Tuesday, September 22, 2009

Биографии

Овој дел на страната е концепиран така да во него се објавуваат биографии на познати личности, обично филозофи и политичари, но и други научници и сл.

amfiteatar.blogspot@gmail.com ,

однапред ви благодариме.

17 comments:

  1. БИОГРАФИЈА НА АЛЕКСАНДАР 3-ТИ МАКЕДОНСКИ


    Биографија на Александар III Македонски

    Александар III Македонски е роден 356 г. п.н.е, во главниот град на античка Македонија, Пела. Ноќта кога е роден пророкот Аристандер консултиран од таткото на Александар, Филип II Македонски, предвидува момче со карактер на лав. Мајката на Александар е епирската принцеза Олимпија.

    Учител на младиот Александар бил грчкиот филозоф Аристотел. Кога на Филип II Македоски му носат црн коњ на продажба а никој не може да го скроти, Александар го завртел коњот кон сонцето за тој да не се плаши од својата сенка и за изненадување на сите присутни го јавнал. Тој коњ во историјата е познат како Букефал.

    Во 339 год. п.н.е кога Филип се жени со Македонка, Александар го губи правото на тронот, бидејќи неговата мајка е дојденка. По една караница со татко му Александар во лутина ја напушта Македонија, меѓутоа по некое време Филип го признава како легитимен наследник па тој се враќа дома.

    Во 336 год. п.н.е Филип II Македонски е убиен на свадбата на неговата ќерка. Неговото убиство не е разјаснето, но во секој случај Александар го наследил тронот на 20 годишна возраст.

    Уште веднаш го презема долго планираниот поход против Персија. Додека е отсутен се шират гласини за Александровата смрт, па градот Теба се подготвил за востание. Уште пред да успеат да преземат нешто Александар се враќа, а откако Теба одбива мирно да се предаде тој насилно ја освојува. За предупредување го разрушува целиот град, па после тоа сите грчки градови му се покориле.

    Во 334 год. п.н.е конечно тргнува во поход против Персија. Управата во Македонија му ја остава на Антипатер кој заповедал со војска од 13 000 луѓе. Александар тргнува со 30 000 пешаци и 5 000 коњаници, војска составена од 15 000 Македонци, 7 000 Грци. Останатите биле платеници.

    Првото соочување со Персијците е крај местото Граник каде Александар остварува потполна победа. Понатаму како што напредува градовите го пречекуваат како спасител. Тој воспоставува демократија и со тоа ги избегнал евентуалните побуни. Во еден град дури и организирал масовна венчавка на 1 000 свои војници со 1 000 Персијки. За жал повеќето од тие бакови не траеле подолго од една година. Напредувајќи понатаму влегува во градот Гордион каде го пресекол Гордиевиот чвор, со тоа исполнувајќи го пророштвото кое вели дека оној кој ќе го расплетка чворот ќе владее со светот.

    Во 333 год. п.н.е во битката кај Ис уште еднаш го поразил Персискиот цар Дариј III. Дариј успеал да побегне меѓутоа неговото семејство било заробено. Александар ги одбил сите понуди за преговори и продолжил со својот поход избегнувајќи ги приморските градови. Со борба на копно ја избегнал најсилната точка во Персијската војска, морнарицата.

    Во 332 год. п.н.е без отпор го зазема Египет. Таму го слават како божество а тој го основа својот прв град, Александрија. Понатаму на своие походи ќе основа уште десетици градови од кои повеќето под името Александрија. Во 331 год. п.н.е го поразил спартанскиот крал во битката кај Мегалополис, па слободно го продолжува својот поход.

    По долготрајна опсада во траење од седум месеци паѓа и градот Тир. По освојувањето 10 000 негови граѓани се масакрирани а преостанатите, околу 30 000 се продадени како робови.

    Истата 331 год. п.н.е во битката кај Гавгамела Дариј III го претрпува својот конечен пораз. При обидот да се предаде тој е убиен од страна на неговиот слуга Бес, кој дрско го превзема тронот под името Атаксерко IV. Бес во 329 год. п.н.е е уапсен од страна на Македонците и е убиен. Со тоа е завршен походот против Персија. Александар III Македонски се прогласил за император и за главен град на својата импеија го избрал Вавилон.

    ReplyDelete
  2. Неговота следна цел сега е Индија. Тој решава да оди на исток “до крајот на светот”. Во 327 год. п.н.е тргнува со 100 000 луѓе, но бидејќи тука се бројат и жени, деца, забавувачи и сл. ефективната војска броела околу 40 000 војници. Кај местото Хидасп во 326 год. п.н.е го пречекува индискиот владетел Пор. Неговата војска вклучувала и 200 воени слонови, но во жарот на борбата слоновите газеле војници од двете страни. Во таа крвава битка се верува дека загинал коњот Букефал. И во оваа битка Александар извојувал победа, меѓутоа импресиониран од храброста на Пор го поставува како цивилен владетел на Индија. А за да му оддаде почит на својот коњ основа град со име Букефалија.

    Кога Александар ќе ги изложи своите планови за продолжување на походот, веќе изморената војска се заканува со бунт. Ова е тежок удар за големиот војсководец кој во походите јавал на чело на војската, меѓу соборците, и дотогаш од нив бил сметан за божество. Сепак ја распуштил војската и ги пратил дома ветераните а собрал нова војска составена претежно од Персијци. Понатамошниот поход бил веќе испланиран кога Александар ненадејно умрел.

    Кога умрел Александар III Македонски само што навршувал 33-годишна вораст. Како причина за смртта се наведува болеста маларија која во тоа време се ширела меѓу луѓето, но исто така е веројатно дека бил убиен од страна на некој од војниците. Многу историчари и ден денес не можат да се согласат која е причината за смртта. Едно е сигурно: Александар III Македонски имал висока темпераура и грозница кога умрел на 10 или 11 јуни 323 год. п.н.е.

    По неговата смрт неговата жена Роксана му раѓа син Алексндар IV Mакедонски. Негова втора жена е Статеира, ќерка на Дариј III. Уште еден син по име Херакле му раѓа и неговата љубовница Барисина. Сите тие се убиени кратко по нговата смрт.

    И неговата огромна империја почнува да се распаѓа многу брзо. Се верува дека на неговата смртна постела го прашале на кого го остава тонот и тој изговорил “krater’oi”. Не се знае дали тоа значело “на најсилниот” или пак на неговиот војсководец Кратер. Како и да е неговото царство било поделено на четири дела, на неговиот ментално болен полубрат Филип; на неговиот син Александар IV,кој сеуште бил бебе;на Пердика, кој го примил неговиот прстен и на Кратер, за кој се верувало дека бил именуван за наследник од самиот Александар.

    Кога во 334 год. п.н.е го започнал својот поход кон Персија,во историјата започнува нов период наречен хеленизам. И иако тој самиот се залагал за хеленизам на сите поважни функции именувал Македонци. За време на неговото владеење се измениле многу култури, а со основањето на градови го поттикнал развојот на економијата.

    И покрај краткотрајноста на оваа империја нејзиното истриско влијание е впечатливо. Во 13 години владеење Александар III Македонски го создал дотогаш најголемото царство. Тој се вбројува меѓу најголемите воени гении. Многу војсководци низ историјата ги користеле неговите тактики. Гај Јулие Цезар дури го избрал за свој личен пример.

    ReplyDelete
  3. БИОГРАФИЈА НА АДОЛФ ХИТЛЕР


    Биографија на Адолф Хитлер

    Адолф Хитлер во светската историја ќе остане запаметен како водач на Нацистичка Германија за време на втората светска војна, која однесе повеќе од 40 милиони човечки животи и остави илјадници разурнати градови и села.

    Адолф Хитлер е роден на 20, април 1889 година во гратчето Браунау во тогашна Австро-Унгарија, како четврто дете на Алојз и Клара Хитлер. Татко му бил царински службеник, човек кој пати од комплекс на пониска вредност и често ја малтретирал својата жена. Ова насилничко однесување на Алојз оставило длабоки траги врз свеста на младиот Адолф.

    Првиот неуспех во животот Хитлер го доживува во Виена, по неуспешниот обид да се запише на уметничка академија. Разочаран од животот, се повлекол во мал апартман и живеел „од денес до утре“ цртајќи портрети и плакати за буржоаските нарачатели. Отфрлен од буржоаското друштво, најлесно му било да почне да го презира.

    Пролетта 1913 година, на 24-годишна возраст, Хитлер ја напушта Виена за да ја избегне воената регрутација и заминува во Минхен.

    Веќе наредната година избувнува Првата светска војна и Хитлер доброволно се пријавува во еден баварски полк кој учествувал во битки во Франција. За време на војната бил гласник (пренесувал пораки од рововите до главниот штаб) и поради храброста што ја покажал, двапати е одликуван со „Железен крст“. Поразителните вести за исходот на војната ги дочекал ранет, во болничкиот кревет.

    По поразот во Војната, Германија била принудена да плаќа големи воени даноци на победниците. Хитлер никогаш не го прифатил поразот во оваа војна бидејќи тој самиот бил црвсто убеден дека Германија не изгубила на бојното поле, туку поразот е резултат на внатрешните предавници: комунистите и Евреите. Од тогаш, па се до неговата смрт ќе чувствува огромна омраза кон нив.

    Во повоениот период, Хитлер, почнува постепено да се занимава со политика. Во почетокот, по минхенските пивници почнува јавно да зборува за големината на Германија и германскиот народ. Зборувал како овој народ е предодреден да управува со светот ширејќи огромна омраза кон Евреите, Циганите и комунистите. Преку овие „кафански“ разговори, Хитлер во себе открива посебен талент за говорништво и ја чувствува моќта на пропагандата. По неколку години, Хитлер веќе се наоѓа на чело на Национал-социјалистичката германска работничка партија. Нацизмот почнал масовно да се шири низ народните маси.

    Во тој период Германија се наоѓала во длабока економска криза, а додатен товар на се, биле воените даноци. Доволна причина за Хитлер да организира протести и демонстрации во државата во чии врвни позиции на власта се наоѓале Евреи. Поради тоа на 8. ноември 1923 година, Хитлер е осуден на затвор од пет години, но за помалку од година е ослободен. За време на неговиот престој во затворот, ја напишал книгата “Mein Kampf” (Мојата борба), книга која неофицијално ќе биде прогласена за библија на германскиот народ.

    Во периодот на големата светска криза (1929-33), Германија запаѓа во уште полоша состојба, а тоа Хитлер најдобро знаел да го искористи.

    ReplyDelete
  4. На 20. јануари 1933 год. Хитлер по победата на изборите (Национал-социјалистите освоиле 44% од гласовите), е назначен за канцелар на германскиот Рајх. Од овој момент ќе започне еден од најтурбулентните и најтемните периоди на историјата на дваесеттиот век.

    Веднаш ги забранил комунистичките и социјал-демократските партии и донесувал закони по своја волја. Уште наредната година направил „чистка“ во воените редови со цел да ги разбие фракциите кои постоеле.

    Во август 1934 г. умрел претседателот Фон Хинденбург и Хитлер се прогласил за Фирер (апсолутен водач), што значи шеф на државата и врховен командант на оружените сили.

    По неговото доаѓање на власт бил главно заинтересиран за две работи. На поле на надворешна политика се интересирал да го врати угледот и моќта на Германија, која била срамно поразена во Првата светска војна. Очајно сакал повторно Германија да ја направи светска воена велесила.

    Втора главна цел бил антисемитскиот концепт и лишувањето на правата на Евреите. Им биле одземени германските државјанства, ги забранил браковите меѓу Германци и Евреи. Им било забрането да бидат на некоја функција, па дури и да гласаат. Ова угнетување отишло предалеку, па во ноември 1938 г. специјалните трупи биле пратени да ги запалат синагогите, да ги демолираат и пљачкосаат еврејските продавници и работилници и да ги напаѓаат сите за кои мислат дека имаат еврејско потекло. Набрзо дваесет илјади Евреи биле пратени во концентрациони логори.

    Хитлерова омилена раса била ариевската: високи, руси, физички и умствено здрави луѓе со сини очи. Таков прототип била неговата втора девојка Ева Браун. Една од неговите антипатии била насочена кон физички и ментално заостанатите и хендикепираните лица.

    Хитлер, во 1939 година ги присоединува Австрија и Чехословачка кон Германија, а со нападот на Полска на 1. септември го означува почетокот на Втората светска војна.

    Заедно со силите на оската, Италија и Јапонија, уште летото 1940 год. Германија ја освојува речиси цела Европа со исклучок на Велика Британија.

    На 22. јуни Хитлер го напаѓа СССР и покрај пактот за ненапаѓање склучен со Сталин. И на овој фронт Хитлер бележи огромни успеси благодарејќи на неспремноста на СССР за овој напад и за неколку месеци стигнува пред Москва. Но немал среќа бидејќи студената зима ги одложила неговите планови. Знаејќи дека ако ја пресече најголемата магистрала на СССР – реката Волга, ќе ги пресече доливот на храна на Москва и советите сами ќе се предадат. Затоа тргнува на југ, на Сталинград (денес Волгоград) каде ќе се случи една од најважните битки во Втората светска војна.

    Во ноември 1941 год. Хитлер стравотно напаѓа на Сталинград, но и покрај огромните загуби на Русите, тие успеваат да извојуваат победа. Овој пораз е прв кој го доживеал Хитлер во војната и претставува пресвртница на истата.

    По овој пораз, следат и неколку други изгубени битки и веќе видлив бил исходот на војната. Сојузниците ја зазеле Италија, а неколку месеци потоа, на 6. јуни 1944 год. почнал десантот на Нормандија, по кој сојузниците ја ослободиле Франција. Сојузниците напредувале од сите страни и веќе Германија никако не можела да биде победник во Војната.

    На 30. април 1945 година, по жестоките улични борби во Берлин, свесен за поразот во војната, Хитлер си го одзема животот заедно со својата свршеница Ева Браун.

    Со ова е ставен крај на еден од најстрашните режими на дваесеттиот век и на Втората светска војна. Војна со најголеми размери што човековиот вид некогаш ја доживеал.

    Резултат на тиранијата на Адолф Хитлер се повеќе од 6 милиони жртви на холокаустот – ѕверски погубени Евреи во концентрационите логори, како и четириесетте милиони мажи, жени и деца - жртви на Втората светска војна од кои повеќето од половина се цивили.

    ReplyDelete
  5. Гај Јулие Цезар е роден на 12, или 13 Јули 100-тата г. п.н.е. во семејство кое било во роднински врски со лидерот на Популарите, партија во Рим, Гај Мариј, преку таткото на Цезар, а преку неговата мајка од фамилија, блиска до Оптиматите, другата партија во Рим. Марк Антониј Гнифо, оратор и граматичар, бил тутор на Цезар во цезаровите детски години.
    Под влијание на Гај Мариј, Цезар станува еден вид свештеник, а својата позиција ја зацврстува со брак со Корнелија, ќерка на Чина, близок соработник на Гај Мариј.

    Сула, лидерот на Оптиматите, е надвор од Рим во воен поход, кога Гај Мариј ги прогонува приврзаниците на Оптиматите во Рим, а по враќањето, Сула се спротиставува на Популарите и врши нивен прогон. На Цезар, по преземањето на власта од страна на Сула, му е наредено да се разведе од ќерката на Чина, како чин со кој ќе покаже лојалност кон новиот Диктатор. Ова Цезар го одбива и го напушта Рим, се откажува од свештенството и служи војска во Азија кај некои од римските генерали.

    По смртта на Сула, Цезар се враќа во Рим во 78г. п.н.е. и се занимава со адвокатура, а во 75г. п.н.е. оди на Родос на студии по филозофија и ораторство кај познатиот Аполониј Молон, предходно учител на Цицерон.
    Потоа бил избран за преставник на народот во Римската Република, првиот чекор во римската политика, а во 69г. п.н.е. бил избран за финансиски администратор на Хиспанија, таа година умира неговата жена Корнелија, и неговата тетка, жена на Гај Мариј.
    Тој од Хиспанија се враќа во Рим и се вклучува во политиката како правен управник, одговорен за јавни објекти, пазари, и сл., и се прославува со гладијаторските игри кои ги управува.

    Во 63г. п.н.е. Цезар на контроверзни избори е избран за Највисок свештеник во Рим, позиција со големо политичко и религиозно влијание, а потоа како заменик управник на областа Хиспанија во 62г. п.н.е., на кого му бил одреден далечниот крај на Хиспанија.
    Ова управување на Цезар се покажало како успешно.
    Па во 59г. п.н.е Цезар бил избран за постар конзул на Римската Република, неговиот партнер по функција, помладиот конзул на Римската Република, Билбилиј, бил приврзаник на Оптиматите, и по добивањето на функцијата се повлекол од политичкиот живот, со скриена намера да ја отежне функцијата на Цезар.

    Цезар сојузници наоѓа во Помпеј Велики, генерал на Оптиматите кој неуспешно се бори со Сенатот за да им се додели земја на неговите ветерани, и Грасиј, исто близок до Оптиматите, кој бил најбогатиот човек во Рим кој имал проблеми во обезбедувањето на олеснувања за неговите клиенти. На Цезар му требаат парите на Грасиј и влијанието на Помпеј, а можел да им обезбеди влијание во Сенатот на истите. Така се склучил Првиот Триумвират, владеење на три лица, кој бил зацврснат со брак помеѓу Помпеј и ќерката на Цезар, Јулија.

    ReplyDelete
  6. Потоа на Цезар му е доделено пет годишно управување на Галија(Франција) и Илирија(Далмација), кои биле главно мирни области. Цезар не се согласува со мирното владеење и ги почнува Галските Војни (58-49г. п.н.е.) кога ги припојува до Рим, цела денешна Франција, Швајцарија, Белгија, делови од Германија, а прави и експедиции во Британија, што е најголемата воена кампања по Александар Македонски.

    Првиот Триумвират се распаѓа со смртта на ќерката на Цезар Јулија на пораѓање и со смртта на Грасиј во воена кампања, во 54г.п.н.е. што го приближува Помпеј до Оптиматите и тој се жени со ќерката на еден од најголемите непријатели на Цезар.

    Во 50г. п.н.е. Сенатот предводен од Помпеј му наредува на Цезар да се повлече од неговата функција, да ги распушти неговите војски и да се врати во Рим. Цезар со страв дека доколку ја напушти функцијата или ги отпушти војските, ќе биде изложен пред суд во Рим, во 49г. п.н.е. ја преминува реката Рубикон, надворешната граница на Иатлија, и започнува граѓанска војна. Војната се води заради стравот на Сенатот дека Цезар ќе се прогласи за доживотен Диктатор.
    Со влегувањето на Цезар во Рим, истакнатите Оптимати бегаат на југ, не знаејќи дека Цезар влегува во Рим само со неговата 13-та легија, Цезар тргнува по Помпеј со надеж дека ќе можат да го обноват сојузништвото.
    Но Помпеј успева да му побегне, по што Цезар се упатува во Хиспанија, каде што се војските на Помпеј, и по поразот кој им го нанесува, се упатува во Грција, каде во 48г. п.н.е. му нанесува тежок пораз на Помпеј, кој бега во Алексадрија, Египет, каде е убиен по наредба на Птоломеј VIII, кој се обидува да ја добие наклоноста на Цезар во граѓанската војна со Клеопатра VII, неговата сестра.

    Во оваа граѓанска војна Цезар е на страната на Клеопатра, како незадоволство за убиството на Помпеј.
    Цезар ги поразува војските на Птоломеј VIII и ја поставува Клеопатра VII за египетски фараон. Со Клеопатра, Цезар има афера и син, Цезарион или Птоломеј Цезар, кој не бил признаен во Рим заради тоа што римјаните можеле да стапат во брак само со римјани.

    По поразувањето на Птоломеј-овите војски, Цезар се упатува на Блискиот Исток каде го поразува бунтот во Понтус, денешна Турција, и продолжува во Африка за да се справи со останатите Оптимати, подржувачи на Помпеј.

    Во меѓувреме, во отсуство, Цезар бил назначен за диктатор, кој статус го вратил, и место тоа го продолжил своето Конзуство во втор мандат, а потоа и во трет и четврт мандат.

    Цезар се враќа во Рим во 45г. п.н.е. и како една од првите акции што ги презема е назначувањето на Октавиан Август за негов наследник, апотоа им простува на своите противници во Рим.

    Во Рим Цезар е почестен со игри во негова чест, негови статуи, тој е првата жива личност која се појавила на римска пара, носи црвена тога, обележје на римските кралеви, лаворов венец, направена му е вила на државен трошок и тн. Цезар присвојува многу надлежности кои му припаѓаат на Сенатот, но сепак официјално, тој не е прогласен за император, туку е доживотен Конзул.

    ReplyDelete
  7. Во своето натамошно владеење Цезар врши реформи на штета на аристократијата, со што добива и непријатели. Се создава група која го заговара убиството на Цезар, во која е и неговиот следбеник Брут, кои се нарекуваат себеси ослободители на Римската Република.
    На 15 март 44г. п.н.е. групата го повикува Цезар во форумот за да му презентира петиција за враќање на моќта назад во Сенатот. Тие го пресретнуваат пред влезот на Сенатот го напаѓаат и убиваат.

    Ова резултира со војна помеѓу генералите на Цезар и со прогласување на Римската Империја на Октавиан Август, а со тоа крај на Римската Република.

    За Цезар е забележано дека бил еден од најголемите оратори и поети во римската историја, но најголемиот дел од неговите говори се изгубени.
    Негови дела се „Коментарите на Галските Војни” и „Коментарите на граѓанската војна”, а дела кои му се припишуваат се „За војните во Александрија”, „За војните во северна Африка” и „За војните во Хиспанија”.

    Гај Јулие Цезар е една од најголемите личности во историјата. Тој ја преформулира историјата со неговата политичка кариера и од република, ги поставува темелите на Римската Империја.

    ReplyDelete
  8. БИОГРАФИЈА ЗА АРИСТОТЕЛ


    Аристотел бил роден во Стагира, античка Македонија, како син на дворскиот физичар во Македонската кралска фамилија.
    Првин студирал медицина, но подоцна во 367п.н.е. бил пратен во Атина за да студира филозофија кај Платон.
    Тој останал во Платоновата академија до 347п.н.е.
    Иако брилиjантен ученик, Аристотел се спротиставувал на некои од Платоновите учења, и кога Платон починал, Аристотел не бил назначен на чело на академијата.
    По заминувањето од академијата Аристотел поминал некое време патувајќи, и најверојатно учејќи биологија во Мала Азија и нејзините острови.
    Тој се враќа во Mакедонија во 338п.н.е. како учител на Александар Македонски.
    По Александровото освојување на Атина, Аристотел се враќа во Атина и основа своја школа, позната како Лицеумот.
    По Александровата смрт, Атињаните се кренале на бунт против Македонската власт и Аристотеловата ситуација станала небезбедна, и затоа тој избегал на островот Евбоеjа, каде и починал.

    За Аристотел се смета дека има напишано 150 филозофски текстови.
    Триесетината кои преживеале допираат енормен опсег на филозофски проблеми, од биологија и физика до естетика и политика.
    Како и да е многу од овие дела се сметаат за белешки кои се користени за предавање на одредени теми, а неколку од зачуваните се сметаат дека не се дело на Аристотел, туку дело на членови на неговата школа.

    Додека Аристотеловиот учител, Платон, ја лоцира крајната стварност во Идеи или вечни форми, кои можат да се осознаат преку рефлекција и резонирање, Аристотел ја гледа крајната реалност во физички објекти, осознаени преку искуството.
    Аристотел смета дека објектите, вклучувајќи ги тука и организмите, се состојат од потенцијал (материјата од која се создадени), и од реалност (формата која ја зазела материјата).

    Аристотел се смета за првиот научник заради тоа што ги систематизира знаењата во одредени обласи.
    Меѓу текстовите се и делата за логиката, „Органон” (инструмент), пoради тоа што делата ги даваат начините со кои може да се стекне позитивно знаење.
    Аристотеловата работа на природната наука го вклучува и делото „Физика”, кое дава огромно количество информации за астрономијата, метерологијата, растенијата и животните.
    Неговите текстови за природата, и за сопственоста на нештата се дадени во неговото дело „Метафизика”, кое Аристотел го нарекува „Прва Филозофија”.
    На неговиот син му го посветува делото за етиката.
    Други есенцијални дела му се „Реторика”, „Поетика”, и „Политика”.

    ReplyDelete
  9. БИОГРАФИЈА ЗА АДАМ СМИТ


    Адам Смит е роден во 1723 во Кирклади, Шкотска. Крстен е на 5-ти јуни во родниот град а точниот датум на раѓање не е познат. Татко му, кој бил цариник, починал шест месеци пред неговото раѓање па Смит израснал само со мајка му.

    Со четиринаесет години го започнал своето образование на Универзитетот во Глазгов. Под влијание на неговиот професор Франсис Хатчесон тој развива силна страст кон логиката, филозофијата и слободното говорење. Во 1740 год. Смит добива стипендија за да студира во Оксфорд, меѓутоа неговите идеи се спротивставуваат со начинот на работа на колеџот во Оксфорд па Смит времето го минува читајќи разни книги од областа на филозофијата. Поради неговиот интерес во “атеистичките” филозофски дела на Дејвид Хјум паѓа во немилост кај властите па во 1746 год. се откажува од стипендијата и се враќа во Единбург.

    Со знаењето со кое се здобива во Оксфорд, одржал неколку предавања во Единбург со што го привлекол вниманието на интелектуалците. На овие предавања прв пат ги изложува своите идеи за економска филозофија. Овие идеи подоцна ќе ги образложи во неговото најголемо дело “Богатството на народите”. Во 1751 год. е назначен за професор по логика на универзитетот во Глазгов а во 1752 год. продолжува да предава морална филозофија на местото на неговиот поранешен професор Франсис Хатчесон. Во неговите предавања се опфатени следните полиња: етика, реторика, право и политичка економија.

    Во 1759 год. го објвува неговото дело “Теорија на моралот” каде што отелотворува некои идеи од предавањата во Глазгов. Тука зборува за способноста човекот да направи морална проценка и покрај вродената себичност и инстинктот за преживување.

    Во 1763 год. се повлекува од службата и тргнува на “Прошетка низ Европа” како тутор на војводата Хенри Скот III. Војводата го повикал на ова место импресиониран од неговата ”Теорија на моралот”. На оваа обиколка се запознава со ценети луѓе од светот на науката. Во Лондон меѓу другите се запознал и со Едмунд Бурк, Семјуел Џонсон и Едвард Гибон. Во тоа време Адам Смит се здобива со членство во Кралското Општество.

    На крајот се враќа во родниот град каде повлечено живее со својата мајка. Во 1776 год. ја објавува “Богатството на народите”, книга која ја започнал уште на своето патување низ Европа и која станува еден вид на манифест против меркантилизмот. Успехот на оваа книга всушност доведе до напуштање на стариот економски систем и воспоставување на таканаречениот класичен економски систем врз основа на кој понатаму се формираат модерниот и Марксистичкиот економски систем.

    Во ова дело Смит зборува за слободен пазар и остро се спротивставува на монополот како и на мешањето на државата во слободното формирање на цените на пазарот, со воведување на даноци на пример. Исто така вели дека трудот како фактор е поважен од ресурсите. Претставувајќи ја идејата за поделба на трудот ни поставува едноставен пример: ако претпоставиме дека за еден ден еден работник може да направи 20 игли, тогаш 10 работници со одделни работни задачи можат заедно да направат 48 000 игли.

    ReplyDelete
  10. Понатаму, ја побива претпоставката дека во слободниот пазар би владеел хаос поради недостиг односно вишок на производи. Ни го претставува терминот “Невидливата рака” која би го регулирала протокот на производи на пазарот. На пример ако има недостиг на производи цената ќе порасне. Привлечени од висок профит на пазарот влегуваат нови производители и го покриваат недостатокот. Обратно доколку постои вишок на производи цените паѓаат до нивната производна цена. Оние претпријатија кои не ги редуцирале своите трошоци ќе работат нерентабилно и набргу ќе излезат од игра, со што количеството на производи повторно ќе дојде на едно нормално ниво односно понудата и побарувачката ќе се усогласат.

    “Богатството на народите” е еден од најраните обиди да се проучи подемот на индустријата како и трговскиот развој на Европа. Објавувањето на книгата исто така ги поставува темелите на економијата како наука.

    Адам Смит е назначен за ректор на универзитетот во Глазгов во 1787-1789 год. По тешка болест починал во Единбург на 17 јули 1790 год. и бил погребан во Канонгејт Киркјард. За неговиот приватен живот се знае многу малку. Не бил женет,бил повлечен и ексцентричен но добродушен човек, силно приврзан за својата мајка. По неговата смрт е откриено дека тајно донирал многу пари во доброволни цели.

    Адам Смит е предвесник на слободниот пазар и пазарната економија. Неговите идеи зачнати пред скоро 300 години и денес се значајни и релевантни како и секогаш.

    ReplyDelete
  11. БИОГРАФИЈА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


    Гоце Делчев е роден на 4 февруари, 1872 год. во Кукуш, Егејска Македонија како прво машко дете а трето по ред на бројната фамилијата Делчеви која имала вкупно девет деца.
    Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство.
    Татко му Никола Делчев бил кукушанец а мајка му Султана Нурџиева потекнувала од блиското село Мурарци.
    Во периодот од 1879-1880 год. Гоце (Георги) Делчев започнал да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш.
    Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската бугарска машка гимназија Св.Кирил и Методиј.
    Се запишал во Воената академија во Софија во 1891 год.
    Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература заради што е исклучен од училиштето.
    Делчев станал учител во Штип во 1894 год. каде што се запознал со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО.
    Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 год. набрзо станувајќи нејзин водач.

    Во летото 1896 во Солун се одржал конгрес на македонските револуционерни сили.
    На конгресот присуствувале Гоце Делчев и Ѓорче Петров кои се ополномоштени да изработат Устав и Правилник а изработениот устав носел наслов - „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација”.
    Со време Организацијата се викала и Внатрешна Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМРО).
    Во почетокот на јануари 1898год. бил установен четничкиот институт а Гоце Делчев бил назначен за началник на сите чети во Македонија.
    За време на честите обиколки низ Македонија, Гоце работел на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
    Цел било ослободување на Македонија од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.

    На редовното советување во декември 1902, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други апостоли на ВМРО решиле да не се дигне фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта, како што изјавил Гоце, требала да биде: не ние да ја победиме Турција, туку таа да не нé победи нас.
    Потоа Гоце отишол на терен а зад негов грб бугарскиот агент Гарванов свикал јануарско советување, кое според В. Думев (кој работел со Иван Гарванов) не било свикано да решава.

    Во јануари 1903год. Гоце Делчев се изјаснил отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, востание познато како Илинденското Востание.
    Тој сметал дека тоа би било преран и неподготвен чекор.
    По неговата иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централниот лагер на ВМРО.
    Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховнистичкиот лагер на ВМРО.

    ReplyDelete
  12. На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др.
    Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

    На 19 јануари 1903, Гоце Делчев со чета тргнал за Македонија а со него бил и Јаворов.
    Истиот ден пристигнале во Самоков. На 19 март 1903, Гоце Делчев со својата чета го минирал мостот на р.Ангиста.
    Во воздух бил кренат и тунелот на железничката пруга.
    На 19-20 април истата година, Гоце Делчев пристигнал во Солун а бил сместен во просториите на Солунската машка гимназија.
    Тој имал неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледувал прашањето за подигање на востанието.
    Гоце го напуштил Солун, излегол низ вардарската капија и со воз се префрлил во правец на Серез.
    На 2 мај 1903, Гоце Делчев вечерта пристигнал во с.Баница (на мала одалеченост од Серез).
    За престојот на Гоце Делчев во Баница била известена турската управа од страна на непознат(и) личност(и).
    Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба биле известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер).
    Гоце наредил да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум.
    Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од селото Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата страна на градите и паднал врз пушката. Се обидел да се крене, но паднал мртов.

    Гоце Делчев е еден од најголемите борци за македонската кауза во македонската историја.
    Тој бил харизматичен, цврст и разумен водач кој уживал големо почитување кај македонскиот народ. „Учителот” ја зацврстува волјата за востание кај македонскиот народ која била ослабната од неуспехот на востанијата пред Илинденското.
    Неговата прерана смрт ја уназадува долгата македонска борба за своја независност.

    ReplyDelete
  13. БИОГРАФИЈА ЗА НИКОЛО МАКИЈАВЕЛИ


    Макијавели е роден во Фиренца на 3-ти мај 1469г. во семејство на писари, кои во минатото биле противници на царот.
    Во негово време денешна Италија е поделена на пет главни сили и тоа: Венеција, Милано, Фиренца, Папската Држава и Кралството на Неапол.
    Во негово време се случуваат бурни работи на италијанската политичка сцена, како што е бруталната борба за власт на Чезаре Борџија, папскиот син, во средна Италија, кого Макијавели го смета за пример за добар владетел во своето најпознато дело „Владетелот”, и напорите на папата Јулие втори да ја претвори папската држава во најголема сила во Италија.

    Макијавели се издига по прокламирањето на Републиката Фиренца, и е член на дипломатскиот совет кој извршува дипломатски преговори и ги надгледува воените опрерации на Републиката.
    Како член на дипломатскиот совет тој учествува во мисии кај Францускиот крал, кај Германскиот крал и во Папската држава.
    Тој исто така учествува во мисии во Италијанските градови.
    Во тие мисии тој бил близок со владетелите на Италијанските градови и можел одблиску да ги набљудува нивните политички постапки.
    Во 1512г. кралското семејство Медичи повторно се враќа на власт во Фиренца со што Републиката се распаѓа, а Макијавели е отстранет од функција, под изговор дека готви заговор против семејството Медичи.
    По овие случувања, на свои 43 години, тој доживува некое чудно прогонство, неможе да ја напушти Фиренца, но и неможе да влезе во областа на Владината палата.
    По отстранувањето од функција тој се повлекува во својата вила во Фиренца, ги пишува своите најважни дела, и се обидува да ја придобие наклоноста на семејството Медичи за да тие го вратат на поранешната функција.
    Овие напори на Макијавели не вродуваат со плод. Кога Републиката привремено се враќа на власт во Фиренца, во 1527г., многу републиканци го сметаат Макијавели за наклонет на семејството Медичи.

    Макијавели умира во 1527г. од желудечна болест, но и душевно скршен од воздржување од политиката која за него била најважен дел од животот.

    Макијавели твори за политиката и за дипломатијата и се смета за еден од основачите на Реализмот во меѓународната политика, правец во меѓународните односи кој го застапува гледиштето дека светот живее под одредени законитости кои не можат да се сменат, туку мислењето за светот треба да се ориентира на работите кои можат да се направат под таквите законитости.
    За Макијавели важи цитатот „Имаше се што му требаше за да биде крал, освен кралство”.

    Најважно дело му е „Владетелот” кое му е посветено на Лоренцо де Медичи, и преку кое Макијавели ги изнесува своите ставови и присобрани искуства, а самото дело претставува прирачник за владетелот со кој може да ја обедини расцепканата Италија.
    Други дела му се „Расправи”, коментар на книгата „Историја на Римската империја” од римскиот историчар Ливиј, „Уметноста на војувањето” во кое дело ги објаснува предностите на регрутите над платениците, „Историјата на Фиренца”, а од литературните дела „Мандрагола”.

    ReplyDelete
  14. БИОГРАФИЈА ЗА ЕРНЕСТО ЧЕГЕВАРА



    Ернесто Че Гевара е роден на 14 јуни 1928г. во Росарио, Аргентина, во фамилија од средната класа со аристократско потекло, но со социјалистички идеи.
    На дваесет годишна возраст тој се запишува на Медицински факултет во Буенос Аирес, во кој се интересира за заразните и кожните болести.
    За време на своите студии тој патува низ јужните провинции на Аргентина со велосипед, и на тоа патување тој се движи по болниците и ги запознава пациентите.
    Потоа Че Гевара работи како медицински брат на брод на Аргентинската Национална бротска компанија, и на тој начин патува до Бразил, Венецуела и Тринидад.

    Во 1952г. Че Гевара, тргнува на обиколка низ Латинска Америка каде, од многу марксисти, се здобива со уште поголемо Марксистичко образование и стекнува мислење дека за несреќите на народите во Латинска Америка се виновни империјалистичките компании на Северна Америка кои ги експлоатираат работниците.
    Еднаш за време на неговите патувања, заради технички проблеми со товарниот авион со кој патувал, бил приморан да слета во Мајами, и да остане таму еден месец, и за да преживее да работи како кенлер и да мие садови.
    Че Гевара го завршува своето школување во 1953г.
    По своето школување тој продолжува да патува и претстојува во Боливија, Панама, Коста Рика, Никарагва, Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала каде ги доживува Американските авионски бомбандирања.
    Во сите овие земји, тој се запознава со маките на народот, и помага во подготвување на теренот за комунистичка револуција, меѓу другото и со тоа што ги обучува луѓето за герилска војна.

    Во 1955г. Че Гевара работи како доктор во болница во Мексико Сити, каде прво се запознава со Раул, брат на Фидел Кастро, а потоа и со Фидел Кастро со кого ќе станат добри пријатели.
    Че Гевара му се приклучува на Фидел Кастро во неговата борба за револуција во Куба, со кого планираат и извршуваат многу герилски акции, и обучуваат многу герилци, а Кастро го промовира Че Гевара за командант.
    Во едно интервју за радио од Аргентина, на прашање дали неговата активност во Куба може да се смета како мешање во односите на друга држава, Че Гевара одговара дека, тој се чувствува како припадник на цела Латинска Америка, а не на поедини држави во неа, и возвраќа со тоа дека никој не ги прашува Американските компании за нивното мешање.
    За време на активностите на Че Гевара во земјите од Латинска Америка, од страна на владите на овие земји се врши воен прогон на луѓето кои се определени за социјалистичкиот систем на уредување, овој прогон се врши под влијание на Американците кои ги поддржуваат антикомунистичките влади.

    ReplyDelete
  15. По тешки борби, на многу места во Куба, најпосле револуцијата е успешна и диктаторот Батиста ја напушта земјата во 1959г.
    По револуцијата Че Гевара добива кубанско државјанство, и истата година, како шеф на официјалната делегација на Куба патува во Соединетите Арабски Емирати, Египед, Индија, Тајланд, Јапонија, Индонезија и Пакистан, по враќањето изјавува дека Кубанската револуција изнудила овации насекаде низ светот.
    Во 1960г. станува Министер за Индустрија, на која функција го забрува преминот од капиталистичко кон комунистичко економско уредување.

    За време на неговото вршење на државничката функција искажува ставови против капиталистичкото уредувања, но во неколку наврати и против комунистичкото.
    По 1965г. Че Гевара, со група негови кубански соборци, се активира во Конго каде продолжува со подготовки и обука на герилците за револуција, ова тој го прави тајно, што во западната јавност се толкува како ликвидација над Че Гевара од страна на Фидел Кастро заради искажаните антикомунистички ставови.

    По мисијата во Конго, тој преминува во Боливија каде се обидува да го поттикне населението за револуција, но не наоѓа на поголем интерес.
    Власта во Боливија, потпомогната со воената помош на САД, го затегнува обрачот околу герилците и им ги прекинува контактите со нивните соработници.
    На 8-ми октомври 1967г. боливиските сили ги ликвидираат единиците на Че Гевара и самиот Че Гевара.
    Има верување дека ликвидацијата над Че Гевара била извршена под наредба на агент на ЦИА.
    Неговите остатоци беа пронајдени во Боливија во јуни 1997г., тие беа идентифицирани и вратени во Куба.

    Самиот Че Гевара станува симбол за издржливост во борбата за своите верувања за многу млади луѓе во светот во 70’ и 80’-тите, а неговото идеализирање се актуелизира по 1997г.

    ReplyDelete
  16. БИОГРАФИЈА ЗА ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ


    Винстон Черчил бил роден во Бленхеим Палатата во Оквордшир на 30-ти Ноември 1874г., како син на Лорд Рудолф, Британски државник и лидер, и Американката Џени Џероум, во семејство кое по татко потекнува од Џон Черчил првиот војвода на Marlborough.
    Черчил завршил воена академија, а за време на неговото образование се интересирал за англиски јазик и историја.

    По воената академија тој служи војска и оди во мисии на Куба и Египет, за време на кои е кореспондент за британски весници, а во Египет учествува во еден од последните напади на Британската Коњаница.
    Тој ја напушта војската во 1899г. за да се кандидира за во парламентот но не е избран, по што работи како новинар, а по избувнувањето на британско-боерската војна во Јужна Африка тој известува на местото на настанот, каде е заробен и подоцна успева херојски да избега што го прославува преку ноќ во Британија.

    Черчил се враќа во Британија во 1900г.
    Повторно се кандидира за во парламентот и е избран како преставник на владеачката Конзервативната партија, но по редица несогласувања со партијата тој преминува во Либералната партија.
    Отако во 1905г. Либералната партија ги добива изборите Черчил е назначен како потсекретар на Колонијалната Канцеларија во владата, а во 1908г. за претседател на Одборот за Трговија, истата година тој се жени со Клементина Хозиер .
    Во 1910г. Черчил станува Секретар за внатрешни работи и ги надгледува реформите во казнениот систем кои ги воведуваат Либералите.
    Во 1911г. тензиите помеѓу двата блока од првата светска војна се забележителни, а Черчил истата година е назначен за Прв Лорд на Морнарицата со задача да ја држи истата во борбена готовност, во оваа функција Черчил целосно се внесува и помага во развивањето на морнаричката авијација и во развивањето на побрзи борбени бродови.

    Во првата светска војна Черчил зема активно учество не само како Прв Лорд на Морнарицата туку исто така помага во развивањето на тенкот, кој во тоа време се смета за погрешна алокација на владини средства, и помага во развивањето на Кралската Авијација.
    Черчил ја иницира кампањата за отворање на Дарданелскиот проток во денешна Турција со што, сметал тој, ќе им се помогне на Русите, ќе се отвори јужен фронт и ќе се исфрли Отоманската Империја од војната.
    Овој поход е неуспешен и му носи на Черчил лоша репутација која резултира со негов трансфер на помала функција во владата, која подоцна ја откажува и се вклучува во армијата како командант на Британски пешадиски батаљон во Франција.
    По реконструкција на владата во 1917г. Черчил е повикан во неа како Министер за муниција, а по 1918г. и во Канцеларијата за одбрана и во Канцеларијата за Колонии.
    По првата светска војна во 1922г. на изборите победува Конзервативната Партија, а Черчил го губи парламентарното место, па се кандидира еднаш како член на Либералната Партија, која постепено ја губи популарноста на сметка на Ларбористичката, и двапати како независен, но не е избран, по што се враќа во Конзервативната Партија и во 1924г. е назначен за Министер за Финансии.
    Во 1930г. кога Черчил не врши функции во владата, тој се противи на одвојувањето на Индија од колонијална власт, и, спротивно на неговиот премиер, го поддржува кралот Едвард 7-ми кој на крајот абдицира.
    Ова резултира со намалена популарност кај нацијата.
    Во меѓувреме Черчил учествува во развивањето на радарот, и предупредува на опасноста од режимот на Адолф Хитлер но во Британската јавност второто не пројавува поголем интерес.

    Непосредно пред втората светска војна Черчил е повторно повикан во Владата како Прв Лорд на Морнарицата, а по избувнувањето на војната е повикан да го заземе местото Премиер во коалиционата влада од сите партии во Британија.
    Тој тогаш го изјавува познатиот говор „неможам да понудам ништо друго освен крв, умор, солзи и пот”.
    За време на војната Черчил го одбива барањето на Франција за воена помош, при навлегувањето на Нацистите, заради тоа што смета дека на Британија й се потребни сите воени сили заради нејзина одбрана.

    ReplyDelete
  17. Ова одбивање на помош потоа ќе го примора да ја саботира Француската флота, по нејзиното одбивање да й се приклучи на Британската, заради тоа што неможе да си дозволи таа да им се приклучи на силите на Нацистите.
    Британската Кралска Авијација, иако со тешки загуби во своите редови, успева да ја одбрани Британија од Германската авијација, ова во голем дел се должи и на Американската помош поддржана од Претседателот Френклин Рузвелт.
    Черчил, иако противник на комунизмот, со радост го прима влегувањето на СССР во војната како моќен сојузник против нацистите.
    Зближувањето на Британците и Американците се институционализира со Атлантскиот Договор, по кој се формира заеднички воен штаб на двете земји, во кој отпрвин се прифаќаат стратегиите на Британците, но подоцна, заради стравот од Британска доминација во светот, и без очекување на Советска, Американците наметнуваат свои воени планови.
    Само личната наредба на Кралот на Британија го спречува Черчил, во желбите да се десантира со трупите во Десантот на Нормандија.

    По Германската капитулација, во 1945г. се оддржуваат избори во Британија, на кои Черчил, кандидиран како Конзервативец, и покрај неговата огромна улога во светот воопшто, не ја добива довербата од гласачите и во наредните години ја предводи опозицијата, а изборите ги добиваат Лабористите.
    Во 1951г. Конзервативците повторно се враќаат на власт, со политики на антикомунизам, а Черчил повторно станува премиер.
    Во 1953г. Черчил станува витез и ја добива Нобеловата награда за литература, во 1955г. се повлекува од функцијата премиер, а 1963г. Џон Ф. Кенеди го прогласува за Првиот Почесен Граѓанин на САД. Черчил умира на 90 годишна возраст и е закопан близу до местото каде што е роден.

    Черчил е творец на многу статии, и книги и е исто така значаен како историчар, кој во своите книги дава поглед во прво лице за случувањата во неговото време, за време на пишувањето на историските книги имал пристап до тајните архиви на владата.
    Неколку од неговите книги ги напишал заради обезбедување на материјална корист, која на крајот и ја добил од продажбата на книгите, заради тоа што и покрај неговото аристократско потекло не многу богат.
    Тој ја пишува биографијата на неговиот татко „Животот на Лорд Рудолф Черчил”(1906г.) и биографијата на неговиот предок „Неговиот живот и време”(1933-38г. во 4 дела), и неколку дела кои воглавно се негови автобиографии со кои се промовира во раните години.
    Неговите најдобри дела се историските книги „Првата Светска Војна”(1923-31г. во 6 дела), „Втората Светска Војна”(1948-53г. во 6 дела), за која и добива Нобелова награда, и „Историјата на народите кои зборуваат Англиски”(1956-58г. од која голем дел датира од 1930г.).

    За Черчил се смета дека ја водел нацијата во, како што вели тој во еден од неговите говори „нејзиниот најдобар час”, дека го направил Англискиот јазик дипломатско оружје, и дека по неговата смрт завршува ерата на Британија како суперсила во светот, која е заменета од дуализмот: САД и СССР.

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.