Tuesday, September 22, 2009

Семинарски

Во овој дел од страната може да се преземат семинарски трудови и есеи на теми од општите науки.

Редакцијата на amfiteatar.blogspot.com апелира до сите кои имаат семинарски или други трудови да ги испратат преку електронска пошта на

amfiteatar.blogspot@gmail.com ,

со што ќе им се помогне на други студенти во пишувањето на семинарски работи.

Редакцијата на amfiteatar.blogspot.com апелира семинарските работи кои ќе се преземат од amfiteatar.blogspot.com се користат само за пример во пишување на семинарски работи, и нашата редакција истакнува дека е категорично против плагијатите и плагијаторите.

84 comments:

  1. АМЕРИКАНСКА РЕВОЛУЦИЈА


    Содржина:
    I. Вовед
    II. Историјата на Американската Револуција
    II. 1. “Здрав разум” и Декларацијата за независност
    II. 2. Учеството на Франција во Американската Револуција
    III. Заклучок
    Користена литература


    I. Вовед

    Корените на американската револуција се разликуваат од секоја друга земја. Соединетите Американски Држави немаат долга историја и луѓето се припадници на различни култури, различна вероисповест, раса итн. Основните принципи на Америка се животот, слободата и потрагата по среќа, зборови и верувања единствени за Америка. Индивидуата е многу важен ентитет, а авторитетот во ниеден случај не треба да биде следен. Основачите на САД, се плашеа од диктатура, се плашеа дека луѓето ќе паднат под владеење на неколкумина, и заради тоа донесоа Устав кој е различен од сите други. Оние кои го создаваа Уставот има една главна цел., а тоа е грижа за поединецот. Малку моќ беше сконцентрирана на владата и моќта која беше дадена беше контролирана и балансирана. Америка каква што постои денес е производ на Револуцијата.


    II. Историјата на Американската Револуција

    Иако некои веруваат дека историјата на американската револуција започнала долго пред да бидат истрелани првите куршуми во 1775 година, Англија и Америка не започнале очигледна делба на патиштата, се до 1763 година, што е повеќе од век и половина по основањето на првата постојана населба во Џејмстаун, Вирџинија. Колониите енормно растеле во економска сила и културни достигнувања и речиси сите имале долгогодишна самоуправа зад нив. Во 1960-те години, нивното комбинирано население надминувало 1.500.000 - шесткратен пораст од 1700 година.
    Од последиците на војната меѓу Французите и Индијанците, на Британија и бил потребен нов империјален дизајн, но, ситуацијата во Америка не била поволна за промени. Долго време навикнати на голем степен на незавизност, колониите барале повеќе, а не помалку слобода, особено тогаш кога француската закана не постоела. За да се стави новиот систем во ефектива и за да се затегне контролата, парламентот морал да се спротиставува на колонистите, кои биле навикнати на самоуправа и нетрпеливи на мешање.
    Едно од првите нешта што Британците се обиделе да го направат, било организирањето на внатрешноста. Освојувањето на Канада и на долината Охајо барало политика што нема да ги отуѓи француските и индијанските жители. Но, тука, круната влегла во конфликт со интересот на колониите. Со брз пораст на населението и со поголеми потреби од земја за населување, различните колонии барале право да ги прошират своите граници на запад, се до реката Мисисипи.
    Последната од мерките што го вовела новиот колонијален систем поттикнала најголем организиран отпор. Познат како “Закон за такси”, тој пропишувал мерки за приход што се прикачувале на сите весници, отпечатени листови, памфлети, договори или други легални документи, при што приходите (собрани од стрна на американските царински повереници) требало да бидат употребени за “одбрана, заштита и безбедност” на колониите.
    Законот за такси подеднакво влијаел на луѓето што се занимавале со било кој бизнис. Така, тој го зголемувал непријателството на најмоќните и артикулирани групи меѓу американскиот народ: новинари, адвокати, свештеници, трговци и бизнисмени, на север и југ, на исток и запад. Наскоро, водечките трговци организирале отпор и формирале неувозни асоцијации.

    ReplyDelete
  2. Трговијата со матичната земја опаднала наеднаш, во летото 1976 година, кога истакнати мажи се организирале во таканаречените “Синови на слободата” - тајни организации, формирани за да се спротивстават на Законот за такси, честопати на насилен начин. Од Масачусетс до Јужна Каролина, Законот бил анулиран и мноштво луѓе, принудувајќи ги несреќните царински повереници да ги напуштат нивните канцеларии, ги уништиле омразените марки.
    Многу Американци се спротивставиле на британската повреда на американските права, но и покрај тоа ги фаворизирале дискусијата и компромисот како соодветно решение. Оваа група вклучувала службеници назначени од кралската круна, многу квекери и други религиозни секти што се спротивставувале на употребата на сила, многу трговци, особено од средните колонии, како и некои незадоволни фармери и оние што живееле на границата на јужните колонии.
    Кралот можеби исто така влијаел на овој сојуз од голем број на умерени луѓе, и, со повремени концесии, толку ја зацврстил нивната позиција, што револуционерите увиделе дека е многу тешко да се продолжи со непријателството. Меѓутоа, Џорџ Трети немал намера да направи концесии. Во септември 1774 година, не обраќајќи и внимание на петицијата на квекерите од Филаделфија, напишал: “Сега, коцката е фрлена. Колониите мора или да се потчинат, или да триумфираат”.


    II. 1. “Здрав разум” и Декларацијата за независност

    Во јануари 1776 година, Томас Пејн, политички теоретичар и писател, кој дошол во Америка од Англија во 1774 година, публикувал памфлет од 50 страници, под име “Здрав разум”. За време од три месеци, биле продадени 100.000 примероци од памфлетот. Пејн ја нападнал идејата за населена монархија, изјавувајќи дека еден чесен човек е повреден за општеството отколку “сите насилници на круната кои било кога живееле”. Тој ги предложил следните алтернативи - или постојана потчинетост на кралот тиранин и истрошена власт, или слобода и среќа во самодоволна, независна република. Растуран низ колониите, памфлетот “Здрав разум” помогнал да се кристализира желбата за отцепување.
    Сепак, останала задачата секоја колонија да добие одобрение за формална декларација. На 10 мај 1776 година, една година од првата средба на Вториот континентален конгрес, била прифатена резолуција која повикувала на тоцепување. Сега, била потребна само формална декларација. На 7 јуни, Ричард Хенри Ли од Вирџинија, донел резолуција што објавувала “дека овие обединети колонии се и имаат право да бидат слободни и независни држави…”. Веднаш бил назначен комитет од петмина под водство на Томас Џеферсон од Вирџинија, за да подготви формална декларација. Во голем дел, работата на Џеферсон, односно Декларацијата за независност, усвоена на 4 јули 1776 година, не само што го најавила раѓањето на нова нација, туку исто така, поставила филозофија на човечка слобода, што ќе постане динамична сила низ целиот свет. Декларацијата се повикува на француската и англиската просветна политичка филозофија. Но, посебно се издвојува едно влијание, а тоа е “Втора расправа за власт” од Џон Лок. Лок ги прифатил концептите на традиционалните права на Англичаните и ги обопштил во природни права на сите луѓе. Познатиот почетен текст на Декларацијата е ехо на теоријата на општествениот договор на Лок за власта:
    Ние држиме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се создадени еднакво, дека тие се надарени од нивниот создавач со одредени неотуѓиви права, меѓу кои се Живот, Слобода и тежнеење кон Среќа. Дека, за да се обезбедат овие права, власта се воспоставува меѓу луѓето, извлекувајќи ја моќта токму од оние што се владеат, дека кога и некоја форма на власт ќе стане деструктивна, право е на луѓето да ја променат, или да ја укинат и да воспостават нова власт, што се базира на такви принципи и што ја организира нејзината моќ на таква форма, што ќе им изгледа дека најмногу ќе ја ефектуира нивната безбедност и среќа.

    ReplyDelete
  3. Во Декларацијата, Џеферсон директно ги поврзал принципите на Лок со ситуацијата во колониите. Борбата за американската независност била борба за власт, базирана на народен договор, наместо на власт од страна на крал, кој “се поврзал со другите, за да не наведе на јурисдикција, што е туѓа на нашиот Устав и непризната од нашите закони…”. Само власт што е базирана на народен договор би можела да ги обезбеди природните права на живот, слобода и тежнеење кон среќа. Така, борбата за американска независност била борба во името на сопствените природни права на луѓето.


    II. 2. Учеството на Франција во Американската Револуција

    Во Франција, ентузијазмот за американската кауза бил висок: францускиот интелектуален свет бил револтиран од феудализмот и привилегијата. Меѓутоа, Круната ги подржувала колониите од геополитички, а не од идеолошки причини: француската влада со нетрпение очекувала репресија против Британија, дури од францускиот пораз од 1963 година. За да ја унапреди американската кауза, во 1776 година, Бенџамин Франклин бил испратен во Париз. Неговата снаодливост, итрина и интелект наскоро придонеле да се почувстува неговото присуство во францускиот главен град и овие особини играле главна улога во придобивањето на француската помош.
    Франко-американскиот сојуз наскоро го проширил конфликтот. Во јуни 1778 година, британските бродови пукале на француските и двете земји влегле во војна. Во 1779 година, Шпанија, надевајќи се дека ќе ги поврати териториите што и биле одземени од Британците во Седумгодишната војна, влегле во конфликт на страната на Франција, но не како сојузници на Американците. Во 1780 година, Британија и објавила војна на Холандија, која продолжила да тргува со Американците. Комбинацијата на овие европски сили на чело со Франција била далеку поголема закана за Британија отколку самите американски колонии.
    Новата британска власт одлучила да започне мировни преговори со Американците во Париз, на почетокот на 1782 година, преставувана од Бенџамин Франклин, Џон Адамс и Џон Џеј. На 15 април 1783 година, Конгресот го одобрил конечниот договор и Велика Британија и нејзините поранешни колонии го потпишале истиот на 3 септември. Познат како Париски договор, мировното решение ја потврдило независноста, слободата и суверенитетот на поранешните тринаесет колонии, сега држави, на кои Велика Британија им ги подарила териториите западно до реката Мисисипи, северно до Канада и јужно до Флорида, која била вратена на Шпанија. Новите колонии конечно станале “слободни и независни држави”.

    ReplyDelete
  4. III. Заклучок

    Многу револуции започнуваат како отпор на насилство, кое што најчесто е одговор на голема репресија и на други необични побарувања од владата против својот народ. Американската револуција е очигледен пример на ова. Насилството имаше форма на револуционерна војна и Конгресот стана водечка сила. Американската револуција беше првата антиколонијална, демократска револуција во историјата. Американците инсистираа на нивна репрезентација како народ и кога Британците тоа го одбија тие се бореа против своите колонијалисти. Американците победија и поставија своја влада, своја република. Она што беше иницијативно покренато од Американците како борба за гаранција за локална автономност и индивидуални права еднакви на оние што ги уживаат Англичаните во сопствената земја набрзо прерасна во борба за политичка независност.


    Користена литература:

    1. “Краток преглед на Американската Историја”, Информативна агенција на Соединетите Држави (USIA)
    2. Интернет:
    http://odur.let.rug.nl/usa.990917/E/revolution/revoxx.htm посетена 27/03/2006
    http://odur.let.rug.nl/usa.990917/D/1776-1800/independence/doi.htm посетена на 27/03/2006

    ReplyDelete
  5. АНАЛИЗА НА ПРОПАГАНДАТА ВО ФИЛМОТ ПИЈАНИСТ

    Гледајќи го “Пијанист” за прв пат во мојот живот се соочив со тоа што е национал-социјализам, фашизам и до која мера е подготвено човештвото да се истребува, за некои свои болни цели, корист и идеологии.
    Филмската содржина која што е базирана врз вистински настан, со што уште повеќе ја зголемува автентичноста на приказната, е вистински пропаганден материјал од повеќе аспекти. Јас забележав барем три категории на пропаганда, секако зависно од кој аспект ќе ги разгледуваме.
    Самиот по себе филмот и неговата содржина претставуваат пропаганда во целина. Режисерот на мајсторски начин ни доловил сцени во кои ни го прикажува вистинското лице на фашистите окупатори, кои во крајна мера без никакво чуство на човечност и милосрдие го малтретираат еврејското население. И тоа само затоа што се Евреи, според Хитлер ниска класа, луѓе кои не заслужуваат ни тронка почит, туку напротив секој еврејски живот е безвреден. Тие се измамници, културно заостанати и недостојни да живеат. Тие се суштества без категорија не се дури ни народ. Овој национализам и расизам колку бил непоштеден и лош можеме да го осогледаме по основањето на еврејското гето, кое е одраз дека евреите не заслужуваат да живеат со никој друг. Тие не можат да одат во секој ресторан, не можат да чекорат по тротоар, па дури не можат да шетаат во паркот и да седат на клупа. За секое прашање и непоздравување на германски војник тие добиваат понижувачки шлаканици. Мошне автентични се сцените кога заморените Евреи чекаат пред станицата заморни и здодеани од долгочасовното чекање. Тогаш германските војници ги тераат да играат на музиката на уличните музичари. Карактеристично е и кога германскиот војник ги тепа еврејските работници и ги теара да пејат, бидејќи така ја прославува Новата година. Фрлањето од прозорец на неподвижниот инвалид бидејќи не станал по влегувањето на војниците е навистина трогателна сцена која Германците ги прокламира во чудовишта и личности со крајно расипан морал. Безбројни се сцените во кои Германците вршат ладнокрвни убиства поради банални причини.
    Но тие злосторства се само една од маките на Евреите. Зафатени во канџите на војната без струја и вода, во крајна немаштија опстојува кој како може. Заробени во гетото Евреите немаат достапно доволно храна. Доказ за тоа е сцената во која семејството Шмилман купува една карамела која прецизно ја делат на 6 дела за да може секој од семејството барем колку толку да се засити. Друга трогателна сцена е кага еден човек во гетото ќе се обиде да и го одземе тенџерето со храна на една старица, а од како тоа ќе се истури тој ќе почне да ја јаде содржината од улица.
    Нема кој не би останал без здив и без осуда на нечовечноста на Хитлеровата војска доколку го перцепира ликот на Владек Шпилман- пијанистот, главниот лик во овој филм и неговата одисеја низ сите настани. Пропагандата е силна но и знакот дека сепак постои човечност во тој трул режим е и германскиот војник кој на Владек му помага да преживее на крајот од настанот, при што како најголема иронија добредетелот сепак не успеа да му се врати.

    ReplyDelete
  6. Како пропаганда внатре во филмот и настанот можеме да го осегледаме организирањето на Евреите да возвратат на режимот на Германците. Тие организираат бунт. Го известуваат и му пропагираат на Еврејското население преку весниците кои ги ставаат во јавните вециња на Евреите- се со цел да не ги најдат Германците бидејќи тие не влегуваат таму. Меѓусебното помагање и истрајност се сигурно уште една пропагандна компонента.
    Индирекно, преку однесувањето на германските војници спрема Евреите, и режимот против нив, можеме да ја осогледаме Хитлеровата пропаганда за неговата идеологија, неговите цели и политика.
    Краен заклучок можеби и како пропаганда но и ако поука е вистината за тоа колку човекот може да биде издржлив, истраен и кога неговото животно егзистирање е дури и најневозможно.

    ReplyDelete
  7. БИТНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДОГОВОРИТЕ


    Правен Факултет

    Tема: Битни елементи на договорите

    СОДРЖИНА:
    1.Видови битни елемнти на облигационите договори
    2.Правно и деловно способни субјекти на договорот
    3.Согласна изјава на договорените субјекти
    4.Неслагање меѓу изјавата и волјата на странките
    5.Reservatio mentalis и simulatio
    6.Заблуда или error
    7.Измама
    8.Сила и страв
    9.Aetas и laesio enormis
    10.Толкување на волјата на странките
    11.Предмет на договорот
    12.Форма на договорот
    ЛИТЕРАТУРА
    Footnotes


    1.Видови битни елементи на обиgационите договори

    Облигационите договори или контракти биле извори на обигации што настанале со спогдби меѓу правно и деловно способните лица,склучена во форма пропишана со правото,доколку се работело за предмет подобен да биде предмет на обигациона престација.Според тоа договор или контракт не можел да постои1) ако не бил склуцен меѓу субјекти што биле правно и деловно способни за склучување обигациони договори ,2)ако не бил заснован врз основа на волјите на тие субјекти ,3)ако не бил заснован на предмет на облигациона престација и 4)ако согласност на субјектите не била изразена во форма пропишана со правото.
    Со други зборови кај секој обигационен договор или контракт морале да постојат четири битнни или есенцијални или конститутивни елементи и тоа:1)правно и деловно способни субјекти на договорот,2)согласност на волјите на субјектите на договорот 3)предмет способен за обигациона престација 4)со правото пропишана форма за изразување на согласноста на субјектите.Секогаш кога не постоел некој од наведениве елементи , не можел да постои ни договор како извор на облигации.

    2.Правно и деловно способни субјекти на договорот

    Правната и деловната способност на субјектите на обигационите договори била тесно поврзана со прашањето за имотната и за деловната способност на оделните лица,како и за прашањето дали се работело за договори предвидени со прописите на jus civile или за договори предвидени во прописите на jus gentium.1

    3.Согласна изјава на договорените страни.

    Договорот како извор на обигации не можел да постои ако не бил заснован врз спогодба на странките:nullum esse contractum,nullam obligationem,quae habet in se conventionem.Спогодбата на странките или согласноста на изјавите на договорните субјекти се нарекувала conventio или consensus или pactum.Римските правници сметале дека convetum или consensus или pactum(спогодба) настанувала во оној момент кога странките за определен предмет имале исто мислење: que ex duversis animi motibus in unum consentiunt,id est in unam sententiam decurrunt.
    a)При настанување на договорите било потребно една од странките да преземе иницијатива за нивното склучување .Странката што ја презела иницијативата за склучување на договорот била понудувач.Понудата за склучување договор (offerta) им претходела на договорите (inter se agere,negotiationes).Преговорите можела да завршат или без постигнување согласност или со постигнување согласност за склучување договор меѓу понудувачот и понудениот.Согласноста за склучување договор се нарекувала pactum de contrahendo.Pactum de contarhendo освен во случаите кога со пропис изрично било одредено дека договорот настанува со проста согласност на волјите1не доведувал до склучување договор се додека постигнатата согласност на содоговарачите не била изразена или потврдена во форма пропишана со правото.

    ReplyDelete
  8. б)Согласноста на волјите можела да биде утврдена или ehpressis verbis или со конклудендтни дејства.Expressis verbis означувало изрично изразување на согласноста на странките .Согласноста била изразена со конклудендтни дејства тогаш кога странките на каков и да било начин или со каков и да било знак ги покажувале своите еднакви мислења2.Во римското право биле познати случаи на постигање согласност nutu,односно со каков и да е телесен знак,па дури и tacite или молкум.Меѓутоа согласноста на волјите, изразена tacite била правно релеванта само тогаш кога некој од содоговарачите бил должен да изјави што мисли,а тој тоа не ќе го сторел, како и тогаш кога и без штета за себе можњл да ја изјави вистинската волја, а сепак тој молчел3.Освен тоа кога договорите се склучувале меѓу отсутни (inter absentes) согласноста можела да биде постигната и со помош на гласник (nuntius) или со писмо (per epistolas).Како момент во кој се потигнувала согласност меѓу отсутни содоговарачи се сметал моментот во кој била манифестирана нивната интерна согласност .Кој бил тој момнет , во римското право не е точно одредено.4

    4.Неслагања меѓу изјавата и волјата на странките

    Во старото jus civile не постоел проблем околу неслагањето меѓу изјавата и волјата на странките.Според прописите на jus civile важела секоја свечено изјавена волја,независно од фактот дали странките го изјавиле токму она што навистина го сакале.Во тоа време формата наполно ја консумирала волјата..
    Проблемот околу неслагањето меѓу изјавата и волјата на странките се јавил заедно со појавата на договорите bonae fidei. Договорите bona fidei настанале во она време кога во римските економски односи надвладеало мислењето дека кај секоја правна работа треба да се води сметка за условите поради кои и за условите под кои таа работа била склучена.Тогаш се сметало како природно странките да стапуваат во одделни правни работи заради точно определени цели да разбираат за што станува збор и слободно да се решат за склучување определен договор.Врз основа на ова , а според начелата boan fidei, за правно валидни се сметале само оние договори при кои странките знаеле за што станува збор и при кои слободно се решиле за склучување на договорот .Спротивно на тоа за неважечки се сметале сите договори за кои странките или не знаеле за што станува збор или не биле слободни при нивното склучување.Во таквите случаи постоело неслагање меѓу изјавата и волјата на странките.Тоа биле:reservatio mentalis, simulatio, error, dolus и vis ac metus.

    5.Reservatio mentalis и simulatio

    Reservatio mentalis постоела во случаи кога странките свесно изјавувале дека сакаат нешто што всушност не го сакале ,но ова прикривање или самоиницијативно или со оглед на должноста за чување на професинонална тајна не им го соопштиле на содоговарачите.Ваквото неслагање меѓу изјавената и вистинската волја на странките не било правно релевантно.Секогаш важела изјавената волја.Симулацијата постоела во случаите кога странките спогодбено изјавиле дека сакаат нешто што всушност не го сакале, со цел да постигнат некој правен или вон правен ефект:aliud agitur et aliud sgi simulator.5Симулацијата мозела да биде апсолутна и релативна.Кај апсолутната симулација странките воопшто не сакале да го вклучат договорот туку сакале кај трети лица да предизвикаат впечаток дека договорот е навистина склучен.6За релативна симулација се зборувало тогаш кога странките навидум склучувале еден договор,а всушност се стремеле да склучат сосема друг.

    ReplyDelete
  9. Апосолитната сумулација немала никакви последици за правните односи меѓу странките ,но можела да доведе до новна солидарна одговорност спрема трети лица доколку овие биле оштетени со симулираната работа.Во такви сличаи симулацијата можела да се смета како деликт.Релативната симулација можела да биде извор на правни односи и меѓу самите сранки.Ова се случувало тоаш,кога правната цел, што странките навистина ја сакале ( negotium dissimulatum) била полноважна, бидејќи кај симулираната правна работа бил исполнет минимумот на условите потребни за полноважност на дисимулираниот договор.Тогаш се применувало начелото:plus velere quod agitur quam quod simulate concipitur- повеќе чини она што навистина се прави од она што се симулира.7

    6.Заблуда или error

    Заблудата или error ( ignorantia) била погрешна претстава за некој факт од важност за склучување на правната работа.Според тоа кај заблудата,или error не се работело за неслагањето меѓу изјавената и внатрешната волја на содоговарачите.тука се работело за формирње н волја спротивно на bonis moribus или aequitati. Тикму зато римските правници сметале дека заблудата предизвикува неважност на правната работа:non consentiunt qui errent; quid enim tam contratium consensui est,quam error, qui imeritiam detigit – не постои согласност меѓу оние што грешат; навистина – што е поспротивно на согласноста од заблуда што крие незнаење.8За правните работи склучени во заблуда важело правилото:nulla voluntas errantis est.9
    Па сепак ,не секоја заблуда или секоја погрешна претставаза некој факт од важност за склучување на правната работа била правно релевантна.за да биде правно релевантна заблудата требало да исполнува неколку услови: требало да биде поднослива,битна и да се однесува на непознавање на факти (еerror facti).
    Забуладата била поднослива (error tolerabilis или error justus) кога не можела да и се пропише на крајната негрижа на лицето што се наоѓало во неа.Заблудата била битна (error essentialis) кога се однесувала на непознавање на битни факти од значење на за содржината на договорот.Доколку се работело за непознавање на не битни или не важни факти се применувло прљвилото: de minimis non curat praetor- судијата не суди за ситници
    Заблудата не смеела да се однесува на непознавање на прописите на правниот поредок (error juris) бидејќи важела правна претпоставка дека сите граѓани го познаваат правото:juris quidem ignorantiam cuique nocere – секому му штети непознавањето на правото.10По исклучок ,војниците, жените, малолетниците и некои неучени луѓе понекогаш можеле да се повикуваат на секому му штети непознавањето на правото.По исклучок ,војниците, жените, малолетниците и некои неучени луѓе понекогаш можеле да се повикуваат на error juris како основа за поништување на правната работа.
    Според тоа за да биде правно релевентна,заблудата требало да се однесува на непознавање факти важни за склучување на договорот (error facti).Error facti или заблудата за фактите била правно релевантен доколку едновремено била и tolerabilis и essentialis: facti vero ingnorantiam non nocere – никому нему штети непознавањето на фактите.11
    Подносливата и битна заблуда за факти важни за склучување на правната работа ( error facti) се делела на неколку вида.
    Error in nogotio била заблуда за суштината и за содржината на правната работа.Ваква заблуда се јавувала кога меѓу странките не биле точно и согласно утврдени елементите на договорот што тие имале намера да го склучат ( едната странка мислела дека се работи за договор за заем,а другата за договор за подарок).Постигната согалснот во таквите случаи била привидна и затоа не доаѓало до склучување на правната работа.

    ReplyDelete
  10. Error in persona била заблуда за битните својства на содоговарачите или личноста на странката со кој асе скличувал договорот.Оваа заблуда била од значење кај правните работи institutu personae како и кај правните работи од наследното и брачното право.
    Error in objecto или error in corpore била заблуда за предметот на престацијата.до ваква заблуда доаѓало кога странките при склучување на договорот не мислеле не еден ист предмет,односно на иста престација ( оверителот мислел на куќа во Рим, а должмикот на куќа во околината нја Рим).Error in obejecto не постоел кога странките мислеле на една иста ствар иако погрешно ја опшале: falsa demonstratio non nocet – погрешно о пишување на предметот не штети.12
    Error substantia била заблудата за суштината или за битието за предметот на престацијата,односно за материјата од која бил направен предметот( купувачот мислел дека купува залтен пехар,а пехарот била позлатен).Класичните правници на ваквите заблуди гледале доста не доверливо,но надвладеало мислењето дека вакците заблуди можат да предизвикаат неважност на договорите.

    7.Измама

    Измамата или dolus се состоела во предизвикување погрешни претстави кај содоговарачот со намера тој да биде наведен да склучи некој договор што бил штетен за него:dolu malo pactum fit,quotiens circumscribendi alliud agitur et alliud agi simulatur – договорот е склучен со измама секогаш кога поради заведување на содоговарачот се прави едно а се прикажува дека се прави друго.13Измамата или намерното доведување на содоговарачот во заблуда настанувало со лукавство претворање и лажно прикажување на фактите – calliditatibus, fallaciis et machinationibus.14
    Според тоа ни кај измамата (dolus) не се работело за неслагање меѓу изјавената и внатрешната волја на странките: се работело за намерно потикнување на содоговарачот да формира волја каква што тој не ќе сакал да формира кога би ги познавал фактите.
    Со оглед на тоа дека долусот им бил спротивен на начелата bonae fidei, измамените лица кај договорите bonae fidei биле заштитени.Важело начелото: eхceptio doli inest bonae fidei judicibus.15За да бидат заштитени и кај договорите stricti juris, требало да биде здоговорена посебна clausula doli.16За заштита на измамените лица служеле правните средства:eхceptio doli и actio doli.
    Право на eхceptio doli имале измамените лица што се уште не ја извршиле ветената престација.Eхceptio doli била општа (eхceptio doli generalis seu doli praesentis) кога оштетеното лице истакнувало дека исплатата на долгот би била спротивна на начелата bonae fidei поради факти што биле остварени во моментот кога извршувањето било побарано.17Eхceptio doli била специјална ( eхceptio dli specijalis seu doliu praeterit) кога измамената страна истакнувала дека кај договорот уште во моментот на неговото засновање биле сторени дејства на измама.18
    Actio doli можеле да ја употребат лицата што немале друг начин да обезбедат реституција на на вече извршената престација во полза на несовесниот содоговарач.Несовесниот содоговарач, што ни по clasusula arbitraria ( налог да му ја реституирал сторната престација на оштетеното лице) не ќе ја реституирал сторената престација, бил осудуван да ја надомести штетата и бил прогалсуван за инфамно лице.19

    ReplyDelete
  11. 8.Сила и страв

    Силата или принудата (vis) претставувала против правно дејствие врз телото на содоговарачот со цел тој физички да биде принуден да склучи договор што инаку не би го склучил: necessitas imposita contraria volintati.20Дејствијата на принуда врз содоговарачот се делеле на дејствиа на јавна ( vis publica ) и дејствиа на приватна принуда (vis privata).Ако принудениот не можел да им се спротистави на дејствијата на принуда без се4риозна опасност за сопствениот живот ,се зборувало за vis apsoluta.Употребата на сила или принуда не доведувала до полноважна правна работа, се секое насилство било строго санкционирано.
    Од времето на Адријан, поимот сила или принуда се повеќе бил изедначуван со поимот страв ( metus).се сметало дека стравот лежи во основата насекјоа принуда.Отогаш терминот vis се уоптребувал со значење на јавен деликт на насилство, а терминот metus со значење на приватен деликт што можел да настане со закана или со примена на физички притисок.
    Metus или страв, од времето на Адријан претставувало се она што се манифестирало како противправна закана сторена со цел содоговарачот да се неведе да се согалси на нешто,што инаку не го сакал: si leberum esset noluissem,sed coactus volui.21Според тоа ни кај metus не било во прашање неслагање меѓу изјавената и внатрешната волја, туку за формирање волја спротивно на правните прописи.
    За стравот да биде правно релавантен било потребно да бидат против правни дејствијата што го предизвикале.Тие морале да претставуваат закана со големо зло и требало да бидат преземени сериозно; понатаму, тие требале да претставуваат закана со непосредно зло за содоговарачот лично или за членовите на неговото најблиско семејство.Во такви сличаи односно на случаи на vis impulsiva правните работи преземени propter trepidationem mentis causa instantis vel futuri perculi- поради вознемиреност од сегашна или идна опасност22 – не биле правовалидни: quod metus causa gestum erit ratum non habebo23.
    Кон крајот на републиката, правните работи склучени под влијаниое на страв можеле да бидат поништени со помош на formula Octaviana, а од времето на Адријанили по пат на restitutio in integrum или со помош на actio quod metus casa24 или по пат на eхceptio со исто име.

    9.Aetas и laesio enormis

    Во некои случаи склучените договори биле неважечки и поради малолетноста на содоговарачот или поради оштетување за преку половина (laesio enormis)иако содоговарачите неможеле да наведат ниедна од досега наведените мани на волјата како причина за неважност на договорот.Право да бараат поништување на договорот поради недораснатост имале и лицата помлади од 25 години,доколку по повод склучениот договор птерпеле поголема штета.Со ова право,но дури во посткласичното право, се здобиле и други содоговарачи,доколку при склучувањето на договорот за купопродажба биле оштетени за преку половина од вредноста на продадената ствар (laesio enormis).

    10.Толкување на волјата на странките

    Се до појавата на договорите bonae fidei толкувањето на волјата на странките кај склучените договори не задавало никакви тешкотии.Имено,внатрешната волја на странките се сметала за правно ирелевантна: важела само изјавената волја (теорија на изјавата): interpretatio secundum verba25.Изјавената волја била сознавана од низа објективни факти,штоја сочинувале формата на правните работи.
    Со појавата на договорите bonae fidei во римското право започнала да продира теоријата на волјата или теорија според која кај склучените договори не треба да се цени толку она што странките го изјавиле ,туку пред се она што странките навистина го сакале,стапувајчи во договорни односи: interpretatio secundum voluntatem.

    ReplyDelete
  12. Во класичното право теоријата на волјата сеуште била секундарна.Таа доаѓала до примена само тогаш кога изјавената волја не била наполно јасна: cum in verbis nuila ambigutas est,non debet admitti voluntatis quaestio – кога не постои сомневање во значењето на изјавата, не треба да се допушта изпитување на внтарешната волја на странките.26
    Сепак теоријата на волјата постепено надвладувала.Таа наполно се зацврстила во времето на Јустинијан: in conventionibus contrahentium voluntatem potius quem verba spectari placuit – во спогодбите на содоговарачите повеќе треба да се цени волјата отколку зборовите што биле употребени.27Оттогаш,граматичката смисла на изјавата била појдовна точка при утврдувањето на содржината на договорените обврски,а вистинската волја на странките .та според тоа и нивна вистинска содржина, била утврдена врз основа на целиот сплет на околности што му претходела и што го следеле договорот.

    11.Предмет на договорот

    Предмет на договорот можеле да бидат сите оние ствари што можеле да бидат предмет на престација на облигационите односи воопшто.Според овој елемент договорите не се разликувале од другите облигациони односи: тие биле само еден од видовите облигации.

    12.Форма на договорот

    Четвртиот битен елемент на секој договор била неговата форма.Формата била еден од најважните елементи,бидејќи особено старото римско право стоело на гледиштето: forma dat esse rei – формата ја сочинува суштината на стварта.Иако ова гледиште на старото право било ублажувано, и во класичното и во посткалсичното право се уште се сметало: mutata forma propr interemit substantiam rei28 измената на формата речиси ја поништува супстанцијата на стварта.
    Начелниот став на римското право за вонредната важност на формата при правните работи воопшто,а при договорите посебно,бил истакнат во правните правила ,што дословно се применувале во старото право,а со низа исклучоци и во класичниот и во посткласичниот период.Основното правило гласело: convrtiones quaedam actiones pariunt…quae pariunt actiones in suo nomine non stant,sed transeunt in proprium nomen contarctus- некои спогодби раѓаат тужби... спогодбите што раѓаат тужби не се викаат спогодби туку добиваат сопствено име – договори.29само спогодбите што раѓале тужби (договорите) биле извоти на облигации.Тоа биле спогодби склучени во форма пропишана со правото.Спогодбите склучени со проста изјава на волја на содоговарачите или голите спогодби – спогодби при кои странките согласноста на волјите не ја изразиле во форма пропишана со правото – не раѓале тужби ,та според тоа и не биле извор на облигации: nuda pactio obligationem non parit 30или eх nudo pacto obligatio non nascitur.Врз основа на голите спогодби настанувале: pacta de contarhendo или морални обврски договорот да биде склучен.31
    Формите предвидени за склучување на договорите биле многу бројни.Во старото право договорите се склучувале на строго формалистички начин.Дејствијата на странките при склучувањето на договорот биле проткаени со свечени зборови,симболични гестви и јавни изјави,дадени во присуство на потребен број сведоци.Формата на договорите во старото право била gestum per aes et libram.

    ReplyDelete
  13. Кога големиот форамализам на договорите склучувани во форма per aes et libram станал кочница на стопанскиот живот,во Рим се јавила вербалната форма на склучување договори.Кај вербалната форма отпаднале симболичните гестови и јавните изјави.Се задржале само свечените зборови.Се сметало дека договорот е склучен кога должникот на свеченото прашање на доверителот свечено ќе изјавел дека ја прифаќа обврската.
    Со појават на реланата форма на договорите – околу третиот век од старата ера - формализмот на старото право бил сериозно загрозен.Реланата форма на договорите не содржела ни трага од поранешните формалности: кај реланта форма немало ни свечени зборови,ни симболични гестови,ниту пак јавни изјави.Таа се состоела од просто предавање на стварта.
    Малку време по настанувањето на првите реални договори во Рим била воведена и летерарната форма на склучување договори ,односно форма при која се сметало дека договорот е склучен кога странките ќе составеле пропишан документ или пропишана исправа за постигнатата спогодба .Оваа форма во Рим никогаш не била особено проширена. Нејзината појава била врзана за организацијата и делувањето на стопанските претпријатија.
    Од сите форми на договори најдоцна се јавила консенсуалнта форма.Тоа била форма без форма: консенсуалните договори настанувале сосогласност на волјата на содоговарачите пстигната на кој и да било начин(eхpressis verbis,nuti tacite,per nuntium,per epistolam).Имено се сметало дека кај ти е договори формата нема посебно значење и дека за нив е важна само согласноста меѓу страните .Овој став значел отфрлање на поранешното правило: ех nudo pacto oblicatio non nascitur. Па сепак отфрлањето на ова првило не било целосно: тоа се протегало на само четири случаи договори – догворот за купопродажба(emptio venditio)договорот за наем(locatio conductio)договорот за заедница(societas)и договорот за полномошно(mandatum).
    По воведувањето на консенсуалните догогвори во системот на римското право (некаде кон крајот на републиката ) не било тешко да довијат правна заштита и некои други голи спогодби или pacta nuda.Тогаш голите спогдби- спогодбите без форма – биле поделени на две групи: pacta nuda и pacta vestitia,односно спогодби без правна заштита и на спогодби заштитени со тужби.Спогодбите заштитени со тужби биле pactaadjecta,pacta praetoria иpacta legitima.
    И покрај давањето заштита на многу неформални спогодби, од кои едни ја сочинувале групата на консенсуални договори а други групата на заштитените пакти или pacta vestita,ни во Јутинијановата кодификација не било сосема отфрлено начелото – ех nudo pacto obligatio non nascitur.Се сметало дека ова начело било дерогирано само за точно претвидени случаи.Другите дпгпвори и понатаму морале да бидат склучени или во вербална или во релана или во летерарна форма.

    ReplyDelete
  14. ЛИТЕРАТУРА:
    Римско право – Д-р.Иво Пухан и Д-р.Мирјана поленак-Аќимовска


    Footnotes:
    1 .тоа биле случаите на т.н консенсуални договори и спогодби или pacta заштитени со посебни прописи(pacta vendita).Наваедните сличаи претставувале отстапување од општото правило ех nudo pacto obigatio non nascitur.
    2 употребениот знак доведувал до изнесубање на инетрната волја.Интербата волја што не била покажана со некој надворешен занк не била правно релавентна.Важело правилото de internis non judicat prator.
    3 Според тоа правилото qui tacet consentire videtur не било римско.Тоа не важело секогаш.Римското правило гласело:qui tacet non utique fatetur sed temen verum est eum non negere – оној што молчи не значи дека се согласува,вистина е само дека не се спротиставува.
    4 Со оглед на неслагањата во изворите на римското право меѓу пандектистите се јавиле три теории за прашањето кога ќе се смета дека меѓу отсутни лица е постигната согласност по повод склучување одреден договор.Според теоријата на изјава се сметало дека договорот е склучен во моментото кога понудениот изјавил дека ја прифача понудата.Според теоријата на прием кога понудаувачот добил писмо за прифачање на понудата,а според теоријата на сознание кога ја сознал содржината на писмото односно кога го прочитал писмото.
    5 D 2,14,7,9
    6 Многу слични на апсолутната симулација биле изјавите за склучување правни работи сторени на шега, в театар,на училиштште и слично(D 44,7,3,2).Разликата меѓу овие изјави и апсолитната симулација била во тоа што кај апсолутната симулација постоела намера кај симулатите да доведат во заблуда трети лица,а кај изјавите дадени во наведените околности не постоеле вакви намери,то требало да се види од низа околности под кои изјавите биле дадени.
    7 C 4,22
    8 D 4,22
    9 D 39,3,20
    10 D 22,6,9pr
    11 D 22,6,9,pr.C 1,18,7.
    12 D 35,1,33 pr.
    13 D2,14,7,9.
    14 D 4,3,1,2.D 2,14,7,9.
    15 D 19,1,6,9,
    16 D 45,1,22.D 45,1,121.
    17 D 44,4,2,5.
    18 I 4,13,1,.D 45,1,36.
    19 Тужбата била супидијарна (D 4,3,1,4) и не им била допуштена на лицата од понизок општесвен ранг против лицата од повисок општесвен ранг( 4,3,11,1).
    20 D 2,4,1.
    21 D 4,2,21,5
    22 D 4,2,1
    23 D 4,2,1
    24 Actio quid causa или in rem scripta, а тоа знаци дека можела да биде поднесена и против лица што не биле виновни за предизвиканиот страв, но имале владение врз предметот.
    25 Ова правило било изразено уште во законот на 12 таблици.
    26 D 32,25,1,
    27 50 ,16,219,D 35,1,101 pr D 50,17,12.
    28 D 41,1,7,5.
    29 D 41,2,14,7,pr.
    30 C 2,3,20 C 4,65,27,D 2,14,6,
    31 Juris gentium( D 2,14,7, pr) (D 2,14,7,4, in fine)

    ReplyDelete
  15. ЖАН БОДЕН


    ема:
    ЖАН БОДЕН


    СОДРЖИНА

    - ВОВЕД
    - ЖИВОТНИОТ ПАТ НА ЖАН БОДEН
    - ДЕЛАТА И ФИЛОЗОФИЈАТА НА ЖАН БОДЕН
    - ЗАКЛУЧОК
    - КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА И ИНТЕРНЕТ РЕФЕРЕНЦИ
    - Footnotes

    ВОВЕД

    Жан Бодeн (1529 – 1596) е ренесансен француски правник, политички филозф, математичар, астроном, економист и историчар. Во неговиот цел опус на творештво толкувањата се сведуваат низ призмата на универзалните религиозни начела и божјата волја. Ваквите размислувања Боден ги истакнува во неговото најзначајно дело - “Шесте книги за Републиката”, каде што го промовира гледиштето за апсолитизмот, односно целосната моќ на власта во рацете на монархот, во кој е вдахната праведливоста на Бог, па затоа тој владее во правец на општо добро на народот и Републиката. Поради тоа кон неговата власт не смее да има отпор или несогласување. Сопред Боден, апсолутустичката власт треба да се грижи за сите сегменти од животот, а таа е ограничена само од божјите закони. Бодин е значаен по тоа што прв го споменал суверенитетот (кој според овој автор му припаѓа на монархот). Воедно, Бодин низ призмата на религијата го опишувал и процесот на хармонизацијата и обезбедувањето на мирот во Републиката.


    ЖИВОТНИОТ ПАТ НА ЖАН БОДEН

    Жан Бодeн е Французин – голем стручњак во повеќе области. Боден живеел во перидот на ренесансата, односно е роден во 1529 година, во градот Анжерис. Во родниот град Бодин го завршува своето високо образование, каде што се стекнува со диплома по правни науки. По завршувањето на факултетот, Боден се сели во Тулуз каде што своите образони хоризионти ги прошурува проучувајќи ја математиката, астрономијата, економија, и историјата. Воедно, Боден изучувајќи повеќе јазици истовремено станал вистински полиглота. Особено високо познавање имал за латинскиот јазик, а впрочем и неговото дело поветено на темата како вистински треба да се проучува историјата – “Метод на лесно разбирање на историјата”, од 1566, го напишал на латински јазик. Боден, во Тулуз престојува како професор по правни науки, а воедно неговите политички сугестии допирале директно до кралскиот двор во Франција. Меѓу другото, Боден во овој период се истакнува и како голем познавач на економијата, давајќи сугестии како да се спречи растот на огромната инфлација со која се соочила Франција во овој период. Така, набргу Бодин успева да ја започне политичката кариера и тоа директно како правен, политички и економски консултант на Војводата од Аленсон - брат на големиот Анри Трети. Меѓутоа, Боден набргу ги изгубил симпатиите од кралството, бидејќи се противел на отуѓувањето на имотот, а воедно не ја подржувал и борбата на Кралот против Хугенотите.1 Токму поради овие причини Боден се преселил во Леон, каде се уште продолжува со политичката кариера, меѓутоа на пониско хиерархиско ниво. Сепак, ваквата по,ала политичка активност на боден му овозможила повеќе слободно време за творење. Токму во овој период, односно во 1576 година, Боден го издал своето најпопуларно дело областа на политичката филозофија “Шесте книги за Републиката ” (“Les six de la republique”). Во Лион, Жан Боден се жени со Франсоинза Труилиар, која му овозможила да остане во близина на високите политички кругови, односно му помогнала да стане правен консултант на Кралството (procurier du roi).

    ReplyDelete
  16. Во неговата старост Боден превзема една многу контрадикторна одлука. Имено, тој и покрај тоа што во староста се повеќе бил опседнат со јудаизмот, како и покрај критиките кои ги упатувал кон Католитистичката Црква во борбата со Калвинистите и Хугенотите, сепак ја прифака Католичката идеилогија. Боден починал во 1596 година.


    ДЕЛАТА И ФИЛОЗОФИЈАТА НА ЖАН БОДЕН

    Жан Боден пишувал во сите наведени обласи за кои тој прокажал интерес и во тој правец од интерес е да се спомене дека без разлика на која и тема ја обработувал (политика, право, економија, астрономија, историја, математика итн), во сите негови дела присутни се религиозните и метафизичките толкувања за појавите и процесите во светот. Така, на пример, за секоја лоша или добра појава која Боден ја анализирал и толкувал, меѓу другото, ја обајснувал со гледиштето дека “светот е населен од лоши и од добри духови кои предизвикуваат адекватни појави.”2, додека за реалноста (земскиот живот на човекот) ја опишувал како “природно место помеѓу ангели и ѕверови.” Покрај бројните кратки записи и неколкуте религиозно – мистични книгичиња, како најпознати дела на Боден се сметаат следниве:

    1.“Метод за лесно разбирање на историјата” ( “La Méthode pour étudier l’Histoire”, од 1566 година) – книга во која покрај тоа што Боден својата метода за разбирањето на историјата ја базира на фактичките историски и правни извори, сепак секој историски настан и секој закон го обаснува со мистичен и религиозен декор. Во ова дело Боден главно го протежира ставот дека објективното проучување на историјата е мошне корисно за расудување во сегашноста и планирање на иднината, потенцирајќи дека “…минатите, исторски дела влијаат не само на сегашноста, туку и на иднината, па затоа тие треба систематски да бидат спознаени.”3
    2. “Шесте книги за Републиката” (“Les six de la republique”), обавена во Париз, 1576 година е најважното дело на Жан Боден од областа на политичката филозофија. Поради тоа, во оваа семинарска работа ќе бидат истакнати гледиштата на Боден, за суверенитеот, организирањето на државата (власта), значењето на народот и човекот, односно повеќето сегменти кои овој автор ги толкувал во оваа книга. Најпрвин, од интерес е да споменеме дека оваа книга на Боден, иако главно ја обработува темата за одбраната на Републиката, сепак е најзначајнa по тоа што во неа за прв пат е споменат и даден обид за дефинирање и толкување на поимот суверенитет. Тоа значи дека иако поимот суверенитет е различно и детално обаснуван и дефиниран во 17 (Тоамс Хобс) и 18 век (Жан Жак Русо), сепак прв кој овој поим го внесол во политичката филозофија е токму Жан Боден. Токму затоа, овдека ќе ги изложиме најпрвите идеи за суверенитетот. Претходно треба да потенцираме дека признанието на Боден повеќе му се оддава поради тоа што прв го вовел поимот суверенитет во политичката филозофија, отколку што влегол во детална анализата на неговото значење и објаснување и тоа како овој поим треба да ја доживее политичката пракса – нешто на што подетално, од свој аспект се задржале Хобс, Русо и Лок.
    Споменавме дека Боден најчесто поаѓал од религиозните или божествените толкувања за појавите кои ги објаснувал. Во таа насока се и неговиоте гледишта за суверенитетот, односно власта на кралевите. Ваквите глеишта на Боден го сврзуваат него во редовите помеѓу филозофите кои го промовираат т.н. “Боженствено право на кралевите”, односно апсолутизмот. Имено, гледиштата на Боден за суверенитетот во целост се совпаѓаат со Теоријата за божественото право на владеењето, кои во власта на вледетелот (монархот) ја дефинираат низ следниве три основни гледишта:

    ReplyDelete
  17. - Гледиштето дека власта на одредена личност е одредена од Бог и дека поради тоа владетелот ќе знае да владее во правец на општо добро на народите и на државите, а со тоа и на човечката раса воопшто;
    - Бидејќи власта на монархот е предодредена од Божјата волја, кон нивната власт не смее и не може да има негирање, ниту пак пружање на отпор на волјата на владетелот;
    - Иако суверенитетот на вледетелот е неограничен, а власта не ја дели со никој друг, сепак тој има морална должност да ја следи, почитува и спроведува божјата волја и религиозните закони, кој се ограничување на моќта на власта.
    Ваквите ставови Боден ги истакнува во неговото дело “Шесте книги за Републиката”, што поради што со право се смета дека тој е застапник на апсолутистичката форма на владеење. Впрочем, Теоријата за божественото право на кралевите го промовира и пропагира апсолутистичкиот модел на владеење. Апсолутистичката власт, односно суверенитетот Боден го замислувал како неограничена и централизирана (неподелена) власт, односно дека суверенитетот не подразбира поделоност на власта на закондавна и извршна, туку целата е во рацете на монархот. Исто така, тој ставал поголем акцент на самото донесување на законите, отколку на праведливата доследност, а истовремено народот и поединците немале право да даваат мислење за законите: “Според Боден, суверенитетот не завислел од тоа дали законите се праведни или не, туку од моќта истите да се создадат. Згора на тоа, тој на поданиците не им го дозволувал правото ниту да се согласат ниту да се спротистават на законите на суверената власт...”4 Сепак, Бодин, потенцира дека по примерот на Бог и монархот сам по себе е праведлив, а токму ваквото валедење го нарекол “праведлива монархија”, што како за пример била посочена Франција. Како праведна и моќна империја, Боден ја посочува и Османската Империја, во 16 – тиот век, која ја смета за “праведна и моќна колку што е голема’’, односно нејзината правда и авторитет е спроведувана врз целокупните области во Азија и Европа кои тогаш биле под Турска власт. Моќта и праведливоста на Отоманската Империја до 16 век, Бодин ја гледа во нејзината мобилна и голема војска, но и можноста за слободна вероисповест на различните народите кои во ова време биле под власта на Турците.

    ReplyDelete
  18. Праведливиот монарх својата неограничена моќ и позиција ја користи по аналогија на моќта и праведливоста на Бог. Таа аналогија се огледа во нивните неограничени “ингеренции” и моќ (монархот врз државата/власта и народот, а над Бог – над универзумот), а своето однесување монархот го изведува според божата волја, односно иако нема влијание од народот за донесување на закони сепак тој се грижи за неговата благосотојба: “Исто како што Бог е семоќен владетел на универумот, така и кралот е семоќен во неговиот домен, но како и Бог, чие олицетворение е тој, од него се очекувада ја ублажи власта со правдата. Иако кралот има право да воведува закони без да добие согласност, да не испочитува некој обичај, па дури и да ги игнорира постојните закони, сепак тој не треба да ги користи таквите права без должната грижа за добросотојбата на неговите поданици.”5 Со ваквите ставови, како и со гледиштето дека Кралот треба да се интересира за најситните сегменти од општествениот живот на граѓаните, константно консултирајќи се со советниците кои повремено идат кај народот и кај различните сталжи и еснавски групации за да видат како живеат и функционираат, Бодин го “релативизира апсолутизмот”. Бидејќи монархот е способно ограничен за да може како Бог да го следи секој живот и настан и да ја задоволува правдата насекаде, потребно е тој да се консултира со раличните структури, а есенцијален орган на праведливата Република е Сенатот: “Ако се потребни промени тој (монархот - заб) треба да го подржава и следи великиот Бог на природата кој во сите нешта напредува лесно и малку по малку. Во практика тоа значи признавање на улогата на оние луѓе и институции кои учествувале во процесот на управувањето. Бодин не само што сметал дека кралот требал да се советува со своите советници дури и за поневажни работи, туку и инсистирал на тоа дека праведната монархија нема посигурна основа од сталежите на народот, заедниците корпорациите и соборите, а Републиката не може да се одржува без сенат, исто како што и тело не може без душа или човекот без разум...”6 Доколку наведениве задачи власта, односно монархот ги извршува, тогаш Републиката е праведна монархија, додека доколку не ги практикува овие задачи тоа значи дека влева страв помеѓу луѓето и предизвикува раздвојување на оштеството, па оттука таа преставува тиранска монархија. Поделбата на праведна и тиранска монархија според Боден, прикажува дека апсолутистичките држави, како и сè друго во светот, можат да имаат добар или лош дух, или во овој случај монарх, чиј карактер адекватно го определува и карактерот на државата и збиднувањата во неа.

    ReplyDelete
  19. Најголема забелешка која се упатува на Боден, е тоа што апслотутизмот никогаш не се развивал според релгиозните догми и волјата и законите на Бог, туку секогаш доминирала волјата и интересот на монархот. Кажано со неколку зборови, апсолутистичката власт дури и да не се воспоставила со такви намери, секогаш на крајот испаѓа тиранска власт, која грижејќи се искличително за сопствениот интерес и за задржување на својата позиција, воопшто не се грижи за праведливоста, Божјата волја и благосостојбата на народот. Во тој правец, интересно е да се спомене дека половина век по смртта на Боден, власта во Франција била организирана според неговите апсолутистичките сваќања за организирање на власта, но божествениот праведлив и ограничувачки закон не ја доживеал праксата. Иако апсолутизмот владеел во Франција, сепак во периодот од 1643 до 1715 година, на власт на Франција бил Луј 14 кој целосно ја имплементирал идејата за претварање на власта во апсолутистичка монархија, кога во согласност со гледиштата на Боден, целокупната власт и моќ била во рацете на Кралот. Сепак, оваа Француска монархија, која се развила од Боденовата “праведна монархија”, имала водела безделнички и ракошен живот (не го почитувала божјиот закон и божата правда) поради што државата слабеела, а народот се осиромашувал. На крај отпорот против оваа апсолутистичка власт резултирал со избувнување на Франциската буржоаска револуција, во 1789 година. Токму во овој момент престануваат да немаат никакво значење Боденовите гледишта за ограниченостите на монархот од религиозните закони, а започнуваат да важат гледиштата на Томас Хобс за природните (боженствените - религиозните) закони според кој тие не преставуват ништо друго освен позитивни морални совети, кои најчесто не се почитуваат поради тоа што природата и потребите на човекот се водени од алчноста и егоизмот.

    ReplyDelete
  20. Боден, бил голем филантроп, а за тоа сведочи неговата реченица “нема поголемо богатство од човекот”7, упатувајќи на гледиштето дека би било идеално луѓето да имаат способност самостојно да управуваат. Меѓутоа, добрината и потенцијалнот на човекот, Боден ја ограничил само на човековиот карактер и душа, додека воопшто не бил оптимистички расположен за гледиштето дека луѓето се способни за самоуправување, или како што подоцна Русо ќе каже дека суверенитет треба да му припадне на народот. Сепак Боден во ниеден момент не го оспорил правото на народот или подинците за прогрес, правда и задоволувањето на нивните потреби. Меѓутоа, задоволувањето на овие основни човекови потреби и права Боден ги определува како секундарни или “помалку важни” за функционирањето на Републиката. Од друга страна, краен идеал (потреба и цел) на Републиката и сите оние кои во неа живеат, според Боден се Бог и религијата, поради што се вели дека Боденвата Република е теологијата: “Иако една Република не може да постои без оние вообичаени акции кои се однесуваат на соочувањето на добросостојбата на луѓето, како што се применувањето и извршувањето на правдата, обезбедувањето на храна итн, тие ги сочинуваат само почетоците на Републиката. Откако човек ќе ги задоволи своите основни материјални потреби, тој може да живее подоблесно и да почне да ги зема во предвид прво, мутациите, успоните и падовите на републиките, а потоа и убавината и хармонијата на природниот поредок. И на крајот, преку развојот на интелектуалните доблести - Мудрост, Знаење и Религија – Републиката може да ја достигне својата највисока цел – да ги доведе луѓето до боженствената контемплација на најубавиот објект кој може да се замисли.”8

    ReplyDelete
  21. Според наведениве гледишта можеме да кажеме дека целта на Боденовата Републикае да се обезбеди хармонијата. Земската или Републичката хармонија според Боден треба да преставува рефлексија на универзумот, односно космичката религиозната духовност во земскиот живот. Според Боден ваквата република се состои од три општествени слоја (сталежи), кои ќе бидат подредени на власта на монархот. Тоа се свештенството (од чии редови треба да произлегува и монахот, бидејќи тоа се религиозни лица), воини и граѓани. Сите тие имаат различни позиции и функции, како и “лоши и добри духови”. Притоа, добрите духови предничат во однос на лошите духови на секој човек и на секој сталеж, па затоа доколку се стремат сите словеи од Републиката кон достигнување на Божествениот и религиозниот идеал, ќе се постигне целта на Републиката, односно ќе се постигне хармонизацијата. Боден ваквиот развој на Републиката го илустрира употребувајќи религиозни метафори и описи, односно преставувајќи го религиозниот ланец на нееднаквоста на битијата и религиозниот процес на нивното хармонизирање. Интересно е да се спомене дека иако Боден и Хобс ја промовираат апсолутистичката власт (сувереност на владетелот), сепак нивните погледи за природата на човекот и обезбедување на мирот и хармонијата во државата се дијаметрално различни. Во тој правец Боден поаѓа од човековите доблести како особини кои тежнеат кон хармонизација (вечен мир), додека Хобс ја потенцира човековата егоистичност и себичност со што тенденцијата е дисхармонија (анархија или вечна војна). Колку за илустрација на тоа какви се Боденовите престави за хармонизација на општеството, потоа за воочување на разликата во овие гледишта во однос на гледиштата на Хобс, како и за воочување на споменатата религиозна престава за ланецот на нееднаквоста на битијата и процесот на нивното хармонизирање, ќе го истакнеме гледиштата за создавањето на теолошката репбулкика на Боден: “Во оваа добро уредена Република може да се види одразот на самата природа на човекот, каде разбирањето го има главното место, разумот – следното, бесната моќ желна за освета – третото, а бруталната страст и желба – последното. Редот се сочувствува со една внимателно поставена рамнотежа на спротиставените сили во која крајностите на секој елемент на универзумскиот синџир на битија се поврзани една со друга со помош н посреднички нивоа. Слично на ова, најдобрата форма на правдата е онаа која ги комбинира признавањето на природната нееднаквост на луѓето со идејата за еднаквост, на тој начин соединувајќи, како кај музиката, хармонија од потенцијалниот несклад.”9

    ReplyDelete
  22. ЗАКЛУЧОК

    Жан Бодeн живеел и творел во 16 – тиот ренесансен век, во Франција. Неговиот широк дијапазон на стручност му овозможил кариера како Универзитестски професор, а потоа како правен, политички и економски консултат во кралскиот двор на Фрнација.

    Најзначајното дело од областа на политичката филозофија на Боден е делото “Шесте книги за Републиката” (Париз, 1576 год), во кое организирањето на власта, како и сè друго во творештвото на овој автор, е објаснувано низ призмата на религијата и божјата волја. Боден е значаен поради тоа што тој бил првиот автор кој го споменал поимот суверенитет. Организирањето на власта, спроред Боден се одвива во согласност со Теоријата за божественото право на владеењето, која го промовира апсолутизмот, кој е ограничен единствено од Божјите закони и волја. Власта и севкупните односи во Републиката, Боден ги обаснува низ призмата на теологијата, поради што се вели дека Бодиновата република е Теолошка Република.


    КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА И ИНТЕРНЕТ РЕФЕРЕНЦИ

    1. Милер Давид, Блекерова енциклопедија на политичката мисла, превод на Николовска Снежана и Елизабета Баковска, МИ – ДА, Скопје 2002 година.
    2. www.iis.unsa
    3. www.fil.bg.ac.yu
    4. www.znanje.org


    Footnotes

    1 Хугенотите биле Француските протестанти – калвинисти (Сопствена забелешка)
    2 www.znanje.org/scg-teologija/boen
    3 www.fil.bg.ac.yu/katedre/polonistika/documents/Cegielski_Ustav.htm
    4 Милер Давид, Блекерова енциклопедија на политичката мисла – Бодин, Жан – превод на Николовска Снежана и Елизабета Баковска, МИ – ДА, Скопје 2002 година, страна 48.
    5 Милер Давид, Блекерова енциклопедија на политичката мисла –Бодин, Жан – превод на Николовска Снежана и Елизабета Баковска, МИ – ДА, Скопје 2002 година, страна 48.
    6 Исто.
    7 www.iis.unsa.ba/prilozi/30/30_museta.htm
    8 Милер Давид, Блекерова енциклопедија на политичката мисла –Бодин, Жан – превод на Николовска Снежана и Елизабета Баковска, МИ – ДА, Скопје 2002 година, страна 48.
    9 Милер Давид, Блекерова енциклопедија на политичката мисла –Бодин, Жан – превод на Николовска Снежана и Елизабета Баковска, МИ – ДА, Скопје 2002 година, страна 48.

    ReplyDelete
  23. Правен Факултет

    Предмет:
    ОБИЧАЈНО ПРАВО

    Тема:
    БРАЧНОТО И СЕМЕЈНОТО ОБИЧАЈНО ПРАВО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД


    Содржина:

    Вовед
    1. Брак и односи во бракот
    2.Права и должности на сопрузите
    3.Семејството и односи во семејството
    4. Некои услови и правила за уредување на наследувањето
    Користена Литература
    Footnotes


    ВОВЕД

    1. Уредувањето на брачните и на семејните односи воопшто на македонскиот народ во подалечното и поблиското минато, пред и по доселувањето на Балканскиот Полуостров, не било предмет на посебно на проучување, иако од средината на XVlll век па наваму е пројавен голем интерес за прибирање, па дури и за објавување, на мошне богат материјал, зачуван во народното паметење во бројни песни, приказни, поговорки и сл.
    Треба веднаш да се додаде дека брачното и семејното живеење од своето настанување се темелело врз потребата и нужноста за заедничко живеење на луѓето во помали или поголеми групи и заедници, но и како заедница на две лица од спротивен пол.1
    2. Корените на уредувањето на брачните и на семејните односи на нашиот народ се длабоки. Траги на определени правила на однесување во рамките на брачниот и на семејниот живот се зачувани уште од времето на неговото доселување на Балканскиот Полуостров. Се знае дека ,, жените им се чесни, така што на многу од нив смртта на нивните мажи им ја носи и нивната смрт” , несакајќи понатаму да живеат ,, како вдовици “.
    Неспорно е големото влијание на христијанската црква и на нејзините органи во уредувањето на брачното и на семејното живеење и на македонскиот народ, по прифаќањето на христијанството во Vlll и lX век. Од тој период тоа започнува да преминува во надлежност И на црквата, при што доаѓа до обострано влијание и преплетување на народните и на верските обичајни правила на однесување во сферата на брачните и на семејните односи воопшто.2
    3. Прво, општопознат и во науката признат факт е сознанието дека во првобитната заедница животот во бракот и во семејството, па и на севкупните ,,односи меѓу луѓето,, биле уредени со обичаи. Обичаите биле од народот почитувани, но и нивната примена, како и почитување биле ,,обезбедувани од целото општество,,.
    Второ, бракот и семејството и односите меѓу брачните другари и членовите на едно семејство и кај Македонските Словени, биле уредени врз основа на народните обичаи и обичајни правни правила, а подоцна и врз основа на црковните канони и обичајни правила, без оглед дали живееле самостоен државно-правен живот или биле под власта на веќе споменатите држави и царства.

    ReplyDelete
  24. 4. Кон овие појдовни сознанија се приклучува и нашето ново воочување дека правилата за уредување на брачниот и на семејниот живот во овој долг временски период како да не се менувале или сосема бавно се менувале, иако доаѓало до промена на државно-правниот и на политичкиот статус на Македонија И на македонскиот народ.По укинувањето на Охридската архиепископија (1767) нејзината надлежност билапреземена,односно,,грабната,,одстранана Цариградскатапатријаршија и од неа назначуваните епархиски архиереи,кои продолжиле да ги уредуваат и решаваат семејните и брачните спорови.3



    БРАК И ОДНОСИ ВО БРАКОТ
    1.Поим и значење на бракот

    Бракот како општествен институт, од своето настанување, претставува заедница на маж и на жена, која се создава доброволно, меѓу другото, и заради определена биолошка, односно репродуктивна цел-раѓање на деца, односно заради репродукција на човечкиот род.
    Мислите насочени кон меѓусебните односи на мажот и на жената што одлучиле да се сопружат (термин кој е употребуван за склучување брак во многу документи од нашето минато), укажуваат дека бракот не е сватен само како заедница за раѓање деца туку и како заедница на лица од спротивен пол кои еден на друг ,, се слични,, , па во таа смисла се очекува да живеат во меѓусебна љубов и слога. Укажувајќи на искреноста, еднаквоста и заемното почитување на сопрузите, во Библијата е речено дека,, Мажот да ја има спрема жената своја должната љубов, а исто така и жената-спрема мажот,,. 4

    ЗАСНОВУВАЊЕ НА СОПРУЖНИШТВО
    (СКЛУЧУВАЊЕ НА БРАК)

    Засновувањето на сопружништвото, т.е. склучувањето брак, и во минатото, како и денес, минувало во повеќе фази, кои се одвиваат по еден определен последователен ред. Во првите две фази се преземаат две дејствија-избор на брачен другар и свршувачка, како претходни дејствија без кои не може да се мине на завршната трета фаза-т.е. на законското склучување брак.
    1. Дејствија што претходат на склучување брак
    Како дејствија што му претходат на склучувањето брак, во историјата на обичајното брачно право на македонскиот народ, се јавуваат: изборот на брачен другар и свршувачката.

    Избор на брачен другар

    Брачниот другар, според околностите на секој конкретен случај, се избирал на повеќе начини, И тоа:
    - преку бендисување
    - со напуштање на татковата куќа од страна на девојката како бегалка
    - со купување И грабење на невеста.5

    Бендисување-Бендисувањето како начин на избор на брачен другар (момче или невеста) било и останало до денес едно од првите дејствија што му претходат на склучувањето на брак, но со измени како во начинот, така и во смислата на овој чин.
    Изборот на брачен другар на своето дете, најдолго и со различен интензитет и последици, го правел самиот татко или мајката (ако е вдовица) и тоа честопати без негово знаење, па дури и спротивно на неговата волја. Изборот на невеста или момче за ќерката можел да го стори и близок роднина, кој на своја иницијатива ќе бендиса мома или момче.
    Во поново време, младите стануваат се послободни во меѓусебните комуникации и се повеќе самите стануваат главни субјекти при запознавањето и бендисувањето. Младите самите се запознавале и меѓу себе се договарале да стапат во брак, а за својата одлука ,,барале од родителите само согласност,,.

    ReplyDelete
  25. Бегалки-Како бегалки се јавувале најчесто сиромашни девојки, кои со бегањето од дома, според обичајното право, биле ослободувани од давањето мираз и дарови, а не морале со себе да понесат ниту чеиз. Бегалката редовно била прифатена од страна на избраното момче и од неговите родители. Ваквиот однос кон бегалката наведува на заклучок дека родителите на машкото биле информирани дека синот ќе им доведе бегалка за невеста. Но и родителите на девојката не биле неинформирани И како да не се противеле нивната ќерка да биде бегалка.6

    Купување на девојка-Купувањето на девојка, како начин за избор на невеста, не било редовна појава во минатото кај нас. На пр.,вакво нешто се случувало кога момчето, од познати или непознати причини, не можело да најде невеста, па се одлучувало, самиот или неговите родители да најдат невеста, давајќИ,, имот или пари,, на нејзините родители. При ова не се знае со сигурност на кого се дава откупот-дали на невестата или на нејзиниот татко.Меѓутоа купувањето на девојка за жена, како обичај кај исламизираните Македонци, особено по селата, се задржал нешто подолго.7

    Грабнување-Грабнувањето на девојка за невеста не може да се смета како редовен и дозволен начин за избор на брачен другар и за склучување брак помеѓу грабнувачот и грабената девојка. Се доаѓа до сознание дека во минатото кај нас грабнувањето, доколку и постоело, можело да биде договорено или инцидентно, и тоа најчесто,,ако невестата или момчето се сиромашни,,.
    Грабнувањето на девојка за жена, според емпириските истражувања(1989-91), станувало и кај исламизираните Македонци во Југозападна Македонија на ист начин и од исти причини како и во другите нашИ краеви, а најчесто кога девојката И нејзините родители не го сакале момчето што ја бара за жена. Во ваков случај меѓу двете фамилии настанувале недобри односи, кои можеле да завршат дури, со крвав епилог.

    Свршувачка-Свршувачката во минатото и денес претставувала и претставува своевиден преддоговор кој е поврзан со склучување брак и секогаш му претходи на венчавањето.Тоа е обичајно-правен институт со кој се постигнува согласност меѓу семејствата на момчето и на девојката дека нивните деца ќе стапат во брак и чин кога младите, пред своите родители, ќе ја потврдат својата желба и согласност да склучат брак.

    Страни на свршувачката- При свршувачката секогаш земаат учество две договорни страни: на едната-таткото на момчето и неговото семејство, а на другата - таткото на девојката и нејзиното семејство. Покрај овие договорни страни, без чие присуство не може да се почне а камоли успешно да се доведе до крај свршувачката, на овој чин учествуваат и стројникот, стрикото и други блиски роднини на двете семејства. Доколку. пак, таткото на момчето или на девојката не се живи, на нивно место доаѓа најстариот брат на таткото,односно стрикото на младите или домаќинот на семејната задруга, ако младите свршеници се нејзини членови (Велес). 8

    Предмет на свршувачката- Постигнувањето на согласност меѓу родителите нивните деца да стапат во брак, со ,,давање на збор,, и со ,,ракување и бакнување,, , благословувајќи го бракот на своите деца, претставува предмет и основна цел на свршувачката, односно нејзин успешно завршен чин.

    Престанок на свршувачката- Свршувачката престанувала и денес може да престане на три начина:
    1) Со склучување брак
    2) Со смрт на еден од свршениците
    3) Со раскинување (откажување) на свршувачката
    Меѓусебно договорениот брак најчесто бил склучуван, со што се исполнувала основната цел на свршувачката, доколку свршувачката не престанала со смрт на еден од свршениците, со што ветениот брак ја губи својата смисла. 9

    ReplyDelete
  26. Последици од раскинување на свршувачката- Последиците од раскинување на свршувачката се однесуваат на враќање на даровите и надоместување на трошоците. При ова е водено сметка и за постоење на вина на страната на некој од свршениците. Виновниот свршеник за раскинување на свршувачката, без оглед дали се работи за момчето или за девојката, покрај тоа што ги враќал добиените дарови, бил и морално осудуван.10

    1.Склучување брак (женидба)

    По успешното завршување на свршувачката се пристапува кон венчавање, како завршен чин за создавање на брачна заедница, односно брачен сојуз. Бракот бил склучуван во присуство на парохиски свештеник, според обичајните и цковни правила.

    Услови за склучување брак- Како услови за склучување брак во минатото, па и денес, се јавувале и се јавуваат, со различен интензитети значење, следниве околности, односно факти: постоење на две лица од спротивен пол, согласност на лицата за стапување во брак и форма за склучување брак.
    Брачни пречки и забрани - Како брачни пречки и забрани, се јавуваат: брачната зрелост на лицето што сака да склучи брак, постоечката брачност на еден од нив, определен вид роднинство(крвно, посвојување и кумство), разликата во верата и во вероисповедта, редот на венчавањето да одговара на редот на раѓањето и недостаток во изјавената волја за склучување брак.
    Брачна зрелост- Кога едно лице ќе стои во брак,според нашите обичаи и обичајни правила,не одлучувало самото, туку неговите родители. Ваквиот обичај да се свршуваат и женат на рана возраст продолжувал и се одржувал долги години и векови.Мошне ретко во брак се станувало по наполнување на дваесет годишна возраст. Девојките и машките што останале немажени односно неженети по таа возраст се сметани за ,,стари ергени,, , односно стари моми,,. 11
    Крвното роднинство како брачна пречка- прествувало пречка за склучувањебрак, и тоа не само помеѓу крвни роднини во права линија туку и во странична, уште во времето на Мојсие.За оваа забрана за стапување во брак се водело сметка не само од страна на родителите и на роднините туку и од надлежните органи кои земале учество при склучувањето брак.Се осудува бракот помеѓу братот и сестрата.
    Посвојување како брачна пречка-значи дека со посвојувањето помеѓу посвоителот и посвоеникот и неговото потомство се засновувал однос кој постои меѓу родители и деца, со сите меѓусебни лични и имотни семејни права и должности како и со соодветните пречки и забрани.
    Духовното роднинство (кумството) како брачна пречка-Духовното роднинство како пречка за склучување полноважен брак, е озаконето од царот Јустинијан(530)со одредбата која ,, забранува брак меѓу кум и кумче,, а во 7 век е проширена и на ,,брак помеѓу кум и овдовена мајка на неговота кумче,,.12
    Разлика во верата и вероисповедта како брачна прчка-според црковното право, иако во почетокот црквите склучувале брак меѓу христијани и нехристијани или меѓу две лица кај кои не постои единство на верата.

    ReplyDelete
  27. Ред на раѓање ред на склучување брак- Не се дозволувало, според обичајното право,помладиот да стапи во брак пред постариот брат или сестра.
    Заблудата како брачна пречка- Заблудата како пречка за склучување брак според обичајното право се јавува доколку таа се однесувала на определени околности од суштенствено значење при донесување на одлука да се стапи во брак со конкретно лице.13

    Права и должности на сопрузите

    Од моменто на склучување брак за брачните другари т.е. за сопрузите настануваат бројни односи сврзани со целите и функцијата на бракот и на брачната заедница. Некои од нив немале и денес немаат ист карактер, а многу од нив не се, ниту може да бидат уредени со обичајни, државни или црковни правила или канони.

    Имотни права и должности на сопрузите- се што се стекнувало во бракот му припаѓало на мажот кој се јавувал како титулар при неговото купување.Мажот се појавува како сопственик на имотот што ќе го добие или ќе го наследи од таткото и на имотот што самиот ќе го создаде или купи.
    Дарови- Даровите и дарувањето се составен дел на бројните обичаи што го придружуваат стапувањето во брачен сојуз-брак. Според времето кога се даваат тие се делат на: дарови дадени во текот на свршувачката, дарови дадени пред и на денот на свадбата и потоа, а според лицата кои ги даваат може да бидат: дарови од момчето и од невестата, како и од нивните родители и роднини.
    Чеиз- Чеиз претставува,личната спрема на момата односно на невестата што ја донесува во својот нов дом.Чеизот се состои од алишта, кошули, фустани,носија,јамбулија итн.Сето тоа е изработено за време на моминството од самата девојка, нејзините другарки и понешто од нејзините роднини.
    Мираз- Двање определен имот и поголема сумапари при склучување брак од страна на родителите на девијката на зетот односно мираз о одамнешен обичај кој опстојува и до денешни денови, иако не насекаде и од секого. 14

    Престанок на бракот
    Од секогаш т.е од своето настанување бракот престанувал во моментот на смртта на еден од сопрузите или со развод. И црковното право во оваа смисла разликува два начина на престанок на брачната заеница:престанок на бракот без пресуда и со пресуда ил развод.15


    СЕМЕЈСТВО И ОДНОСИ ВО СЕМЕЈСТВОТО

    1. Поим и видови на структура на семејтвото
    Семејството преставува животна заедница меѓу родителите и нивните деца создадена со раѓање во брак и вонбрак или со посвојување. Кога семејтвото го сочинуваат само родителите и нивните малолетни деца, се зборува инокосно или потесни семејство. Доколку, пак, во рамките на едно семејство живеат две ил повеќе генерации ,односно колена, заедно со своите родители- таткото и мајката или дедото и бабата или само со еден од нив се зборува за семејна, односно за куќна задруга.16

    2. Односи меѓу членовите на семејството- може да се посматраат како односи меѓу самите родители или меѓу нив заедно и нивните малолетни деца, а и пошироко како заедница на повеќе генерации, но и како односи меѓу блиску роднини.
    Положба на таткото и на домаќинот- Такото е должен де се грижи за децата додека се мали, д аим обезбеди услови да пораснат и да се оспособат за живот.Грижата за исхрана, облека и за здравјето на децата паѓала на негов Товар. Тој исто така имал право непослушните деца да ги кара, да ги укори, дури и физички да ги казни.
    Правата и должностите на домаќинот во семејната задруга се исти со оние што ги има таткото во инокосното семејство.Домаќинот ја вршел својата должнос додека бил здрав и способен да се носи со своите обврски.
    Положбата на жените и на женските деца- била различна во зависност од нивната возраст и од нивната статусна положба(ќерки, снаи, јетрви, мажени илинемажени, вдовици)како и од тоа дали живат во инокосно семејство или во семејна задруга.Само жената на домаќинот-домаќинката имала право на самостојно одлучување во определени работи и тоа главно спрема своите или помлади јатрви и нивните деца.1

    ReplyDelete
  28. 3. Некои елементи на старателството
    Старетелството во минатото на македонскиот народ, како и кај многу други народи имало сенеен карактер. Кога децата, на пр. останат сираци без двајцата родители грижата за нив и за нивниот имот ја презема семејната задруга, доколку тие биле нејзини членови. Понекогашдецата без родители биле прифаќани и од поимотни семејства, без оглед дали се роднини или не.18

    Роднинството и односи меѓу блиски роднини

    1.Општо за роднинство
    Роднинството поврзано со меѓусебни права и обврски во минатото имало значалка улога во односите меѓу членовите на едно семејтво.Во таа смисла од посебен интерес преставуваат видовите на роднинските врски меѓу членовите на едно семејство, создадено со раѓање и посвојување, со склучување брак или со крштевање духовно роднинство.
    2.Видови на роднинство
    - Роднинство по крв
    - Посинување-посвојување
    - Роднинство по сватовство
    - Кумство
    - Старосватство
    - Побратимство и посрестимство
    - Домазет19
    3.Право на меѓусебно наследување и делба на имотот
    Оставината секогаш се делела меѓу наследниците, според обичајните правила, без каков и да било спор наследувањето и делбата биле конечни. Наследувањето според обичајното правило било различно во зависност од тоа дали оставителот, во моментот на смртта, живеел во инокосно семејство или бил член на семејна задруга.20

    Некои услови и правила за уредување на наследувањето

    За да се наследи некоја ствар прво треба да настапи смрт на едно физичко лице, кое во тој момент остава имот кој треба да се пренесе на неговите наследници.
    Оставител- се јавува само физичко лице, без оглед на неговата возраст и пол,кое во моментот насмртта оставило свој имот. Секој сопственик има право да располага со својот имот како што сака за време на животот .
    Наследници-Според обичајното право се јавуваат потомците на оставителот, и тоа прво синовите, а ако нема синови тогаш се повикуваат неговите неомажени женски деца. Како наследници се јавуваат и родителите на оставителот како и неговите браќа и подалечните машки крвни роднини.
    Право на претставување- било познато уште од римското право.Со дирекна примена на тоа правило внуците на оставителот, како подалечни роднини на дедото, би биле исклучени од наслетството само затоа што нивниот татко, син на оставителот, умрел пред смртта на својот татко.
    Наследни редови: прв, втор и трет наследен ред.21

    ReplyDelete
  29. Користена литература:

    • Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава,том l, Универзитет,,Кирил и Меодиј,, Скопје,1981, стр.19
    • Љубен Лапе, Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, Прв дел, трето дополнето И проширено издание, Универзитет,, Кирил И Методиј,,,Скопје,1975,стр.10
    • Edvard Halet Kar, Што е Историјата
    • I Црковно право, 2,стр.11.
    • Кузман А.Шапкареф,Избрани дела.том четврти Скопје,1986,стр.32
    • Д-р Александар Трајановски, Обичајно право на Прилепската општина...стр 701
    • Шапкареф,Избр. Дела


    Footnotes:

    1 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава,том l, Универзитет,,Кирил и Меодиј,, Скопје,1981, стр.19
    2 Љубен Лапе, Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, Прв дел, трето дополнето И проширено издание, Универзитет,, Кирил иМетодиј,,,Скопје,1975,стр.10
    3 Edvard Halet Kar, Што е историјата
    4 Црковно право, 2,стр.11.
    5 Кузман А.Шапкареф,Избрани дела.том четврти Скопје,1986,стр.32
    6 Кузман А.Шапкареф,Избрани дела, т.4Обичаи,обреди,носии,приредил Т.Саздов,,,Мисла,, , стр.183
    7 Црковно право, 2, стр.27.
    8 Димитар И Констатин Миладиновци,Зборник на народни песни,Македонска книга,Скопје,1983,стр.106.
    9 Шапкареф,Избр.дела,т.4(1976),стр.180,183.
    10 Isto str.184.
    11 Живко Чинго,Сребрени снегови, изд.,,Детска радост,, , Скопје, 1995,стр.124
    12 Шапкарев,Избрани дела,т.4(1976),стр182,183
    13 Исто,стр184,185
    14 Одбрани текстови,355-356
    15 Црковно право,2, стр. 147
    16 Д-р Александар Трајановски, Обичајно право на Прилепската општина...стр 701
    17 Шапкареф,Избр. Дела, т.4 (1976), стр.203,204
    18 Исто стр.205
    19 Шапкареф,Избр. Дела, т.4 (1976), стр.205.206
    20 Исто стр.207
    21 Д-р Александар Трајановски, Обичајно право на Прилепската општина...стр 703

    ReplyDelete
  30. ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА


    Централни прашања во меѓународната политика за човековите права на САД

    Во врска со САД, можеме да издвоиме пет ази:
    - 1945 - 1948год., почетен ентузијазам кој кулминираше во приаќањето на Универзалната декларавција за човековите права
    - 1949 - 1973год., интересите во врска со човековите права се потчинети на антикомунизмот, и на ривалството со СССР во студената војна
    - 1975 - 1980год., појавување на човековите права како истакнат елемент во јавната дипломатија на САД, најпрво во Конгресот, а потоа за време на претседателствувањето на Картер
    - 1981 - 1988год., Регановиот (на крајот сепак неуспешен) обид да се потчинат човековите права на студената војна
    - 1989 - до ден денес, ширење и продлабочување на интересирањето за човековите права по студената војна

    Ќе се концентрираме само на првите четири периоди.

    Антикомунизмот и американската исклучителност

    Во надворешната политика на САД од 1945год. па се до крајот на 1980год. доминираше комунизмот. Дури и за време на „либералните” претседателствувања на Труман, Кенеди, Џонсон и на Картер, стравот за комунизмот претставуваше доминантна грижа. Како резултат на тоа САД отворено ги поддржуваа антикомунистичките влади. Но без разлика дали беше добра или лоша надворешната политика, последиците за човековите права биле катастроални.
    Мешањето на антикомунизмот со човековите права беше зајакнато со она коешто студентите кои ја изучуваа политиката на САД го нарекуваа американска исклучителност - тоа претставувало верување дека САД се различни од сите други земји, и тие во голема мера посветувале внимание на индивидуалните права. Сето ова водело до изедначување на меѓународните интереси на САД со демократијата и човековите права бидејќи за време на студената војна логиката обично се движеше во тој правец - комунизмот им се спротиставува на човековите права. САД се залагаа за човековите права па затоа американската акција против комунизмот е еквивалентна на акција во името на човековите права.
    Аргументот дека борбата против комунизмот претставуваќе доминантен приоритет за надворешната политика на САД за време на студената војна, го поставува прашањето за вистинското место на човековите права во надворешната политика.
    Во свет на суверени држави, надворешната политика главно се занимава со унапредување на националните интереси, онака како секоја земја ги опаќа и саќа. Националниот интерес може да го вклучува почитувањето на човековите права на другите земји или како вродена вредност, или од инструментални причини. Но во ниту една земја националниот интерес не може да биде редуциран врз меѓународните човекови права. Добро подготвената надворешна политика ги избира средствата и целта што сака да се постигне. кои се средствата кои САД ги користела во име на меѓународните човекови права?
    Трите основни средства користени од САД во име на меѓународните човекови права се:
    1. тивката дипломатија - приватни дискусии со странски влади;
    2. јавните изјави;
    3. одобрување/неодобрување странска помош

    ReplyDelete
  31. Најјако средство најчесто употребувано за да се поддржи политиката на човековите права е условувањето на помошта со практиките во врска со човековите права. САД беа подготвени да жртвуваат многу мјалку за да ги постигнат целите во врска со меѓународните човекови права. ретко беа подготвени да употребат појаки средства или да приатат значајни жртвувања на своите други интереси. Човековите права го дибија своето вистинско место во надворешната политика кон средината на седумдесетите години. Меѓутоа то а место беше периерно, особено за време на студената војна. Ова се гледа јасно во следните случаи на Централна Америка, Јужниот Рог и Јужна Арика.

    Политиката на САД во Централна Америка

    Во почетокот на 20век политиката на САД во Централна Америка беше насоена кон воспоставување на воена, економска и политичка хегемонија. Централна Америка беше стратегиски значајна поради тоа што беше близу до САД, поради Панамскиот канал и Карибските поморски патишта. Притисокот и интервенциите на САД исто така беа регуларно употребувани да се унапредат интересите на американските банки и корпорации.
    Веќе во 20-тите год. (1920)год.) Централна Америка беше насочена кон воспоставување на воена, економска и политичка хегемонија. Централна Америка беше станала специјална сера на влијание на САД. Уште од тогаш таа се викала „наш двор”. Од втората светска војна, па наваму улогата на економскиот интерес во политиката на САД драстично се намали.
    Во 1945год. САД го поддржува рушењето на слободно избраната влада на Јакобо Арбенц во Гватемала, а ги одразува интересите на Унитед руит Цомпанѕ, која што имаше специјално влијание врз Стате Департмент и врз ЦИА. Дури и тогаш антикомунизмот веројатно беше појака мотивирачка сила.
    Веќе во 80-тите год., кога Централна Америка повторно се појави како централно прашање на надворешната политика на САД, економските интереси беа главно ирелевантни. Меѓутоа, економские интереси не беа заменети со интерес и во корист на подобрување на човековите права.
    За време на студената војна, политиката на САД беше водена од стравот дека домашната нестабилност може да ја зголеми поддршката за локалните комунисти и нивните советски поддржувачи. Па затоа политиката на САД во Централна Америка на тој начин осцилираше меѓу занемарување на времето во периодите на домашен мир, и интервенции во времињата на домашната нестабилност. И во двете орми политиката на САД обично ги подржуваше воените и традиционалните граѓански елити, на штета на човековите права на повеќето Централно Американци.

    САД и јужниот Рог

    Аргентина, Чиле и Уругвај страдаа под бруталните воени режими во 70-тите и 0-тите год. Она што Аргентина го нарекувала валкана војна, претставувало здружена кампања на насилство насочено кон политичката левица, синдикатите, интелектуалците, регуларните автономни социјални организацвии како и кон аполитички граѓанни коишто беа присилени или случајно заплеткани во политиката на мачења и исчезнувања. САД одигра значајна улога во подржувањето на преземањето на влата од страна на Чилеанската војска.

    ReplyDelete
  32. Гхарнитурата на Никсон го сметаше изборот на Салвадор Алјенде како неподносливо натрупување на комунизмот на Латинска Америка. Хенри Кисинџер, советник за национална безбедност и подоцна државењн секретар, изработи кампања за економско саботирање. Покрај тоа, САД ги охрабрува дисиденските воерни оицери, иако ударот во 1973год. беше чиста локална чилеанска иницијатива. САД одиграа само мала улога во преземањето на власта од страна на војската во Уругвај и во Аргентина. А, дипломатијата на САД ги подржуваше сите три нови воени режими. конгресот се обидел да ги дистанцира САД од Хунтата во Чиле, притоа ограничувајќи ја и економски забранувајќи нова воена помош. Меѓутоа Кисинџер направил сè да го заобиколи Конгресот. На пр.: тој јавно го покорил амбасадорот на Чиле затоа што го поставил прашањето за човековите права дури и во приватните дискусии. Дури и кога биле преземени иницијативи во врска со човековите права, како во Аргентина 1976год. тие биле од низок приил, приватни и придружени со јавна поддршка од војската. Картер заедно со неговата администрација го свртија вниманието на јавноста кон повредите на човековите права на Јужниот Рог. Како резултат на тоа, ниеден од водачите на воените режими не бил поканет на државната посета во Вашингтон. Наспроти тоа, активистите за човековите права и крипни игури од политичката опозиција беа примени во Сате Департмант-от, Картер ја намали воената помош за Аргентина и Уругвај. Но оваа политика не доведе до крај на воената власт, односите со Чиле и со Уругвај, а особено со Аргентина биле многу затегнати.
    1981год. - гарнитурата на Реган ја врти повторно политиката и смета дека предходната гарнитура непромислено жртвувала повежни интереси на САД поради инсистирањето на човековите права. Иако Конгресот експлицитно забрани секаква економска и воена помош за Чиле, сепак гарнитурата на Реган правела се за да ги поддржи и задржи добрите односи со владата на Пиноче. Но малку подоцна се случува следново:
    Во Аргентина Реган не иницирал јавни никакви прашања за човекови права, напротив ја приаќа новата власт без негова вмешаност.
    Во Уругвај, исто така се враќа граѓанската власт, но не поради политиката на САД.
    Во Чиле се изјасни против интензивираната репресија што доведе до повторно наметнување на воената состоја во 1984год. Во 1985год. САД се воздржаа од некои мултилатерални заеми за Чиле. 1988год. Пиноче го губи реерендумот и во Чиле се враќа демократијата наспроти политиката на САД.

    ReplyDelete
  33. Политиката на САД кон Јужна Арика

    Новата администрација на Кенеди иницирала ревизија на политиката во 1961год. Тој исто така наметнал и селективно ембарго на оружје, дури и пред повикувањето на доброволното ембарго од страна на Советот за безбедност кон крајот на 1963год. Но како што се повлекувала кризата така и се намалувало вниманието на САД. Санкциите останале да важат но тие биле скромни и немале никакво препознатливо влијание. Кисинџер воспоставил серија ревизии на надворешната политика во сите области во светот. Документот Меморандумза национална безбедност, предлагал поблиско поврзување со Јужна Арика со цел да се постават САД во подобра позиција за да вршат повеќе притисок за реорми. Но наследниците на Кисинџер не го продолжуваат веќе започнатиот чекор на Јужна Арика. САД барале промени кои владата на Јужна Арика одбивала дури и да ги разгледа. И понатаму постоела расна поделба. Демократското владеење на мнозинството дури не беше ни отворено за дискусија. Друга грешка беше што САД се потпираше на економските промени и приватното претприемништво. Како либераљлите, така и конзервативците веруваа дека атавистичката расна политика на ЈУжна Арика неодминливо ќе биде еродирана со модернизација што ќе го следи економскиот развој. трговијата и инвестициите на тој начин се ч!инеа како инструменти за промена на поддршката на апардхејдот. Меѓутоа, во практика, реормите што ги барала економската неопходност биле спречени да преминат во социјални и политички промени. Огромната бирократија на Јужна Арика којашто интервенирала со тоталитарна темелност во сите аспекти на животот, во голема мера спречувала да поминат незабележани, неконтролирани, непланирани промени од ундаметален карактер за апардхејдот.
    Апардхејдот конечно паднал поради неспособноста на белата влада да ја држи опозицијата под репресија. Сепак промените во политиката на САД особено во поглед на глобалната антиапардхејд кампања, дал мал придонес за конечната смрт на апардхејдот.

    Други западни приоди кон меѓународните човекови права

    Иако САД воделе во 70-титегод., по воведувањето на човековите права во билатералната дипломатија и други земји исто така ги вклучиле човековите права во нивните надворешни политики. Особено значајни биле напорите на земјите истомисленички (12-те земји истомисленички) кои се обидувале да дејствуваат заедно во меѓународната дипломатија како посредници меѓу поголемите западни земји, чии што сојузници, ормални или неормални, припаѓале и земјите од третиот свет, кои покажувале значителни симпатии. Особено Норвешка и Холандија ги нагласиле човековите права во своите надворешни политики и издале соодветни владини документи Њхите паперс, во 1978 и 1979год. Земјите истомисленички на кои им недостигале ресурси за да се ангажирааат во поголеми, глобални програми, ја насочуваат својата помош во развојот на мала група земји. Холанѓаните и Норвежаните особено ги нагласуваат политичките, економските, социјалните, граѓанските и културните права.

    ReplyDelete
  34. Објаснување на разликите
    во политиките за меѓународни човекови права

    Јан Егеланд споредувајќи ги политиките за меѓународните човекови права на Норвешка и САД, тврдел дека малите и големите нации се различно предиспонирани кон преземањето надворешни политики ориентирани кон правата. Тој тврдел дека релативно скромните постигнувања во меѓународните човекови права на САД се такви поради нивната велесила. Големите земји имаат повекратни интереси и одговорности коишто го спречуваат конзистентното следење на целите поврзани со човековите права.
    Малите земји ретко мораа да избираат меѓу човековите права и другите цели на надворешната политика.
    Земјите имааат слобода при ормулирањето на своите политики за меѓународните човекови права. Разликите меѓу САД и земјите истомисленички во најголема мера се прашање на избор, на различни разбирања на приоритетите во врска со меѓународно признатите човекови права. Земјите како Норвешка и Хландија им даваат релативно висока вредност на меѓународните човекови права не поради тоа што тие се мали и слаби земји, туку бидејќи тие така одлучуиле, бидејќи тие толку многу значат.

    ReplyDelete
  35. РАЗВОЈ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО СЕДУМДЕСЕТИТЕ И ДЕВДЕСЕТИТЕ ГОДИНИ НА МИНАТИОТ ВЕК



    Во деценијата на осумдесетите години прашањето за човековите права се зацврснува во агендите на државите во светот и тоа станува прашање кое се институционализира во органите на државите. ОН, како најгласен поборник за човековите права ја продолжува својата работа и во осумдесетите го завршува нацртот на Конвенцијата против мачење и друг суров нечовечен и понижувачки третман и третман и казна во 1984, а Генералното собрание на ОН ја прифати декларацијата за правото на развој во 1986, деценијата заврши со декларацијата за правото на детето во 1989.
    Земјите од Европските Заедници ги вклучија прашањата сврзани со човековите права во нивната надворешна политика на ниво на заедницата, додека Соединетите Американски Држави се спротиставија на политиката за човековите права во периодот на администрацијата на Роналд Реган кој ја обнови војната против Советскиот Сојуз. Но на крајот од деценијата, 1989, Соединетите Американски Држави ја врати политиката за човековите права со политиката на Буш сениор кога бирото за човековите права се асоцира со Стејт Департментот.
    Државите во светот, во осумдесетите беа предмет на преструктуирања на внатрешен план, па така во целата западна хемисфера се добија изборни влади (во Латинска Америка, на Филипините 1986, во Јужна Кореја 1988, Тајван, Пакистан 1988, Источна Германија и Чекословачка во 1989, Унгарија, Полска, Романија), промените на внатрешен план што се случија во земјите во источна Европа имаа најголемо влијание во светот бидејќи со нив се помогна да се расформира СССР со што се заврши биполараноста на светот.

    Во деведесетите години ситуацијата се смени во многу погледи најпрвин заради тоа што биполарноста на светот ја немаше по колапсот на СССР и заради тоа се отвори простор за интервенции на ОН, какви што имаше во Босна, Руанда, Намбија, Ел Салвадор, Камбоџа, Сомалија, северен Ирак, мозамбик, Хрватска и Гватемала кадешто мировниците не помогнаа многу но значаен чекор напред беше самото испрачање на име на заштита на човековите права.
    Во Африка ситуацијата на тема човекови права, иако многу полека, почна да се либераризира, во Бенин Никефор Солдо во 1991 стана првиот африкански претседател кој го победил предходниот претседател на избори. Но ситуацијата во Африка се уште е тешка. Во Нигерија, најнаселената земја во Афика остана под воена управа, Заир самошто излезе од четиридецениската диктатура на Мотобу Сесе Секо, Геноцидите во Руанда и Бурунди продолжуваат ои понатаму, а продолжува и граѓанската војна во Либерија.
    Во Азија ситуацијата останува од мешовит карактер, се забележува подобрување во Јужна Кореја, Тајван, Камбоџа, Виетнам и Индија, додека ситуацијата во останува, најблаго речено, иста во Кина, Бурма, и Северна Кореја.
    Ситуацијата на Блискиот исток е уште полоша од онаа во Азија. Дикататорскиот режим на Асад продолжува во Сирија, Либија останува под диктатура на Моамер Гадафи, исламистичко-фундаменталистичките ражими доведоја до пораст на насилството во Египет и до воена диктатура во Алжир, во Саудиска Арабија се бележи слаб напредок, а исто така се бележи скромен напредок и во Јордан и Мароко.

    ReplyDelete
  36. Ситуацијата со човековите права се смени во Ирак и Авганистан кога САД и сојузниците извршија воена интервенција заради заканите од светскиот тероризам во овие земји. Најпосле беше срушен режимот на Садам Хусеин, но Осама Бин Ладен не е пронајден до ден денеска. САД и сојузниците се обидуваат да воспостават демократски режими во овие земји, што е многу тешко заради терористичките групи кои извршуваат чести напади над американските сили. Ситуацијата во Иран е загрижувачка заради нетолерирањето на човековите права и нуклеарната програма која сакаше да ја развие Иран и за која ќе расправа Советот за Безбедност на ОН.
    Продлабочено навлегување на човековите права се регистрира и во САД кои во 1992 го ратификуваа меѓународниот договор за граѓански и човекови права, во 1994 САД исто така станаа потписници на конвенциите за мачење и за женски права.
    Човековите права во деведесетите години се повеќе се третираат како дел од надворешната политика на државите и повеќе се поставува прашањето кои човекови права треба да се заштитат отколку тоа дали треба да се заштитат човековите права кое прашање се поставување минатите децении.

    ReplyDelete
  37. Tema: ПОИМ И ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА


    Содржина:
    Вовед
    Дефиниции за демократијата
    ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА
    ЕДНАКВОСТА КАКО ВРЕДНОСТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА
    СЛОБОДАТА КАКО ВРЕДНОСТ НА ДЕМОКРАТИЈАТ


    Вовед

    Терминот демократија преставува еден од најупотребуваните термини во политичката наука и во секојдневниот живот и воедно, еден од оние поими чија употреба доведува до бројни дилеми, бидејќи се истргнува при обидот за негово дефинирање.
    Зборот демократија е од грчко потекло и значи владеење на народот. Во ова наједноставно, но и најнеодредено значење демократијата преставува одреден модус на организација на државата,начин на управување на и учество на народот во одлучувањето за заедничките, или државни работи. Проблемите околу сваќањето на демократијата се јавуваат со различното сваќање на поимите народ и владеење. Оттука се поставуваат неколку прашања :
    1. Кого се го опфаќа терминот народ ?
    2.Каков вид на учество е предвидено за него?
    3.Колку тесно или колку широко треба да се постави досегот на
    власта?
    4. Кое е соодветното поле на демократската активност?
    Во текот на историјата овие прашања добивале различни одговори.
    Во античка Грција, народот како политички субјецт не го сочинувале сите жители,туку само нејзините слободни и полнолетни граѓани. Во тоа време демократијата имала тесна , општествена основа која опфаќала мал дел од општеството . Оние кои ги уживале граѓанските и политичките права ,нив ги остварувале во народните собранија , каде одлуките се донесувале со мнозинство гласови.
    Поимот демократија од страна на грчките историчари и филозофи се толкувало како власт на сиромашните и необразованите. Зборот демократија единствено кај Тукидат стапи на сцена како облик на владеење во кој сите луѓе уживаат еднаквост по закон, кој се базирал врз тоа дека мнозинството е помудро од неколкумина.
    Платон и Аристотел демократијата ја сфаќаат како лош и непожелен облик на владеење. Платон мислел дека демократијата настанува кога сиромашните ќе победат., кога на сите без разлика и на еднаквите и на нееднаквите им дели некаква еднаквост. Платон поради тоа мислел дека дека демократијата е лош облик на владеењеи дека е предворје на тиранијата , и преставувал најлош можен облик на државно уредување, според него. Аристотел исто така не бил демократ , бидејќи имал слично мислење со Платон, но има една разлика, според Аристотел деемократијата би можела да биде и добар облик на државно уредување, ако владеат законите во неа.
    Едмонт Берг ја опишал совршената демократија како најбесрамно нешто на светот, бидејќи тој вели дека во неа мнозинството граѓани е способно да врши најсуров притисок на мнозинството. За просветениот французин демократијата преставува точно одреден политички режим, односно преставувала еден од поедноставните облици на владеење, во кој народот како тело има суверенитет.

    Широкото прифаќање на демократијата во модерна смисла почнало да се употребува во XIX век која преставувала таков систем каде преставниците се избрани на слободни избори. Демократијата сега подарува, може да се каже легитимност на политичкиот модерен живот: прописите, законите, политичките одлуки како да се оправдани кога се демократски, односно според демократијата власта на одреден период мора да се стави на испит кај нејзините граѓани , и од одобрувањето на граѓаните зависи легитимитетот на власта.

    ReplyDelete
  38. Дефинирањето на демократијата во XX век предизвикало многу конфузии поради тоа што терминот демократија не се употребувал само за да се опише систем на владеење , туку и за други општествени односи. Затоа се вели дека една земја не само што има демократски поставени политички институции, туку има и демократско општество. Демократијата не била само облик на владеење туку таа станала општоприфатен начин на разликување, определување и вреднување на сите модерни политички поредоци. Како облик на политички поредок , демократијата станува критериум на секое политичко делување. Во овој век за првпат во историјата на светот нема ниедна доктрина која била антидемократска. Обвинението за антидемократско однесување ,најчесто било насочено против други , додека политичките критичари и политичките теоретичари се сложуваат во истакнувањето на демократскиот елемент кој постои во институциите кои ги бранат теориите кои ги заговараат. Ваквото прифаќање на демократијата како највисок облик на политичка и општествена организација е знак на темелна спогодба за ултимативните цели на модерните социјални и политички институции.
    Општото прифаќање на демократијата сеуште не значи негово еднакво разбирање. Сфаќањата на демократијата се групираат во неколку дефиниции за демократија меѓу кои се :

    1. Популистичките дефиниции за демократија поаѓа од сфаќањето дека демократијата е владеење на народот. Принципот на мнозинството се сфаќа како конститутивен за поимите праведност, легитимност и демократичност. Во овие дефиниции , демократијата се гледа како како морален кодекс и таа во себе ги носи идеате за правда , слобода и еднаквост. Според Линколм демократијата е владеење на народот , од народот и за народот. Народот е субјект и цел на демократијата.

    2. Плуралистичките дефиниции за демократијата се дефинираат преку натпреварор меѓу носителите на различни интереси. Се определува преку постоењето и можностите за партиципација на сите интересни групи во општеството исто така и во сферата на политиката.Ова сфаќање како и сфаќањето за ограничување на моќта на мнозинството со правото на малцинството, односно барањето за дисперзија на државната власт на повеќе центри на одлучување.


    3. Институциолните дефинивии , тука демократијата се определува како склоп на институциите и процедурите низ кои се донесуваат политичките одлуки. Демократијата значи нема определена содржина , таа преставува форма, метод, регулативен принцип. Таа се определува преку правилата на политичката игра. Шумпетер пишува дека демократскиот метод е уставен начин на доаѓање до политички одлуки, со чија помош поединците добиваат овластување да донесуваат одлуки по пат на конкурентска борба за добивање гласови од народот. Италијанскиот автор ( Ф. Бурзио ) пишува дека во целина на демократијата мора да се направи дистинкција помеѓу три различни елементи :
    1. реалноста
    2. желбата, односно еднаквоста
    3. илузијата, владеењето на масите
    Секое сфаќање на демократијата, било тоа да се нејзините вредности константиили нејзината процедурална страна доведува до нејзино нецелосно и несоодветно определување.Единствено целосното согледување на сите елементи и страни доведува до правилно осветлување на демократијата. Но ова не е ни малку лесно , зашто во размислувањата на демократијата се измешани реалноста, желбите и илузиите. Таа секогаш во својот поим имплицира нешто утописко и етничко. Демократијата постигнува повеќе од сите други политички идеи, но и никогаш не го достигнува она што се очекува од неа, еднаквоста и праведноста.

    ReplyDelete
  39. Демократијата ја соединува политичката еднаквост и рамноправност на сите граѓани во нивното еднакво право на учество во политичкиот живот на заедницата, но од друга страна политичката еднаквост се остварува во услови на општествената нееднаквост : економска, интересна, професионална и образовна. Токвил разликува два аспекта на демократија : процесс на изедначување на условите не е неопходно придружен со поопшување на на политичката слобода , но спротивно тој гледа во демократскиот режим најдобра гаранција на слободата.
    Настојувањето до крај да се реализирааат основните вредности на демократијата, слободата и еднаквоста, може да доведе до негативни последици по општествениот развој и развојот на самата демократија. Слободата без соодветна мера на еднаквоста и чувството за општествена и јавна должност и општи интереси , може да се изроди во различни форми на анархистички и диктаторски системи.
    Демократијата исто така се карактеризира и со отвореност Демократската држава е отворена кон сите мислења и спремна е да ја прифати секоја новена. Отвореноста на демократијата овозможува и непречена еволуција на општеството. Како метод на владеење демократијата ги обезбедува политичките слободи и еднаквоста на граѓаните , и заштитан а основните човекови права , како и остварувањето на сите политички програми кои слободно ги прифаќа мнозинството. Предностите на демократијата се нејзините ранливи места. Демократијата е помалку од било кој друг поредок систем на сигурност. Таа повеќе е систем на отвореност и трајна изложеност на опасности и неизвесности.



    Демократијата во која важи начелото , подобро загрозена слобода, отколку мирно робство со сите свои ризици опстанува, а тоталитарните режими со сета своја сигурност исчезнуваат . Пример за тоа се тоталитарните фашистички и социјалистички системи.
    Може да се константира дека модерната демократија почива на четири темели :
    - идејата на народот како заедница на граѓани,
    - идејата на универзалната еднаквост и рамноправност на луѓето ,
    - идејата на слобода и вредност на индивидуите како личност,
    - идејата на правото и правната држава
    Претпоставки за постоење на демократија се постоење на : одреден степен на економски развој, политички плурализам , вредносен консензус и демократска политичка култура.
    Демократијата исто така има свои слабости и недостатоци. Еден од тие недостатоци е остварувањето на еднаквоста, проблемот на границите на мнозинската власт, особено дали има извесни граници кои демократското мнозинство не може да ги пречекори и правата кои мнозинството со надгласување не може дам у ги одземе на малцинството и можностите за самоукинување како резултат на нејзината отвореност . Ваков пример имаше кога дошол Хитлер на власт ја укинал демократијата и воспоставил најгруба диктатура.
    Слабостите на демократијата се помали од слабостите на недемократските системи и методи на владеење што и даваат неспоредлива предност пред другите, бидејќи демократијата е систем над кој граѓаните имаат контрола. Политичките институции на демократијата и овозможуваат политичка партиципација, слободно гласање, периодични избори во правно фиксирани термини за нејзините државни функции. Демократијата има механизам преку кој граѓаните владеат или чувствуваат дека владеат, а управувачите неможат да употребат ниедно легитимно сретство да се задржат на власт подолго отколку што им дозволува уставот и расположението на граѓаните. Подршката на граѓаните ја прави демократијата силна, но воедно и тешка форма на владеење . Но и покрај тоа нејзината политичка и етичка супериорност над другите политички системи ја прават демократијата вистински предизвик на денешницата.

    ReplyDelete
  40. ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

    Демократијата почива на идеите за слобода и еднаквост. Битно начело на демократијата е автономијата. Начелото на автономија го поставува барањето на поединците да бидат слободни и рамноправни во определувањето на условите на своето живеење, односно треба да уживаат еднакви права. Начелото на автономија бара строго спроведување на концептот на еднаквост.
    Историјата познава случаеви кога љубовта кон еднаквоста била толкава што постоела спремност таа да се плати со слобода.


    ЕДНАКВОСТА КАКО ВРЕДНОСТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

    Со еднаквоста најпрво се поставува прашањето што всушност преставува еднаквоста, а воедно е и вредносен идеал на демократијата.
    Старата грчка филозофија еднаквоста ја разбирала како еднаквост пред законите, односно уживање еднаква заштита од законите. Арисотел сметал дека треба да постои еднаквост во општеството, бидејќи нееднаквоста раѓа незадоволство и револуција поткопувајќи ги постоечкиот поредок и заедница на слободни граѓани од внатре. Во античка Грција идејата на еднаквост била разделена од идејата на демократија.
    Христијанството ја истакнало еднаквоста како еднаквост на луѓето пред бога. Идејата за природна еднаквост на луѓето кои со помош на другите луѓе можат да опстанат ,од тука произлегува заемноста меѓу луѓето, не само како доблест туку и како нужност за заеднички опстанок.
    После многу векови додека се поставило прашањето за социјална и политичка еднаквост и проблемот на формална еднаквост. Како елементи на еднаквоста во демократијата се истакнуваат :
    - еднакво , општо право на глас
    - општествена еднаквост
    - еднакви можности
    Значаен демократси принцип е дека сите луѓе имаат еднакви и неотуѓиви права. Барањето за еднаквост е протест против неправдата , незаслужните и неправедните нееднаквости.Барањето на еднаквост во демократијата всушност преставува барање за правда , а не на идентичност.
    Еднаквоста во политичката сфера бара создавање на општествени претпоставки за нејзино остварување, но ова не значи дека државата гарантира еднаквост. Најдалеку што може да се оди , а да не се загрозат човековите слободи е осигурување на рамноправност, луѓето да бидат еднакви пред правните норми. Непостоењето на општа еднаквост доведува до политичка еднаквост, која всушност е вистинска нееднаквост. Оваа нееднаквост не останува скриена засекогаш, односно кога ќе избие на површина ја открива големата лаган а општеството во однос на принципот на кој се потпира.
    Кога би било можно да се обезбедат еднакви услови во почетокот и еднакви ресурси за сите , кога никој не би бил дискриминиран резултатите од тоа би биле, социалните позиции би биле различити. Принудното воспоставување на еднаквоста не може етички да се оправда.
    Барањето за еднаквост е идеал кој најмногу е природен. Овој идеал бара силна држава и постојана држава и постојана интервенција и акција, додека нееднаквоста е лесна, бидејќи таа не бара ништо повеќе од тоа да се лебди носе нод струјата, еднаквоста е тешка бидејќи бара да се плива наспроти неа ова го кажал Тавнеј . Таквиот идеал доведува до уништување на слободата и поради тоа е непримерен на демократијата. Еднаквоста во демократијата , е правна и политичка еднаквост и како таква е услов за слободата и треба да ја овозможи слободата.

    ReplyDelete
  41. СЛОБОДАТА КАКО ВРЕДНОСТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

    Слободата преставува врвна вредност на демократијата , односно демократијата не е цел за себе туку повеќе е сретство кое овозможува зачувување на највисоката цел слободата. Еднаквоста без слобода би била еднаквост меѓу робови.
    Слободата се набљудува како својство иманентно на човековата природа, Русо напишал одрекувањето од својата слободата значи и одрекување од секое својство на човекот , човечките права, дури и своите должности .
    Определувањето на поимот слобода е можно од неколку аспекти :
    Позитивно определување на слободата е во смисла на слобода на избор, односно можноста на човекот да се однесува во согласност на својата волја, да избираме меѓу повеќе алтернативе и да донесуваме повеќе одлуки.
    Негативно дефинирање на слободата се подразбира отсуство на пречки на извршување на некоја акција.Ова дефинирање е карактеристично за либералната теорија која ги поставува границите на државната интервенција во човековите слободи и права, односно ја разбираат слободата како со ништо непречена дејност на поединецот. Државаните институции имаат цел само да ги чуваат природните, неотуѓиви права на човекот.
    Материјално позитивно одредување на слободата преку слободата на волја. Слободата на волја значи дека може да се постават цели на делување кои подразбираат признавање на слободата на другиот.
    Изборот како одлука е чин на човековата слобода.Со изборо човекот делува и ја манифестира својата слобода . Со користењето на својата можност за избор човекот чувствува страв во слободата, а не страв пред слободата. Демократијата повеќе од кој било друг политички систем овозможува слобода на избор на делување.
    Постоењето на слободата во демократијата ја носи опасноста за самата демократија, бидејќи слободата може да им користи на непријателите на демократијата, но подобро е загрозена слобода, отколку сигурно ропство.
    За да се осигура еднаквост и слобода , неопходно е организирање на демократски уредена правна држава.

    ReplyDelete
  42. ема:
    ФИЛОЗОФИЈАТА НА ЏОН ЛОК


    СОДРЖИНА:

    - ВОВЕД
    - ЖИВОТНИОТ ПАТ НА ЏОН ЛОК
    - ФИЛОЗОФИЈАТА НА ЏОН ЛОК
    - ЗАКЛУЧОК
    - КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА И ИНТЕРНЕТ РЕФЕРЕНЦИ
    - Footnotes


    ВОВЕД

    Џон Лок, живеел во 17 – тиот и самиот почеток на 18-тиоот век. Тој е претставник на англискиот емпиризам според кој знаењето не е вродено, туку се стекнува со искуството. Филозофски осврти на Лок имаат големо влијание и значење во модерната филозофска и политичка мисла, бидејќи тој се смета за основач на модерната – либерално демократска политичка филозофија. Имено, Лок бил меѓу првите бил автори кој ги промовирал основните демократски принципи – слободата на личноста, правото на приватната сопственост, како и слободата на здружување на поединците за остварување на заедничките цели. Исто така, Џон Лок е првиот мислител во светот кој се залага за поделба на власта на законодавна и извршна и дека државата и власта треба да биде структуирана во согласност со сувереноста на народот.
    Во оваа семинарска работа ќе биде прикажан животот и делата на Џон Лок, при што посебен осврт ќе дадам на неговата политичка филозофија.


    ЖИВОТНИОТ ПАТ НА ЏОН ЛОК

    Џон Лок е роден во селото Бринетон – Англија , во август 1632 година. Лок бил воспитуван од тако му кој бил мошне строг моралиста (пуританец и кој многу влијаел на подоцнежното градење на неговите филозофски и политички ставови. Дисциплинско воспитување што Џон Лок го добил станува јасно ако кажеме дека татко му бил високо воено лице, односно за време на граѓанскиот рат во Англија, во средината на 17 век, тој бил офицер на револуционерните сили. За време на граѓанскиот рат во Англија Џон Лок се стекнува со основното образование, по чие завршување се дошколувал на реномираниот Оксфордски Универзитет. По завршувањето на студиите Лок станал асистент на Оксфорд. Сепак, Лок мошне малку останал да предава на Оксфорд Универзитетот, односно само три години во периодот од 1661 до 1664 година, кога предавал Грчки јазик и морална филозофија, а покажувал се поголемо знаење и интерес кон природните науки, односно медицината и хемијата. Краткото задржување на Оксфорд Универзитетот се должи на тоа што професорите по филозофија на овој Универзитет предност давале на Схоларистичката филозофија,1 која Лок не ја прифаќал, дури и ја презирал. Сепак, позицијата во Оксфорд му овозможила на Лок достапност до реномираната Библиотека, која ја користел за самостојна надградба проучувајќи ги делата на Декрат, Бекон и Хобс, како и за проширување на своите хоризонти во областа на медицината и хемијата. Токму во оваа библиотека Џон Лок се запознава со славниот хемичар Роберт Бојл и медицинарот Сиденхам, од кои дознал за примената на емпиризмот.

    ReplyDelete
  43. Во ова време, на англиската политичка сцена се случуваат големи превирања. Тогаш буржоазијата за крал на Англија го поставува Карл 2 Стјуард и доаѓа до големи конфронтации помеѓу него и Парламентот, поради што во англиското општество се формираат и издвојуваат две сосема различни политички струи. Првата е преставена преку т.н. Ториевци (подржувачи на кралскиот двор и свештенството) и Виговци (преставници на новото племство кое се залагало за ограничување на апсолутистичката власт на Кралот). Иако Џон Лок најпрвин го подржувал кралството, сепак под влијание на пријателството со истакнати личности од редовите на опозиционите Виговци, пред сè со баронот Ешли, тој постепено почнува да ги менува своите политички ставови и набргу преминува во таборот на Виговците. Покрај пријателството со баронот Ешли, овие двајца имале и професионална соработка, бидејќи Џон Лок бил негов советник, домашен лекар и приватен учител на неговите синовите. Кон крајот на 1971 година, опозицијата успева да се афирмира на политичката сцена во Англија, а веќе наредната година Ешли станува Лорд, кој му доделува на Лок висока државна функција. Сепак, поради бројните политички конфронтации Џон Лок не се заржува многу на оваа позиција, по што ја напушта Англија и заминува во Франција. Во Франција Лок останува четири години, а потоа се засолнува во Холандија каде што останува уште половина декада. Впрочем, овие години на засолништево се најплодните творечки години на Џон Лок, а во овој период ги создава и своите најважни дела ”Есеј за човековиот разум" (нацрт 1671, објавено 1690) претставувало основање на англискиот емпиризам и “Двете писма до владата” (или “Две расправии за власта”) - "Two Treatises of Government" (1690) – каде ја истакнува либералната политичка филозофија и теоријата за природните човекови права.
    Визговците не успеале долго да ја задржат власта во свои раце, односно додека Лок бил надвор од Англија државната власт консатно се менувала помеѓу двете струи. Притоа, братот – наследник на Карл - Џемс 2, работел на полето на вракање на сопствената апсолутистичка власт за што ја добивал поддршката од разни влијателни структури од тогашното англиско општество, пред сè од свештенството. За среќа овие бројни конфротации помеѓу Ториевците и Виговците биле решавени со полтички компромиси, а како еден од овие компромиси е доведувањето на Холандскиот Крал – Вилхелем Орански 3 на Англискиот престол, додека Лок бил во Холандија, односно во 1688 година. Овој настан во историјата е означен како Славната Револуција на Англија, во која немало крвопролевање, а воедно оваа револуција била и почеток на имплементација на емпиријалистичката филозофија, за која Лок се залагал. Токму поради ваквите настани Лок се вратол во Англија и работел во министерството за колонии до 1700 год. Имено, непосредно по Славната Револуција, односно во 1688 година, во Англија била срушена апосолутистичката и воспоствена е буржоаската монархија, а власта започнала да се ограничува и поделува во согласност со определбите на граѓаните за мирен живот и остварувањето на нивните потреби. Токму ваквите гледишта Џон Лок ги истакнува во написот "Два состави за владата" каде се критикува апсолутистичката монархија, бидејќи таа не ги безбедува неопходните еднаквост и слобода “Задачите на државната власт се ограничени, следствено и средствата на власта треба да бидат ограничени.

    ReplyDelete
  44. Затоа власта треба да е распределена на различни носители: легислатива (парламентот) како законодавна, егзекутива како извршна и федератива која е надлежна за надворешната безбедност. Обете последни власти се наоѓаат во рацете на монархот и неговата власт. Целата власт своите граници ги има во согласноста на граѓаните. Владеење, кое го преминува правото на неповредливост на личноста и сопственоста претставува тиранија и предизвикува отпор. Луѓето се здружуваат во мир и соживот за зачувување на својата сопственост.”2 Според оваа политичка филозофија Лок државата треба да биде создадена од човекот, а власта да ја гарантира слободата, еднаквоста и сопственоста и овие “природни права на луѓето”. Токму овие прородни права ја ограничуваат власта, која според Лок треба да биде троделна – извршна, законодавна, па дури и судска. Токму поради ваквата политичка идеја на Лок за контрола и ограничувње на власта, создавање на одговорност на владата пред народот и потенцирањето на приватната сопственост овој филозоф го определуваат како претходник на денешната либерална демократија, иако во негово врема поимите како приватна сопственост, поделба на власта (децентрализација) и либерална демократија сè уште не биле вообичаени. Како што ќе видиме подолу вракањето на Лок во Англија се должи на тоа што власта започнува да се структуира и организира според неговите идеи, а уште повеќе неговите идеи наоѓаат афирмација и имплементација по неговата смрт, пред сè при спроведувањето општествениот и правниот поредок на Соединетите Американски Држави, по прогласувањето на независнот на САД. Откако започнала да се воспоставува новата власт во Англија, односно по вракањето во татковината, Џон Лок мал период работел во Министерството за колинии, а му биле понудени други значајни државни функции, но тој ги одбил главно поради здравствени причини. Џон Лок умрел на 28.октоври.1704 година во Лондон, а до крајот на животот останал угледна личност во англиското општество и почитуван од многу лица од тогашниот научен свет.


    ФИЛОЗОФИЈАТА НА ЏОН ЛОК

    Идеите и емпиристичките учења на филозофот и политичкиот теоретичар Џон Лок имаат големо влијание и значење во модерната филозофска и политичка мисла. Неговото творештво и учење можеме да го диспензираме во различни области, меѓутоа ставовите кои овој филозоф ги гради се заеднички за сите нив и воедно во секое учење предност дава на сензуалистичките и емпириските аспекти на нештата. Имено, сите сфери за кои Лок бил заинтересиран и творел ги објаснувал низ призмата на емпиризмот, според кој целокупното знаење, воспитување, дејствување и идеи сè засноваат или треба да се засноваат на искуството, односно дека нема вродено знаење, разум и чувства, туку дека тие се создаваат во текот на животот. Целта е ова искуство да најде примена во севкупната животна пракса на луѓето. Сферите во кои Лок истражувал и творел се следниве:
    - Педагогија – претставено преку делото “Воспитни мисли” од 1693 година;
    - Човековиот разум и идеи - “Посланието до читателот” и “Есеј за човековиот разум” “Огледало на човековиот разум ”;
    - Политичка Филозофија – “Двете расправии до владата” (1690) и “Писма за толеранцијата”;

    ReplyDelete
  45. Лок кој е најпознат по воведувањето на емпириската филозофија и морална пракса, најмногу бил критикуван поради неговите атеистички сугестии според кои моралноста не е природно вродена карактеристика на луѓето, што е контрадикторно ако се знае дека овој автор бил религиозен. Џон Лок бил критички настроен кон учењето дека “идеите се вродени”, велејќи дека идеите како настануваат и се надградуваат во процесот на сензорното апсорбирање на знаење и спознаеното искуство.
    Иако за основач на емпиризмот во Англија се смета Френцис Бакон, кој творел во почетокот на 17 век, сепак Лок се смета за првиот филозоф кој систематски се обиде да даде одговор на развојот на разумот и идеите. Имено, овој автор го застапуваше гледиштето дека човекот се раѓа без знаење - “tabula rasa (празна табла, со преносно значење – без знаење)”. Во тој контекст, можеме да ги согледаме заедничките елементи во навидум различните филозофски дела на Лок, односно гледиштето дека сите личности се богови сами за себе, независни и еднакви по раѓање. Овие гледишта подеднакво се провлекуваат во делата за воспитување, потоа делата за политичката и верската толеранција, како и делата за потеклото и развојот на разумот и идеите. Притоа, Џон Лок, ги прифаќа учењата на Декрат дека луѓето ја спознаваат стварноста која постои независно од нив, но истата не ја спознаваат посредно, туку посредно – преку идеите. Во емпиристичките теориите за познанието поимот “ идеја“ е основен за објаснувањето на нештата, а таа спосред Лок таа преставува “сè она што духот го согледува во себе или што е непосреден предмет на восприемањето и разумот. ”3
    Џон Лок се смета за еден од најголемите творци и основачи на модерната – либерално демократска политичка филозофија, пред сè, поради тоа што во неговите политички дела тој бил меѓу првите (заедно со Швајцарскиот Французин Жан Жак Русо) кој ги промовирал основните елементи на демократијата – слободата на личноста (поединецот), слободата на здружување на поединците заради полесното остварување на заедничките цели (она што денеска се нарекува граѓанско општество): “Џон Лок работи со потесен модел на демократија каде што самостојните поединци се здружуваат за ограничени заеднички цели и со негибната индивидуалност, што во подоцнежниот модел во голем степен под влијание на романтизмот, поединецот се разложува во “општата волја”, каде што може да се најде исполнување што е поголемо по степен и по значење отколку она што може сам да го постигне поединецот.”4 Знаеме дека оставрувањето на овие демократски права, односно слобода и еднаквоста помеѓу луѓето, како и слободното здружувањето на граѓаните по различни основи, денеска се основен принцип на секоја демократија во светот. Исто така, погоре кажавме дека Џон Лок е првиот афтор во светот кој се залага за поделување на власта на законодавна и извршна, а факт е дека денеска во сите демократски држави ваквото државно уредување е реалност.

    ReplyDelete
  46. Според Лок карактерот на државата и власта треба да биде структуирана во согласност со сувереноста на народот, а апсолутистичкото владеење треба да се укине, бидејќи народот треба да има право на отпор против секаков вид на владеење: “Животот, слободата и сопственоста ги формираат вродените права на човекот. Целта на секоја држава се состои во тоа да се заштитат овие природни човекови права.”5 Според Лок, овие права на граѓаните преставуваат нивни "природни и неотуѓливи права" кои не се дадени од државата, бидејќи постојат во природна состојба и поради тоа државата и власта треба да се организираат според природните права, а секој “вештачки” закон треба од нив да почнува и завршува: “државата има задача да ги конкретизира природните права со јасно формулирани закони. Државата понатаму треба да чува стража за тоа дека овие закони се почитуваат. Во случај на спор потребни се судии кои ќе ги применуваат објективно законите. Кога би резимирале, би можело да се каже: државата има за задача обезбедување на природните права.”6
    Знаеме дека либералната демократија подразбира почитување на приватната сопственост и либерализација на економските и финасиските односи и процеси помеѓу државите и поединците. Токму никулецот на оваа идеја за приватна сопственост му се препишува на Џон Лок кој прв потенцирал дека “човековото право на приватна сопственост е негово неотуѓиво право.” Џон Лок е роден истата година како и Спиноза, меѓутоа тоа не е единствената заедничка работа помеѓу овие дваца филозофи. Имено, овие двајца, исто како и нивниот современик - Русо, пишувајќи на полето на развојот демократичноста во општествената (и политичката) пракса на граѓаните се најрепрезентативните преставници на “Теоријата за општествен договор” според кој ниту еден закон не може ниту смее да ја оспорува еднаквоста помеѓу луѓето и воспоставувањето на нивните општествени односи и врски. Токму ваквиот општествен договор потпишан помеѓу граѓаните, за кои овие автори се залагале да биде издигнат на официјално ниво, односно да има правна моќ, им го гарантира остварувањето на ваквите елементарни човекови права: “Теоријата на општествениот договор говори дека луѓето по природа се еднакви и дека ниту еден општествен закон не може да го доведе во прашање законот на ваквата природа. Како еднакви и слободни луѓето можат да одлучат како ќе ги организираат нивните меѓусебни односи и воопшто како тие ќе живеат. Тие како еднакви и слободни потпишуваат договор со кој воспоставуваат општество какво што нив им одговара. Со оглед дека договорот, како правен акт, можат да го потпишуваат само слободните и еднаквите граѓани, со тоа тие го воспоставуваат соодветното општество – граѓанското општество.”7 Иако секој од овие автори се залагал за Општествениот договор и слободата и еднаквоста на граѓаните, сепак помеѓу нив има разлики во поглед на нивните гледишта за организирање на власта, државата и општествената и политичката пракса или значење на луѓето во општествената и политичката пракса. Во тој контекст треба да кажеме дека Џон Лок потенцирал дека Општествениот договор треба да се однесува само за онаа личност која го има потпишано истиот, а неговото правно и општествено значење на треба да се пренесува на неговите потомци. Исто така, на Џон Лок му се препишува и афирмацијата на слободата на истакнувањето на јавното мислење кое доколку се има намера да се спречи одредена несакана појава во политиката и општеството треба да е аргументирано, односно да е во согласност со разумот. Лок, на јавното мислење гледа исто така како природен закон кој не може и не смее да се спречува, а евентуалниот Закон за јавно мислење треба да биде во согласност со природното право на луѓето за слободно јавно мислење.

    ReplyDelete
  47. Покрај споменатите политички идеи во “Двете расправии до владата” на Џон Лок, значајна се за поделба на власта и нејзина организираност во согласност со оставрувањето на споменатите природни права на граѓаните. Според Лок, волјата на граѓаните преставува ограничувањето на слободното владеење, или кажано со други зборови владеењето треба да биде во согласност со општата волја на луѓето (народот). Поради тоа Лок бил првиот што ја промовирал идејата за поделба на власта на законодавна и извршна, при што вели дека законодавната власт треба да биде под надзор на народот и дека тој треба да учествува донесувањето одлуки, односно да дава или не дава согласност за одлуките на законодавните власти. , Според, Лок на овој начин ќе се заштитат и целосно ќе се остваруваат природните права на граѓаните за приватната сопственост, еднаквост и слобода: “Легислативата, т.е. законодавната власт, и егзекутивата, тоа е власта која им придава признавање на законите, мораат да бидат одделени, а легислативата мора да биде подложна на контрола. Овде мислам на законодавен собир, кој може да биде отповикан или изменет од народот, доколку луѓето на кои им е дадено доверба делуваат спротивно. Така, слободата на граѓаните може делотворно да се заштити. ”8 Наведеново значи дека власта не може да биде власт без народот и дека власта е ограничена од природните права на граѓаните. Токму поради овие (либерални) политички идеи на Џон Лок, по завршетокот на Американската реоволуција, која се случила повеќе од половина век од смртта на овој филозоф, формирана е “новата земја”, според идеите на Лок. Новата земја, односно независната САД започнува се организирала според начелата на Лок за поделбата на власта, приватната сопственост, еднаквоста и слободата на граѓаните. Токму затоа се вели дека од поранешните Американски колонии формирано е “Локијанското кралство”, а Декларацијата за независност на Америка од 1776 годинма е наречена “Локијански Манфест”. Тоа е така, бидејќи Декларацијата за независност го признава и го промовира правото на приватната сопственост, како и правото за “Живот, слобода и потрага по среќата” на сите амеркиканските граѓани, одкаде што може да се воочи зошто Лок се смета за основач на либерално – демократската политика филозофија и пракса. Идеите на Џон Лок се огледаат и во првиот Устав на САД каде што е истакнато дека не може да постои влада без одобрување на оние, кои се водат, односно без одобрение на народот.

    ReplyDelete
  48. ЗАКЛУЧОК

    Џон Лок (1632 – 1704) е претставник на англискиот емпиризам, во кој е втемелено учењето дека човекот не се раѓа со знаење, туку дека тоа се стекнува со искуството. Ваквата филозофија Лок се обидува позитивистички да ја примени во неколку сфери од животот на луѓето, од кои најголемиот придонес му се одава за развојот на либерално – демократската политичка мисла и пракса. Имено, Лок ја промовирал идејата дека власта треба да биде поделена на извршна и законодавна, а секоја од овие власти треба да во служба на задоволување и остварување на основните (природни) човекови права – приватната сопственост, суверенитет на народот и слободата на личноста.


    КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА И ИНТЕРНЕТ РЕФЕРЕНЦИ

    1. www.dadalos.org
    2. www.wikipwdia.com
    3. Маљичи Назми, Политичката толеранција во функција на мирот, Скопје 2000 година.
    4. www.block.com
    5. Сидоровски Стефан и Темков Кирил, Филозофија, Просветно дело - АД Скопје, 2006 година.


    Footnotes:

    1 Схоларистичката филозофија била филозофија во служба на теологијата и на црковните догми. Схоларистиката го потенцира црковниот поглед кон животот, исклучувајќи ја филозофијата на практичниот живот и искуството (Сопствена забелешка)
    2http://www.dadalos.org/mzd/Demokratie/Demokratie/Grundkurs2/neuzeit/neuzeit.htm#Lock
    3 http://teon.blog.com.mk/node/81080
    4 Маљичи Назми, 1.6. Значењето на модерната демократија, Политичката толеранција во функција на мирот, Скопје 2000 година, страна 130.
    5 Исто
    6http://www.dadalos.org/mzd/Demokratie/demokratie/grundkurs2/neuzeit/neuzeit.htm#Ьbersicht
    7 www.wikipwdia.com/sociologija
    8 http://www.dadalos.org/mzd/Demokratie/demokratie/grundkurs2/neuzeit/neuzeit.htm#Ьbersicht

    ReplyDelete
  49. ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

    Предмет: ТЕКОВНИ РАЗВОЈНИ ПРОМЕНИ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

    ТЕМА: “Процесот на донесување на одлуките во ЕУ, со посебен осврт за некои од основните институти”

    СОДРЖИНА:
    1. Воведни забелешки за некои од основните институции на ЕУ
    2. Процесот на донесување на одлуки во институционални рамки на ЕУ
    3. Какви промени би не очекувале во институционалната структура и процесот на донесување на одлуки со новиот Устав
    4. ЗАКЛУЧОК
    5. Користена литература
    6. Footnotes


    1. Воведни забелешки за некои од основните институции на ЕУ:

    Долгогодишното искуство од егзистенцијата на европските инеграциони процеси непобитно ни докажува дека институционалната структура се јавува како еден силен фактор во однос на целокупната европска активност. Доколку ги проследиме промените кои се случуваат хронолошки, ќе забележиме дека реформите речиси секогаш преставуваат компромис меѓу порадикалните и порезервираните преставници на државите – членки. Но да кажеме збор – два за некои од побитните институти во склоп на Унијата:
    - Европскиот парламент се појавува како носител на легитимитетот во рамките на Унијата, бидејќи е единствена институција која е непосредно избрана од страна на граѓаните на ЕУ. Меѓутоа доколку се навратиме низ историјата ќе забележиме дека Парламентот1 во почетните стадиуми во развојот на ЕУ, располага со многу слаб авторитет. Дејствува пред се како консултативно и советодавно тело кое “не поседуваше никакви компетенции за создавање на правото”2. Меѓутоа самиот процес на интегрирање и стремежите за што потесна интеграција бараа нов Парламент со многу позасилени компетенции. Имено денешниот Парламент има солидни овластувања во рамките на законодавството, буџетот, политиката и секако контролата врз самиот проект на Унијата. Неговата денешна организација е сочинета од: Биро, Конференција на претседатели, Комисии, Секретаријат и Политички партии. Парламентот сигурно преставува силно политичко тело, кое е преставник на дури 500 милиони граѓани. Неговата структура сигурно ќе претрпи определени позитивни промени со Уставот, за што ќе стане збор подоцна.
    - Советот на ЕУ денес се јавува можеби и како најмоќната институција во целата организациска структура на ЕУ. Во него е концентрирана законодавната власт, а исто така содржи и активности во извршната власт кои се пред се во насока на долгорочната политика на ЕУ. Советот е всушност баланс или граница на профедералистичкиот концепт за ЕУ, во чии рамки се уште државите – членки го имаат автономното право да решаваат прашања од најбитната проблематика. Основната структурална карактеристика на Советот се однесува на општиот совет, составен од министрите за надворешни работи на државите членки и секторскиот совет составен од министрите на државите членки во зависност од проблематиката која се обработува. Раководењето со Советот ротира на секои 6 месеци.

    ReplyDelete
  50. - Европската комисија “е орган чии функции наједноставно можат да се дефинираат како предлагачки и извршни”3. Комисијата е и најспецифичниот извршен орган во рамките на ЕУ, таа игра улога во извршната власт пред се во актуелната, конкретна политика. Европската комисија наједноставно би можеле да ја дефинираме како влада на ЕУ, во која нејзиниот претседател е и премиер. Станува збор за едно комплексно политичко и административно тело, чија основна функција е да предлага правни акти до Парламентот и Советот и на тој начин мошне активно и силно да влијае врз целокупните процеси на ЕУ.
    - Европскиот совет “ги обединува претседателите и премиерите на сите земји на ЕУ и претседателот на Европската комисија”4. Зборуваме за еден институт во рамките на ЕУ кој во прва рамка ги преставува интересите на државите членки и на тој начин е еден вид на адут во склоп на играчите за меѓувладина унија. Овој орган не поседува никакви легислативни функции, туку пред се ги креира “главните политички одлуки кои се однесуваат на институционалниот развој и на општиот развој на ЕУ”5.


    2. Процесот на донесување на одлуки во институционалните рамки на ЕУ:

    Дефинитивно станува збор за една комплексна административно институционална структура со која располага Европската Унија. Врз основа на тоа можеме да заклучиме дека често пати надлежностите и функциите меѓу институциите се испреплетуваат и меѓусебно стануваат зависни.
    Доколку погледнеме од историски аспект ќе забележиме дека во првата европска заедница (ЕЗЈЧ), Високиот раководен орган има доминантна улога, а неговите решенија и одлуки имаат “дирекно и задолжително дејство за институтите на заедницата, за државите – членки и за правните и физичките лица ”6. Во рамките на наредните заедници Советот за министри во поглед на процесот на донесување на одлуки ја игра главната ролја.
    Меѓутоа за да го анализираме целокупниот процес на донесувањето на одлуките би требало да започнеме од Европската комисија како единствено предлагачко институционално тело. “Затоа се вели дека Комисијата ужива монопол во предлагањето на актите на заедницата и преставува движечка сила во евроинтегративниот процес”.7 Во најголем број случаеви одлуката за донесување на правен акт ја носи Советот, кое може да биде во координација со Парламентот или со негово директно учество во процесот на донесување на одлуките. Имено Комисијата и формално го изработува нацрт – актот, а пред неговото изработување и организира расправа за размена на мислења во врска со истиот.
    Како и што претходно беше напоменато Советот на ЕУ е главното одлучувачко тело. Врз основа на тоа може да се констатира дека веднаш по донесувањето на предлог – актот од страна на Комисијата на сцена стапува Советот, кој за донесување на одлуки од круцијален карактер (пр. Воведување на нова политика, приклучување на нова земја членка итн) одлучува едногласно. Што се однесува за прашања од други помалку важни облсти, што е во поголем број слуѕчаеви одлучува со “квалификувано мнознство”8.

    ReplyDelete
  51. Парламентот е секако дел од овој лавиринт во процесот на донесување на одлуки, чија улога посебно се зголеми последниов период имајќи го во предвид стремежот за што потесна ЕУ, а сигурно легитимитетот на Парламентот би го овозможил тоа побрзо. Парламентот пред се својата улога во процесот на донесување на одлуки ја дава во координација со Советот и тоа во облик на: консултација, соработка, со-одлучување и согласност. Кој механизам ќе се употреби зависи од конкретното прашање.
    И сигурно во целиот овој процес не би требало да го изоставиме Европскиот совет кој можеби индиректно, но сепак се уште многу значајно е неговото влијание пред се во генерирање на општата долгорочна политика на ЕУ. Сигурно уште еден показател за доминантниот статус на суверенитетот на државите – членки.


    3. Какви промени би не очекувале во институционалната структура и процесот на донесување на одлуки во ЕУ со новиот Устав:

    Во секој случај не не очекуваат некои битни промени доколку нацр – Уставот на ЕУ се најде во употреба. И понатаму Советот и Парламентот би останале заедно да ги извршуваат буџетската и легислативната власт, додека Европската комисија покрај задржувањето на карактерот на предлагачко тело ќе се здобие и со многу посилни компетенции во извршната власт. Парламентот ќе се здобие со многу посилна надлежност пред се во поглед на контролното – надзорна функција, каде ќе може да изгласа колективна или индивидуална недоверба на Комисијата или некој нејзин член.
    Што се однесува до процесот на донесување на одлуки ќе се задржи во принцип истиот карактер, каде Комисијата ќе ги предлага актите, Советот во координација со Парламентот ќе ги носи. Но тука мора да се напомене дека позитивно кај нацрт – Уставот би било зголемување на компетенциите на Комисијата и Парламентот во овој целокупен процес а пред се за сметка на Советот.


    4. ЗАКЛУЧОК:

    Сигурно сиот овој институционален карактер на ЕУ, ни го рефлектира и суштинскиот аспект на самата Унија. Значи доминацијата на Советот на ЕУ како главно одлучувачко тело е кристален израз на се уште доминантаната меѓувладина структура на ЕУ. Но од друга страна стремежот за јакнење на Парламентот и Советот е сигурно длабок израз на желбата за формирање на една нова, поинаква Унија каде ќе доминира наднационалниот или профедералистичкиот карактер.
    Меѓутоа кои се реалните предиспозиции? Дефинитивно е дека се уште Унијата не е спремна за еден радикален чекор во кој Парламентот би добил примарен статус на Унијата, со што би се потиснала традиционалната активност и би се зголемил легитимитетот на институционалната функционалност. Најверојатно е и најмудро кога институционалната реформа би се одвивала во таа насока каде постепено Парламентот и Комисијата би ги зголемувале своите компетенции за сметка на Советот, и дефинитивно на тој начин би добиле еден спонтан комромис кој нема да преставува контраверза за никого.

    ReplyDelete
  52. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

    - ЕВРОПСКИ СТУДИИ, Д-р сци Блерим Лека – м-р сци Арта Ибрахими, Тетово 2004, ЈИЕ.
    - ЕВРОПА во 12 лекции од Паскал Фонтејн, 2004, ПЈР Македонија.
    - РАЗВИТОК НА УСТАВНОСТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА, доц. Д-р Тања Каракамишева.
    - ПРАВО НА ЕВРОПСКА УНИЈА, Трајан Бендески, Скопје 2001, Правен факултет “Јустинијан Први”.
    - ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, академик. Владо Камбоски.


    Footnotes:

    1 Познат како Асамблеја во рамките на Европската заедница за јаглен и челик, додека понатаму се нарекува Европско собрание за да 1958г започнува да се употребува терминот Парламент, кој своја официјализација добива во 1987 – со Единствениот европски акт.
    2 Право на ЕУ, Трајан Бендески, стр.87.
    3 Развиток на уставноста во Европската Унија, Тања Каракамишева, стр.19.
    4 Европа во 12 лекции, Паскал Фонтејн, стр.17.
    5 Развиток на уставноста во Европската Унија, Тања Каракмишева, стр.18.
    6 Право на ЕУ, Трајан Бендески, стр.81.
    7 Развиток на уставноста во Европската Унија, Тања Каракамишева, стр.20.
    8 Не може да се донесе одлуката без утврдениот минимален број на гласови во корист на истата.

    ReplyDelete
  53. П р е д м е т:
    СОЦИОЛОГИЈА НА ПРАВО

    Т е м а:
    Д Р Ж А В А
    (семинарски труд)
    Соджина:
    1. Вовед
    2. Дефинирање на државата
    3. Облици на држави низ историјата
    4. Теории за настанокот на државата
    5. Карактерни црти на државата
    6. Функции на државата
    7. Државни органи
    8. Заклучок

    1. Вовед
    Проблемот на државата и нејзиното делување е проблем кој ги мачи умовите на луѓето уште од Платон и Аристотел па до ден денеска. Ова највеќе се должи на специфичноста на државите како организации на делувањето на луѓето. Имено државите се заедници на економски, правни, национални и други разни видови на односи.
    Државите можат да се сфатат на два начина, потесно и пошироко. Потесното дефинирање на државата ја подразбира државата онаква каква што ја знаеме денес, и таа, како таква, потекнува од средниот век.
    Според поширокото сфаќање на државата таа е општествена творба на здружување на човекот. Поширокото сфаќање на државите ги опфаќа и денешните држави, но исто така ги опфаќа и формите на постоење на државите во минатото, какви што биле градовите-држави, деспотиите, империите исл. Поширокото сфаќање за државата се занимава повеќе со облиците на организирано здружување на државите.
    Државата низ времето еволуира низ разни периоди во човековата историја. Луѓето ја дефинираат и ја прилагодуваат државата кон своите потреби, низ историјата. Но во последно време има тренд на слабеење на државата како организационен облик во меѓународното општество.
    Подолу следи една кратка анализа за државите и нивните поглавни обележја, дефинирањето на државите, теориите за настанок на државите, функциите на државите итн.

    2. Дефинирање на државата
    Ако поединците живеат и делуваат во државите, државите живеат и делуваат во во меѓународниот свет. Тие тој свет го сочинуваат и тој е просторот на нивното надворешно делување. Тој простор е анархичен и не подлегнува на определена хиерархија, каква што на пример постои во внатрешноста на државите. Со правото кое го прифаќаат државите тие се правно еднакви, но нивната еднаквост не е фактичка заради фактот што нивната сила е различна. Државите, значи, во своето постоење го имаат меѓународното општество како зона на која можат да делуваат.
    За да постои една држава таа треба да поседува конститутивни елементи кои ја сочинуваат државата како таква. Тие конститутивни елементи кај државите се територијата, населението и ефективната власт. Овие три елемента се круцијални за определување на државата. Така нема држава без територија над која е воспоставена, нема држава без население кое го содржи, и нема држава без ефективна контрола над територијата и над населението на та територија.
    Државите можат да егзистираат како независни држави, но тие можат и да влегуваат во унии. Како резултат на ова се јавуваат и федерациите, како заедница на повеќе држави кои се инкорпорирани во една и како такви настапуваат, конфедерации, кои се држави кои се соединуваат заради заедничко регулирање на одредени области, Персонални унии, кои се карактеристични по тоа што се унии врз база на заеднички монарх и Реални унии, кои се унии помеѓу две држави различни од федерацијата.

    ReplyDelete
  54. 3. Облици на држави низ историјата
    Државите еволуираат во долг временски период. Првите облици на државите биле грчките градови-држави, кои преставувале општества сами по себе. Александар Македонски прв ги поставил темелите на уште една форма на државите - империјата, која својот врз ќе го доживее со Римската Империја. За Римската Империја е карактеристично тоа што таа инкорпорира многу територии, а сепак успева да ги задржи подолго време. По пропаѓањето на Римската Империја во средниот век се јавува расцепканост на државите во Западна Европа, и се јавува еден интересен вид на држава, која што нема воспоставено цврста власт туку место тоа во неа се јавуваат територии кои се владеат од страна владетели кои имаат повеќе моќ во териториите од самиот владетел на државата. Некаде при крајот на средниот век се јавуваат зачетоците на денешната држава, која е национална и со јасно определена и чувана територија.

    4. Теории за настанокот на државата
    Една од првите теории за настанувањето на државата е онаа на Платон и на Аристотел за настанувањето на државата како заедница на семејствата и со проширување на семејството, па така владетелот се компарира со таткото на семејството - патријархалната теорија. Теолошката теорија тргнува од ставот дека државата е дело на Бог, според тоа што таа е дел од сеопштиот поредок чиј творец е Бог.
    Договорната теорија е денеска најприфатена теорија за настанокот на државата. Нејзините корени можат да се најдат уште кај Платон и Аристотел, а нејзини творци се Џон Лок, Томас Хобс, Жан Жак Русо идр. Договорната теорија се состои во тоа дека државата произлегува од граѓаните кои ја сочинуваат кои нивната приордна моќ, во одредени области, ја делегираат на властите на државата и од таа моќ произлегува суверенитетот на владетелите.
    Биолошката теорија ја објаснува државата како општествено живо тело, нејзините органи ги споредува со органите на живите суштества, а нејзиното развивање е условено со законитостите кои владеат кај сите живи суштества. Оваа теорија потекнува од 19-тиот век кога биолошката наука е во подем. Теоријата на силата настанокот на државата го објаснува со човековата насилна и освојувачка природа која настојува да го освои сето она што може да се освои. Оваа теорија се заснова врз реалистичкиот принцип и на фактите за реалното настанување на државите со меѓусебно покорување на луѓето едни со други.
    Според правната теорија државата настанува како остварување на правната идеја, правната теорија ова тврдење го базира на фактот што доколку не би постоело правото во државите тие не би се разликувале од другите облици на организирање на луѓето. Класната теорија смета дека државата е настаната поради општествената поделба на трудот, со што новосоздадените средства создаваат можност за нивно акумулирање во одредени класи со што тие добиваат моќ, а со неа и власт и ја создаваат државата. Застапник на оваа теорија е и Карл Маркс.
    Психолошката теорија за државата ја преставува државата како збир на психолошки манифестации во меѓусебното комуницирање меѓу луѓето.

    5. Карактерни црти на државата
    Правна држава е онаа држава која е воспоставена врз правни правила и правни принципи. За една држава да биде правна таа треба да биде демократски воспоставена, со право ограничена и контролирана политичка власт во која се почитуваат правата и слободите на граѓаните. Правната држава е воспоставена на темелите на либералната теорија за државата. Според либералната теорија на државата се гледа како на нужно зло во егзистирањето на организирана човекова заедница, и правата и надлежностите на државата треба да се ограничат на оние кои се есенцијално потребни. Правната држава, исто така, се нарекува и слаба држава заради тоа што нејзиното делување во општеството е сведено на минимум, или таа дејствува само тогаш кога е неизбежно нејзиното дејствување.

    ReplyDelete
  55. Социјална држава е онаа држава која им ги гарантира социлајните права на своите граѓани. Потребата за постоење на ваков карактер на државата произлегува од опасноста врз граѓаните да се продлабочи класен јаз, и опасноста од пазарното стопаснство и капитализмот кој може да ги ограничи правата на производсвената класа во поглед на правата од работниот однос, правата од здравственото осигурување исл.

    6. Функции на државата
    Функциите на државата се содржат во сферите на нејзиното делување во општеството. Според традиционалното право функцијата на државата се состои во заштитата на своите граѓани. Како основна функција на државата може да се смета и остварувањето на праведноста и справедливоста.
    Најважната функција на државата е пропишувањето на нормите за поведение на нејзините грѓани, или законодавната функција. Таа функција се појавува од потребата за регулирање на односите помеѓу поединците кои се владејат од страна на државата.
    Државата, исто така, има и управна функција која се состои во менаџирање на процесите кои ги врши во своите надлежности и судска функција, која се состои во арбитрирање на споровите кои се јавуваат во односите помеѓу поединците во нејзина контрола.

    7. Државни органи
    Државните органи го овозможуваат функционирањето на државата. Тие можат да бидат Законодавни, Извршни, Судски и Локални органи.
    Законодавните органи се обично Парламентите. Парламентот е највисокото преставничко тело во државата во кое се преставуваат граѓаните преку делегирани нивни преставници. Парламентот е законодавно и уставно тело кое ги пропишува нормите по кои дејствува државата, тој може да биде еднодомен, дводомен и повеќедомен.
    Извршните органи се состојат од советот на министри, или Владата, и државниот поглавар, или Претседателот.
    Претседателот ја преставува државата. Доколку државата егзистира во претседателски тип на држава, Претседателот ја сочинува и извршната власт во државата. Во државите кои се од парламентарен тип таквата функција ја има советот на министри или Владата. Владата ги извршува нормативните решенија на законодавната власт и ја одредува политиката на државата.
    Судската власт во државата ја спроведуваат судските органи. Судските органи ги решаваат случаите на повреди на нормативните решенија на законодавните органи. Судотвите ги решаваат и споровите помеѓу поединците во државата. Судовите се јазвуваат како единствени заштитници на правото во државите.
    Државата има и локални органи кои ќе ја остваруваат власта во одредени области во државата. Локалните власти можат да бидат централизирани или децентрализирани, децентрализираните локални власти уживаат поголема независност од централната власт.

    ReplyDelete
  56. 8. Заклучок
    Организирањето на луѓето во разни облици на здружување произлегува од нивните потреби и свесноста со која ги задоволуваат. Имено државите како творби на луѓето произлегуваат од нивната потреба за заштита и еволуираат во согласност со таквата потреба. Облиците на постоење на државата, карактерот на државата, функциите на државата се резултат на потребата на луѓето од таквото модифицирање на нивната организација. Најверојатно државата е преодна форма на организирање на луѓето која води кон Светската Држава и светската влада.
    Во последно време со развитокот на технологијата, обликот на организација на луѓето - државата, ја губи својата сила. Со трендот на глобализацијата во светот државата во општеството кое го покрива ги губи класичните функции. Имено таа е подложна на приближување на државите кон единствени културни вредности, во целиот свет.
    Уште една област го наговестува слабеењето на државата, а тоа е неможноста на државата да ја оствари функцијата на заштита на своите граѓани. Имено ова може да се објасни и со континуитетот на постоење на државата. Така денешниот облик на држави е создаден врз базата на територии кои во времето на настанување на државата се најпогодни за одбрана на државата со испраќање на војска во територијални битки. Денес заштитата на граѓаните во државите не може да се оствари врз тој принцип заради развитокот на технологиите и иновациите во начините на војување. Ова е заради тоа што државите неможат да се одбранат на пример од балистичките ракети со голем дострел, или пак од атомските бомби. Неможноста на одбрана од другите држави го руши концептот на државата, таква каква што постои денеска, исто како што постоењето на цитаделите било срушено со пронаоѓањето и употребата на динамитот, и луѓето најверојатно ќе изнајдат нов начин на организирање за нивните нови потреби.

    КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

    1. Проф. Д-р Бајалџиев Димитар, ас. м-р. Тасковска Добринка, „Вовед во правото ДРЖАВА“, издавач „ЕВРОПА 92“, Кочани, Р.Македонија, 1999год., книга I;
    2. Проф. Д-р Ацески Илија, „Социологија“, издавач Филозофски Факултет, Скопје, Р.Македонија, 3-то издание;
    3. Проф. Д-р Малески Денко, „Меѓународна политика”, издавач Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Правен факултет, Скопје, Р.Македонија, 2000год.;
    4. Проф. Д-р Бајалџиев Димитар, проф. Д-р Мицајков Миодраг, асс. М-р Тасковска Добринка, „Вовед во правото„, издавач Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ - Правен факултет, Скопје, Р.Македонија, 1999год., 2-ро дополнето и изменето издание;
    5. Д-р Манговски Петар, „Меѓународно Јавно Право”, издавач: Култура-Скопје, Р.Македонија, 1983, едиција II;

    ReplyDelete
  57. Тема: Европската Унија и Западен Балкан

    Содржина:

    Вовед
    Европската унија и Западен Балкан
    Контекст
    Албанија
    Хрватска
    Република Македонија


    Вовед

    Постепено земјите од Западен Балкан се движат кон побезбедна и постабилна иднина.
    Поголемиот дел од работата е завршена во самиот регион од страна налуѓето и владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Република Македонија и Србија и Црна Гора. Сепак, помошта на Европската унија останува да биде значаен фактор во поддржувањето на промените, во обезбедувањето експертиза и во поставувањето на структурите потребни за да се обезбеди мирот и просперитетоткои се дел од заедничка агенда.
    Како што е случајот со целокупната помош на Европската унија ширум светоткоја изнесува 21 милиони евра - со што таа претставува на светско ниво најзначаен донатор - помошта за Западен Балкан обезбедува долгорочна поддршка за програмите за реформа на владите.
    Помошта е добра илустрација на улогата на ЕУ во светот: земјите-членки
    ги насочуваат своите ресурси како знак на нивна посветеност на земјите
    од регионот кои имаат потреба од помош, а Европската комисија делува соцел да го зајакне резултатот. Комисијата директно обезбедува третинаодцелокупната финансиска помош на ЕУ, истовремено осигурувајёи блискиврски со политиките на ЕУ и користејёи ја експертизата од земјите-членкисо цел да ја максимизира супра-националната предност на ЕУ во обезбедувањетопомош.
    Земјите од Западен Балкан се мечу приоритетите за добивање на оваа помош. Унијата разви јасна сеопфатна стратегија, комбинирана со прагматична и добро насочена помош со цел да им се излезе пресрет на приоритетнитепотреби. Резултатите можат да се забележат во веёе постигнатиотнапредок во остварувањето на целите на регионот за поголемабезбедност, политичка стабилност, демократија и економско опоравување.ЕУ во потполност ги споделува целите на регионот и гослави неговиот.
    Овие земји, кои се наочаат на прагот на Унијата во проширување,ќе бидат поканети да с се приклучат на ЕУ веднаш штом ёе исполнат некои од критериумите, како што беше случај и со новите земји-членки.
    Сиромаштијата, конфликтите и нестабилноста, каде и да е во светот, влијаат и на ЕУ, и ние ја гледаме важноста на промовирањето на реформите и консолидирањето на движењата кон создавањето на Европа која е во мир со самата себе и сигурна во својата сопствена иднина.
    Како што е случај со сета помош, приоритетите на програмите во Западен
    Балкан се прифатени од страна на земјите-членки и Европскиот парламент.
    Програмата ја одразува посветеноста на Комисијата кон високо квалитетни програми со видливо влијание врз квалитетот на животот на
    луѓето, во согласност со највисоките мечународни стандарди и потполно
    оправдливи пред европските даночни обврзници. Тие се спроведуваат со
    трпелива и отворена работа за да се обноват општествата и економиите
    преку развој на лучето, и да се создаде средина каде грачаните имаатдоверба во јавните служби и се чувствуваат сигурно да градат бизниси, на локално ниво, како и со соседните земји и региони.
    Обединувањето на Европа нема да биде целосно сй додека не се вклучи и
    Западен Балкан. На самитот во Солун во јуни 2003 година членовите на
    Европскиот совет свечено изјавија дека иднината на земјите од Балканот е
    во Европската унија, и ја истакнаа цврстата поддршка на ЕУ за интеграцијатана Западен Балкан во Унијата.
    Мечутоа, ЕУ не може сама да го создаде ова мирно обединување - тоа
    изискува посветеност на обете страни. Брзината на интеграцијата ёе биде
    поставена од страна на земјите од регионот, и тоа преку детерминираноста
    која тие ја покажуваат во исполнувањето на нивниот дел од спогодбата.Она што ЕУ може, и го прави, е да го охрабри и помогне развојот на поблискитеодноси со земјите од регионот. Оваа публикација ги истакнуванекои од постигнувањата на скорешниот ангажман на ЕУ во регионот.

    ReplyDelete
  58. Европската унија и Западен Балкан

    Во текот на изминатите педесет години, ширум континентот, Европската
    унија изгради област на мир, стабилност и слобода. Покрај десетте нови
    земји-членки кои с се приклучија во мај 2004 година се предвидува и
    понатамошно проширување на Унијата. Бугарија и Романија се прибли-
    жуваат кон крајот на преговорите за приклучување, а Турција дава сй од
    себе за да се приближи до точката на започнување формални разговори.
    Земјите од Западен Балкан, на самиот праг на Европската унија, исто
    така се дел од таа иднина. Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска,
    поранешната југословенска Република Македонија и Србија и Црна Гора
    ја имаат изразено нивната желба да с се приклучат на Европската унија
    - и ЕУ ја потврди својата спремност да им изрази добредојде штом ёе
    бидат подготвени за приклучувањето.
    ЕУ и земјите-членки веёе им помогнаа на овие земји да навлезат во ера
    на стабилност, безбедност и просперитет. Со години ова значеше
    обезбедување на хуманитарна и итна помош за вознемиреното население,
    или пак финансирање на обновувањето на областите кои страдаа.
    Од неодамна, сй поголемиот опсег на алатки за управување со кризи кои
    ЕУ ги има, а кој вклучува безбедносни операции и полициски мисии, сe Повеќе беше ангажиран за да им се спротивстави на предизвиците поставени од тензиите помечу нејзините соседи.
    Сега вниманието е насочено кон спроведување реформи кои ёе гарантираат долгорочна стабилност во целиот регион. Ја градиме иднината заедно


    Контекст

    Пристапот на ЕУ е повеёе од едноставно реагирање на кризи. Во мај 1999 година,Европската комисија постави амбициозна долгорочна визија за одржливиот развој на регионот. Оваа визија ги земаше предвид јасно изразенитежелби на земјите од регионот да с се приклучат на Европската унија, и ги изрази и чекорите кои треба да бидат преземени за да се постигне таа цел. Можноста за членство во ЕУ беше јасно понудена, заедно со помошта за овие земји да ги исполнат условите за влез преку владеење на правото, стабилни демократски институции, функционална пазарна економија и добри односи со соседните земји.

    ReplyDelete
  59. Во текот на последните години регионот се трансформираше. Во голема мера беше повратена стабилноста, безбедноста се подобри, владите беа избирани на демократски начин, се случија големи реконструкции и голем број на бегалци и внатрешно раселени лица се вратија во своите домови. Економскиот раст продолжува, инфлацијата се намалува, се оформи мрежата на билатерални договори за слободна трговија помечу земјите од регионот, и трговијата расте. Реформите ги поставуваат темелите на економски, социјален и институционален развој кој ёе го нормализира секојдневниот живот на лучето кои живеат во регионот. Меѓутоа, напредокот не беше постојано рамномерен. Општиот животен стандард
    е сеуште низок, сиромаштијата е широко распространета, а невработеноста е сеуште висока, што го поттикнува заминувањето на младитеи способните луче од регионот. Мечуетничките тензии се и понатамуприсутни, главните осудени воени криминалци сеуште се на слобода, мрежите на криминалот сеуште ја загрозуваат стабилноста, а државните структури сеуште се оштетувани од екстремизам и национализам. Можноста за членство во ЕУ делува како моёно сидро на реформите. Таа нуди рамка која помага да се идентификуваат приоритетите, да се постават целите и да се распределат ресурсите - на ист начин како што тоа беше и во земјите на Централна и Источна Европа кои с се приклучија на Унијата во мај 2004 година. Земјите од регионот сй повеѓѓе го преземаат процесот на реформи. Тие се свесни дека кршливи институции, слаб административен капацитет, слабо владеење на правото или нецелосни реформи се она што ги држи назад. Тие признаваат дека нивните грачани - вклучувајёи ги и бегалците - имаат потреба од сигурна, правна, социјална и економска средина, како и доверба во локалните власти. Тие се свесни дека странските инвестиции можат да бидат привлечени преку политичка стабилност, јасни сопственички права како и
    договори кои се заштитени со законот. Тие работат кон постигнувањето на целосно функционални правни системи, ефикасни гранични контроли, како и кон успех во борбата против криминалот и корупцијата. Понатаму, независните медиуми, како и вибрантното грачанско општество сй повеёе се сфаёаат како придобивка на доброто владеење отколку како мешање во власта. Пресврти во односите на ЕУ со Западен Балкан.


    Албанија

    Фебруари 1994 година: Албанија стана членка на партнерството за мир на НАТО. Јули 1995 година: Албанија стана членка на Советот на Европа.
    Јуни 2000 година: Самитот на лидерите на ЕУ, состанок во Санта Марија де Феира во Португалија, потврдува дека “сите засегнати земји се потенцијални канидатки за членствово ЕУ”.
    Септември 2000 година: Албанија стана членка на Светската трговска организација. Спогобата за стабилизација и асоцијација.
    Јануари 2003 година: Започнати се преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијацијасо Албанија.

    ReplyDelete
  60. Европскиот совет се согласи со препораките на ЕК да се започне со преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација во јануари 2003
    година. Овој процес сеуште трае.
    Главните предизвици со кои оваа земја се соочува во среднорочна смисла,
    се осигурување на јавниот ред и борба против организираниот криминал,
    измамите, корупцијата, понатаму, зајакнување на спроведувањето на владеењето на законот преку подобрено судство и државна администрација, на таков начин подобрувајёи ја целокупната економскаситуација на земјата, во целост почитувајёи ги демократските принципи,човековите права и правата на малцинствата, како и постигнување напрогресивно приближување до стандардите и правилата на ЕУ. Помошта обезбедена за Албанија во рамките на процесот на стабилизација и асоцијација цели кон помагање на албанските власти да се
    справат со овие предизвици - преку финансиска помош, чест дијалог соЕУ во рамките на постоечките договорни односи, и преку преговори заСпогодбата за стабилизација и асоцијација.


    Хрватска

    Ноември 1996 година: Хрватска стана членка на Советот на Европа,1997 година: Лидерите на ЕУ ги поставија условите за развој на односите со секоја од земјите од Западен Балкан. Овие услови вклучуваат почитување на демократските принципи и човековите права, владеење на правото, заштита на малцинствата, реформи на пазарната економија и регионална соработка. Мај 2000 година: Хрватска станува членка на партнерството за мир на НАТО. Јуни 2000 година: Самитот на лидерите на ЕУ, состанок во Санта Марија де Феира во Португалија, потврдува дека “сите засегнати земји се потенцијални канидатки за членствово ЕУ”.
    Октомври 2001 година: Хрватска ја потпишува Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
    Фебруари 2003 година: Хрватска официјално се пријавува за членство во Европската унија.
    Јуни 2004 година: Европскиот совет одлучува дека Хрватска е земја-кандидатка за членство во ЕУ и дека ќе ги отвори преговорите за влез на Хрватска во ЕУ во почетокот на 2005 година.
    По аплицирањето за членство во ЕУ, во јуни 2004 година Советот одлучи
    дека Хрватска е земја-кандидатка, дека процесот за прием треба да започне и дека преговорите за членство треба да започнат во почетокотна 2005 година. Хрватска работи на една амбициозна програма за интеграција
    во ЕУ која е насочена кон приближување на законодавството иекономска реформа. Нејзиниот главен непосреден предизвик е да гизајакне своите планови со адекватен административен капацитет за да се спроведат реформите. Приоритетот на Европската Комисија е да сe помогне на хрватската влада во планирањето и спроведувањето на реформите во јавната администрација на централно и локално ниво. Ова цели да го зајакне институционалниот и административниот капацитет со особен акцент на законодавството, регулаторните, организациските прашања и прашањата од полето на човековите ресурси.

    ReplyDelete
  61. Демократијата и човековите права се поддржуваат преку проекти кои се
    насочени кон зајакнување на капацитетот на локалните грачански организации и медиумите, како и на локалното политичко учество.
    Се унапредува и трговијата преку поддршка на националните лаборатории за тестирање и калибрација на индустриските и земјоделските производи со цел да се подобри капацитетот. Исто така, се обезбедува и најсовремена
    опрема за централните лабораториски служби и се дава помош за зајакнување на хрватската ветеринарна служба во контролата на заразите.
    Подобрувањата на регистрирањето на сопственоста и засилувањето наспроведувањето на политиките за конкуренцијата и интелектуалната сопственост помагаат во поттикнувањето на бизнисите. КАРДС работи заедно со Светската банка и хрватската влада во поддржувањето на подобрувањата на земјишниот катастер и системот на регистрација, примарно фокусирајёи се на областите кои имаат висок потенцијал за инвестиции, вклучувајёи го и хрватското приморје. Ова треба, на пример, да го намали оддолжувањето на процедурите за регистрирање на земјиштата и зградите од моменталното просечно времетраење од 120 недели на само неколку дена - со очигледни погодности во привлекувањето на странски и домашни инвестиции. Се надградуваат и програмите за стручно образование и програмите за стимулирање на вработувањето. Проект во износ од 3 милиони евра ги подобрува анализите и предвидувањата на пазарот на труд и директно им помага на претпријатијата и на хрватската служба за вработување во обезбедувањето услуги за повторен ангажман на трудот на работниците кои имаат статус на технолошки вишок.
    Се обезбедува и обука за обвинителите; функционирањето на судовите се
    модернизира и се подобрува системот на криминално разузнавање; и се
    поддржуваат новите напори во борбата против перењето пари. Се унапредува и опремата со цел да им се помогне на хрватските власти во борбата против организираниот криминал.
    На полето на животната средина, се ажурира законодавството за управувањето со водите, се спроведуваат стратешки проценки на животната средина и им се дава поддршка на организациите на грачанското општество кои се активни на полето на заштитата на животната средина.

    ReplyDelete
  62. Република Македонија

    Ноември 1995 година: Република Македонија стана членка на Советот на Европа и партнерството за мир на НАТО. Април 2001 година: Република Македонија ја потпишува Спогобата за стабилизација и асоцијација.
    Август 2001 година: потпишување на Охридскиот договор од страна на главните политички партии во поранешната југословенска Република Македонија, а кој дозволува обновување на мирот во земјата. Април 2003 година: Република Македонија станува членка на Светската трговска организација.
    Март 2004 година: Република Македонија официјално се пријавува
    за членство во Европската унија.
    Март 2004 година: ЕУ го одобрува првото Европско партерство за Западен Балкан.
    Април 2004 година: Стапува во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација соРепублика Македонија.
    Март 2004 година: Република Македонија официјално се пријавува
    за членство во Европската унија.
    Март 2004 година: ЕУ го одобрува првото Европско партерство за Западен Балкан.
    Април 2004 година: Стапува во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Република Македонија.

    Во рамките на КАРДС програмата за 2003 година за поддршка за зајакнување на грачанското општество и за подобрување на мечуетничките односи доделени се околу 3 милиони евра што ја одразува важноста на постигнувањето на стабилноста во земјата и намалувањето на недовербата која владее мечу главните етнички групи во земјата. КАРДС веёе финансира кампањи за јавно информирање во врска со толеранцијата; понатаму, финансира вон наставни активности за етнички мешаните групи на деца во училиштата, како и активности насочени кон младината, студентите, локалните власти, организациите на грачанското општество, академиците и пратениците во собранието. Организациите на грачанското општество добиваат финансии за да се поттикнат нивните вештини и капацитети. Многу од проектите ја помагаат економијата преку развивање на законите и практиките за јавни набавки, на таков начин подигајёи го нивото на вештините на деловните менаџери и подобрувајёи ги мерењата на контролата на квалитетот, особено во прехрамбениот сектор. Се дава и поддршка на развојот на капацитетот на локалната влада, како и на објектите за обуки и стручно образование. Ќе биде искористена и кредитна линија во износ од 5,6 милиони евра обезбедена преку националната банка за развој со цел да се обезбедат микро-кредити за малите фирми. Во исто време, дел од проектите насочени кон инфраструктурата ја помагаат интеретничката соработка преку поврзувањето на општините во заедничка работа на здружени проекти.

    ReplyDelete
  63. Проектите од областа на правдата и внатрешните работи вклучуваат реформи на полицијата преку реорганизација на Министерството за внатрешни работи, воспоставување на полициска академија и преку зајакнување на капацитетот за борба против криминалот. Судството исто така се реформира и обучува, и се воведува компјутеризација во обработката на случаите. ЕУ обезбедува 2 милиони евра како помош во поставувањето на интегриран информативен систем во судовите, како и за обуки на персоналот во негова употреба.
    Се поддржува и интегрираното управување со границите; беше востановена специјална полициска сила која поефикасно ёе им се спротивстави на шверцот, нелегалната миграција и останатите видови на криминал; царинските служби се модернизираат и се адаптира законодавството за азилот во согласност со мечународните стандарди.
    Во секторот за животната средина, КАРДС се фокусира на прекугранична
    соработка со Грција во врска со управувањето и заштитата на заедничките
    водени ресурси. КАРДС исто така обезбедува 11 милиони евра за македонското министерство за животна средина за да се ажурира законодавството, да се воведе кампања за користење на безоловни горива, да се обезбеди опрема за контрола на квалитетот на воздухот и водата, да се обезбеди обука и развијат кампањи за подигнување на јавната свест во врска со животната средина.
    Европската унија и Западен Балкан КАРДС во Р Македонија Распределување на програмата за РМ за периодот од 2002 до 2004 година (милиони евра)
    Сектор
    Правда и внатрешни работи
    Градење на административни капацитети
    Економски и социјален развој
    Животна средина и природни ресурси
    Демократска стабилизација
    КАРДС во акција
    Дваесет самохрани мајки од Скопје обезбедуваат помош на речиси 100 постари лица во неверојатен, но инвентивен сојуз финансиран од страна на ЕУ. Овој пилот проект ги обучи самохраните мајки да ги посетуваат постарите лица кои живеат сами, обезбедувајёи им ја многу потребната поддршка на изолираните постари лица кои честопати се врзани за своите домови. Во исто време, проектот помага да се создаде еден вид на магичен круг на социјална заштита вон формалните институции. Проектот започна со студија која ги истражуваше проблемите со кои се соочуваат постарите лица кои немаат блиски членови од семејството кои би им ја пружиле потребната поддршка. Понатаму тој се разви во проект кој обезбедува обука за административниот персонал И самохраните мајки, вклучувајёи и доделување на признаници за квалификуваност. Работејёи во тимови од пет члена и под водство на социјален работник, мајките ги посетуваа домовите на постарите лица обезбедувајёи им помош која се протега од набавки до лична хигиена. Овие постари лица до сега во голема мера беа игнорирани и проектот помогна во обезбедувањето на, за нив, неопходната грижа и контакт. Оние кои работеа на проектот се повеёе вклучени во животот на заедницата, засилувајёи ја самодовербата и прифатеноста во општеството. И бидејёи градскиот центар претставува мултиетничка област, проектот, исто така, помогна во изградбата на подобри односи мечу различните делови на заедницата. Според 73 годишниот Благоја Петковски, кој живее сам: “Животот се измени откако овие млади девојки, насмеани и исполенти со хумор почнаа да доачаат да ми помагаат во набавките”. Проектот помогна во изградбата на мрежа на социјална помош мечу локалните луче, агенциите и невладините организации, поддржана од стручни лица. Еден од резултатите беше изготвување на прирачник за професионлна домашна нега за постари лица.

    ReplyDelete
  64. Автобус кој ја разнесува пораката за потребата од акција за заштита на животната средина во последните месеци кружеше низ Република Македонија. Еко-караванот претставува патувачка канцеларија и изложбен центар финансиран од страна на ЕУ, а кој цели да му помогне на македонското министерство за животна средина да стапи во директен контакт со локалното население. Неговата главна функција досега беше да ја зајакне свесноста за користа од безоловното гориво. Еко-караванот во текот на 2003 година се фокусираше на локална промоција на националната кампања за користење на безоловни горива водена од министерството и финансирана од страна на ЕУ. На бензинските станици и на другите јавни места ширум земјата, експерти од министерството разговараа со локалното население за користа од безоловнотогориво, разделуваа промотивни материјали и одговараа напрашања. Едукативните активности на проектот кои се насочени кон подигнување на јавната свесност, нудеа можност за лучето да откријат сй што отсекогаш сакале да знаат за животната средина - и како тие нешта влијаат врз нив и нивното здравје. Проектот гради мостови мечу невладините организации, индустријата и министерството, и се подготвуваат планови за серии од теми кои ёе бидат обработувани секоја година до 2008 година. Ефектот на подигање на јавната свест помага да се развие мониторингот на животната средина почнувајёи од бучавата па сй до сметот, и преку биоразновидноста до употребата на земјиштето. Шеснаесетгодишниот ученик Давор Темелковски од Скопје по средбата со Еко-караванот рече: “Ова е
    супер. Тие ни покажаа што му прави безоловното гориво на мојот мозок”. Како што се јавуваат обврските кои произлегуваат од новото законодавство така во националната политика се дава поголем приоритет на заштитата на животната средина. Еко-караван, Скопје, 2003 година Нега за стари лица, Скопје, 2003 година.

    ReplyDelete
  65. ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

    Предмет: ТЕКОВНИ РАЗВОЈНИ ПРОМЕНИ НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

    ТЕМА: “ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА, ПРЕДЛАГАЧКИ И ИЗВРШЕН ОРГАН ВО РАМКИТЕ НА ИНСТИТУЦИОНАЛНАТА СТРУКТУРА НА ЕУ”

    Содржина:
    1. Воведни забелешки
    2. Избор на членовите на комисијата
    3. Европската комисија како предлагачки орган во рамките на ЕУ
    4. Европската комисија дел од извршната власт на ЕУ
    5. ЗАКЛУЧОК
    КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
    Footnotes


    1. Воведни забелешки:

    Европската Унија располага со една силна и мошне комплексна институционална структура, во чии рамки надлежностите помеѓу институциите во голема мера меѓусебно се испреплетуваат.
    Тоа веројатно е така бидејќи станува збор за еден систем составен од стотици милиони жители, а пред се жители кои потекнуваат од различни политички системи и различна демократска култура. Што значи заклучок е дека навистина постои потреба за една таква сложена институционална машина.
    Според фактичкиот изглед доминантна институција во ЕУ, преставува Советот на ЕУ, кој со своите широки надлежности во законадавната, буџетската и извршната област, несомнено има примарен карактер. Исто така во последно време и Парламентот го добива своето место во институционалната структура на ЕУ, чиј најглавен адут е дека преставува единственото тело кое е непосредно избрано од населението на ЕУ. Европскиот совет и покрај тоа што на прв поглед изгледа како маргинализирана институција, сепак доколку се погледне подлабоко може да се забележи дека Европскиот совет е можеби и најсилниот фактор кој влијае во рамките на долгорочната политика на ЕУ. Секако во состав на институтите, како преставник на судската влста се јавува и Судот на ЕУ.
    За крај во овие воведни забелешки ќе биде преставена Европската комисија, чии карактеристики се и основен предмет на содржината што следува. “Европската комисија е орган чии што функции наједноставно можат да се дефинираат како предлагачки и извршни.”1


    2. Избор на членовите на комисијата:

    Основна забелешка за избор на претседателот и членовите на Комисијата се неколкуте фази кои го чинат овој процес мошне комплексен.
    Прво и основно како една предфаза во изборот на членовите на Комисијата, секој член треба да поседува професионални карактеристики во рамките на својата професија, а исто така воопшто да нема потреба да се сомнева во неговиот морал.
    Понатаму следуваат оние формални фази низ кои е неминовно да се помине во составањето на Комисијата, а кои не се само декларативно определени.
    Во првата фаза настапуваат консултации и договарања меѓу владите на државите – членки за составот на Комисијата. За конккретна личност во изборот на претседател на Комисијата треба да се добие согласност и од Парламентот.
    Втората фаза е резервирана за гласање во рамките на Парламентот за целиот состав на Комисијата. Додека во третата фаза потребно е мандатите на сите членови на Комисијата да се верифицираат кај секоја држава – членка и на тој начин завршува комплетната процедура.

    ReplyDelete
  66. Овој момент за избор на членови за Комисијата е мошне битен да се анализира бидејќи на тој начин ќе увидиме колку авторитет и цврстина поседува целото членство на Комисијата.


    3. Европската комисија како предлагачки орган во рамките на ЕУ:

    Една од основните или можеби примарна надлежност на Европската комисија е да дава предлози за донесување, односно усвојување нови прописи на ниво на Унијата.
    Комисијата содржи една мошне комплексна бирократија која активно работи на изготвување на предлози за донесување на правни акти. Всушност Комисијата и формално го изработува нацрт – актот и тоа пред неговата изработката се организира расправа на која се разменуваат мислења во врска со актот.
    “Затоа се вели дека Комисијата ужива монопол во предлагањето на актите на заедницата и преставува движечка сила на евроинтегративниот процес”.2
    Многумина ја окарактеризираат Европската Комисија како централен двигател на законодавната активност, токму поради нејзината иницијативна улога во донесувањето на правните акти.


    4. Европската комисија дел од извршната власт на ЕУ:

    Според договорот од Мастрихт покрај останатите надлежности на Комисијата, кои пред се се јавуваат како иницијативни функции, Европската Комисија располага и со други надлежности:
    “- обезбедува остварување на договорите на ЕУ,
    - дава препораки за остварување на договорите,
    - има иплементирачка власт....
    - има извршна власт, посебно во надворешните односи на ЕУ, во надворешната трговија на ЕУ, во меѓународните спогодби на ЕУ, при учество во меѓународните организации од името на ЕУ, во контактите на ЕУ со државите нечленки,
    - има значајна улога во буџетот на ЕУ...”3
    Доколку ги анализираме овие неколку набројани надлежности ќе увидиме дека пред се се однесуваат на извршната, егзекутивната власт. Што значи заклучокот е неминовен дека Европската Комисија е значан дел од извршната власт на ЕУ.
    Имено Европската Унија има двоглава извршна власт, каде Советот на ЕУ од една страна се поставува како институција која ја извршува политиката во долгорочна смисла на зборот, додека Комисијата е институција која е насочена кон извршување на актуелната или краткорочна политика на ЕУ.
    “Управувањето со буџетот на Унијата преставува една најзначајна нејзина извршна функција. Комисијата е надлежна за извршување на буџетот и за доставување на годишена извештај како се потрошени буџетските средства. Во некои области , како што се на пример, слободната конкуренција, земјоделството, трговската политика итн, Комисијата е овластена да донесува одлуки самостојно без да ги упатува на разгледување пред останатите органи на Унијата.”4

    ReplyDelete
  67. 5. ЗАКЛУЧОК:

    Можеби целата содржина која беше претходно наведена не асоцира на некоја актуелност поврзана со тековните промени во европските интеграциони процеси. Меѓутоа ако внимателно се разработи оваа содржина и се анализира ќе се види многу јасно која е индиректната порака.
    Имено Комисијата се јавува како наднационален орган, нејзиниот авторитет и засилени надлежности овозможуваат посилен наднационален карактер на целата Европска Унија. Секако и доколку го разгледаме нацрт – Уставот на Европската Унија ќе можеме да осогледаме дека нејзините ингеренции ќе бидат зголемени и на тој начин ќе се овозможи Европската Комисија да функционира како еден вид на влада, каде нејзиниот претседател ќе дејствува како премиер.
    Дефинитивно моето согледување дека станува збор за една активност која доколку се одвива во соодветен правец ќе ја одведе Комисијата до онаа позиција до која заслужува да биде и н атој начин ќе овозможи многу побрз развој на евроинтеграциопните прашања.


    КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

    - ЕВРОПСКИ СТУДИИ, Д-р сци Блерим Лека – м-р сци Арта Ибрахими, Тетово 2004, ЈИЕ.
    - ЕВРОПА во 12 лекции од Паскал Фонтејн, 2004, ПЈР Македонија.
    - РАЗВИТОК НА УСТАВНОСТА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА, доц. Д-р Тања Каракамишева.
    - ПРАВО НА ЕВРОПСКА УНИЈА, Трајан Бендески, Скопје 2001, Правен факултет “Јустинијан Први”.
    - ПРАВДА И ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, академик. Владо Камбоски.


    Footnotes:

    1 Развиток на уставноста на Европската Унија, Тања Каракамишева, стр.19.
    2 Развиток на уставноста во Европската Унија, Тања Каракамишева, стр.20.
    3 Европски студии, Блерим Река и Арта Ибрахими, стр. 86.
    4 Развиток на уставноста во Европската Унија, Тања Каракамишева, стр.21.

    ReplyDelete
  68. Тема: Европскиот Парламент

    Содржина:
    1. ВОВЕД
    2. Хронолошки поглед на позицијата на Европскиот Парламент
    3. Позицијата на Парламентот и профедералистичкиот концепт
    4. Каква позиција го очекува Парламентот со новиот Устав
    5. ЗАКЛУЧОК
    КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
    Footnotes


    1. ВОВЕД:

    Секоја национална држава, секоја федералистичка организација својата основна легитимност и легитимитет ги црпе од преставничкото тело. Па така ако како конкретен пример ја земеме нашата држава ќе забележиме дека како најмоќно и најавторитетно тело би требало да се појави нашето Собрание. Тоа е секогаш така бидејќи преставничкото тело во мнозинство од случаевите е избирано непосредно од страна на населението и на тој начин содржи висок степен на одобрување на широката народна маса тоа да егзистира во тој состав.
    Наспроти овој доминантен концепт во државните и федералистичките организации, ситуацијата во Европската Унија може да се рече дека е во мошне голем обем поинаква, пред се имајќи го во предвид историскиот аспект. Како и секоја друга организација, унија, сојуз, така и Европската Унија содржи свое преставничко тело, непосредно избрано од населението на државите членки на Унијата, меѓутоа од друга страна пак степенот на моќ и авторитет е во голема мера помал за разлика од класичните општества. Токму основното прашање на оваа тема е дали зголемувањето на авторитетот и моќта на Парламентот ќе овозможи доближување до еден силен федералистички концепт и до многу потесна европска интеграција? Во следните неколку точки ќе биде одговорено на ова прашање имајќи ги во предвид историските, организациските, фактичките и др аспекти, а кои се однесуваат на Парламентот.


    2. Хронолошки поглед на позицијата на Европскиот Парламент:

    Стартот на европските инеграциони процеси всушност започнува со формирањето на Европската заедница за јаглен и челик и на тој начин започнува и формирањето на првите институти, чии позиции и организациска структура во голем обем ќе се задржат и во понатамошните реформи, нови договори, заедници итн.
    Првиот преставнички орган на ЕЗЈЧ, од кого и всушност потекнува денешниот Европски Парламент е Заедничката Асамблеја. “Ако се направи увид во одредбите со кои се уредуваат надлежностите и конституирањето на Асамблејата, ќе се види дека не станува збор за парламент во вистинска смисла на зборот.”1 Тоа било така бидејќи самата Асаблеја била избирана посредно од преставниците на националните парламенти и на тој начин оваа институција располагала со многу слаб легитимитет. Асамлејата броела 78 преставници и имала пред се советодавен карактер. Меѓутоа од дрга страна сигурно некој ќе го постави прашањето: како да тоа тогаш преставничкото тело да има многу послаб концепт од сега, а ЕЗЈЧ сепак содржела многу појако обединување од сега? – Одговорот оди во насока на авторитетот на Високиот раководен орган, кој што функционирал како наднационален орган.
    И следниот состав на Парламентот има ист карактер, а брои 148 члена. Моментот на пресврт кај оваа институција е сигурно Актот за непосредни општи избори за пратеници во Европскиот Парламент донесен реализиран 1978. “Идејата за заменување на посредниот (делегатски) со непосредниот (изборниот) на пополнување на местата во Европскиот парламент беше иницирана со потребата од легитимно зацврстување на оваа парламентарна институција и креирање на систем кој ќе биде целосно транспарентен за граѓаните.”2
    После овој концепт се зголемува легитимитетот на институциите на ЕУ и впрочем единствено Парламентот е институција која располага со легитимитет од целата институционална структура.
    Денешниот изглед на Европскиот парламент пред се по низата на промени кои започнаа со Единствениот европски акт и Договорите од Мастрихт, Амстердам и Ница, ни говори дека Европската Унија добила една институција која покрај својот најголем адут – легитимитетот, располага и се повеќе со поголем авторитет.

    ReplyDelete
  69. 3. Позицијата на Парламентот и профедералистичкиот концепт:

    Е сега откако ги разгледавме оние хронолошки моменти, кои пред се не информираа за развитокот на легитимитетот на Парламентот, може и да го многу поедноставно да го разработиме и круцијалниот сегмент од оваа тематика.
    Зошто би дошло до јакнење на профедералистичките моменти, доколку позицијата на парламентот би се ставила на пиедесталот? – Одговорот е многу едноставен, Парламентот е наднационална институција и со самото нејзино јакнење ќе дојде до зголемување на наднационалниот карактер на самата Унија. Тука постојат и редица на други аргументи. Пред се ќе го споменеме легитимитетот на Парламентот, со кого главниот збор за проблемите од аспект на ЕУ, ќе го имаат токму граѓаните, а позицијата на државите – членки и нивната политичка конпозиција би земале се помало влијание врз процесите на ЕУ. Трета страна во оваа аргументација е сигурно изборот на преставниците во Парламентот врз основа на идеолошка база, а не врз основа на национална припадност. Тоа значи дека пратениците ќе ја спроведуваат политиката од аспект на нивното идеолошко убедување, а не врз основа на позициите на неговата матична држава.
    Во прилог на оваа концепција оди и една друга теза, пред се поделба во која “наднационалните институции на ЕУ (Европската комисија, Европскиот парламент и Европскиот суд за правда) имаат целосна независност во однос на нивните влади, додека Европскиот совет и Советот на ЕУ, го зачуваа влијанието на државите што ги преставуваат”.3
    Со ова уште еднаш доаѓаме до заклучок дека Парламентот е институција која раскрстила со државните интереси, и нејзина основна преокупација е европската проблематика, а со тоа зголемувањето на авторитетот на Парламентот ќе доведе до јакнење на профедералистичкиот концепт на Унијата.


    4. Каква позиција го очекува Парламентот со новиот Устав:

    “Европскиот парламент е избрано тело кое ги преставува граѓаните на ЕУ и учествува во законодавниот процес”.4
    Исто така и со новите уставни решенија Парламентот ќе ги преставува граѓаните и ќе учествува во законодавниот процес. Сигурно знаеме дека позицијата на Парламентот, се зголеми пред се после Амстердам и Ница, кога Парламентот доби дополнителни надлежности во областа на законодавниот процес. Новите уставни решенија всушност не планираат или не ни носат некои нови позиции на Парламентот.
    Пред се е карактеристично зголемувањето на моќта на транснационалните партии, кои ќе можат да финансиски да ги дискриминираат и целосно да ги изолираат опозициските групи, кои секако се спротиставуваат и работат конра зацртаните цели на Унијата и нејзините договори. Сигурно уште еден момент кој ни ја дава профедералистичката позиција која ја застапува Парламентот, дел кој ни говори дека моќта во реализирањето на целите во ЕУ ќе биде ставена врз идеолошки, а не национален аспект.
    Парламентот би ги зголемил своите надлежности со тоа што “ќе го избира претседателот на Европската комисија и истовремено ќе ја контролира работата на комисијата при што, во случај на незаконско или неодговорно работење, Парламентот ќе може да и изгласа колективна или индивидуална недоверба на комисијата или некој нејзин член.”5

    ReplyDelete
  70. 5. ЗАКЛУЧОК:

    Очигледно е дека ако стремежот на ЕУ е да добие улога на некој вид на држава ќе треба да го засили влијането на своето преставничко тело. Заклучивме дека Парламентот е единственото тело кое располага со легитимитет и на тој начин бега од националниот суверенитет на државите – членки и дава наднационален карактер на Европската Унија.
    Очекувањата се дека позицијата и натаму ќе се зајакнува, се разбира на Парламентот и дека посебно доколку се донесе Уставот самиот статус на Унијата како резултат на овој авторитетен документ ќе донесе силен профедералистички момент.


    КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

    - Развиток на уставноста на Европската Унија, Каракамишева Тања.
    - Право на ЕУ, Бендески Трајан, Скопје, 2001.
    - Европски студии, Река Блерим и Ибрахими Арта, Тетово, 2004.
    - Европа во 12 лекции, Фонтејн Паскал, Канцеларија за службени на европските заедници, 2004.
    - The European Union a very short introduction, Pinder John, Oxford, 2001.


    Footnotes:

    1 Право на ЕУ, Бендески Трајан, Скопје 2001, стр. 86.
    2 Развиток на уставноста во ЕУ, Каракамишева Тања, стр.10
    3 Европски студии, Река Блерим и Ибрахими Арта, Тетово 2004, стр. 79.
    4 Европа во 12 лекции, Фонтејн Паскал, стр.18.
    5 Развиток на уставноста во ЕУ, Каракамишева Тања, стр.15.

    ReplyDelete
  71. ЕСЕЈ
    Тема:
    СТВАР
    Ствари од општ интерес за Р.Македонија - ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ


    1.Вовед
    Уставот на РМ, во одредбите на чл.56 ги инагуира стварите (тој ги нарекува добра) од општ интерес за РМ.
    Тоа се природните богтства на Републиката, растителниот и животински свет, добрата во општа употреба како и предметоите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон.

    Земјиштата се ствари од општ иннетерес за РМ затоа што со нив (најчество како средство за работа) се остварува одредена дејност коа за државата е особено значајна. најчесто и дејноста која произлегува од работата со земјиштата се прогласува за дејност од општ интерес за државата.
    Земјиштата може да бидат земјоделски, шумски, пасишта, градежни, ловишта и гробишта.

    2. Поим и определба на градежното земјиште
    Градежното земјиште со Закон за градежното земјиште од 2001 година е прогласена за ствар од општ интерес за Републиката. Од интерес е и дејноста „уредување” на градежното земјиште.
    Под градежно земјиште се подразбира изградено и неизградено земјиште планирано за градење со просторни и урбанистички планови и актите што ги заменуваат тие планови.
    Изградено градежно земјиште е она земјиште на кое е изграден објект од траен карактер, согласно со закон (се мисли со одобрение за градба), и земјиштето што служи за редовна употреба на тој објект.
    Градежното земјиште се изразува во парцели, т.е. градежна парцела е дел од градежното земјиште утврдена со плановите и актите што ги заменуваат плановите. Таа може да биде составена од една или повеќе катастарски парцели, или делови на катастарски парцели. Градежната парцела се утврдува со детален урбанистички план, а ако таков нема со урбанистички проект и нумерички податоци за површината на градежното земјиште. За објектите изградени на површината на градежното земјиште, или под површината на градежното земјиште, кои се трајни важи начелото суперфициес соло цедит. Исклучок од ова правило се предвидува само доколку објектите правно ги одделува од тоа земјиште некое стварно право, кое носителот го овластува на туѓо земјиште да има објект во своја сопственост (на пр.: правото на долготраен закуп на градежно земјиште) или пак ако врз основа на концесија носителот на тоа право има објект во своја сопственост. Ова не важи за времените објекти, кои не се делови на градежното земјиште, бидејќи се тетираат за подвижни ствари.

    3. Сопственост на градежно земјиште, во сопственост на РМ
    - Градежното земјиште во Р.Македонија може да биде во сопственост на РМ (државно градежно земјиште) и во сопственост на физички и правни лица (приватна сопственост). На правото на сопственост на градежното земјиште и на другите стварни права на него (долготраен закуп, хипотека, службеност) се применува Законот за сопственост, како и прописите за запишување на правата на недвижностите.
    3.1 Начини на стекнување на приватна сопственост над градежно земјиште сопственост на РМ
    - На градежното земјиште во сопственост на Р.Македонија може да се стекне приватна сопственост (т.е. да се оттуѓи на физички и правни лица), да се даде под концесија и закуп.

    ReplyDelete
  72. Доколку на градежното земјиште сопственост на РМ не постои право на трајно користење во корист на некое физичко и правно лице, тоа се оттуѓува и дава под закуп со непосредна спогодба или со јавно наддавање, согласно Уредбата за начинот и постапката за оттуѓувањето, давањето под закуп и висината на посебните трошоци на постапките за оттуѓувањето и давањето под закуп на градежното земјиште сопственост на РМ од 2001год. која е во согласност со Законот за градежното земјиште. На тоа неизградено земјиште носителите засноваат право на сопственост или правјно на долготраен закуп.
    Правото на долготраен закуп се основа во корист на домашни и странски физички и правни лица. Долготрајниот закуп на градежното земјиште на кое немало право на трајно користење (како и долготрајниот закуп на приватно градежно земјиште) трае 99 години. Тоа е право на туѓо градежно земјиште што го овластува неговиот носител на површината на тоа земјиште или под неа да изгради сопствен објект (објектот е прирасток на правото на долготраен закуп). Носителот на правото на долготраен закуп правото го стекнува врз основа на договор во писмена форма и за користењето плаќа закупнина. Правото на долготраен закуп на ова (неизградено) земјиште може да се пренесува (да се оттуѓи и наследи). Притоа објектот кој е изграден врз основа на правото на долготраен закуп, се пренесува, наследува и оптоварува заедно со правото на долготрен закуп. Правото на долготраен закуп се запишува во јавните книги за запишување на правата на наедвижностите.
    Правото на долготраен закуп на неизградено градежно земјиште бидејќи е стварно се заштитува со сварни тужби. Правото на долготраен закуп на ова градежно земјиште престанува со пропаѓање на објектот, откажување од правото од страна на носителот на правото на долготраен закуп и со исполнување на условите за раскинување на договорот. По престанокот на долготрајниот закуп објектот станува прирасток на земјиштето, т.е. важи начелото суперфициес соло цедит кое значи дека објектот му припаѓа на сопственикот на земјиштето.
    - На градежното изградено земјиште согласно Законот за градежното земјиште од 2001 година може да се основа право на краткотраен закуп заради поставување на урбана опрема, како и право на краткотраен закуп на неизградено градежно земјиште за намени од времен карактер во функција на урбаното живеење. Краткотрајниот закуп на изградено градежно земјиште трае до пет години со можност за продолжување, а на неизграденото градежното земјиште до две години, со можност за продолжување до реализација на урбанистичкиот план.
    Правото на краткотраен закуп се стекнува со јавно надавање и со непосредна спогодба, врз основа на договор во писмена форма, на кој се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи. Со право на краткотраен закуп на градежно земјиште во сопственост на РМ се стекнуваат општините и градот Скопје и тоа по пат на непосредна спогодба.
    Истата регулатива за правото на долготраен закуп на градежно (неизградено) земјиште споственост на РМ (на кое не постоело корисничко право) важи и за долготрајниот закуп на градежното земјиште сопственост на физички и правни лица (приватна сопственост), освен што ова второто, покрај со договор, може да се стекне и со судска одлука.

    ReplyDelete
  73. - Доколку на градежното земјиште, сопственост на РМ, право на трајно користење имаат стекнато физички и правни лица, тогаш оттуѓувањето (приватизацијата), долготрајниот закуп и т.н. времен закуп, одземањето и престанокот на правото на трајно користење се уредува согласно Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост од 2005 год. Имено, носителите на правото на трајно користење на градежното земјиште во државна спственост, за стекнување на право на долготраен закуп и времен закуп се должни да поднесат барање, со што престанува нивното корисничко право, а стануваат носители на правото на долготраен закоп за кое право тие плаќаат закупнина. Како такви тие имаат право и должност градежното земјиште да го користат во согласност со намената дефинирана со урбанистичките планови и општите акти што ги заменуваат тие планови и согласно договорот, односно решението за стекнување на правото на долготраен закуп. Доколку тоа земјиште е изградено, носителот на правото на долготраен закуп може земјиштето да го оттуѓи само со преносот на правото на сопственост на објектот. Правото на долготраен закуп на градежно земјиште може да се наследува.
    - Градежното земјиште сопственост на РМ на кое постои корисничко право се оттуѓува, т.е. може да се приватизира од државна сопственост во сопственост на домашни физички и правни лица (корисници на тоа земјиште), согласно Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна соптсвеност. Притоа градежното земјиште се приватизира во целост или во дел, меѓутоа само во рамките на градежната парцела чија површина е дефинирана со урбанистичките планови, односно актите што ги заменуваат истите. Доколку физички лица се поранешни сопственици или тоа земјиште го стекнале со надоместок, за него не плаќаат надоместок, а останатите физички лица кои го користат тоа земјиште треба да платат надоместот.
    Правните лица кои имаат право на трајно користење на градежното земјиште имаат право да стекнат право на сопственост на тоа земјиште, без надомест ако истото го стекнале со: непосредна спогодба, надомест, доделување од надлежен орган, замена за експроприрано земјиште на приватното лице, доделување на земјиштето за замена за одземено во владение градежно земјиште на правното лице во приватна сопственост во кој градежното земјиште претставува поранешна сопственост или стекнато право на сопственост со надоместок.
    Висината на надоместокот за градежното земјиште што е предмет на приватизацијата, како и начинот и постапката за наплата на надоместокот на предлог на министерот за финансии ги пропишува Владата на РМ со посебен пропис. Надоместокот се плаќа по правило во денари. Доколку не го купат ова земјиште правните лица кои на него имаат право на користење можат на истото да стекнат право на долготраен закуп врз основа на решение на органот на државната управа надлежен за управување со градежно земјиште. За закупот правното лице плаќа закупнина, согласно законските прописи.

    ReplyDelete
  74. Приватизацијата се врши врз основа на решение за приватизација кое се доставува до барателот за приватизација и до Јавното правобранителство на РМ, додека правото на долготраен закуп на градежно земјиште се стекнува со договор во писмена форма, склучен меѓу РМ како закуподавец и корисникот на градежното земјиште како закупец, со кој се уредуваат правата и обврските од закупниот однос на градежното земјиште. Ако корисникот на градежното земјиште не покрене постапка за стекнување право на долготраен закуп или постапка за приватизација, во рок од 2 години од влегување на сила на Законот (25.01.2005), долготрајниот закуп се стекнува по сила на закон - со решение на органот на државната управа надлежен за управување со градежното земјиште.
    - Градежното земјиште, сопственост на РМ, согласност со законот за градежното земјиште од 2001 година, може да се даде под концесија на домашно и странско физичко и правно лице, ако намената на тоа земјиште е поврзана со дејност или добро во општ интерес за Републиката. Концесија се дава по предходна спроведен јавен конкурс. Ако на објавениот конкурс не се јави заинтересирано лице, градежното земјиште може да се даде под концесија во постапка со прибирање на понуди кои се поднесуваат до органот на државната управа надлежен за работите на управување со градежното земјиште. Висината на надоместокот за користење на концесијата на градежното земјиште се утврдува со договор за концесија, согласност со најповолната понуда од јавниот конкурс, односно прибраните понуди.
    - Без оглед на сопственичкиот облик, на градежното земјиште може да се заснова хипотека (судска, законска и договорна) согласно Законот за сопственост од 2001 година и Законот за договорен залог од 2003 година.
    - Покрај градежното земјиште во државна сопственост и градежното земјиште во приватјна сопственост, правото познава и градежно земјиште во сопствевност на РМ наменето за општа употреба. Со него управува Владата на РМ која управувањето може да го пренесе на друг орган.
    - Градежното земјиште, во приватна сопственост може да се експроприоира на начин и под услови определени со Законот за експорпријација од 1995 година.
    - Како ствар од општ интерес, правото на сопственост на градежното земјиште во себе го опфаќа и уредувањето како едно од неговите јавноправни овластувања. Под уредување се подразбира изградба на објекти на инфрастрктурата, заради обезбедување на непречен пристап до градежната парцела од јавен пат, поставување на водоводна, канализациона и друга инсталација и со приклучоци од градежната парцела. Планирањето, проектирањето и изведувањето на инфраструктурата се врши според просторните и урбанистичките планови и актите што ги заменуваат тие планови, а ги определуваа општината, односно градот Скопје, додека степенот на уреденост на градежното земјиште го пропишува министерот за транспорт и врски.


    КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:
    1. „Стварно право: книга И”; Живковска, Родна, Скопје 2005.
    2. „Закон за сопственост и други стварни права”; Живковска, Родна, Скопје 2005.
    3. Устав на Република Македонија

    ReplyDelete
  75. ЕСЕЈ

    Тема:
    ИМОТНИ ОДНОСИ НА
    БРАЧНИТЕ ДРУГАРИ


    Содржина:

    I.Вовед ...стр.3
    II. Имот на Брачните другари ...стр.4
    III. Имотен режим според нашите прописи ...стр.4
    III.1 Заеднички брачен имот ...стр.4
    III.2 Посебен имот на брачните другари ...стр.6
    III.3 Управување и располагање со имотот ...стр.6
    III.4 Делба на заедничкиот имот ...стр.7
    III.5 Систем на делба на заедничкиот имот ...стр.7
    III.6 Субјекти кои можат да се јават како баратели за делбата на заедничкиот имот ...стр.8
    III.7 Начин и критериуми на делба на заедничкиот имот ...стр.8
    III.8 Подароци ...стр.9
    III.9 Договорен имотен режим на брачните другари ...стр.10
    IV. Имотни односи на вонбрачните другари ...стр.11
    V. Имотните односи на родителите и децата ...стр.12
    VI. Заклучок ...стр.14
    VII.Користена литература ...стр.15

    I.Вовед

    Имотните односи во брачната заедница се важен дел од животот во истата. Имотот колку и да е избегнуван, од сопружниците, е дел, или е една од причините на засновање на бракот. Имотот како таков мора правно да се регулира за да не би дошло до разни проблеми при разводот, кој е последното нешто на кое се надеваат сопружниците, но исто така и реална опција на која законодавецот смета при воведувањето на правилата кои ја ограничуваат институцијата брак.
    Имотот на брачните другари може да биде заеднички и посебен, истите можат да се договорат за поделба на имотот, или регулирање на имотните односи со предбрачни и договори кои ќе ги регулираат имотните односи по воспоставувањето на брачната заедница.
    Имотот на брачните другари ја добива својата тежина со разводот на бракот, и со определувањето на соодносите на имотите кои од двата брачни другари биле внесени во брачната заедница.
    Брачната заедница е економска заедница на брачните другари во која тие внесуваат приходи, кои им помагаат при воспитувањето и одгледувањето на децата.
    Подолу ќе се осврнам на прописите и начините на правно регулирање на имотните односи во институот брак.

    II. Имот на Брачните другари
    Комплексот прашања сврзани со имотните односи на брачните другари, како и на родителите и децата, се опфатени во посебен дел (VII) на Законот за семејство, претставувајќи посебна целина што е една од новините на семејниот кодекс на РМ. Имено, за разлика од поранешното регулирање на имотните односи на членовите на семејството, кое беше содржано во различни закони (Закон за брак, Закон за односите на родителите и децата итн.), сега оваа материја е опфатена интегрално во посебен дел од законот.
    Со склучувањето на бракот, брачните другари создаваат материјални добра или ги стекнуваат по пат на подарок, наследување и сл. што значи дека бракот несомнено претставува и еден вид економска заедница.
    Прашањето за имотните односи на брачните другари е одамна присутно во семејно-правната теорија каде се издиференцираат два модела: режим на заедница на имотот на брачните другари и режим на одвоен, односно посебен имот на брачните другари.

    ReplyDelete
  76. Првиот модел застапен во чиста форма, е производ на патријахалниот систем, бидејќи ја претпоставува примарната илога на мажот во управувањето со заедничкиот имот.
    Во вториот модел, во кој имотот меѓу мажот и жената е одвоен , брачните другари се титулари секој на својот имот, независно од фактот дали тој имот го донеле во бракот или пак го стекнале во текот на траењето на брачната заедница, со работа, со подарок, наследство и сл.

    III. Имотен режим според нашите прописи
    III.1 Заеднички брачен имот
    Законот за семејство определува дека имотот на брачните другари може да биде посебен и заеднички.
    Од моментот на склучувањето на бракот, секој од брачните другари, зависно од своите можности, придонесува во задоволување на заедничките потреби на брачната заедница, а посебно за задоволување на потребите на децата. Оттука, имотот што тие го стекнуваат со труд, а што постепено ја зголемува вредноста особено кога станува збор за недвижности, (куќа, стан, земјоделско земјиште, автомобил, куќа за одмор), претставува заеднички имот на брачните другари. Основниот критериум, ако ги апстрахираме одделните специфични ситуации на кои укажавме, за определувањето на овој имот е дека тој е стекнат со труд, а не врз основа на некое доброчино дело. Притоа, не е значајно дали брачниот другар е вработен во државна или општествена организација или пак врши самостојна занаетчиска или друг вид дејност односно работи на својот индивидуален земјоделски имот. Со еден збор, дијапазонот на работните места.
    Оттука, несомнено можат да се јават определени дилеми во однос на ова прашање. Всушност, иако дефиницијата во нашиот закон не го акцентира трудот како основ на стекнување на овој имот, јасно е дека сè она што ќе го стекнат брачните другари во текот на брачната заедница со работа, претставува заеднички брачен имот. Но, од друга страна, тоа значи дека во заедничкиот имот ќе се смета и сè она што брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот и на друг начин. На пример, тука влегуваат средствата стекнати по пат на кредит коишто бил земен и исплатуван во брачната заедница, тука влегуваат и приходите од заедничкиот имот на брачните другари, како и каматите од заедничките штедни влогови. Најпосле и подароците што брачните другари заедно ги добивале во текот на бракот исто така ше се сметаат за заеднички брачен имот.
    Макаршто посебниот имот има различен третман, приходите што тој ги создава, влегуваат во заедничкиот имот. За спорните прашања околу правната природа на авторските хонорари веќе стана збор, па овде ќе додадеме дека слични дилеми се појавуваат и во врска со третманот на имотот што ќе се стекне по пат на игри на среќа. Сепак преовладува становиштето според кое вака стекнатите средства влегуваат во заедничкиот брачен имот. Во таа смисла беа и решенијата на брачните права на Србија и Косово.
    И покрај сличностите со институтот од граѓанското право, заедничкиот имот на брачните другари не може да се поистовети со институтот на сосопственост во граѓанското право. Иако несомнено станува збор за институт од имотна природа, тој има специфичен семејноправен карактер и се разликува од сосопственоста. Во него уделите на брачните другари се неопределени, сè до моментот додека евентуално не дојде до делба на заедничкиот имот. Во таа смисла, правата на брачните другари врз недвижностите кои претставуваат нивни заеднички имот, се запишуваат во јавните книги за евиденција на недвижностите како нивни заеднички имот со неопределени делови. Меѓутоа, во нашата средина како резултат на определени сфаќања од минатото, главно под влијание на патријархалната традиција, сеуште е често запишувањето на недвижностите во јавните книги на името на мажот (поретко се јавува жената).

    ReplyDelete
  77. Имајќи ја предвид оваа ситуација. Законот предвидува дека во случај кога во јавните книги како сопственик на заеднички имот е запишан само еден од брачните другари, ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачните другари. Доколку, пак во јавните книги се запишани двајцата брачни другари како сосопственици на определени делови, ќе се смета дека на тој начин извршиле делба на заедничкиот имот.

    III.2 Посебен имот на брачните другари
    За посебен (одвоен) имот ќе се смета имотот кој брачниот другар го поседувал во времето на склучување на бракот. Меѓутоа, зависно од основот по којшто определен имот ќе биде стекнат и во текот на траењето на брачната заедница, определени категории на имот исто така се вбројуваат во т.н. посебен имот на брачниот другар.
    Како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и предметите стекнати во бракот, а кои исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку не претставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички имот.
    Бидејќи секој од брачните другари е титулар на сопствениот посебен имот, законот определува и секој од нив да може самостојно да управува и располага со овој имот, доколку тие не се договориле поинаку. Доколку во текот на треањето на брачната заедница дојде до поделба на заедничкиот имот, делот што ќе му припадне на секој од брачните другари како резултат на таа поделба, исто така претставува посебен имот.
    Во однос на некои извори на приходи можат да се јават дилеми, дали тие според својата природа ќе се сметаат за посебен или за заеднички имот на брачните другари.
    Еден од најчесто присутните примери во судската пракса во овој контекст, е прашањето на авторските хонорари што ќе ги добие брачниот другар за научно, уметничко или литературно дело или за било кој друг вид на сопствено творештво.

    III.3 Управување и располагање со имотот
    Со оглед на природата на заедничкиот имот, управувањето и располагањето со него брачните другари го вршат заеднички и спогодбено. Бидејќи уделот на секој од брачните другари во заедничкиопт имот е неопределен сè до неговата евентуална поделба, брачните другари не можат самостојно да располагаат секој со свопот дел, ниту можат да го товарат со правно дело меѓу живите.
    Тоа подразбира дека брачните другари се усогласуваат за постапките што ги преземаат во врска со редовното работеење со средствата и предметите што го сочинуваат тој имот. Тоа, меѓутоа, ќе го претпоставува слободното конкретно располагање со тие средства, од страна на секој од брачните другари.
    Кога работите што треба да ги преземат брачните другари во врска со заедничкиот имот ги надминуваат рамките на редовното управување со него, брачниот другар не може да гоии преземе самостојно, без притоа да ја има согласноста на другиот брачен другар, која треба да биде изразена во форма која се бара за соодветното правно дело. На пр. ако станува збор за пренесување на правото на сопственост на недвижности, договорот мора да биде составен во писмена форма, а потписите на договорните страни мораат да бидат заверени кај судот.
    Слободата на работење на брачните другари ја опфаќа и можноста секој од нив да може да го раскине договорот за управување или располагање со заедничкиот имот во секое време, освен кога со раскинувањето очигледно му се нанесува штета на другиот брачен другар.

    ReplyDelete
  78. III.4 Делба на заедничкиот имот
    Брачните другари некогаш прибегнуваат кон делба на заедничкиот имот. Тоа најчесто се случува при престанокот на бракот со развод или поништување, но не се ретки случаите брачните другари тоад а го сторат и во текот на траењето на брачната заедница. При тоа зависно од нивните односи, тоа можат да го сторат спогодбено, а во случај кога неможат да се спогодат тоа може да го стори судот по нивно барање.

    III.5 Систем на делба на заедничкиот имот
    Едно од најзначајните прашања при делбата на имотот е секако она за големината на деловите што ќе им припаднат на брачните другари, односно за нивниот сооднос.
    Во однос на ова прашање во споредбеното право се издиференцирани два система: систем на поделба на заедничкиот имот спрема уделот односно придонесот на секој брачен другар во стекнувањето на имотот.
    Првиот систем се базира врз принципот на рамноправноста на брачните другари и во сферата на имотните односи, а неговите практични ефекти се несомнени, бидејќи делбата на имотот на еднакви делови е далеку полесна од комплицираните пресметки на уделите на секој од брачните другари одделно.
    Сепак, ваквиот систем е многу ретко застапен во својата чиста форма. Многу поголем број земји пристапуваат кон прифаќање на системот на делба на заедничкиот имот на еднакви делови во принцип, но со можност од него да се отстапи, односно имотот да се подели не на еднакви делови туку спрема придонесот на брачните другари.
    Исто така и Законот за брак и семејните односи на Словенија иако тргнува од принципот на поделба на заедничкиот имот на еднакви делови, предвидува можност брачните другари да докажуваат дека нивните удели во стекнувањето на заедничкиот имот се во поинаков сооднос.
    И Законот за семејство тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови. Значи во принцип и овде е прифатен системот на еднакви удели на брачните другари. Но не без исклучок. Ако едниот брачен другар поднесе барање до судот за поинаква поделба на имотот и докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар, судот може да му определи поголем дел од заедничкиот имот.

    III.6 Субјекти кои можат да се јават како баратели за делбата на заедничкиот имот
    Во споредбеното право како субјекти кои можат да поднесат барање за делба на заедничкиот имот, можат да се јават: брачните другари, наследниците и доверителите.
    Во нашето семејно право застапено е становништето според кое делбата на заедничкиот имот може да ја извршат само брачните другари, било тоад а го направат спогодбено или по судски пат.

    III.7 Начин и критериуми на делба на заедничкиот имот
    Делбата на заедничкиот имот, рековме, брачните другари можат да ја извршат при престанок на бракот, но и во текот на брачната заедница, спогодбено или по судски пат.
    При делбата на заедничкиот имот, освен вредносниот аспект на деловите што ќе му припаднат на секој брачен другар, од суштествено значење е и составот, односно содржината на имотот што ќе му припадне со делбата. Имено, секој од брачните другари, од разбирливи причини, е заинтересиран во делот што ќе му припадне да бидат внесени токму оние предмети кои служат за вршење на неговиот занает, односно дејност. Оттука и определбата на законот за првенство на овие предмети при нивното внесување во делот на имотот на тој брачен другар.
    Втор критериум кој се почитува при вршењето на делбата е издвојување на предметите кои служат исклучиво за лична употреба на брачниот другар иако се стекнати со работе во текот на брачната заедница.

    ReplyDelete
  79. Меѓутоа, и во првиот и во вториот случај, овие критериуми се лимитирани со времноста на предметите кои треба да се издвојат и да му се предадат на едниот брачен другар. Значи, било да се работи за предмети кои служат за вршење на занает или дејност на брачниот другар, или за предмети кои служат исклучиво за лична употреба на брачниот другар, тие не ќе можат да се издвојат од заедничкиот имот ако нивната вредност е несразмерно голема во однос на вредноста на целиот заеднички имот. Во тој случај и тие подлеат на делба. Исклучок може да се направи во случај кога брачниот другар кој е заинтересиран да ги добие овие предмети ќе му ја надомести на другиот брачен другар соодветната вредност, или, пак, во спогодба со другиот брачен другар, ќе му отстапи други предмети.
    Во извршувањето на делбата на заедничкиот имот од значење се и други критериуми. Така брачниот другар кому му се доверени заедничките деца на чување и воспитание, освен својот дел при делбата, ќе ги добие и предметите кои служат на децата односно по својата намена им припаѓаат на децата. И не само тоа. Имајќи ги впредвид интересите на децата, законодавецот налага при делбата на заедничкиот имот, на брачниот другар кому му се доверени децата на чување и воспитание да му се доделат и оние предмети за кои е очигледно дека е во интерес да бидат во посед на брачниот другар кај кого живеат децата.
    При пресметувањето на деловите што треба да им припаднат на брачните другари со делбата на заедничкиот имот, може да се случи делот на едниот брачен другар да е значително помал. Законот дава можност, на барање на еден од брачните другари, судот да определи, вака поделениот дел на тој брачен другар да му се исплати во пари.
    Од сето до сега кажано може да се заклучи дека законската концепција на институтот заеднички брачен имот, вклучувајќи јаи неговата делба, се темели пред сè врз принципот на правичност. Во прилог на тоа зборува фактот за флексибилноста на законодавецот по однос на судирот на критериумите кои ги зема предвид при делбата на заедничкиот имот. Нед ржејќи се стрикно за поделбата на еднакви делови без исклучок, односно прифаќајќи го принципот на поделба спрема придонесот на брачните другари, како супсидиерен принцип, и уважувајќи ги другите дополнителни критериуми што можат да се јават во одделни случаи, особено аспецт на интересите на заедничките деца - законот овој институт го прилагодил односно го доближил до фактичките состојби што се јавуваат во оваа сфера во реалниот живот.

    III.8 Подароци
    На крајот да кажеме каков е третманот на подароците. Нашиот закон зазема став според кој подароците што брачните другари ги направиле еден на друг, не се враќаат. Тоа важи како за подароците направени пред склучувањето на бракот, така и за оние кои брачните другари меѓусебно си ги направиле во текот на траењето на брачната заедница.
    Наспроти некои ставови присутни во споредбеното право како и во правната теорија за влијанието на вредноста на подароците врз обврската за нивното враќање, од одредбата на нашиот закон произлегува дека подароците меѓу брачн9ите другари не се враќаат, независно од нивната вредност.

    III.9 Договорен имотен режим на брачните другари
    Наспроти законскиот имотен режим во споредбеното право е присутен и договорен реим меѓу брачните другари. Тоа значи дека на брачните другари им се дава можност своите меѓусебни имотни односи да ги регулираат на начин на кој самите ќе се договорат.

    ReplyDelete
  80. Во семејното право на Југославија, по Втората светска војна, поточно во Основниот закон за бракот од 1946 година, беше прифатен принципот на слобода на договарањето меѓу брачните другари. меѓутоа и во него и во подоцнежните прописи, што произлегоа од овој сојузен закон, а тоа се законите на одредените републики и покраини оваа слобода секогаш била лимитирана со законските одредби за меѓусебните односи на брачните другари. Од определбите на сите овие закони јасно произлегува дека договорите што ќе ги склучат брачните другари не смеат да бидат во спротивност со законот.
    Решенијата на одделните републички и покраински закони покажуваат разноликост во однос на натамошното детерминирање во дообјаснувањето што сè е забрането во меѓусебното договарање на брачните другари, а што е дозволено.
    Во нашето право, веќе видовме, брачните другари можат да склучат договор за начинот на управување и начинот на располагање со имотот. Притоа, ваков договор брачните другари можат да склучат како во однос на посебниот, така и во однос на заедничкиот брачен имот.
    Исто така, Брачните другари можат да склучат договор за купопродажба, договор за подарок, како и други договори од имотен карактер, кои не се во спротивност со законот и со природата на бракот.
    Така брачните другари не би можеле да склучат договори кои се косат со моралниот кодекс на средината и воопшто со општесвените сфаќања (на пример ддоговор за проституирање или некое друго нечесно занимање на едниот брачен другар).
    Договорите, пак, кои се дозволени меѓу брачните другари, подлегнуваат на правилата на граѓанското односно облигационото право. Формата на договорот ќе биде онаа која е предвидена за соодветното правно дело. Доколку дојде до промена или дополнување на договорот односно до негово раскинување, тоа ќе биде извршено на начин и во форма којашто се бара за тоа правно дело во принцип, независно од фактот што таквото дело го склучуваат брачните другари меѓу себе.

    IV. Имотни односи на вонбрачните другари
    Како што е познато признавањето на правото на граѓанство на вонбрачната заедница, па согласно тоа и остварувањето на правата, посебно на имотните права кои произлегуваат од оваа заедница - е од понов датум.
    Само да напоменеме дека поранешните прописи на просторите на бивша Југославија, поточно прописите од првиот период (сојузни прописи), не го земаа предвид придонесот на вонбрачниот другар на оваа заедница, па така најчесто жената се наоѓаше во незавидна положба во однос на остварувањето на своите имотни права. Дотолку повеќе што во најголемиот број случаи се работеше не за ефективен материјален придонес стекнат врз основа на внесување на сопствената заработувачка во заедницата, туку за удел кој се состоеше во работи во одржување на домаќинството, вклучувајќи ги сите неопходни активности како што е одржување на хигената, подготвувањето на храна, одгледувањето на децата итн. Впрочем, доволно е да кажеме дека во однос на ова прашање беше неопходно време да созрее ставот за признавање на трудот односно уделот создаден на овој начин и кога беше во прашање работата на жената која се наоѓа во законска брачна заеница.
    Неопходно е да се нагласи, дека најголем придонес во еволуцијата на овие стваови, имаше несомнено судската практика, иако и самата во почетокот, поточно во времето на донесувањето на ОЗБ, беше на линија на предходното конзервативно становиште.
    Имено, речиси невозможно и нелогично беше да се заобиколува принципот на економската рамноправност меѓу мажот и жената. Оттука, постепено дојде до признавање на трудот во вонбрачната заедница, како основ по кој се стекнува заеднички имот на брачните другари. Така се доаѓа и до ситуацијата во која веќе не се бара договор во писмена форма за стекнување на заеднички имот меѓу вонбрачните другари туку станува доволно, севкупното нивно однесување, заедничкиот живот, пред сè, значи фактичката заедница, - да укажуваат на фактот дека кај нив постои намера за стекнување на заеднички имот.

    ReplyDelete
  81. Нашиот закон за семејство не содржи многу одредби за имотните односи на вонбрачните другари. Но, погрешно би било оттука да се извлече заклучок за нерамноправен однос на партнерите од фактичката заедница. Напротив. Малубројноста на одредбите произлегува токму од фактот што законодавецот упатува на аналогија во решавањето на прашањата од оваа сфера, со браччната заедница.
    Така, законодавецот определува дека имотот што ќе го стекнат вонбрачните другари во вонбрачната заеедница, се смета за нивни заеднички имот. Во однос на делбата на овој имот, законодавецот недвосмислено упатува на соодветна примена на одредбите за делба на заедничкиот имот на брачните другари.
    Оттука е сосем јасно дека во однос на имотните права од вонбрачната заедница, нема никакви дилеми, и дека имотниот статус на вонбрачните другари се изедначува со оној на браните другари.
    Друго е прашањето, меѓуто, кога ќе се смета дека воопшто постои вонбрачна заедница. При одлучувањето за ова, не се зема прадвид само времетраењето на заедницата, туку севкупноста на односите на партнерите, пред сè квалитетот на меѓусебниот однос и вистинската намера за заедничко живеење.

    V. Имотните односи на родителите и децата
    Во Законот за семејство посебно се регулирани имотните односи на родителите и децата. Имено, и малолетните деца можат да стекнат имот по основ којшто е предвиден со законот. Тука спаѓа и имотот што малолетникот ќе го стекне врз основа на подарок, или легат, како и врз основа на наследство (законско или тестаментално), што значи врз основ на доброчини правни дела. Од друга страна, не е исклучена можноста малолетникот да стекне имот и врз основа на товарно правно дело кога поседува сопствени парични средства. Најпосле, како што е познато, малолетникот под определени услови предвидени со законот, може да стекнува имот и со работа.
    Се поставува прашањето, каков статус има имотот на малолетникот односно дали тој има определени овластувања врз овој имот и каков е обемот на тие овластувања.
    Нашиот закон предвидува дека со имотот на малолетникот управуваат неговите родители се до неговото полнолетство, но притоа се должни да се придржуваат на начинот определен со законот.
    Од ваквиот третман е изземен имотот што малолетникот ќе го стекне со работа, бидејќи во однос на него, малолетникот има определени овластвања. Имено, нашиот закон дава можност малолетник под старателство, со наполети 15 години од животот, да може сам, без одобрение настарателот, да заснова работен однос како и слободно да располага со својата плата, но притоа е должен сам да придонесува за своето издржување, воспитување и стручно оспособување.
    Од друга страна и родителите се должни приходите од имотот на своето дете првенствено да ги употребуваат за неговото издржување, воспитување и образование. Дури потоа, доколку сами немаат доволно сопствени средства, можат тие средства да ги користат и за намирување на неопходните потреби на семејната заедница. Оптоварување или оутѓување на имотот на детето родителите не можат да го извршат без одобрение на центарот за социјална работа. Оценката на центарот за оправданоста на оптоварувањето односно оутѓувањето на имотот, се заснова врз намената на средствата добиени на овој начин, а тоа е издржувањето, воспитувањето и образованието на малолетникот или во случај кога тоа го налагаат други интереси или пак неопходни потреби на семејната заедница.
    Бидејќи детето не секогаш живее со двајцата родители со неговиот имот во принцип управува оној родител со кого детето живее. Меѓутоа, ценатрот за социјална работа е овластен да одлучии поинаку, на предлог на другиот родител, доколку спрема околностите оцени дека тоа повеќе одговара на интересите на детето.

    ReplyDelete
  82. Интервенциите на ценатрот за социјална работа да одлучува по овие прашања се дотолку пошироки, доколку детето е доверено на чување и воспитување на трето лице или пак е сместено во соодветна установа. Со други зборови, во сите оние ситуации, во кои родителите сами не го вршат родителското право врз своето дете, центарот за социјална работа е тој кој одлучува за сите прашања во врска со имотот на детето, раководејќи се притоа првенствено од интересите на детето.

    VI. Заклучок

    Институцијата брак во реалноста ги носи најголемите радости на човекот, потомците. Таа како таква не е нешто што е имуно на проблемите од секојдневниот живот. Тие во неа се јавуваат заради повеќе причини, социјални, психолошки и др., но исто така мора да се признае фактот дека најчестата причина за проблемите во брачната заедница е економската причина.

    Имотот кој го стекнуваат сопружниците, па и децата, во бракот, е многу важен дел од живеењето во таа заедница. Од имотот кој го поседува семејството зависат многу работи, како на пр.: образованието на децата, подобрувањето на условите за работа на брачните другари, подобрување на начинот на живот во брачната заедница идр.

    Правните регулативи, во голем дел помагаат за разрешување на проблемите кои настануваат во областа на имотните односи.


    VII.Користена литература


    1. д-р Спировиќ-Трпеновска, Љиљана „Семејно Право” НИП Студентски збор, Скопје 1997

    2. Закон за семејство објавен во Службен весник на РМ бр. 80/92 од 22 декември 1992 год.

    3. д-р Чавдар, Кирил „Коментар на законот за наследување” Агенција Академик - Скопје, Скопје 1996

    4. д-р Хаџивасилев-Вардарски, Миле „Семејно право”, Студентски збор, Скопје, 1990

    5. д-р Спировиќ-Трпеновска, Љиљана, „Семејството во Латинска Америка”, НИО Студентски збор, Скопје

    6. д-р Спировиќ-Трпеновска, Љиљана, „Дилеми на Современото семејство”, НИО Студенстки збор, Скопје

    ReplyDelete
  83. Трговско право

    Тема: ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН

    Содржина:
    1. Предмет на заштита
    2. Услови на заштита
    3.Постапка за стекнување
    Дефиниции на поими


    1. Предмет на заштита

    Индустрискиот дизајн има двојна намена. Тој служи за да ја задоволи потребата од убаво и корисно. Правната заштита на индустрискиот дизајн е некаде на средината меѓу пронаоѓачкото и авторското право.
    Правната заштита на индустрискиот дизајн се состои во заштита на дистинктивните елементи на кои се должи успехот на пазарот, а покрај другото го интензивира инвестирањето во ресурсите кој го негува, го форсира дизајнот, како елемент на производството.
    Во националните законодавства се познати три варијанти во однос на заштитата на индустрискиот дизајн со правото на индустриска сопственост и авторското право.Систем во која е можна двојна заштита има во земјите на Бенелукс (заштитата на индуструскиот дизајн е уредена со Законот на Бенелукс кој се однесува на авторските и сродните права).Можна е и комулативна заштита за кое се предвидуваат построги услови.
    Според т.н.,,италијански систем”, моделите и мострите се штитат исклучително или според правото на индустриска сопственост или според авторското право и таму се исклучува можноста за двојна заштита. Третиот модел или познат како ,,француски систем” каде што заштитата според правото на индустриска сопственост секогаш повлекува и авторскоправна заштита и обратно. Всушност сите овие системи можат да се групираат во два система на комулативна заштита И систем на коегзистенција.

    Во ЗИС од 2002 година, со терминот индустриски дизајн првпат во согласност со современите тенденции се означуваат моделот и мострата (надворешна форма, слика, цртеж, контура композуција на бои, текстура или нивна комбинација што може да се пренесе на определен индустриски или занаетчиски производ) со заедничко име. Генеричен поим со кој во правната теорија се означуваат моделите и мострите е дизајн, а се користат и називите индустриско обликување и осмислен дизајн.
    Објект на правната заштита на индустрискиот дизајн не е производот, туку дизајнот што е аплициран, вграден во таков производ. Меѓутоа, за разлика од нашето право, многу национални системи предвидуваат дека не е можна заштита на апстракната форма на тело,слика или цртеж, туку пријавата за заштита мора да се однесува на конкретен производ. Мотивот, шарата може да се аплицира на различни објекти.

    ЗИС од 2002 година го дефинира индусрискиот дизајн нешто пошироко од она што е случај во компаративното право. имено под индустриски дизајн се подразбира форма, слика, цртеж,контура, композиција на бои, текстура или нивна комбинација. Формата асоцира на тродимензионалното ( моделот ) а новината се состои во проширувањето на поимот со изречно набројување на текстурата.

    Еден од основните услови за правната заштита на индустрискиот дизајн е применливоста во индустриско или занаетчиско производство. Речиси сите национални законодавства го штитат индустрискиот дизајн единствено, ако може да се примени во индустријата или на производи што се произведуваат во големи серии.Според Модел-законот за дизајн на WIPO за земјите во развој, заштитата на дизајнот според правото на инустриска сопственост е можна ,,ако тој служи за примена на производи од индустријата и занаетчиството’’.

    Според ЗИС од 2002, како дизајн се смета она ,,што може да се пренесе на определен индустриски или занаетчиски производ или на негов дел’’.За производ се смета секој индустриски и занаетчиски изработен производ, а под индустрија се подразбира значењето како што е дефиниран во Париската ковенција.

    ReplyDelete
  84. Кога станува збор за сложена ствар, особено се поставува прашањето дали индустрискиот дизајн може да се однесува на дел од определена ствар и п