Tuesday, September 22, 2009

Туторијали - Говорење

Во Говорење на amfiteatar.blogspot.com може да најдете совети за подготовка, организација и презентација на говор во јавност. Овие совети можат да им послужат на потенцијалните оратори, но и на секому во секојдневниот живот.
Овој дел на amfiteatar е конципиран да помогне за поквалитетни и подобри говори во јавноста и да им помогне во говорењето на студентите, адвокатите итн.
За сите забелешки или предлози пишетени нa

amfiteatar.blogspot@gmail.com ,
однапред ви благодариме.

6 comments:

  1. Говорење во јавност

    Куса историја на јавното говорење

    Најстарата книга за јавно говорење,Стар Египет, пред 4500 години, потоа Аристотел (Реторика),Стара Грција 3 век п.н.е; Цицерон,Стар Рим; Св.Августин,Среден век; Френсис Бекон,британски филозоф



    Јавно говорење и конверзација

    Сличностите помеѓу јавното говорење и конверзацијата се: Логичката организација на идеите; Обликувањето на пораката во согласност со побликата; Прилагодување на feedback од публиката.
    Додека разликите се состојат во тоа дека јавното говорење бара строго утврдено време и место, подетална подготовка, поформален јазик и различни методи на презентирање
    Елементи на јавното говорење се: Говорник; Порака; Канал; Слушател; Повратна реакција.



    Трема

    Тремата е нормална, очекувана, и треба да се знае дека јавното говорење бара искуство. Тремата се надминува со добра подготовка, позитивно мислење, користење на моќта на визуализацијата.
    Треба да се знае дека голем дел од тремата не е видлив, и важно е тоа да не се очекува совршенство од јавниот говор.

    ReplyDelete
  2. Почнување и завршување на јавниот говор (Вовед и Заклучок)


    Вовед

    Првиот впечаток за јавниот говор е многу важен, тој е и најтешиот дел од секоја презентација. Добриод вовед пак е знак за самодоверба.
    Цели на воведот се да привлече внимание и интересирање, да ја воведе темата на јавниот говор, да воспостави кредибилитет и да го најави телото на говорот.
    Воведот може да привлече внимание и интересирање со тоа што ќе биде конципиран така да ја поврзе темата со публиката, потоа да ја нагласи важноста на темата, да ја изнади и заинтригира публиката, да предизвика љубопитност кај публиката.

    Упатства за подготвување вовед

    Воведот трба да биде краток (10-20%од целиот говор). При преставување на воведот треба да ги имате на дофат сите можни воведни материјали од истражувањето кое сте го спровеле за темата на говорот.
    При преставувањето треба да бидете креативни, и да не обрнувата многу внимание на прецизните зборови со кои ќе го почнете говорот, тие сами ќе ви дојдат по утврдување на главните точки.
    Како примери со кој може да го почнете говорот се прашање до публиката, цитат во врска со говорот, или некоја приказна, која ќе ви помогне со почетокот на говорот.


    Заклучок

    Заклучокот го означува крајот на говорот, па во него треба да ја нагласите централната идеја на говорот.
    Тоа може да го направите преку резиме на говорот, повикување на воведот и идеи што таму сте ги истакнале. Нагласувањето може да го направите и преку завршување со цитат, или давање на драматична изјава.

    Упатства за подготвување заклучок

    Заклучокот треба да биде јасен (5-10% од целиот говор). При преставувањето на заклучокот треба да ви бидат на дофат заклучните материјали од истражувањето кое сте го спровеле за темата на говорот, и уште еден совет е да завршите гласно.

    ReplyDelete
  3. Oрганизирање на телото на говорот

    Организацирањето на јавниот говор е битна заради презентација на успешен говор, таа им дозволува на говорникот и на публиката подобро да ги увидат главните идеи на говорот, како и да стави ментални рамки на најважните од нив.
    Стратегиската организација подразбира организирање на говорот на одреден начин со цел да се постигнат одредени резултати на одредена публика.


    Компоненти на јавниот говор се Вовед, Тело и Заклучок.

    Процесот на организирање почнува со одредување на главните точки на говорот. Главни точки се централните битните карактеристики на јавниот говор. Бројот на главните точки не смее да биде поголем од пет.
    Стратегија на редоследот на главните точки може да биде преку: Хронолошки редослед, Просторен редослед, Причинско-последичен редослед, Редослед на решавање проблеми, Тематски редослед.


    Практични совети за главните точки.

    Главните точки треба да бидат одвоени една од друга. Треба да се обидувате да користите исти семи/зборови за именување на главните точки. Урамнотежете го количеството на време мегу главните точки, на пример.: 1-30% ; 2-40% ; 3-30% ; или 1-85% ; 2-10% ; 3-5% .


    Подржувачки материјали

    Видови поддржувачки материјали се Примери, Статистика и Сведоштва. Тие се користат да ги поддржат главните идеи на говорникот.


    Сврзници

    Сврзници помеѓу одделните делови од говорот можат да бидат зборови или фрази кои што ги спојуваат мислите и идеиите и создаваат поврзаност и однос мегу нив, потоа премини, внатрешни воведи, внатрешни резимеа/заклучоци, означувачи исл.

    ReplyDelete
  4. Користење помошни визуелни средства

    Помошните визуелни средства придонесуваат за јасност на говорот, итерес за говорот од страна на публиката, зачувување/трајност на говорот, намалување на времето на говорење и подобрување на секој аспект од јавниот говор.


    Видови

    Видови визуелни помошни средства се предмети, модели, фотографии, цртежи/слики, графики, дијаграми и табели, видео, филм, транспаренти, мултимедијални презентации, невербална комуникација.


    Упатства за подготовка на визуелни средства

    Подгответе ги визуелните помошни средства однапред, а користете едноставни визуелни помошни средства.
    Бидете сигурни дека визуелните помошни средства се доволно големи и видливи за сите членови на публиката.
    Користете ограничен број фонтови кои се лесни за читање, а бојата на буквите користетеја ефективно. Избегнувајте употреба на табла.
    Поставете ги визуелните средства на видливо место за публиката.
    Избегнувајте да ги разделите визуелните средства мегу публиката, зошто може да се изгуби вниманието над говорникот.
    Покажете ги визуелните средства само кога дискутирате за содржина што е прикажана на нив. Зборувајте со вашата публика, а не со визуелните помошни средства. Објаснете ги јасно и прецизно визуелните помошни средства.
    Вежбајте ги вашите визуелни средства.

    ReplyDelete
  5. Публика

    Добрите говорници во своите говори се насочени кон публиката, таа е секогаш на прво место, централна во секој сектор од говорот, и е најважна во јавниот говор.
    За да се постигне насоченоста на јавниот говор кон публиката треба да се постават неколку прашања во врска со јавниот говор, како на пример: Кому јас му зборувам? ; Што сакам јас публиката да дознае, да поверува или да направи како резултат на мојот говор? ; Кој е најефикасниот начин за составување и презентација на мојот говор за да ја посигнам таа цел?

    Идентификација со публиката е процес во кој што говорникот настојува, тежнее да создаде поврзаност со публиката преку нагласување заеднички вредности, цели и со споделување заеднички искуства.


    Анализа на публиката

    Демографска анализа на публиката

    Демографската анализа се врши според возраст, род, сексуална ориентација, етничка, национална, културна и расна припадност, религија, членство во некоја група и тн.

    Анализа на однесувањето на публиката, карактеристично за конкретна говорничка ситуација, се врши според големината на публиката, физичкото опкружување, односот на публиката кон говорникот, однос на публиката кон темата.
    Во врска со односот на публиката кон темата се важни интересирањето на публиката за одредената тема, знаењето за таа тема и ставот на публикатата кон таа тема.
    За дознавање на интересирањето, знаењето и ставовите на публиката кон одредена тема треба да се изврши собирање информации за публиката, што се прави преку интервјуа и прашалници, кои можат да бидат со затворени одговори, и со отворени одговори.

    ReplyDelete
  6. Презентација на јавен говор

    Неможете да направите добар говор без да имате нешто да кажете, но исто така ви e потребно да знаете како тоа да го кажете, што подразбира јасност, анагажираност, говор на телото, контакт со публиката...
    Методи на презентација на говорот се читање од напишаниот срипт/текст/ракопис на говорот (не е препорчливо), рецитирање на меморираниот говор и импровизиран/спонтан/ненајавен говор.

    Рецитирање на меморираниот говор се практикува за некои говори како на пример честитки, здравици, примање честитки, воведни говори... Треба да се умее живо и спонтано да се изрецитира меморираниот говор.

    Цитирање од напишаниот скрипт на говотот се прави за некои говори кои едноставно мора да бидат прочитани од ракописот, како на пример религиска проповед, експертски извештај, обраќање на Претседателот од државна институција. А цитирањето треба да се умее живо и спонтано да се прочита.

    Импровизиран говор обично се презентира без или со минимална подготовка, при ваквиот говор најважно е да се презентира без паника, ако има време, напишете куса скица на вашиот говор, бидете смирени и воспоставете контакт со публиката.


    Говор

    При презентација на внимателно подготвен и практикуван однапред говор треба да се користат белешки или кусо резиме на говорот, треба да се има поголема спонтаност, разговорен стил, а соодветните зборови да се изберат во моментот на презентацијата.

    Гласот на говорникот

    Во врска со гласот на говорникот при презентирање на говорот треба да се имаат предвид и одредени елементи на паралингвистиката за да се постигне добра презентација.
    Такви елементи се Волумен(гласност), Висина и боја на гласот, Темпо на говорот, Паузи, Варијации во вокалната интерпретација (промени во гласноста, висината, темпото на гласот и говорот), Изговор, Артикулација и Дијалект.

    Говор на телото при презентација

    Говорот на телото се при презентација на јавен говор се состои од физички изглед/појава, движења и став на телото, гестикулации и контакт со очите.


    Практични совети за вежбање на презентацијата на јавниот говор

    Поминете гласно низ белешките за подготовка на говорот.
    Направете скица за презентација на вашиот говор.
    Вежбајте го гласно неколку пати вашиот говор (Внимавајте на примерите, цитатите, визуелните помошни средства).
    Не го учете напамет целиот говор.
    Вежбајте пред огледало или снимајте го вашиот говор-за проверка на гласот.
    Имајте говор пред мала публика и во услови слични за вистинската презентација на говорот.


    Сесија за одговарање прашања од публиката

    Подготовката за прашања и одговори од страна на публиката се врши со вежбање на начинот на одговарање на прашањата, и со формулирање на одговори за можни/евентуални прашања.

    Совети за сесијата за прашања и одговори

    Треба да бидете јасни за формата и времето за поставување прашања, на прашањата да им пристапите со позитивен став, поставените прашања да ги слушате внимателно, а одговорите да ги насочите кон целата публика. Во одговорите бидете чесни и искрени и при одговарањето останете во рамките на темата за која сте говореле.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.