) или ако лавот удави, овчарот ќе се оправда пред бога и сопственикот на шталата ќе си ја сноси штетата.

    Член 267.
    Ако овчарот е невннмателен, и ако направил отвор на шталата, овчарот ќе ја поправи штетата и ќе му надомести на господарот говеда

    Член 268.
    Ако некој за вршење земе под кирија вол, наградата му е дваесет ка жито.

    Член 269.
    Ако некој за вршење земе под кирија магаре, наградата е десет ка жито.

    Член 270.
    Ако некој за вршење земе под кирија магаре или јуне, наградата е десет ка жито.

    Член 271.
    Ако некој изнајми волови, кола и терач, ќе даде за еден ден 180 ка жито.

    Член 272.
    Ако некој ја земе под кирија само колата, ќе даде 40 ка жито.

    Член 273.
    Ако некој најми надничар, ќе му даде од нова година до петтиот месец шест ше (дел од шекелот, тежок 0,0467 грама) сребро за ден и од шестиот месец до крајот на годината ќе му даде пет ше на ден.

    Член 274.
    Ако некој најми занаетчија, ќе му даде награда... 5 ше сребро, за награда на лончарот 5 ше, за кројачот пет ше, за каменорезачот? ше. за ковачот? ше, за јувелирот? ше, за дрводелецот 4 ше, јажарот? ше, ѕидар-от? ше за еден ден.

    Член 275.
    Ако некој земе едрилица под кирија за еден ден ќе плати три ше.

    Член 276.
    Ако е брод со весла, за еден ден ќе плати два и пол ше на ден.

    Член 277.
    Ако некој земе под кирија брод од 60 гура, за еден ден ќе даде една шестина шекел.

    Член 278.
    Ако некој купи роб или робинка и пред да помине еден месец се разболат, ќе му ги врати на продавачот и купувачот ќе ги добпе назад парите што ги дал.

    Член 279.
    Ако некој купи роб или робинка, и настане побарување (од трета страна) да се вратат, за побарувањето одговара продавачот.

    Член 280.
    Ако некој во туѓа земја купи роб или робинка на некој друг (домородец), кога ќе дојде во земјата и сопственикот ги познае робот или робинката, ако се тие домородци, ќе му ги вратат на господарот без пари.

    Член 281.
    Ако се родени во друга земја, купувачот ќе се заколне пред бога дека ги платил и сопственикот за нив ќе му плати на трговецот и ќе ги добие робот и робинката.

    Член 282.
    Ако робот му каже на господарот: „ти не си мојот господар" и ако тој (господарот) на суд докаже дека е робот негов, господарот да му го исече увото.

    ReplyDelete
  94. ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ


    Со оваа декларација Француското национално собрание задоволи многу од жалбите на Францускиот народ во врска со владеењето на монархијата и ги востанови идеите на Француската револуција. Оваа декларација останува еден од најважните документи во Западната политичка историја.

    Декларација на правата на човекот и граѓанинот

    1789


    Претставниците на Францускиот народ организирани во Националното Собрание, верувајќи дека игнорирањето, занемарувањето, или задршката на правата на човекот е единствената причина за јавните раздори и за корупцијата на власта, одлучи да одреди официјална декларација на природните, неоттуѓиви, и свети права на човекот, со намера оваа декларација да биде трајна за сите членови на социјалното тело, таа ќе ги потсетува постојано на нивните права и обврски; со намера актите на законодавната власт, како и оние на извршната власт да можат во секој момент да се споредат со објектите и целите на сите политички институции и со тоа истите да бидат повеќе почитувани; и на крај, со намера граѓаните со постапки базирани врз едноставни и неоспорни принципи во иднина да настојуваат на одржување на уставот поради колективната среќа. Поради тоа Националното Собрание во присуство и под покровителство на Врховното Битие ги признава и прокламира следните права на човекот и граѓанинот:

    1. Луѓето се родени еднакви во правата. Социјални разлики можат да се формираат само за општо добро на сите.

    2. Целта на сите политички здруженија е зачувувањето на природните и вдлабените права на човекот. Овие права се слобода, сопственост, сигурност, и отпор кон угнетување.

    3. Принципот на целосен суверенитет се наоѓа во основите на нацијата. Никое тело, ниту пак индивидуа не може да се стекне со било каков авторитет кој не потекнува директно од нацијата.

    4. Слободата се состои во слобода за чинење на сите дејствија кои не повредуваат никого; значи примената на природните права на секој човек нема граници освен оние граници кои ги заштитуваат останатите членови на општеството во практицирање на истите права. Овие ограничувања можат да се одредат единствено со закон.

    5. Само законот може да забрани такви дејствија кои му се штетни на општеството. Ниедно дејствие не може да биде спречено доколку тоа не е забрането со закон, и никој не смее да биде присилен да направи нешто доколку тоа не е предвидено со закон.

    6. Правото е израз на општата волја. Секој граѓанин има право во неговото формирање да учествува лично или преку негов преставник. Правото мора да биде исто за сите, без разлика дали тоа нешто штити или забранува. Сите граѓани, со тоа што се еднакви во очите на правото, се еднакво погодни за сите почести и за сите јавни позиции и занимања во согласност со нивните способности, без други делења освен она на нивните предности и таленти.

    ReplyDelete
  95. 7. Никој не може да биде обвинет, уапсен или затворен освен во случаите и во согласност со формите запишани во правото.

    8. Законот ќе обезбеди такви казни доколку тие се строго и очигледно неопходни и никој нема да страда од казна освен кога против дејствието кое го направил се предвидува со закон таква казна.

    9. Сите личности се сметаат за невини се додека не се прогласат за виновни; ќе се апсат само ако тоа е неопходно; сите суровости кои не се потребни за обезбедување на притворената личност ќе бидат строго забранети со законот.

    10. Никој нема да биде прогонет поради неговото мислење, вклучувајќи го тука и религиозното мислење (религиозната припадност), но манифестирањето на религиозната припадност да не го вознемирува јавниот ред воспоставен со правото.

    11. Слободниот проток на идеи и мислења е едно од најскапоцените права на човекот. Според тоа, секој човек може да зборува, пишува и објавува слободно но ќе биде одговорен за такви злоупотреби на слободата какви што ќе бидат предвидени со законот.

    12. Сигурноста на правата на човекот и на граѓанинот бара јавни воени сили. Овие сили, следствено на предходно наведеното се воспоставуваат за доброто на сите а не за лични предности на оние на кои ќе им бидат доверени.

    13. Јавен придонес, во форма на давачки, е основано потребен за одржување на јавните сили и за трошоците на администрацијата. Овие давачки ќе се распределат правично меѓу сите граѓани пропорционално со нивните средства.

    14. Сите граѓани, индивидуално или преку нивните претставници имаат право да одлучат за потребата од јавните давачки, да ги плаќаат нивните давачки слободно, да знаат како се употребуваат нивните средства, да ги менуваат пропорциите, начинот на оданочување и начинот на собирањето и траењето на даноците.

    15. Општеството има право да бара за секој јавен застапник отчет за својата управа.

    16. Општеството во кое надзорот на правата не е осигуран, ниту пак поделбата на моќта е дефинирана, воопшто нема устав.

    17. Заради тоа што сопственоста е неповредливо и свето право, никој нема да биде лишен од него освен за јавни потреби, кога законот одредува и јасно го бара тоа, и тогаш само под услов сопственикот да биде претходно праведно обесштетен.

    ReplyDelete
  96. КОНВЕНЦИЈА НА ООН ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ


    Оваа Конвенција е изградена врз основа на принципите на Универзалната декларација за правата на човекот на ООН. Спецификацијата на категории, како што се правата на жената и правата на детето, се врши со цел да се потенцира важноста на одделните права и да се поттикне нивното почитување од страна на државите.
    Тексот кој следи содржи заложби, на државите кои ја прифаќаат конвенцијата, за спроведување на правила за почитување на правата на жената.

    Конвенција на ООН за елиминирање на сите форми на дискриминација на жените


    Државите членки на оваа конвенција,

    Констатирајќи дека Повелбата на Обединетите нации повторно ја прогласува верата во основните права на човекот, достоинството и вредноста на човековата личност и во рамноправноста на мажите и жените,

    Констатирајќи дека Општата декларација за правата на човекот го потврдува начелото на недопустливост на дискриминацијата и прогласува дека сите луѓе се родени слободни и еднакви во достоинството и правата и дека секому му припаѓаат сите права и слободи што се таму наведени, без какви и да било разлики, вклучувајќи ја и разликата во поглед на полот,

    Констатирајќи дека државите потписнички на Меѓународниот пакт за правата на човекот имаат обврска да обезбедат рамноправност на мажите и жените во поглед на сите економски, општествени, културни, граѓански и политички права,

    Имајќи ги предвид меѓународните конвенции склучени под покровителство на Обединетите нации и на специјализираните агенции, што се однесуваат на рамноправноста на мажите и жените.

    Имајќи ги, исто така, предвид резолуциите, декларациите и препораките што ги усвоија Обединетите нации и специјализираните агенции, што се однесуваат на рамноправноста на мажите и жените,

    Загрижени, меѓутоа, поради фактот што и покрај сите овие инструменти и понатаму постои широка дискриминација на жените,

    Потсетувајќи дека со дискриминацијата на жените се кршат начелата на рамноправност и почитување на човековото достоинство, дека тоа претставува пречка за рамноправното учество на жените во политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот на нивните земји, го сопира натамошниот напредок на општеството и на семејството и го отежнува целосниот развој на способноста на жените да учествуваат во служба на своите земји и на човештвото,

    Загрижени поради фактот што, во услови на сиромаштво, на жените им се најмалку достапни храната, здравствената заштита, образованието, обуката и вработувањето и задоволувањето на другите потреби,

    Уверени дека воспоставувањето на нов меѓународен економски поредок, заснован врз рамноправност и праведливост, значително ќе придонесе за остварување на рамноправноста на мажите и жените,

    ReplyDelete
  97. Нагласувајќи дека ликвидацијата на апартхејдот, на сите форми расизам, расна дискриминација, колонијализам, неоколонијализам, агресија, странска окупација, доминација и мешање во внатрешните работи на други држави е од суштествена важност за потполното остварување на правата на мажите и жените,

    Потврдувајќи дека јакнењето на меѓународниот мир и безбедност, попуштањето на меѓународната затегнатост, меѓусебната соработка на сите држави без оглед на нивниот општествен и економски систем, општото и целосно разоружување, посебно нуклеарното разоружување под строга и ефикасна меѓународна контрола, афирмацијата на принципите на справедливост, рамноправност и заемна корист во односите помеѓу земјите, остварувањето на правото на народите под странска и колонијална доминација и странска окупација на самоопределување и независност, како и почитувањето на националниот суверенитет и територијалниот интегритет, ќе придонесат за општествениот напредок и за развојот, а со тоа и за остварувањето на целосна рамноправност на мажите и жените,

    Уверени дека целосниот и сестран развој на земјите, благосостојбата на светот и делото на мирот бараат најголемо учество на жените, рамноправно со мажите, во сите сфери на животот,

    Имајќи го предвид големиот придонес на жените за благосостојба на семејството и за развојот на општеството, што досега во потполност не е признато, општественото значење на мајчинството и улогата на обата родители во семејството и во подигањето на децата и свесни дека улогата на жената во раѓањето не треба да биде основа за дискриминација туку дека подигањето на децата треба да се смета како заедничка одговорност на мажите и жените и на општеството во целост,

    Свесни дека е потребно да се промени традиционалната улога на мажот, како и улогата на жената во општеството, за да се оствари целосна рамноправност на мажите и жените,

    Решени да ги применат принципите содржани во Декларацијата за елиминирање на дискриминацијата на жените, како и за таа цел да ги усвојат мерките потребни за отстранувањето на таа дискриминација во сите нејзини видови и манифестации,

    Се согласија за следното:


    Прв дел

    Член 1.
    За целите на оваа конвенција, изразот “дискриминација на жените” ја означува секоја разлика, исклучување или ограничување во поглед на полот, што има за последица или цел да го загрози или оневозможи признавањето, остварувањето или вршењето од страна на жените на човековите права и основните слободи на политичко, економско, општествено, културно и граѓанско или друго поле, без оглед на нивната брачна состојба, врз основа на рамноправност на мажите и жените.

    Член 2.
    Државите членки ја осудуваат дискриминацијата на жените во сите видови, согласни се да ја спроведуваат, со сите соодветни средства што им стојат на располагање и без одлагање, политиката на отстранување на дискриминација на жените и за таа цел се обврзуваат:

    Член 2-а).
    Да го внесат принципот на рамноправност на мажите и жените во своите национални устави или во соодветните закони, доколку тоа веќе не го сториле, како и да обезбедат, со законски или со други соодветни мерки, практична примена на тој принцип;

    Член 2-б).
    Да усвојат соодветни законски и други мерки, вклучувајќи и санкции каде што е потребно, со кои се забрануваат сите видови дискриминација на жените;

    Член 2-в).
    Да воведат правна заштита на правата на жените врз рамноправна основа со мажите и, преку надлежните национални судови и други јавни институции, да обезбедат ефикасна заштита на жените од секоја постапка со која се врши дискриминација;

    Член 2-г).
    Да се воздржат од секоја постапка или практика на дискриминација на жените и да обезбедат јавните органи и институции да постапуваат во согласност со оваа обврска;

    ReplyDelete
  98. Член 2-д).
    Да ги преземат сите потребни мерки заради отстранување на дискриминација на жените од страна на кое било лице, организација или претпријатие;

    Член 2-ѓ).
    Да ги преземат сите погодни мерки, вклучувајќи ги и законодавните, заради измена или укинување на постојните закони, прописи, обичаи и практика, што претставуваат дискриминација на жените;

    Член 2-е).
    Да ги стават надвор од сила сите внатрешни казнени одредби со кои се врши дискриминација на жените.

    Член 3.
    Државите членки ги преземаат во сите области, посебно во политичката, општествената, економската и културната, сите погодни мерки, вклучувајќи ги законодавните, заради обезбедување целосен развој и напредок на жените, за да им се гарантира остварување и уживање на правата на човекот и на основните слободи, рамноправно со мажите.

    Член 4-1.
    Усвојувањето на посебни привремени мерки од страна на државите членки, што имаат за цел да се забрза остварувањето на рамноправноста на мажите и жените де факто, не се смета за дискриминација како што е дефинирано во оваа конвенција, но не смее на кој и да било начин да има за последица нееднакви или различни мерила, а овие мерки ќе престанат да важат кога ќе се оствари целта на сите да им се дадат еднакви можности и третман.

    Член 4-2.
    Усвојувањето на посебни мерки од страна на државите членки, вклучувајќи ги и мерките содржани во оваа конвенција што имаат за цел да се заштити мајчинството, не се смета за дискриминација.

    Член 5.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки:

    Член 5-а)
    Заради измена на општествените и културните обичаи во поглед на однесувањето на мажите и жените за да се отстранат предрасудите, како и вообичаената и секоја друга практика заснована врз сфаќањето за инфериорноста или супериорноста на едниот или другиот пол или за традиционалната улога на мажите односно на жените;

    Член 5-б)
    Семејното воспитување да го опфати и правилното сфаќање за мајчинството како општествена функција и признавањето на заедничката одговорност на мажите и жените во подигањето и развојот на децата, подразбирајќи во сите случаи да мора, пред се да се води сметка за интересите на детето.

    Член 6.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки, вклучувајќи ги и законодавните, заради спречување на сите форми на трговија со жените, како и искористувањето на проституцијата на жените.


    Втор Дел

    Член 7.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки за отстранување на дискриминацијата на жените во политичкиот и јавниот живот на земјата, а посебно се должни да го обезбедат, под еднакви услови како и на мажите, правото на жените:

    Член 7-а).
    Да гласаат на сите избори и јавни референдуми и да бидат избирани во сите тела што се избираат по пат на јавни избори;

    Член 7-б).
    Да учествуваат во креирањето и спроведувањето на владината политика и да заземаат раководни положби и да ги вршат сите јавни функции на сите нивоа на власт;

    Член 7-в).
    Да учествуваат во работата на невладините организации и здруженија што се занимаваат со јавниот и политичкиот живот во земјата.

    Член 8.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки за да им обезбедат на жените можност, под еднакви услови со мажите, без дискриминација, да ги претставуваат своите влади на меѓународно ниво, како и да учествуваат во работата на меѓународните организации.

    ReplyDelete
  99. Член 9-1.
    Државите членки им признаваат на жените еднакви права како и на мажите, да го стекнат, да го променат или да го задржат своето државјанство. Тие посебно се грижат склучувањето на брак со странски државјанин или промената на државјанство на мажот за време на траењето на бракот автоматски да нема за последица промена на државјанството на жената, ниту таа да стане лице без државјанство односно да биде присилена да го земе државјанството на мажот.

    Член 9-2.
    Државите членки им обезбедуваат на жените еднакви права како и на мажите, во поглед на државјанството на децата.


    Трет дел

    Член 10.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки заради отстранување на дискриминацијата на жените за да им обезбедат еднакви права како и на мажите, во поглед на образованието, а посебно за да обезбедат врз основа на рамноправност на мажите и жените:

    Член 10-а).
    Еднакви услови во поглед на кариерата и професионално насочување, во поглед на можноста за учење и стекнување на дипломи во образовните установи од сите категории како во селските така и во градските средини, оваа рамноправност се обезбедува во поглед на предучилишното, општото, техничкото и стручното образование, како и на вишото техничко образование и на сите видови професионално насочување;

    Член 10-б).
    Достапност на еднакви наставни програми, еднакви испити и наставен персонал кој има квалификации од исто ниво, како на училишни простории и опрема од ист квалитет;

    Член 10-в).
    Отстранување на традиционалното сфаќање за улогите на мажите и жените на сите степени и во сите форми на образование со поттикнување создавањето на мешовити одделенија и други видови образование што можат да придонесат за постигањето на таа цел, посебно со ревизија на учебниците и на училишните програми и со приспособување на наставните методи;

    Член 10-г).
    Еднаква можност за користење на стипендиите и на другите видови бесповратна помош за студии;

    Член 10-д).
    Еднаква можност за пристап кон програмите на перманентно образование, вклучувајќи ги програмите за образование на возрасните и функционалните програми за описменување, посебно оние што имаат за цел во што е можно пократко време да се намали јазот во степенот на образованието помеѓу мажите и жените;

    Член 10-ѓ).
    Намалување на стапката на напуштање на училиштето од страна на женската младина и организација на програми за девојките и жените кои прерано го напуштиле училиштето;

    Член 10-е).
    Еднакви можности за активно занимање со спорот и физичко воспитување;

    Член 10-ж).
    Достапност на посебните информации од областа на образованието, заради давање помош во обезбедувањето на здравјето и благосостојбата на семејството, вклучувајќи ги информациите и советите за планирањето на семејството.

    Член 11-1.
    Државите членки ги преземаат сите погодни мерки заради елиминирање на дискриминација на жените во областа на вработувањето за да може, врз основа на рамноправнсота на мажите и жените, да се обезбедат еднакви права, а посебно:

    Член 11-1-а).
    Правото на работа како неотуѓиво право на сите луѓе;

    ReplyDelete
  100. Член 11-1-б).
    Правото на еднакви можности за вработување, вклучувајќи ја и примената на еднакви критериуми при изборот на кандидати за работното место;

    Член 11-1-в).
    Правото на слободен избор на професијата и вработувањето, правото на унапредување, сигурност на вработувањето и сите права и услови што произлегуваат од работа, како и правото на стручно оспособување и преквалификација, вклучувајќи го учењето во стопанството, вишото стручното оспособување и повременото додатно оспособување;

    Член 11-1-г).
    Правото на еднаква награда, вклучувајќи ги бенефициите, како и на еднаков третман за еднаква работа и еднаков третман при оценувањето на квалитетот на работата;

    Член 11-1-д).
    Правото на социјална заштита, посебно во случај на заминување во пензија, невработеност, болест, инвалидност, старост и други видови неспособност за работа, како и правото на платено отсуство;

    Член 11-1-ѓ).
    Правото на здравствена заштита и заштита при работа, вклучувајќи ја и заштитата на биолошките и репродуктивните функции на жената.

    Член 11-2.
    Заради спречување на дискриминацијата на жените поради стапување во брак или мајчинство и заради обезбедување на нивното стварно право на работа, државите членки перземаат соодветни мерки заради:

    Член 11-2-а).
    Забрана, под закана од преземање на санкции, на давањето отказ поради бременост или породилно отсуство и дискриминацијата при отпуштањето од работа поради брачна состојба;

    Член 11-2-б).
    Воведување платено породилно отсуство или слични социјални бенефиции, без губење на правото на поранешното работно место, примањата по основа на стаж и социјалните примања;

    Член 11-2-в).
    Поттикнување да се обезбедуваат потребните помошни општествени служби за да им се овозможи на родителите да ги усогласат семејните обврски со обврските на работното место и учеството во општествениот живот, посебно со поттикнување на основањето и развојот на мрежата на установи за грижа за децата;

    Член 11-2-г).
    Обезбедувањето на посебна заштита на жената за време на бременоста на оние работни места за кои е докажано дека се штетни за бремените жени.

    Член 11-3.
    Мерките на законска заштита што се однесуваат на прашањата опфатени во овој член се преиспитуваат периодично, во светлината на научните и технолошките сознанија и по потреба, се ревидираат, укинуваат или продолжуваат.

    Член 12-1.
    Државите членки преземаат соодветни мерки заради елиминирање на дискриминацијата на жените во областа на здравствената заштита за да можат, врз основа на рамноправноста на жените и мажите, да обезбедат достапност на здравствените услуги, вклучувајќи ги оние што се однесуваат на планирањето на семејството.

    Член 12-2.
    Без оглед на одредбата на став 1 од овој член, државите членки им обезбедуваат соодветни здравствени услуги на жените за време на бременоста, раѓањето и во периодот по раѓањето на детето, со обезбедување на бесплатни услуги, каде што е тоа потребно, како и соодветна исхрана за време на бременоста и доењето.

    ReplyDelete
  101. Член 13.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки заради елиминирање на дискриминацијата на жените во другите области на стопанскиот и општествениот живот, за да им се обезбедат врз основа на рамноправноста на жените и мажите, еднакви права, а посебно:

    Член 13-а).
    Право на банкарски заеми, хипотекарни и други видови финансиски кредити;

    Член 13-б).
    Право на учество во рекреативните активности спортот и сите други форми на културен живот.

    Член 14-1.
    Државите членки ќе ги земат предвид посебните проблеми со кои се соочува жената на село, како и значајната улога што таа ја има во економскиот опстанок на своето семејство, вклучувајќи ја нејзината работа во секторите на стопанството во кои не се остварува доход и ќе ги преземат сите соодветни мерки за да обезбедат одредбите на оваа конвенција да се применуваат на жената на село.

    Член 14-2.
    Државите членки ќе ги преземат сите соодветни мерки заради елеминирање на дискриминацијата на жените во селските подрачја за да обезбедат тие, врз основа на рамноправноста на мажите и жените, да учествуваат во развојот на селото и да имаат од тоа користи, а посебно за да го обезбедат нивното право на:

    Член 14-2-а).
    Учество во изработката и спроведувањето на плановите за развој на сите нивоа;

    Член 14-2-б).
    Пристап до соодветната здравствена заштита, вклучувајќи ги информациите, советите и услугите во врска со планирањето на семејството;

    Член 14-2-в).
    Директно користење на програмите за социјална заштита;

    Член 14-2-г).
    Стекнување на сите видови обука и образование, формално и неформално, вклучувајќи го описменувањето, како и пристап до сите услуги во рамките на месната заедница, како и до советодавните услуги, меѓу другото, заради проширување на нивните општи и технички знаења;

    Член 14-2-д).
    Организирање на групи за самопомош и на задруги за да остварат еднаков пристап до стопанските дејности по пат на вработување или вршење на самостојна дејност;

    Член 14-2-ѓ).
    Учество во сите активности на месната заедница;

    Член 14-2-е).
    Достапност до земјоделските кредити и заеми, до олесненијата при продажбата на производи, соодветна технологија и еднаков третман во земјишната и аграрната реформа, како и до програмите за повторно населување;

    Член 14-2-ж).
    Адекватни животни услови, посебно во поглед на домувањето, хигиенските услови, електричната енергија и снабдувањето со вода, сообраќајот и врските.


    Четврти дел

    Член 15-1.
    Државите членки им признаваат на жените еднакви права пред законот како и на мажите.

    Член 15-2.
    Државите членки им признаваат на жените еднаква правна способност во граѓанските работи како и на мажите и им даваат еднакви можности да се користат со неа. Тие посебно им даваат на жените еднакви права на склучување договори и управување со имот и ги третираат рамноправно во сите фази на постапката пред судот.

    ReplyDelete
  102. Член 15-3.
    Државите членки се согласни дека сите напори и сите други приватни инструменти од кој и да било вид, чие правно дејство има за цел да ја ограничи правната способност на жените, се сметаат како ништовни и неважечки.

    Член 15-4.
    Државите членки им признаваат на жените и мажите еднакви права во поглед на законите за движењето на лицата и слободата на изборот на местото на престојувањето и живеалиштето.

    Член 16-1.
    Државите членки ги преземаат сите соодветни мерки заради отстранување на дискриминацијата на жените во сите прашања што се однесуваат на бракот и семејните односи, а посебно обезбедуваат, врз основа на рамноправноста на мажите и жените:

    Член 16-1-а).
    Еднакво право на склучување на брак;

    Член 16-1-б).
    Еднакво право на слободен избор на брачниот другар и склучување на брак само по слободна волја и при потполна согласност;

    Член 16-1-в).
    Еднакви права и одговорности во бракот и при разводот;

    Член 16-1-г).
    Еднакви родителски права и обврски во однос на децата, без оглед на брачниот статус. Во сите овие случаи интересите на децата мораат да бидат на прво место;

    Член 16-1-д).
    Еднакви права слободно и одговорно да одлучуваат за планирањето на семејството, како и да имаат пристап кон информациите, образованието и средствата што ќе им овозможат да се користат со овие права;

    Член 16-1-ѓ).
    Еднакви права и одговорности во поглед на старателството, туторството, управувањето со имотот и усвојувањето на деца или сличните институции ако постојат во националното законодавство. Во сите случаи интересите на децата мораат да бидат на прво место;

    Член 16-1-е).
    Еднакви лични права на мажот и жената, вклучувајќи го правото на изборот на семејното име, професијата и занимањето;

    Член 16-1-ж).
    Еднакави права на обата брачни другари во поглед на сопственоста над имотот односно стекнувањето, управувањето, уживањето и отуѓувањето на имотот, без оглед на тоа дали ова се врши бесплатно или за значителна материјална награда.

    Член 16-2.
    Свршувачката и стапувањето на детето во брак не може да има никакви правни последици, а ќе се преземат сите потребни мерки, вклучувајќи ги законодавните, заради утврдување на минималните години на возраст за склучување на брак, како и воведувањето на обврската бракот да се склучи во официјалната матична служба.


    Петти дел

    Член 17-1.
    Заради следење на напредокот остварен во примената на оваа конвенција, ќе се формира Комитет за елиминирање на дискриминацијата на жените (натаму во текстот: Комитет) кој при влегувањето на Конвенцијата во сила ќе има 18, а по ратификацијата или пристапувањето на 35 држави членки, 23 стручњаци со високи морални квалитети и стручност за областа на која се однесува оваа конвенција. Државите членки меѓу своите државјани избираат стручњаци кои во работата на Комитетот ќе учествуваат во лично својство. При изборот на членовите на Комитетот ќе се води сметка за рамномерната географска застапеност, како и за тоа да бидат избрани стручњаци кои ќе ги претставуваат разните цивилизации и главните правни системи.

    Член 17-2.
    Членовите на Комитетот се избираат со тајно гласање, врз основа на списокот на кандидати што ги именувале државите членки. Секоја држава членка може да именува еден свој државјанин.

    Член 17-3.
    Првите избори ќе се одржат шест месеци по денот на влегувањето на оваа конвенција во сила. Најмалку три месеци пред датумот на секои избори, Генералниот секретар на Обединетите нации ќе им упати покана на државите членки да поднесат предлози во рок од два месеци. Генералниот секретар ќе го подготви списокот на сите така именувани лица, по азбучен ред, со називите на државите членки што ги именувале и ќе им го достави на државите членки.

    ReplyDelete
  103. Член 17-4.
    Изборите за членови на Комитетот ќе се одржат на состанокот на државите членки што ќе го свика Генералниот секретар на Обединетите нации и што ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации. На тој состанок, на којшто кворумот го сочинуваат две третини од членовите, ќе бидат избрани оние кандидати што ќе добијат најголем број гласови и апсолутно мнозинство на гласовите на присутните претставници на државите членки кои гласаат.

    Член 17-5.
    Членовите на Комитетот се избираат на четири години. Меѓутоа, мандатот на деветмината членови што ќе бидат избрани на првото гласање истекува по две години; веднаш по првите избори, претседателот на Комитетот со ждребка ќе ги избере имињата на овие деветмина членови.

    Член 17-6.
    Изборите за пет додатни членови на Комитетот ќе се одржат во согласност со одредбите на став 2, 3 и 4 од овој член, по соопштувањето за триесет и петтата ратификација или пристапувањето кон Конвенцијата. Мандатот на двајцата додатни членови на Комитетот што ќе бидат избрани при таа прилика, им истекува по две години. Овие двајца членови ги избира претседателот на Комитетот со ждребка.

    Член 17-7.
    За пополнување на евентуалните празни места државата членка на чиј претставник му престанала функцијата во својство член на Комитетот именува друго лице од редовите на своите државјани, под резерва на одобрение од Комитетот.

    Член 17-8.
    Членовите на Комитетот, при согласност од Генералното собрание, ќе примаат награда од средствата на Обединетите нации, под условите што ќе ги определи Генералното собрание, имајќи го предвид значењето на задачите што ги врши Комитетот.

    Член 17-9.
    Генералниот секретар на Обединетите нации го обезбедува потребниот персонал и условите за ефикасно вршење на функциите на Комитетот во рамките на оваа конвенција.

    Член 18-1.
    Државите членки се обврзуваат на Генералниот секретар на Обединетите нации да му поднесат, заради разгледување во Комитетот, извештај за законодавните, судските, управните или други мерки што ги усвоиле заради примена на одредбите на Конвенцијата, како и за напредокот остварен во тој период:

    Член 18-1-а).
    Во рок од една година по влегувањето на Конвенцијата во сила во односната држава;

    Член 18-1-б).
    Најмалку секоја четврта година по тоа и секогаш кога тоа ќе го побара Комитетот.

    Член 18-2.
    Во извештаите можат да се наведат факторите и тешкотиите што влијаат врз тоа до која мерка се извршуваат обврските што произлегуваат од оваа конвенција.

    Член 19.
    Комитетот ги избира своите функционери на период од две години.

    Член 20-1.
    Комитетот обично се состанува еднаш годишно во траење од најмалку две недели, заради разгледување на извештаите поднесени во согласност со член 18 од оваа конвенција.

    Член 20-2.
    Состаноците на Комитетот обично се одржуваат во седиштето на Обединетите нации или на кое и да било друго соодветно место што ќе ги определи Комитетот.

    Член 21-1.
    Комитетот, преку Економскиот и социјалниот совет, секоја година го известува Генералното собрание за својата работа и може да дава предлози и општи препораки врз основа на разгледаните извештаи и информации што ги примил од државите членки. Таквите предлози и општи препораки се внесуваат во извештајот на Комитетот, заедно со евентуалните забелешки на државите членки.

    ReplyDelete
  104. Член 21-2.
    Генералниот секретар ги доставува извештаите на Комитетот до Комисијата за положбата на жените, заради информирање.

    Член 22.
    Специјализираните агенции имаат право да присуствуваат на состаноците при разгледувањето на примената на оние одредби од оваа конвенција што спаѓаат во нивниот делокруг. Комитетот може да побара специјализираните агенции да поднесат извештаи за примената на одредбите на Конвенцијата во областите што спаѓаат во делокругот на нивната работа.


    Шестти дел

    Член 23.
    Ниту една одредба од оваа конвенција не смее да влијае врз кои и да било одредби што поефикасно водат кон постигнување на рамноправност на мажите и жените, а кои можат да бидат содржани во која и да било друга меѓународна конвенција, договор или спогодба што е во сила во односната држава членка.

    Член 24.
    Државите членки се обврзуваат да ги усвојат сите потребни мерки на внатрешен план заради целосно остварување на правата признати во оваа конвенција.

    Член 25-1.
    Оваа конвенција им е отворена за потпишување на сите држави.

    Член 25-2.
    Генералниот секретар на Обединетите нации е определен за депозитар на Конвенцијата.

    Член 25-3.
    Оваа Конвенција подлежи на ратификација. Ратификационите инструменти се депонираат кај Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 25-4.
    Оваа конвенција им е отворена за пристапување на сите држави. Пристапувањата се вршат со депонирање на инструментите за пристапување кај Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 26-1.
    Барање за ревизија на Конвенцијата може да поднесе секоја држава членка во секое време по пат на соопштение во писмена форма, упатено до Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 26-2.
    Генералното собрание на Обединетите нации решава за евентуалните мерки што треба да се преземат во врска со барањето.

    Член 27-1.
    Оваа конвенција влегува во сила триесетиот ден сметајќи од денот на депонирањето кај Генералниот секретар на Обединетите нации на дваесетиот инструмент за ратификација или за пристапување.

    Член 27-2.
    За секоја држава што ја ратификува оваа конвенција или што и пристапува по депонирањето на дваесеттиот инструмент за ратификација или пристапување, Конвенцијата влегува во сила триесеттиот ден сметајќи од денот на депонирањето на нејзиниот инструмент за ратификација или пристапување.

    ReplyDelete
  105. Член 28-1.
    Генералниот секретар на Обединетите нации го прима и доставува до сите држави текстот на резервите што државите ќе ги изјават при ратификацијата или пристапувањето.

    Член 28-2.
    Резерва што не е споива со предметот и целите на оваа конвенција не е дозволена.

    Член 28-3.
    Резервите можат да се повлечат во секое време по пат на соопштение во таа смисла, упатено до Генералниот секретар на Обединетите нации, кој за тоа ги известува сите држави. Таквото соопштение влегува во сила почнувајќи од датумот на приемот.

    Член 29-1.
    Секој евентуален спор помеѓу две или повеќе држави членки во поглед на толкувањето или примената на оваа конвенцијата што не ќе се реши по пат на преговори, се поднесува на арбитража по барање на едната од нив. Доколку во рок од шест месеци од датумот на поднесувањето на барањето за арбитража државите членки не успеат да се согласат за организацијата на арбитражата, секоја страна може да се обрати до Меѓународниот суд на правдата заради решавање на спорот со барање што се поднесува во согласност со Статутот на Судот.

    Член 29-2.
    Секоја држава членка може при потпишувањето или ратификацијата на оваа конвенција или при пристапувањето кон конвенцијата да изјави дека не се смета обврзана согласност со став 1 од овој член. Другите држави членки нема да бидат обврзни согласно со став 1 од овој член во однос на секоја држава членка што изјавила таква резерва.

    Член 29-3.
    Секоја држава членка која изјавила резерва во согласност со став 2 од овој член може во секое време да ја повлече резервата по пат на соопштение до Генералниот секретар на Обединетите нации.

    Член 30.
    Оваа конвенција е составена на арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански јазик, при што сите текстови се еднакво веродостојни и ќе се депонираат кај Генералниот секретар на Обединетите нации.
    Во потврда на што долупотпишаните прописно овластени за таа цел, ја потпишаа оваа конвенција.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.