Tuesday, September 22, 2009

Говори

Во овој дел од страната се објавуваат историски познати говори, и говори од современата политика.

Говорите можат да се користат како примери од кои може да се изучува уметноста на говорењето.
Редакцијата на amfiteatar.blogspot.com апелира до сите кои се во можност да испратат говори на македонски јазик да го направат тоа преку електронска пошта на

amfiteatar.blogspot@gmail.com ,

однапред ви благодариме.

23 comments:

  1. И покрај тоа што станува збор за првиот и можеби најкрволочен антихрист низ човековата историја, сепак мора да се признае еден од најголемите оратори на 20 век. Токму Хитлер преку своите говори успева да ја заслепи германска популација и со помош на народот да создаде полициска држава, која ќе ја распламти цела Европа. Таков е долунаведениот говор на Хитлер со кој се означува почетокот на неговото владеење со Германија. Во истиот, тој ги убедува Германците за нивната супериорност и совршеност во однос на останатиот свет, а во истовреме ги сумира и сите неправди кон Германската нација, давајќи притоа акцент на светските реформи кои ќе ги предизвика новата Германска власт.

    Првомајскиот говор
    Адолф Хитлер

    Берлин 1мај 1935г.

    …Еден писател ги сумираше впечатоците кои тој ги имаше од времето во кое живееме во книгата која тој ја крсти “Падот на Западот.”
    Тогаш дали навистина ќе биде крај на нашата историја и на нашата нација?
    Не!
    Не можеме да веруваме во тоа.
    Овие години мора да се наречат, не пад на западот, туку воскреснување на народот на Западот, на нас!
    Само тоа што е старо, гние и пропаѓа, и пушти го да изумре!
    Но новиот живот ќе не препороди нас.
    Вербата може да биде најдена, ако постои желба.
    Нашето водство има желба, и верба во народот...

    Затоа ние дојдовме заедно на овој ден симболично да докажеме дека ние сме повеќе од колекција на индивидуи кои се борат еден против друг, дека ниту еден од нас не е толку горд, ниту еден од нас толку голем, ниту еден толку богат, и ниту еден толку сиромашен, за да неможеме да застанеме заедно, пред лицето на Бога и пред лицето на светот, во ова нерастворливо и единствено општество.
    И од ваква обединета нација ние имаме потреба.
    Кога била определена власт соочена со потешка задача отколку со водството на Германија?
    Размислете, мои другари, што е нашата Германија и споредете ја со останатите држави.
    Што имаме ние?
    Сто триесет и седум жители на квадратен километар, без колонии, без суровини, без надворешна размена, без капитал, веќе без ниту еден странски кредит, само тежок товар, жртви, страдање и ниски плати.
    Што имаме ние во споредба со другите држави, со богатството на другите земји, богатството на другите луѓе, можностите за живеење што ги имаат тие?
    Што имаме ние?

    ReplyDelete
  2. Единствено една работа - нашиот народ.
    Или е тој сé или е ништо.
    Само на него може да сметаме!
    Само врз него може да градиме!
    Се што создадовме досега го должиме на неговото величествено срце, неговата големина, неговата лојалност, неговата чистота, неговата индустрија, неговата смисла за ред.
    И ако сето ова го ставам на вага знам дека тежи повеќе од сето она што може да ни го понуди остатокот од светот.
    Тогаш ова, верувам, може да биде нашата порака до другите народи на овој први мај: “Не треба да имате страв дека ние сакаме нешто од вас. Ние сме горди за да признаеме дека ние самите го поседуваме тоа богатство, кое секако вие нема да ни го дадете на нас – нашиот народ.”
    Јас не можам, како лидер, да смислам повеличествена, погорда задача на овој свет отколку да му служам на овој народ.
    Некој може да ми даде и континенти, но јас попрво би бил и најсиромашниот граѓанин во овој народ.
    И со овој народ ние мораме и ќе ги постигнеме исто така и задачите кои ни претстојат.

    Тоа што го сакаме лежи јасно пред нас: тоа не е војна и не е конфликт.
    Како што прокламиравме мир во нашиот народ, така не сакаме ништо друго освен мир во светот.
    Затоа што сите ние знаеме дека нашата голема цел може да успее само во време на мир.
    Но исто како што власта на овој народ во домашната сфера никогаш не ја жртвуваше честа на Германскиот народ, така никогаш нема да ја предаде честа на Германците во справувањето со светот.

    Ние знаеме што му должиме на светот.
    Светот треба да разбере дека тој не може да им ускратува на гордите народи, и пред се тој треба да разбере една работа: денешната Германија не е таа од вчера - онолку колку што Германија вчера не беше Германија која што е денес.
    Германците од сегашноста не се како Германците од завчера, туку тоа се Германците на двеилјадитната Германската историја која лежи зад нас.

    ReplyDelete
  3. ДОКТРИНАТА НА РЕГАН


    мериканскиот Претседател Роналд Реган на 01.02.1985г. ја престави својата доктрина на надворешна политика. Реган кој беше изразен антикомунист веќе го имаше наречено Советскиот Сојуз - „Империја на Злото”. Тој со неговата надворешна политика прокламираше поактивен пристап отколку само задржување на комунизмот. Подолу следи неговото обраќање пред Американскиот Конгрес

    Доктрината на Роналд Реган

    1 Февруари 1985г.


    Ние не можеме да се правиме невини во свет кој не е невин.
    Ниту можеме да бидеме неактивни кога слободата е загрозена.
    Без сила дипломатијата не може да успее; Нашата помош во областа на безбедноста им помага на пријателските влади да се бранат себеси, и им дава доверба да работат во мир.
    И се надевам дека Конгресот ќе разбере дека секој долар помош во областа на безбедноста допринесува толку за глобалната безбедност, колку што допринесува нашиот буџет за одбрана.

    Ние мораме да ги поддржуваме нашите демократски сојузници.
    И не смееме да ги изневериме оние кои ги ризикуваат своите животи, на секој континент од Авганистан до Никарагва - со пркосење на воените агресии кои се поддржани од страна на Советите, и со штитење на правата кои се својствени за човекот од неговото раѓање.

    Диктаторскиот режим на Сандиста во Никарагва, кој што ужива целосна поддршка од Советскиот блок, не само што ги прогонува сопствените граѓани, црквата, и го негира слободниот печат, туку и вооружува и обезбедува бази за комунистичките терористи кои ги напаѓаат соседните држави.
    Поддршката за борците за слобода во тие земји е самоодбрана, и е целосно во согласност со Повелбата на Обединетите Нации.
    Есенцијално е Конгресот да ги продолжи сите полиња на нашата поддршка во Централна Америка.
    Сакам да работиме заедно и да ги поддржиме демократските силе чија борба е врзана со самата наша безбедност

    ReplyDelete
  4. ДОКТРИНАТА НА ТРУМАН


    Труман предложи огромна финансиска и материјална помош на некомунистичките земји Грција и Турција. Оваа помош им помогна да се спротистават натенденциите во нивните држави за воспоставување на комунистичкиот систем. Трумановата доктрина воедно и преставуваше нацрт план за Студената Војна. А таа директно влијаеше на Македонците во Грција.

    "Труманова доктрина"
    Хари Труман

    Март 12, 1947

    Господине Претседател, господине Преседавач, членови на конгресот на Соединетите Американски Држави (САД):
    Тежината на состојбата со која се соочува светот денес го побара моето појавување пред заедничката седница на Конгресот. Надворешната политика и националната сигурност на оваа земја се инволвирани.
    Еден аспект на постојната ситуација, кој ќе ви го презентирам на разгледување и одлучување, ги засега Грција и Турција.
    САД добија итна молба од владата на Грција за финансиска и економска помош. Прелиминарните извештаи на Американската Економска Мисија која во моментов е во Грција и извештаите на Американскиот Амбасадор во Грција ги поткрепуваат тврдењата на Грчката влада дека помошта е неопходна за Грција да преживее како слободна нација.
    Не верувам дека Американскиот народ и Конгресот сака да се оглуши на молбата на Грчката влада...
    Целосното постоење на грчката држава е загрозено од терористички активности на неколку илјади вооружени лица, водени од комунисти, кои го одбиваат владиниот авторитет во многу делови, особено долж северните граници. Комисија назначена од Советот за Безбедност на Обединетите Нации (ОН) моментално ги истражува вознемирувачките околности во северна Грција и наводните нарушувања на границите помеѓу Грција од една страна и Албанија, Бугарија и Југославија од друга.
    Во меѓувреме, грчката влада не е во можност да се носи со ситуацијата. Грчката армија е мала и сиромашно опремена. Нејзе й требаат намирници и опрема за да може да го врати авторитетот на владата долж целата грчка територија.
    На Грција мора да й се помогне за таа да може да прерасне во самостојна и самопочитувачка демократија. САД мора да ја снабдат со оваа помош. Ние сме й овозможиле на Грција одредени видови на олеснувања и економска помош, но тие се неадекватни. Нема друга земја кон која демократска Грција може да се обрати.
    Ниедна друга нација не е волна и во можност да ја обезбеди потребната поддршка за грчката демократска влада.
    Британската влада, која што й помагаше на Грција, не може да дава понатамошна финансиска или економска помош по 31 март. Велика Британија има потреба да ги редуцира или да ги намали своите обврски во неколку делови на светот, вклучувајќи ја тука и Грција.
    Ние разгледавме како ОН можат да помогнат во оваа криза. Но, ситуацијата е итна и бара моментална акција и ОН и организациите поврзани со неа не се во состојба да го дадат оној вид на помош кој што е потребен...
    Ниту една влада не е совршена. Една од носечките предности на демократијата, како и да е, е тоа што нејзините недостатоци се секогаш видливи и низ демократските процеси можат да се посочат и корегираат. Грчката влада не е совршена. И покрај тоа таа преставува 85% од членовите во грчкиот парламент кои беа избрани на избори минатата година.
    Надворешните набљудувачи, вклучувајќи и 692 Американци, сметаа дека изборите беа праведен израз на погледите на грчкиот народ...

    ReplyDelete
  5. Соседот на Грција, Турција, исто така заслужува внимание. Очигледно е дека иднината на Турција како независна и економски стабилна земја не е помалку важна за слободољубивите луѓе на светот отколку иднината на Грција. Околностите во кои се наоѓа Турција денес се значително различни од оние на Грција. Турција е поштедена од катастрофите кои ја опседнаа Грција. И во текот на војната, САД и Велика Британија ја снабдија Турција со материјална помош. Како и да е, на Турција сега й е потребна нашата помош.
    Уште од времето на војната Турција бараше дополнителна финансиска помош од Велика Британија и САД наменета за остварување на модернизацијата која й е потребна за зачувување на националниот интегритет. Тој интегритет е суштински во зачувувањето на редот на Блискиот Исток.
    Британската влада не информираше дека поради нивните тешкотии не ќе може да го продолжи финансиското помагање на Турција. Како што е случај со Грција, ако на Турција и е потребна помош, САД треба да й ја достават. Ние сме единствената земја која е во можност да ја обезбеди таа помош.
    Јас сум целосно свесен за бројните импликации кои ќе се случат доколку САД ја прошири помошта кон Грција и Турција и ќе дискутирам за нив со вас.
    Една од примарните цели на американската надворешна политика е создавањето на услови во кои ние и други нации ќе можеме да практикуваме начин на живот слободен од принуди. Ова е основна тема на војните со Германија и Јапонија. Нашата победа беше извојувана над земји кои сакаа да ја наметнат нивната волја и нивниот начин на живот над други нации.
    За да го осигура мирното развивање на нациите, ослободено од принуда, САД презеде водечка улога во воспоставувањето на ОН. ОН се дизајнирани за да овозможат трајна слобода и независност на сите нивни членки. Ние нема да ги реализираме нашите цели ако не сме волни да им помогнеме на слободните луѓе да ги задржат нивните слободни институции и нивните национални интегритети, загрозени од агресивни движења кои сакаат да им наметнат тоталитарни режими. Не е ништо друго освен искрено признание изјавата дека тоталитарните режими наметнати над слободни народи, со директна или индиректна агресија, ги нарушуваат основите на меѓународниот мир и со тоа и безбедноста на САД.
    Народите на бројни земји во светот од неодамна имаат тоталитарни режими наметнати над нив, против нивната волја. Владата на САД изложи чести протести против присилбите и заплашувањата, со што се прекршува спогодбата од Јалта, во Полска, Романија и Бугарија. Мора да истакнам дека и во други земји имало слични случувања.

    ReplyDelete
  6. Во овој момент од светската историја скоро секоја нација мора да избере помеѓу два алтернативни начини на живот. Изборот често не е слободен.
    Еден начин на живот е основан на волјата на мнозинството и се одликува со институции, преставничка влада, слободни избори, гаранции на личните слободи, слобода на говорот и на религијата и слобода од политичка прислиба.
    Вториот начин на живот е основан врз волјата на малцинството присилно наметната над мнозинството. Тој се потпира на терор и на присила, на контролирани весници и радија, наместени избори и на потиснување на личните слободи.
    Јас верувам дека политиката на САД мора да биде за поддршка на слободните луѓе кои се спротиставуваат на обидите за покорување од вооружените малцинства, или од надворешни притисоци.
    Јас верувам дека ние мораме да им помогнеме на слободните народи да ги сфатат нивните судбини, на нивен начин.
    Верувам дека нашата помош треба да биде првенствено преку економски и финансиски средства, која помош е потребна за економска стабилност и уредни политички процеси.

    Светот не е статичен и статус кво-то не е свето. Но, ние не можеме да дозволиме менувања на статус кво-то кои ја прекршуваат Повелбата на ОН со такви методи како присилба, или под такви изговори како политичка инфилтрација. Во помагањето на слободните и независните нации во одржувањето на нивната слобода, САД ќе ги остварува принципите на Повелбата на ОН.
    Доволен е брз поглед кон мапата за да се сфати дека преживувањето и интегритетот на Грчката нација е од сериозна важност за една многу поширока ситуација. Ако Грција падне под контролата на вооруженото малцинство, ефектите што тоа ќе ги предизвика кај нивниот сосед Турција ќе бидат моментални и сериозни. Нередот и безредието можат да се прошират низ целиот Близок Исток.
    Уште повеќе, исчезнувањето на Грција како независна држава ќе има подлабоки ефекти кон оние земји во Европа чии народи се борат, со големи тешкотии, за да ги задржат нивните слободи и нивните независности додека се справуваат со штетите од војната.
    Би била неизречлива трагедија доколку овие земји, кои што толку долго се бореа со неспоредливи шанси за победа, ја изгубат таа победа за која жртвуваа многу.
    Колапсот на слободните институции и загубата на независноста би биле катастрофални не само за нив туку и за светот. Обесхрабрувањето и можниот неуспех брзо би довеле до тоа многу соседни народи да се борат за задржување на нивната слобода и независност.

    ReplyDelete
  7. Ако не успееме да им помогнеме на Грција и на Турција во овој судбински час, ефектите ќе бидат далекусежни за Западот како и за Истокот. Мораме да преземеме моментална и одлучна акција. Јас поради тоа барам од Конгресот да обезбеди овласување за помош за Грција и Турција со сума од 400.000.000 $ до крајот на 30 јуни, 1948...

    Како надополнување на финансиите, барам од Конгресот да ги одреди деталите за американскиот цивилен и воен персонал во Грција и Турција, на барање на тие земји, да помогнат во задачата за реконструкција и со цел за надгледување на употребата на таквата финансиска и материјална помош, како што таа ќе се доставува. Препорачувам да се обезбеди и овластување за давање инструкции и тренинг на одбран Грчки и Турски персонал.

    На крај, барам од Конгресот да обезбеди овластувања кои ќе обезбедат најбрза и најефективна употреба, во термини на потребни услови, намирници и опрема, на такви фондови какви што можат да се овластат...
    Семињата на тоталитарните режими се гаат со мизерија и сиромаштија. Тие се шират и растат во злата душа на сиромаштијата и раздорот. Тие го достигнуваат цутот кога надежта на луѓето за подобар живот умира. Ние мораме да ја одржиме надежта во живот. Слободните луѓе во светот гледаат во нас поддршка во одржувањето на нивните слободи.
    Ако се колебаме во нашето водство, можеме да го загрозиме мирот во светот - и сигурно ќе ја загрозиме благосостојбата на нашата нација.

    Големи одговорности се ставени над нас со брзата промена на случувањата. Сигурен сум дека Конгресот ќе се соочи со овие одговорности соодветно.

    Говор на Хари Труман пред Американскиот Конгрес.

    ReplyDelete
  8. ЕДНАШ СРЕЌНА РАСА - ШАВНИ ТЕКОМС (индијански поглавар)


    Главатарот Шавни Текомс на почетокот на 19-тиот век јавно проговори против заземањето на земјата на индијанците од страна на Владата на САД. Тој се обидуваше да формира сојузи со кои ќе ја спречи понатамошната загуба на земјиштата на индијанците

    „Еднаш среќна раса”
    Шавни Текомс

    Вистина е дека јас сум Шавни.
    Моите предци беа воини.
    Нивниот син е воин.
    Од моите предци го стекнав своето постоење; од моето племе јас не стекнувам ништо.
    Јас сум кројачот на својата среќа; и Ех да можев да го направам среќен мојот црвен народ и да ја усреќев мојата земја, толку голема колку што може да замисли мојот ум.

    За да го постигнам ова jас потоа нема да отидам кај Гувернерот Харисон за да му речам да го искине договорот и да ги избрише границите; туку ќе му речам: Господине, имате право да се вратите на својата земја.

    Внатрешното мое знаење, согледувајќи од минатите времиња, ми вели дека еднаш, до скоро, немало ниту еден бел човек на овој континент.
    Тогаш се му припаѓало на црвените луѓе, деца на исти родители, поставени на континентот од страна на Големиот Дух кој ги создаде, за да го чуваат, да го изодат континентот, да уживаат во неговото производство и да го наполнат со истата раса.

    Некогаш среќна раса.
    Од тогаш направена мизерна од страна на белите луѓе, кои никогаш не се задоволни, туку секогаш настојуваат кон повеќе.

    Пат, единствен пат за да се запре ова зло е сите црвени луѓе да се здружат и да се повикаат на заедничко и еднакво право над земјата, како што беше на почетокот и така треба да биде и сега; поради тоа што таа никогаш не беше поделена, туку припаѓа на сите за поединечна употреба.
    Никој нема право таа земја да ја продава, ниту помеѓу себе а камоли на туѓинци; оние туѓинци кои ја сакаат цела и нема да се задоволат со помалку од тоа.

    Белите луѓе немаат право да ја земаат земјата од Индијанците, затоа што Индијанците први неа ја имаа; таа е нивна.
    Тие можат да продаваат, но мораат да се здружат.
    Секоја продажба која ќе се направи поединечно не е валидна.
    Последната продажба беше лоша.
    Таа беше направена од страна на само еден дел од народот.
    Дел кој не знае како да продава.
    Потребни се сите за да се направи спогодба за сите.
    Сите црвени луѓе имаат еднакви права на ненаселените земјишта.
    Правото за живеење на едно место вреди колку што вреди и на друго.
    Не може да има две живеалишта на исто место.
    Првите ги исклучуваат сите што ќе сакаат да се населат на земјата подоцна.
    Не е така во ловот или патувањето; поради тоа што таа земја им служи на многумина, како што можат да доаѓаат еден по друг цел ден; но кампот е светилиште, и тоа е живеалиште.
    Тој припаѓа на првиот кој ќе седне на своето ќебе или кожа кое го фрлил на земјата; и се додека тој самиот не го напушти, никој друг нема право на таа земја.

    ReplyDelete
  9. ЈАС ИМАМ СОН - МАРТИН ЛУТЕР КИНГ


    На 28-ми август 1963, стоејќи на скалите пред споменикот на Линколн во Вашингтон, Мартин Лутер Кинг Помладиот го испорача она што денес се смета за еден од најголемите говори во американската историја. Изгледа како Кинг самиот да ја почуствувал историската значајност на тој момент како што го започнал својот говор “Јас имам сон”, говор со повикување на Марш на Вашингтон за работа и слобода “најголемата демонстрација за слобода во историјата на нашата нација”.

    “Јас имам сон”
    Мартин Лутер Кинг, Јр

    28-ми август 1963г.

    Задоволство ми е да ви се придружам денес во она што ќе се запише во историјата како најголема демонстрација за слобода во историјата на нашата нација.
    Пред речиси еден век, еден голем Американец во чија симболична сенка стоиме денес, ја потпиша Декларацијата за укинување на ропството.
    Овој значаен указ дојде како голем светилник на надеж за милиони црнечки робови кои беа вкоренети во пламенот на атрофирачка неправда.
    Тој дојде како радосна мугра за да ја заврши долгата ноќ на нивното заробеништво.

    Меѓутоа, сто години подоцна, Црнецот се уште не е слободен.
    Сто години подоцна, животот на Црнецот е се уште тешко осакатен од прангите на сегрегацијата и синџирите на дискриминацијата.
    Сто години подоцна, Црнецот живее на осамен остров на сиромаштијата во средината на простран океан на материјалниот просперитет.
    Сто години подоцна, Црнецот е изнемоштен во аглите на американското општество и се наоѓа себеси во егзил на сопственото земјиште.
    Затоа дојдовме денес тука, да ја драматизираме срамната состојба.
    Во некоја смисла, дојдовме во главниот град на нашата земја за да кешираме чек.
    Кога архитектите на нашата Република ги напишале величествените зборови на Уставот и на Декларацијата за независност, тие потпишале ветувачка белешка на која секој Американец е наследник.
    Оваа белешка била ветување дека сите луѓе, да, црни луѓе како и бели луѓе, ќе ги имаат загарантирано “Неотуѓивите права” на “Живот, Слобода и потрага по Среќа.”.
    Очигледно е дека Америка не ги исполни обврските на оваа ветувачка белешка, што се однесува до нејзините “обоени” граѓани.
    Наместо да ја испочитува оваа света обврска, Америка му дала на црниот народ невалиден чек, чек кој е вратен со ознака “недоволно средства”.
    Меѓутоа, ние одбиваме да веруваме дека банката на правда е банкротирана.
    Ние одбиваме да веруваме дека нема доволно средства во големите сефови на можности на оваа нација.
    И така, ние дојдовме да го кешираме овој чек, чек кој ќе ни ги даде побарувањата, богатствата на слобода и сигурноста за правда.

    ReplyDelete
  10. Ние исто така дојдовме на ова осветено место за да ја потсетиме Америка на заплашувачката потреба од СЕГА.
    Ова не е време за да се впуштиме во луксузот на оладување или да ја земеме смирувачката дрога на градуализмот.
    Сега е време да се реализираат ветувањата на демократијата.
    Сега е време да се издигнеме од темната и опустошена долина на сегрегацијата кон светлата патека на расна Правда.
    Сега е време да се издигне нашата нација од живите песоци на расната неправда до цврстата карпа на братство.
    Сега е време правдата да се направи вистинита за сите Божји деца.
    Би било фатално за нацијата да ја превиди ургентноста на овој момент.
    Запурното лето на црнечкото легитимно незадоволство нема да помине додека нема закрепнувачка есен на слобода и еднаквост.
    1963 не е крај, туку почеток.
    И тие што се надеваа дека Црнецот треба да се испразни и дека сега ќе биде задоволен, ќе имаат грубо будење доколку нацијата продолжи со своите работи како и обично.
    Нема да има ни мир ни спокој во Америка додека Црнецот не си ги добие своите граѓански права.
    Виорите на револт ќе продолжат да ги тресат темелите на оваа нација додека светлиот ден на правдата не исплива.

    Но, има нешто што морам да му го кажам на мојот народ кој стои на топлиот праг што води кон палатата на правдата: Во процесот на здобивање на нашето место кое со право ни припаѓа, ние не смееме да бидеме виновни за погрешните дела.
    Да не ја задоволуваме нашата жед за слобода пиејќи од чашата на горчливост и омраза.
    Ние мора засекогаш да ја спроведеме нашата борба на високата рамнина на достоинственост и дисциплина.
    Ние не смееме да дозволиме нашиот креативен протест да се влоши во физичко насилство.
    Уште еднаш, ние мора да се издигнеме на величенствените височини каде физичката и духовната сила се среќаваат.
    Чудесната воинственост што ја има зафатено црнечката заедница не смее да води кон недоверба во сите бели луѓе, бидејќи многу од нашите бели браќа, како што е очигледно од нивното присуство тука, дојдоа да сфатат дека нивната судбина е нераскинливо поврзана со нашата судбина.
    Тие исто така дојдоа тука да сфатат дека нивната слобода е вплеткана во јазол со нашата слобода.

    Ние не можеме да чекориме сами.

    И како што чекориме, ние мора да ветиме дека секогаш ќе маршираме напред.
    Не смееме да се вратиме назад.

    Има и такви кои ги прашуваат приврзаниците на граѓанските права “Кога ќе бидете задоволни?”

    Ние нема да бидеме задоволни се додека Црнецот е жртва на неизречиви ужаси на полициската бруталност.
    Ние нема да бидеме задоволни се додека нашите тела тешки од уморот на патување, не можат да се здобијат со преноќиште во мотелите на автопатите и во хотелите низ градовите.
    Нема да бидеме задоволни додека Црнецот во Мисисипи не може да гласа, а Црнецот во Њујорк верува дека нема зошто да гласа.
    Не, не, ние не сме задоволни додека “правдата не потече како вода и праведноста како моќен поток”.
    Јас не сум необзирен кон тоа дека некои од вас дојдоа поради големи судења и страдања.
    Некои од вас се штотуку излезени од тесните затворски ќелии.
    А некои од вас од места каде вашата потрага - потрага по слобода ве оставила срушени од бурите на прогонувањето и стаписани од полициската бруталност.
    Вие сте биле ветерани на креативно патење.
    Продолжете да работите со вербата дека незаслуженото патење е избавително.
    Вратете се во Мисисипи, вратете се во Алабама, вратете се во Јужна Каролина, вратете се во Џорџија, вратете се во Луизијана, вратете се во сиромашните краеви и гетоа на нашите северни градови, знаејќи дека оваа ситуација можеби и на некој начин ќе биде променета.
    Да не се препуштаме на самосожалување во долината на очајот, ви велам денес пријатели мои.
    Иако се соочуваме со тешкотиите на ДЕНЕС и УТРЕ, јас сеуште имам сон.
    Тоа е сон длабоко вкоренет во американскиот сон.

    ReplyDelete
  11. Јас имам сон дека еден ден, оваа нација ќе се воздигне и ќе го живее вистинското значење на нејзиното убедување: “Ние веруваме дека овие вистини се очигледни, дека сите луѓе се створени еднакви.”

    Јас имам сон дека на црвените ридови на Џорџија, синовите на поранешните робови и синовите на поранешните робовладетели ќе можат да седнат на масата на братството.
    Јас имам сон дека моите четири мали деца еден ден ќе живеат во нација каде нема да им се суди по бојата на кожата туку по содржината на нивниот карактер.
    Јас имам сон денес.

    Јас имам сон дека еден ден, долу во Алабама, со нејзините злобни расисти, со нејзиниот гувернер чија уста е полна со зборовите “посредување” и “поништување” – еден ден токму таму во Алабама мали црни момчиња и мали црни девојчиња ќе можат да ги спојат рачињата со мали бели момчиња и мали бели девојчиња, како сестри и браќа.
    Јас имам сон денес!

    Јас имам сон дека еден ден секоја долина ќе биде воздигната и секој рид и планина ќе бидат снижени, грубите места ќе се израмнат и искривените места ќе бидат исправени и “славата на Бога ќе биде откриена и се живо ќе ја види заедно.”

    Ова е нашата надеж и ова е вербата со која се враќам назад на југот.

    Со оваа верба, ние ќе може да извајаме камен од надеж од планината на очај.

    Со оваа верба, ние ќе можеме да го трансформираме ѕунењето од дисхармонијата на нашата нација во прекрасна симфонија на братството.
    Со оваа верба, ние ќе можеме да работиме заедно, да се молиме заедно, да се изборуваме заедно, да одиме во затвор заедно, да застанеме за слобода заедно, знаејќи дека ќе бидеме слободни еден ден.

    Ова ќе биде денот – денот кога сите божји деца ќе можат да пеат со ново значење: Моја земјо за тебе, слатка земјо на слободата, за тебе пеам.

    Земја каде моите татковци умреа, земјо на доселеничката гордост.

    Така пуштете ја слободата да заѕвони од сиромашните врвови на Њу Хемпшир.

    Нека слободата заѕвони од моќните планини на Њујорк.

    Нека слободата заѕвони од височините на Пенсилванија.

    Нека слободата заѕвони од прекриените со снег врвови на Карпестите Планини на Колорадо.

    Нека слободата заѕвони од добро градените преслапи на Калифорнија.

    Но не само тоа.

    Нека слободата заѕвони од Камената Планина на Џорџија.

    Нека слободата заѕвони од Лукаут Планината на Тенеси.

    Нека слободата заѕвони од секој рид на Мисисипи.

    Од сите планински предели, нека заѕвони слободата.

    И кога ова ќе се случи, кога ќе дозволиме слободата да заѕвони, кога ќе дозволиме да ѕвони од секое село и селце, од секоја држава и секој град, ќе можеме да го забрзаме тој ден кога сите Божји деца, црни луѓе и бели луѓе, Евреи и Христијани, Протестанти и Католици, ќе можат да ги сплотат рацете и да ги пеат зборовите на стариот црнечки спиритуал: Конечно слободни! Конечно слободни!

    Фала му на семоќниот Бог, ние сме конечно слободни!

    ReplyDelete
  12. ГОВОР НА ЏОРЏ БУШ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА НА НЕЗАВИСНИ ДРЖАВИ (објавување на крајот на Студената Војна)


    Претседателот на САД Џорџ Буш го презентираше овој говор неколку дена пред официјалното распаѓање на СССР. Моментот кој го означи овој говор се смета за крај на Студената Војна помеѓу САД и СССР. Во говорот тој ги охрабрува реформите на Горбачов кој го придвижи Советскиот Сојуз надвор од областа на комунизмот, исто така го признава постоењето на државите кои произлегоа од Советскиот Сојуз.

    Федерацијата на Независните Држави
    Џорџ Буш

    25 Декември 1991г.

    Добра вечер и Среќен Божиќ на сиот американски народ кој што се наоѓа низ целата наша преубава земја.

    Во текот на последниве неколку месеци, вие како и јас бевме сведоци на едно од најголемите случувања на дваесетиот век, историската и револуционерната трансформација на целокупната диктатура на Советската Унија и на ослободубањето на луѓето од таа диктатура...

    Преку 40 години Американските држави го водеа Западот во борба против комунизмот и против заканата која тој претставуваше за нашите најдрагоцени вредности.
    Оваа борба ги спаси животите на сите Американци.
    Ги принуди сите нации да живеат под спектарот на нуклеарнато уништување.
    На несогласувањата денес им дојде крај.
    Нуклеарната закана од неодамна е исчезната, односно оддалечена.
    Источна Европа е слободна.
    Советскиот Сојуз веќе не постои.
    Ова е победа на демократијата и на слободата.
    Ова е победа на моралната сила на нашите вредности.
    Секој Американец, милионите униформирани мажи и жени кои и служеа на нашата земја и милионите Американци кои ја поддржуваа својата земја можат да се гордеат со оваа победа.

    Новите независни нации можат да излезат надвор од урнатините на Советската Империја.
    Минатиот викенд овие поранешни републики ја формираа Федерацијата на Независни Држави.
    Овој акт го обележи крајот на стариот Советски Сојуз, кој е потврден со повлекувањето на Михаил Сергеевич Горбачов од функцијата на Претседател.

    Во интерес на сите Американци би сакал да ги изразам моите најискрени честитки упатени до Михаил Сергеевич Горбачов за неговата долгогодишна поддршка и решение за светски мир и за неговата интелегенција, визија и храброст.

    Револуционерната политика на Михаил Сергеевич Горбачов го трансформораше Советскиот Сојуз.
    Неговото владеење дозволи народите од Русија и од другите републики да го отфрлат десетгодишното угнетување и да ја прошират и зацврснат слободата.
    Горбачов неговата оставка како претседател на Советскиот Сојуз ја даде дента кога Буш му гарантираше почитувано место во историјата и му гарантираше дека Американските држави ќе соработуваат во еднакви конструктивни погледи со неговите успеси.

    ReplyDelete
  13. Американските Држави го почитуваа и го поддржуваа историскиот избор за слобода од новите држави на Федерацијата.
    Сите ние им честитаме на мирната и демократска патека што тие ја избраа за да се решат овие несогласувања, им честитаме на нивното грижливо внимание околу нуклеарната контрола и на сигурноста додека траеше оваа конфликтна ситуација.
    И покрај потенцијалот за нестабилност и хаос овие настани во целост му служеа на нашиот национален интерес.

    Сите ние вечерва стоиме пред еден нов свет на надеж и можности за нашите деца, свет за кој не размислувавме во претходните неколку години.
    Нашата обврска вечерва е да ги подржиме новиве држави во изградбата на мирот и во изградбата на поуспешна иднина.

    И затоа денеска… Јас би соопштил неколку важни чекори со намера да го започнам овој процес.

    Најпрво, Американските Држави го признавааат и го поздравуваат појавувањето на слободната, независната и демократската Русија, водена од храбриот и смел Претседател Борис Јелцин.
    Нашата Амбасада во Москва таму ќе остане како Американска Амбасада во Русија.
    Ние ќе го поддржиме заземањето на Русија за СССР како постојана членка на Соединетите Нации на Обезбедувачкиот Совет.
    Се надевам дека со мојата блиска соработка со претседателот Борис Јелцин ќе му помогнам во неговите напори да ја донесе демократијата и да ги започне реформите во Русија.

    Како второ, да кажам дека Америка исто така ја признава независноста на Украина, Ерменија, Казакстан, Белорусија и Киргистан (кој што се наоѓа помеѓу Казакстан и Кина и официјално е позната како Киргиз Република) и сите останати држави кои имаат посебна обврска кон нас.
    Ние со голема брзина ќе го прошириме дипломатскиот однос со овие земји и ќе изградиме нови врски со истите.
    Ние ќе делуваме за членство во соединетите нации за овие држави.

    И како трето, Америка денес исто така како независни ги признаваа шесте поранешни Советски Републики: Молдавија, Туркменистан, Азербејџан, Таџекистан, Грузија и Узбекистан.
    Ние ќе ги прошириме дипломатските односи со овие земји кога ќе бидеме сигурни дека ја имаат прифатено обврската за сигурносна полиција и демократски принципи, како што го имаат направено државите кои ги признавме денес…

    Денес е ден на голема надеж за сите Американци…

    Нека Бог ги благослови сите луѓе кои им припаѓаат на овие нови нации кои ја сочинуваат Федерацијата на Независни Држави.
    И на овој посебен ден кој означува мир на земјата упатувам добра волја кон мажите и Бог нека продолжи да ги благословува Соединетите Американски Држави.
    Добра Ноќ.

    ReplyDelete
  14. КРВ, ТРУД, СОЛЗИ И ПОТ - ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ


    Винстон Черчил ја предводеше В.Британија во едно од најтешките времиња во нејзината историја, за време на втората светска војна. Предходниот премиер на Британија, Чембрлен, се повлече од службата на почетокот од втората светска војна, а кралот му го понуди ова место на Черчил. На третиот ден по стапување во функцијата премиер Черчил го престави овој охрабрувачки и мотивирачки говор пред Долниот дом на парламентот.

    “Крв, Труд, Солзи и Пот”
    Винстон Черчил

    13 мај, 1940г.

    Мора да биде запомнето дека ние се наоѓаме во почетната фаза на една од најголемите борби во историјата, дека ние сме во акција во главните точки од Норвешка и Холандија, дека мора да бидеме подготвени и на Медитеранот, дека воздушната борба продолжува и повеќето подготовки мора да бидат направени тука, дома.
    Во оваа криза јас се надевам ќе бидам извинет доколку не го адресирав Домот со сета големина денес.
    Јас се надевам дека секој од моите пријатели и колеги, или бивши колеги, кои се загрозени од политичката реконструкција, ќе дозволат секаков недостиг на церемонија која е неопходна да дејствува.

    Јас ќе му соопштам на Домот, како што им кажав на оние кои се приклучија кон владата:
    “Јас немам ништо да понудам, освен крв, труд, солзи и пот.”

    Ние пред нас имаме едно тешко искушение од најболен вид.
    Ние пред нас имаме многу, многу долги месеци на борба и страдање.
    Вие прашувате, која е нашата политика?
    Јас ќе ви речам: тоа е водење на војна, на море, копно и воздух, со сета наша моќ и со сета наша сила што Господ може да ни ја даде: да водиме војна против монструозен тиранин, никогаш изненаден во темнина, жален каталог на човековите злосторства.
    Тоа е нашата политика.
    Вие прашавте, која е нашата цел?
    Јас можам да одговорам во еден збор: Победа – победа по секоја цена, победа наспроти сиот тој терор, победа, колку и да е долг и тежок патот можеби, без победа тука нема преживување.
    Да допуштиме тоа да се оствари, нема преживување за Британската Империја, нема опстанок за сето она за што се залагаше Британската Империја, нема преживување за движењето и импулсивноста на годините, дека човештвото ќе се придвижи напред кон она што е цел.
    Но јас ја заземам мојата одговорност со расположеност и надеж.
    Јас се чуствувам сигурен дека нашиот мотив нема да биде осуден на пропаст од страна на луѓето.
    Јас се чуствувам овластен да барам помош од сите и јас велам, “Дојдете, потоа, ајде да одиме заедно со нашата обединета сила.”

    ReplyDelete
  15. НЕНАСИЛСТВОТО Е ПРВАТА ТОЧКА ОД МОЈАТА ВЕРБА - МОХАНДАС К. ГАНДИ


    Во првата половина на 20-тиот век, Мохандас К. Ганди беше еден од лидерите на Индиската борба за независност од Британија. За да ја достигне оваа цел, тој промовираше политика на ненасилна несоработкa со Британскиот систем и право. Во 1922 г. Британската влада го уапси Ганди за неговата улога во граѓанската непослушност во Индија. Ганди се изјасни како виновен во Адмахамбад на 23 Март 1922 г., но изјави дека неговите дела против неправедната правна власт биле негова највисока должност како граѓанин. Ова е наговата изјава дадена пред судот.

    „Ненасилството е првата точка од мојата верба”
    Мохандас К. Ганди

    23 Март 1922 г.

    Ненасилството е првиот член на мојата верба, Тоа е и последниот член на мојата верба.
    Но јас морав да одлучам.
    Морав или да се потчинам на систем за кој сметам дека й направил непоправлива штета на мојата земја, или го отворам ризикот лудиот бес на мојот народ да се распрсне напред кога ја дознаа вистината од моите усни.
    Знам дека мојот народ понекогаш полудуваше.
    Јас длабоко жалам за тоа; и јас сум затоа тука, не да се потчинам на лесна казна, туку на највисоката казна.
    Јас не барам милост.
    Јас не барам никакви олеснителни околности.
    Јас сум тука, според тоа, за да ја повикам и да се потчинам на највисоката казна која може да ми се даде за тоа што по закон е намерен злостор, а кое за мене е највисоката должност како граѓанин.
    Единствениот ваш избор, Господине Судија, е тоа, како што јас само ќе кажам во мојата изјава, или да се откажете од вашето место или да ме казните со најстрогата казна доколку верувате дека системот и правото кое помагате да се спроведе е добро за народот.
    Јас не очекувам таков пресврт.
    Но можеби до крајот на мојата изјава вие ќе видите малку од она што беснее во моите гради за да го пушти овој најлуд ризик кој еден здрав човек би можел да го пушти.

    Малку знаат жителите на градот за тоа како полуизгладнетите маси Индијци полека тонат до бeзживотност.
    Тие малку знаат дека нивниот мизерен комфорт го претставува ситната плата кои тие ја добиваат за работата која ја вршат за странскиот експлоататор.
    Профитите и ситната плата се извлечени од масите.
    Тие малку разбираат дека владата воспоставена со правото во Британска Индија се одржува заради експлоатацијата на масите.
    Со никакво мудрување и со никаква осуда за поединци не може да се објаснат доказите за голото око а кои ги претставуваат скелетите во многу села.
    Не се сомневам во тоа дека двете, Англија и жителите на градовите на Индија, ќе мораат да одговараат, ако постои Бог горе, за овој злостор против човештвото кој е можеби ненадминат во историјата.
    Самиот закон во оваа земја се користи за да му служи на странскиот експлоататор.
    Моите проучувања на политичките судски случаи во Индија доведоа до заклучок дека девет од секои десет осуденици биле тотално невини.
    Нивниот злостор се содржел во љубовта кон нивната земја. Во деведесет и девет случаи од сто, правдата им била одречена на Индијците против Европјаните во судовите на Индија.
    Ова не е преувеличена слика.
    Ова се искуствата на скоро секој Индиец кој имал било каква врска со вакви случаи.
    Мое мислење е дека владеењето на правото со тоа е свесно или несвесно посрамотено во корист на експлоататорот.

    Најголемата несреќа е дека Англичаните и нивните Индијски соработници во власта не знаат дека се впуштени во злосторствата кои се обидов да ги опишам.
    Задоволен сум што многу Англиски и Индијски официјални личности искрено веруваат дека управуваат со еден од најдобрите системи измислени во светот и дека Индија сигурно, но бавно, напредува.
    Тие не знаат дека вешт и ефективен систем на тероризам и организирана употреба на сила, од една страна, и лишување од сите моќи за одмазда или самоодбрана, од друга, го ослабија народот и му ја вметнаа навиката на лажно прикажување на нивната состојба.

    ReplyDelete
  16. Оваа ужасна навика се додава на игнорантноста и на самоизмамата на владетелите.
    Членот 124-А, под кој јас сум, на мое задоволство, обвинет, е можеби принцот помеѓу политичките членови на Индијскиот Кривичен Законик дизајниран да ја потисне слободата на граѓанинот.
    „Наклоноста не може да биде произведена или регулирана со правото. Ако некој нема наклоност кон личност или ствар, тој може да го даде неговото целосно изразување на ненаклонетост се додека тоа не повлекува, промовира или иницира насилство”.
    Но овој член, под кој г. Бенкер (волонтер кој работел со Ганди) и јас сме обвинети, е всушност член под кој самото промовирање на ненаклонетост е прекршок.
    Јас сум проучувал некои од случаите подведени под овој член, и знам дека некои од најсаканите Индијски патриоти биле осудени под овој член.
    Заради тоа јас го сметам за привилегија моето обвинение под овој член.
    Ми беше инсистирано да им ги дадам, во нивни „кратки црти”, причините за мојата ненаклонетост.
    Јас немам никаква лична лоша волја против ниту еден владетел, дотолку помалку немам никаква ненаклонетост што се однесува до личноста на Кралот.
    Но јас сметам дека предност е да бидам ненаклонет кон влада која во својата целост й направи повеќе штета на Индија од сите претходни системи.
    Индија е најмногу обесхрабрена под Британска власт отколку што некогаш воопшто била.
    Со вакво верување во мене мислам дека е грев да имам наклонетост кон системот.
    И беше посебна привилегија за мене да го напишам тоа што сум го напишал во различните колумни кои се понудени како доказ против мене.

    Всушност јас верувам дека им направив услуга и на Индија и на Англија покажувајќи им го, со несоработката, излезот од неприродната состојба во која двете живеат.
    По моето скромно мислење, несоработката со злото е до толку должност колку и соработката со доброто.
    Но во минатото, несоработката била намерно изразена со насилство кон злосторникот.
    Јас настојувам да им покажам на моите сонародници дека насилната несоработка само го зголемува злото и дека како што злото само може да опстои со насилство, повлекувањето на поддршката на злото бара комплетна апстиненција од насилство.
    Ненасилството имплицира волонтерска потчинетост на казната за несоработка со злото.
    Јас сум тука, според тоа, да ја повикам и да се потчинам радосно на највисоката казна што може да биде спроведена над мене за тоа што по закон е намерен злочин, а што за мене е најголемата должност како граѓанин.
    Единствениот избор пред вас, судијо и помошници судии, е или да се откажете од вашето место и со тоа да се одвоите самите од злото доколку сметате дека правото кое што сте повикани да го примените е зло и дека заради тоа јас сум всушност реално невин, или да ја примените на мене најстрогата казна доколку верувате дека системот и законот кој помагате да се примени се добри за народот на оваа земја и дека поради тоа мојата дејност е повредувачка кон јавната благосостојба.

    ReplyDelete
  17. ОБЈАВА НА ДЕНОТ -Д - ДВАЈТ А. АЈЗЕНХАУЕР


    Ова обраќање на генералот Двајт Д. Aјзенхауер беше наменето за трупите кои учествуваа во операцијата оверлорд, тајно име за инвазијата на Сојузниците на Нормандија. Лошото време за малку ќе ги уништеше плановите на генералот.

    Прокламирањето на Денот-Д
    Двајт Д. Aјзенхауер

    Војници, морнари и авијатичари од сoјузничката војска!

    Вие само што ќе се впуштите во големиот поход кон кој се стремевме многу месеци.
    Очите на светот се кон вас.
    Надежите и молитвите на слободољубивите луѓе секаде маршираат со вас.
    Заедно со нашите храбри сојузници и браќа по оружје, на другите фронтови, ќе го донесете уништувањето на Германската воена машина, елиминацијата на наци-тиранијата над поробените народи на Европа, и сигурноста за нас во слободниот свет.

    Вашата задача нема да биде лесна.
    Вашиот непријател е добро обучен, добро опремен и со воено искуство.
    Тој ќе се бори дивјачки.

    Но ова е 1944 година!
    Многу работи се случија од нацистичката победа во 1940-41.

    Обединетите нации предизвикаа многу Германски порази, во отворена борба, човек на човек.
    Нашата воздушна офанзива сериозно ја намали нивната сила во воздух и нивниот капацитет да ја плаќаат војната на копно.
    Нашите домашни фронтови ни дадоа огромна надмоќност во оружја и муниција и ни ставија на располагање голем број човечки резерви на обучени борци.
    Текот на војната се смени!
    Слободните луѓе на светот маршираат заедно кон победа!

    Имам целосна доверба во вашата храброст, посветеност и вештина во борба.
    Ќе прифатиме ништо помалку од целосна победа!

    Со среќа!
    И сите да го посакаме благословот на семоќниот Бог над овој велик и благороден потфат.

    ReplyDelete
  18. СРЕДНОИСТОЧНА СОГЛАСНОТ ЗА МИР - ЈАСЕР АРАФАТ ИСАК РАБИН


    Израелскиот премиер Исак Рабин и претседателот на Палестина Јасер Арафат на 28ми септември 1995г. под покровителство на Бил Клинтон се сретнаа во Белата куќа за да склучат согласност за мир кој значеше предавање на територии на палестинците од страна на израелците. Следат говорите после потпишувањето на спогодбата.


    Средноисточна согласност за мир
    Јасер Арафат
    Исак Рабин

    Јасер Арафат:


    Ние се собравме денеска под посредништво на Претседателот Клинтон, кој љубезно понуди да биде домаќин на потпишувањето на овој договор.
    Поминаа две години од кога се сретнавме во Белата Куќа за да ја потпишеме Декларацијата на Принципи, со која ние и нашите партнери од Израел имавме договор во Осло.

    Ние се сретнавме повторно денес за да создадеме нов напредок во давањето надеж на овој историски процес.

    Значаен дел од палестинските национални права денес се враќаат на Палестинскиот народ, преку нивната контрола на градовите, селата и населените подрачја. Обновувањето во овој дел е чекор во имплементацијата на привремениот договор, за кого ние се собравме тука да посведочиме на неговото потпишување.

    Тука исто така е чекорот со кој ќе го поплочиме патот до слободни и демократски избори во Палестина, за тоа политичките компоненти имаат потреба од востановување на независни Палестински национални ентитети на Палестинските територии.

    Перманентните преговори ќе бидат дел од таквото решение кое се однесува на демаркација на границите, правата на Палестинските бегалци кои ќе се здобијат со меѓународен легитимитет и фундаменталниот проблем кој се однесува на Ерусалим, во кој нашите народи, без оглед на нивната вера, муслимани, христијани или Евреи, сите го сметаат Ерусалим за срцето и душата на нивниот етнос и центар на нивниот културен, духовен и економски живот.

    Јас би сакал да кажам дека светоста на Ерусалим не приморува да го направиме Ерусалим сврзувачки агол на мирот помеѓу Палестинците и Израелскиот народ поради тоа што Ерусалим е светилникот за верниците насекаде низ светот.

    Во овој момент, јас морам да им кажам на нашите партнери од Израел...дека нашето минато искуство ни ја приложува потребата да бидеме поверодостојно и порешително да чекориме во иднина.
    И нашата обврска треба да биде прецизна, чесна и меѓусебна.

    Од наша страна, ние ќе ги почитуваме нашите обврски. Затоа продолжувањето на населувањето, како што покажува ситуацијата во Хеброн и во другите места, доведува до одржување на тензиите. Исто така, продолжувањата на сомневањата околу новата независна Палестина во секој Палестинец и Палестинка предизвикува чуство дека неговиот или нејзиниот живот ќе биде изложен на ризик.

    Денес, стоејќи пред вас со храброст и чуство на одговорност јас ви кажувам дека нашето учество во големиот мировен процес значи дека ние постигнуваме напредок на секое поле во иднината.

    ReplyDelete
  19. Токму поради тоа ние мораме целосно да го осудиме насилството, не дека единствено употребата на насилството е морален прекор, туку затоа што ги руши Палестинските аспирации во реализацијата на мирот, трудот на нашата политичка и национална заложба и постигнувањата на економски и културен прогрес на Палестина и регионот.

    Од овој ден ние не сакаме да видиме уништување или закана на било кој невин палестински живот или невин израелски живот. Доволно е убивање и доволно е убивање на невини луѓе...


    Исак Рабин:

    Глетката што ја гледате – што ја гледате пред вас во овој момент беше невозможна, беше незамислива пред само две години. Само поетите сонуваа за таа глетка. И за наша голема болка, смртта на војниците и цивилите требаше да го направи овој момент возможен. Тука ние стоиме пред вас, луѓето чија верба и историја ги испрати на мировна мисија, да заврши еднаш за секогаш 100-годишното крвопролевање.

    Нашиот сон е исто така ваш сон, Кралот Хусеин (Хусеин I, крал на Јордан), претседателот Мубарак (претседател на Египет), лидерот Арафат и сите други кои ни помогнаа и над нас претседателот Бил Клинтон, претседателот кој работи во служба на мирот. Ние сите ги сакаме истите деца, ги лееме истите солзи, го мразиме истото непријателство, и се молиме за помирување. Мирот нема граници...

    Ние созреавме во овие две години, уште од кога за првпат тука ги вкрстивме рацете. Ракувањето е договор и симбол за почетокот на помирувањето. Денеска сме потрезвени. Се радуваме на потенцијалното помирување, но исто така сме загрижени од опасноста која демнее од секоја страна.

    Непријателите од вчера делат ист непријател од денеска и во иднина: тероризмот кој носи смрт во нашите домови и автобусите кои поминуваат по улиците. Звуците на слободата тука не можат да ја потонат тагата за невините граѓани кои патувајќи со автобусите отидоа во нивната смрт...

    Сакам да ти кажам тебе, претседателе Арафат, лидер на Палестинците, заедно не смееме да ја напуштиме замјата послана со убавини и да ја претвориме во земја послана со крв и солзи. Не дозволувај да се случи тоа. Ако сите партнери на мирот не се обединиме против злобните ангели на смртта од тероризмот, се што постигнавме на оваа церемонија ќе биде мртво слово на хартија.
    Реката на омразата повторно ќе го преплави и потопи Средниот Исток.

    Ние господа, нема да дозволиме тероризмот да го упропасти мирот. Ние нема да го допуштиме тоа. Ако немаме партнери во оваа војна, тешка војна, ние ќе се бориме самите. Ние знаеме како да се бориме, и знаеме како да победиме.

    Моите браќа Евреи ви зборуваат преку медиумите. Стотици години на егзил и сонот на генерациите да се вратат во своите историски домови на територијата на Израел, земјата на пророштвото. Гравирањето на секое лозје, на секое поле, на секое маслиново дрво, на секое цвеќе е длабок белег на Еврејската историја, на Книгата над Книгите, која ја оставаме во наследство на целиот свет, како вредност од моралноста и правдата. Секое место на ветената земја, секое име е составен дел од наследството, на стотици години...

    Дами и господа погледнете во нас повторно. Погледнете во сцената на бината, тука во Белата Куќа. Вие не сте возбудени повеќе. Вие созреавте, навикнувајќи се на тоа. Но во главно за мирот да биде комлетен, за оваа слика да биде комплетирана за Средниот Исток, да стане скапоценост во светската круна, се уште недостасуваат двајца луѓе – претседателот на Сирија и претседателот на Либан. Ги повикувам да дојдат и да ни се придружат, да се искачат на платформата на мирот.

    ReplyDelete
  20. ОБРАНАТА НА СОКРАТ НА НЕГОВОТО СУДЕЊЕ



    Судењето на античкиот филозоф Сократ за морално изопачување на атинската младина е еден од најпарадоксалните моменти на човековата глупост. На судењето големиот Сократ е обвинет заради тоа што им го покажува патот на луѓето кон нивно подобрување. Во 399г. п.н.е Сократ е осуден на смрт. Овој говор даден на самото судење е забележан од страна на неговиот ученик Платон.

    Обраќањето на Сократ во негова одбрана на судењето
    Сократ

    Се прави грешка кога се мисли дека од користа на човека е да ги мери ризиците на животот и смртта, без да се земе в предвид само едно нешто, а тоа е дали човек кога делува ја прави вистинската или погрешната работа, ги изведува делата на добар човек или ги изведува делата на лош човек...

    Ако јас се најдам помудар од мнозинството, тоа ќе биде во ова, немајќи адекватно знаење за понатаму, јас не сметам дека имам такво.
    Но знам едно нешто, а тоа е дека да правам неправда или да го свртам грбот на подоброто е исто што е злото и срамот.
    И никогаш нема да се плашам од можно добро, отколку да избегнам сигурно зло...
    Ако ми речеш Анитус (Сократов обвинител) „Сократ не успева да не убеди во своите ставови, Сократе ќе те пуштиме но под услов да престанеш со твојата потрага и да се откажеш од филозофијата, но ако бидеш фатен повторно да предаваш филозофија ќе мора да умреш” - мојот одговор е „Атињани, ве почитувам и ве сакам, но пред да ве послушам вас ќе го послушам Бог и додека дишам и имам сила, никогаш нема да се откажам од филозофијата, нема да се откажам ниту од предупредувањата и советувањата на секој од вас на кого ќе наидам, не за да го посрамам вашето граѓанство на овој велик град славен по неговата мудрост и сила, давајќи ви мисли за да можете да ја ожнеете најголемата можна жетва на богатства, чест и слава и не мислејќи, ниту грижејќи се дека ќе го достигнете најдоброто во судот, вистината и во душата”...

    Па, поздравувајќи ги боговите, сметам дека никогаш не е направено поголемо добро од нивна страна, од она што е направено од моето предавање во овој град.
    Поради тоа што моја единствена работа е да ги убедувам старите и младите да не ги прават нивните тела и нивните богатства нивни први и целосно сконцентрирани грижи, туку тие грижи да им бидат насочени кон усовршување на душата.
    Виртуозноста не извира од сопственоста, туку од виртуозноста извира сопственоста и сите други човечки благослови, било за личноста или за општеството.
    Ако тоа е изопачување на младината, тогаш тоа што го сметате вие е намерно за да ми наштетите.
    И тоа што го мислите ме навредува.
    Понатаму можам да речам „О Атињани, верувал ти Анитус или не, прогласувајќи ме за невин или не, јас никогаш нема да го сменам мојот суд, не и ако мора да умрам за неколку пати.

    Бидете сигурни дека ако ме осудите на смрт, повеќе ќе се повредите себеси отколку што ќе ме повредите мене.
    Мене не може да ми згреши ни Мелетус (уште еден Сократов обвинител) ни Анитус.
    Небото не дозволува на подобрите да им биде згрешено од полошите.
    Смртта, прогонот, срамот – Анитус и просечните луѓе можат да ги сметаат овие за зла, но не и јас.
    Далеку поголемо зло е да се прави она што тој сега го прави, а тоа е да ме оддалечи од истомисленик – со тоа што е неправедлив.

    О Атињани, јас сум далеку од тоа да молам за себеси, како што некој можеби очекува.
    Молам за вас, за помалку да згрешите во врска со дарот од Бога даден на вас, со тоа што ќе ме осудите.
    Ако ме осудите на смрт нема лесно да најдете друг како мене, кој, да искористам метафора која можеби ќе ве насмее, е прикачен од Бога на државата како коњска мува на голем расен коњ, малку бавен поради неговата големина и поради потребата да биде разбуден.
    Така и до таа крајност Бог ме прикачи мене кон овој град и по цел ден ве насочувам будејќи ве, убедувајќи ве и укорувајќи ве…

    ReplyDelete
  21. Немој да ми се лутите зашто ја зборувам вистината, зошто никој не може да побегне жив ако чесно и искрено ви се спротистави вас или на било која толпа и ако застане исправен пред многуте неправди кои инаку би му се случиле на градот.
    Човек кој навистина се бори за правда и права, иако очекува макар и најкратка кариера, недопрен, мора да зафаќа приватно а не јавно место...

    Јасно, ако јас пробав да ве прогонувам вас и да ве прекријам со клетва, кога вие ја зедовте заклетвата за судии, јас треба да ве учам да верувате дека нема богови и мојата одбрана би била обвинување дека не ги почитувам.
    Но тоа е далеку од така. Јас верувам во нив повеќе отколку моите обвинители.
    И на вас ви ја посветувам мојата кауза и на Бог, за да ме суди како што мисли дека е најдобро за мене и за вас.

    [Поротниците го прогласуваат Сократ за виновен]

    Атињани, многу работи ме спречуват да жалам заради тоа што ме осудивте.
    Тоа што се случи јас не го очекував.
    Јас сум изненаден од бројот на гласовите на секоја страна.
    Јас не мислев дека мнозинството ќе биде толку мало.
    Како што стојат работите сега, само триесет гласа на другата страна би ме ослободиле.

    Добар живот би бил за некого на моја возраст секогаш да биде влечен од еден град и менуван во друг град.
    Тоа што знам е дека каде и да одам, младите луѓе ќе ги слушаат моите зборови како што тоа го прават тука.
    Ако јас ги избркам, тие ќе ме отфрлат, а ако не ги избркам, нивните татковци и роднини ќе ме отфрлат за доброто на своите синови.

    [Поротниците продолжуваат и го казнувааат Сократ со смрттна казна]

    О луѓе, не е тешко да ја избегнеш смртта, потешко е да го одбегнеш чинењето лошо.
    Тоа оди побрзо од смртта.
    Јас како бавен и погоден од возраста сум фатен во побавното, од страна на моите обвинители, остри и паметни какви што се, од страна на побрзото дело.
    А сега ќе одам да го платам долгот на смртта од вашите раце, но тие ќе одат да го патат долгот на злосторството и неправдата од рацете на Вистината.
    Јас од моја страна ќе останам верен на мојата награда; погрижете се и тие да го сторат истото.
    Можеби некако овие работи се судени и мислам дека е добро...

    Од каде, О судии, јас сум добро расположен во врска со смртта и знаењето со сигурност дека никакво зло не може да му се случи на добар човек, ниту во животот ниту во смртта.
    Тој и неговите не се занемарени од страна на боговите, ниту пак мојот близок крај се случи случајно.
    Но јас гледам јасно дека да умрам и да бидам ослободен е подобро за мене; и поради тоа пророкот не даде никаков знак за тоа.
    Поради оваа причина, исто така, не им се лутам на моите осудувачи, ниту на моите обвинители; тие не ми наштетија, но не мислеа ниту да ми сторат нешто добро; и поради ова (второто) можам малку да ги обвинам.

    Сепак сакам да побарам услуга од нив.
    Кога моите синови ќе пораснат, ќе ве замолам, О мои пријатели, да ги казните, и ќе ве замолам да ги вознемирувате, како што јас ве вознемирував вас, ако тие се грижат за богатства, или било што друго освен за доблести; или ако се преправаат дека се нешто, кога всушност се ништо, тогаш прекорете ги, како што јас ве прекорувам вас поради тоа што не се грижите за тоа за што тие се грижат и мислејќи дека се нешто кога се всушност ништо.
    И ако го направите ова, јас и моите синови ќе имаме правда од страна на вашите раце.

    Моментот на разделба пристигна и ние одиме по нашите патеки - јас до смртта, а ти до животот. Што е подобро само Бог знае.

    ReplyDelete
  22. КЕНЕДИ ЗА НУКЛЕАРНАТА БЕЗБЕДНОСТ


    По кубанската проектилска криза, Кенеди во 1963год. на универзитетот во Вашингтон зборуваше за потребата од ограничување и застој во трката по вооружување. Говорот му предходеше на Договорот за Ограничена Забрана за Нуклеарно Тестирање, потпишан помеѓу САД, СССР и В.Британија.

    Кенеди за нуклеарното обезбедување
    Џон Ф. Кенеди

    10 Јуни 1963г.

    Денес сета војна не би требало воопшто да се појави – без разлика како – нашите две држави (САД и Советскиот сојуз) ќе станат примарни цели. Тоа е иронично, но точен е фактот дека двете најголеми сили се оние двете во најголемата опасност на пустошот. Се што градевме, за се што работевме, може да биде уништено во следните 24 часа. И дури во Студената Војна, која донесе тешко бреме и опасност на толку многу држави, вклучувајќи ги овие блиски сојузнички нации – нашите две држави ги сносија најголемите товари. Според нас, посветувањето на големи суми на пари за оружје можат да бидат искористени во многу подобри цели, како на пример во борбата против сиромаштијата и загадувањето. Ние, двете страни сме фатени во порочен и опасен циклус во кој сомнежите од една страна раѓаат сомнежи од другата и новото оружје создава контраоружје.
    На кратко, двете страни САД и неговите сојузници и Советскиот сојуз и неговите сојузници, имаат меѓусебен длабок интерес во еден вистински и природен мир, како и во запирањето на трката во вооружувањето. Договорот во овој правец е во интерес како за Советскиот сојуз, така и за нас – и дури најнепријателските нации можат да пристапат кон прифаќање и чување на овие и само овие меѓународни обврски, кои ќе бидат од нивни интерес.
    Затоа, оставете да бидеме слепи пред нашите разлики – но оставете исто така директно внимание на нашиот внатрешен интерес и во таа смисла преку која нашите разлики ќе се растопат. И ако ние не можеме да избегнеме од нашите разлики сега, барем можеме да помогнеме во заштитата на светот од разликите. За завршната анализа, наша најбазична врска е дека сите сме жители, ја населуваме оваа мала планета. Ние го дишеме истиот воздух. Сите ние ја негуваме иднината на децата. И сите ние сме смртни.
    Трето: Ајде да го преиспитаме нашето однесување за време на Студената Војна, запомнувајќи дека не сме врзани во дебата, тонејќи во пренатрупувањето на нашите поенти. Ние тука не пренесуваме обвинувања или поенти со прстот на пресудата. Мора да се справиме со светот онаков каков што е, а не каков што би требало да биде, како што беше случајот низ историјата во последниве 18 години.

    ReplyDelete
  23. Ние мора, поради тоа, да не попуштиме во потрагата по мирот во надеж дека конструктивните промени внатре во Комунистичкит блок можат да донесат внатрешни достигнувачки можности, кои сега изгледаат невозможни. Ние мора да ги држиме нашите работи во таков правец, што ќе доведе кај Комунистите интерес да се согласат за еден вистински мир. Околу се, додека ги браниме нашите сопствени витални интереси, нуклеарните сили мора да ги одвратат тие конфронтации кои носат непријателство како избор на секого или нуклеарна војна. Да се прифати таков пат, се разбира во нуклеарната година, ќе биде доказ единствено за банкротот на нашата политика – или за колективната желба за смрт на светот.
    За да го заштитиме овој процес, американското оружје е непредизвикувачко, внимателно контролирано, создадено за одвратување и подготвено за селективна употреба. Нашите воени сили се обврзани на мир и дисциплина, како и на самовоздржување. Нашите дипломати се со инструкции да ги избегнуваат непотребните предизвикувања и единствено реторичното непријателство.
    За да можеме ние да го почуствуваме попуштањето на тензиите потребно е да нема опуштање во нашиот процес на обезбедување. И, од наша страна ние немаме потреба од закана за да докажеме дека сме решителни. Ние нема потреба да ги натрупуваме работите преку радио вести надвор од стравот дека нашата верба ќе биде уништена. Ние не сме расположени да го наметнеме нашиот систем на било кое нерасположено население – но затоа сме расположени и способни да се врземе во мировно натпреварување со било кое население на земјава...
    Во една од главните области од овие преговори каде крајот е внатре, стартот е сеуште неверојатно потребен и е во опасност од вонзаконските нуклеарни проби. Заклучокот од една таква опасност, толку блиска а сеуште толку далечна, е во спречувањето на спиралната трка во вооружувањето во една од најопасните зони. Ќе ги смести нуклеарните сили во позиција да се договараат поефективно за едно од најголемите коцкања со кое човештвото се соочило во 1963, брзата трка во нуклеарното вооружување. Ќе се намали можноста од војна. Оваа цел е сигурно доволно битна за да има потреба од наше постојано следење, ниту со добивката да биде на искушение да се откаже од сиот напор, ниту со добивката да се откаже од нашите залагања за витална и одговорна заштита...
    Додека ја пренесуваме заштитата кон нашите национални интереси, ајде во истовреме да ги заштитиме човековите интереси. И елиминацијата на војната и вооружувањето сигурно се во интерес на двете страни. Без заканување, како и да е ќе биде во предност на сите, како и да е можеби ќе вреди, ќе создаде апсолутна безбедност од опасноста за измама и одбегнување. Но може – ако е доволно ефективно во нивна присила и ако е во доволен интерес на неговите потписници – да се понуди далеку поголема сигурност и далеку повеќе ризици кон непритаената, неконтролираната, непредвидливата трка во вооружувањето.
    Соединетите Американски Држави, како што знае светот, никогаш нема да започнат војна. Ние не сакаме војна. Ние не знаеме дали не очекува војна. Оваа Американска генерација како никој друг до сега е запознаена со војната, омразата и угнетувањето. Ние ќе бидеме подготвени, ако другите го посакуваат тоа. Ќе бидеме во алармантна состојба за да го спречиме тоа. Но ние исто така ќе ја работиме нашата улога во градењето на светски мир, каде слабите се безбедни, а силните се праведни. Ние не сме обеспомошени пред таквата задача или обезнадежени од нејзиниот успех. Самоуверени и без страв, ние работиме на – не во правец на стратегија на уништување туку во правец на стратегијата на мирот.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.