Tuesday, September 22, 2009

Цитати

14 comments:

  1. Демократијата не значи: "Јас сум подеднакво добар како и ти", туку "Ти си подеднакво добар како мене".
    Теодор Паркер (1810-1860)


    Власт на народот, од народот, и за народот.
    Томас Џеферсон


    На сојузникот треба да се гледа исто како на непријателот.
    Леон Тротски (1879 - 1940)


    Среќата им помага на храбрите.
    Вергилиј (70-19п.н.е.)
    Римски поет.


    По еден човек можеш да ги запознаеш сите луѓе.
    Вергилиј (70-19п.н.е.)
    Римски поет.


    Демократија значи да се има избор. Диктатура значи да бидеш ставен пред изборот.
    Жанин Лучак

    ReplyDelete
  2. Малите грижи зборуваат, а големите молчат.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.


    Потруди се никогаш да не направиш ништо против своја волја.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.


    Смртта иззедначува се, се раѓаме нееднакви а умираме еднакви.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.


    Најлоша работа е кога тој што прави неправда се извлече неказнето, што само го зацврстува злото, зошто казната може да донесе поправање
    Сократ


    Задачите на партијата се... да се биде претпазлив и да не се дозволи на нашата земја да биде вовлечена во конфликти од страна на воени подбуцнувачи кои се навикнати на тоа да некој друг ги вади костените од огнот за нив.
    Јозеф Сталин (1879 - 1953)


    Партијата е собирната точка на најдобрите елементи на работничката класа.
    Јозеф Сталин (1879 - 1953)


    Нетреба да го правиш она што несакаш другите да ти го направат тебе.
    Талес од Милет

    ReplyDelete
  3. Владата е само судија, таа не би требала да се обиде да биде играч во играта.
    Роналд Реган (1911 - 2004)


    Нечовечно е да се радуваш на туѓата нестреќа.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.


    На другите простувај им секогаш, на себе не си простувај никогаш.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.


    Подобро е да слушаш отколку да зборуваш.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.


    Човечкиот род се одржува со правење добри дела и со слога.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.


    Секогаш е пострашно да се плашиш од смртта отколку да умреш.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.


    Кој не е задоволен со малку не заслужува повеќе.
    Сенека (4п.н.е.?-65)
    Римски филозоф.

    ReplyDelete
  4. Моето зачленување во Комунистичката партија е логичниот исход на мојот целосен живот и на целото тело на мојата работа.
    Пабло Пикасо (1881 - 1973)


    Само мртвите го гледаат крајот на војната.
    Платон


    Најдобра и најсложена држава е онаа во која за власт најмалку се стремат оние кои се избрани да владеат.
    Платон


    Славата дава сила за понатамошни подвизи.
    Проперциј (50?-15?п.н.е.)
    Римски поет.


    Јас незнам дали е остварлив социјалистичкиот идеал за рамноправна распределба на богатството, ама ако не е, тогаш волјата на привидението е навистина жестока, а човекот најнестреќен од сите суштества.
    Рабиндрант Тагоре


    Човековата смисла за праведност ја прави демократијата можна. Неговата склоност кон неправедност ја прави демократијата неопходна.
    Реинхолд Ниебур (1892-1971)


    Демократијата живее од спорот помеѓу две странки, од дискусијата за да се пронајде вистинскиот пат. Заради тоа во демократија спаѓа почитување на мислењето на другиот.
    Рихард ван Вијзакер

    ReplyDelete
  5. Надежта е најголемото зло, зошто го продолжува страдањето на човекот.
    Ниче


    Оној кој е причината за друг да стане моќен се уништува себеси.
    Николо Макијавели


    Парите носат чест.
    Овидиј (43п.н.е.-17?)
    Римски поет.


    Секој почеток е тежок.
    Овидиј (43п.н.е.-17?)
    Римски поет.


    Во полисот секоја индивидуа е заинтересирана не само за своите работи, туку и за работите на државата. Ние не велиме дека човекот кој нема интерес во политиката е човек кој си ја гледа сопствената работа, ние велиме дека тој е човек кој тука нема никаква работа.
    Перикле


    Правдата е двојна: едната е природна, племенита и универзална, другата е вештачка, партикуларна и политичка и создадена и наметната за непосредните потреби на владите и државите.
    Пиер Шарон (1568-1639)

    ReplyDelete
  6. Духот на демократијата не може да се наметне однадвор. Тој мора да израсне од внатрешноста на народот.
    Махатма Ганди (1869-1948)


    Најсреќните луѓе постојано го работат она што другите го работат само кога се на годишен одмор.
    Марк Твен


    Она што јас го направив, а беше ново е да се докаже дека... Класната борба неизбежно води кон диктаторство на пролетеријатот.
    Карл Маркс (1818 - 1883)


    Демократијата е исполнувачкиот и чист воздух без кој социјалистичката јавна организација не може да живее чистокрвен живот.
    Михаил Горбачов


    Јас изјавувам... Дека јас, и само јас, преземајќи ја политичката, моралната, и историската одговорност за се што се има случено...Ако фашизмот бил криминален сојуз... Одговорноста била моја.
    Бенито Мусолини (1883 - 1945)


    Јас и требам на Франција повеќе од што таа ми треба мене.
    Наполеон I (1769 - 1821)


    Големиот љубител на мир, човек со гигантски раст, кој ги обликуваше, како многу малку пред него судбините на својата доба.
    Џавахаралал Нехру (1889 - 1964)
    По смртта на Јозеф Сталин.

    ReplyDelete
  7. За сопственик се смета оној кој ја поседува стварта се додека не се докаже спротивното.
    Латинска поговорка.


    Правдата понекогаш спие, но никогаш не умира.
    Латинска поговорка.


    Сомневајќи се доаѓаме до вистината.
    Латинска поговорка.


    Додека дишам се надевам.
    Латинска поговорка.


    Учи, но од учени луѓе, неуките нека учат од тебе!
    Латинска поговорка.


    Земи го она што е твое, а на другите дај им го она што е нивно.
    Латинска поговорка.


    Историјата ја движи несвесниот и елементарно масовниот живот на народните маси кои пасивно се потчинува на судбината или на провидението, а не големите луѓе.
    Лав Николаевиќ Толстој


    Владата нема друга цел освен сочувување на имотот.
    Џон Лок (1632 - 1704)


    Бунтот во својата основа е јазик на оние кои не се слушнати.
    Мартин Лутер Кинг, јуниор (1929 - 1968)


    Под поимот демократија јас подразбирам еднакви шанси, како за најслабиот, така и за најсилниот.
    Махатма Ганди (1869-1948)


    Девизата -око за око- може да заврши само со ослепување на светот.
    Махатма Ганди

    ReplyDelete
  8. Треба да се докажува само она кое доколку биде докажано ќе му користи на оној што докажува
    Латинска поговорка.


    Се што се раѓа исчезнува.
    Латинска поговорка.


    Треба да се размисли повеќепати а да се одлучи еднаш.
    Латинска поговорка.


    Тешко е да се запознаеш самиот себеси.
    Латинска поговорка.


    Треба да учиш се додека постои нешто што не го знаеш.
    Латинска поговорка.


    Подели па владеј!
    Латинска поговорка.


    За учениот и образован човек да се живее значи да се мисли.
    Латинска поговорка.


    Науката е сладок плод со горчлив корен.
    Латинска поговорка.

    ReplyDelete
  9. Кој нешто тврди мора тоа и да го докаже.
    Латинска поговорка.


    Или не почнувај некоја работа, или кога веќе си ја почнал доврши ја!
    Латинска поговорка.


    Не е среќен оној што има се што сака, туку оној што не сака нешто што го нема.
    Латинска поговорка.


    На војната и требаат советите на старите и силата на младите.
    Латинска поговорка.


    Ниедна несреќа не доаѓа сама.
    Латинска поговорка.


    Со престанување на причината престанува и последицата.
    Латинска поговорка.


    Државата се луѓето, а не ѕидините!
    Латинска поговорка.


    Мислам значи постојам.
    Латинска поговорка.


    Со слогата и најмалите работи растат, а со неслогата и најголемите се рушат.
    Латинска поговорка.


    Желбата за власт е најстрашна од сите желби.
    Латинска поговорка.

    ReplyDelete
  10. Биди добар со луѓето што ги среќаваш кога се искачуваш до врвот, бидејќи ќе ги сретнеш истите кога ќе се симнуваш надолу.
    Џим Дуранте


    Кога ќе се спушти завесата, време е да се напушти сцената.
    Џон Мајор (Британски Премиер)
    Се однесува на неговата оставка по поразот на Британските избори.


    Време е да се вратиме на основите: на самодисциплината и почитувањето на правото, на разбирањето за другите, на прифаќањето на одговорноста за себе си и за семејството, а не да ги нафрлуваме овие работи а државата.
    Џон Мајор


    Демократијата значи донесување на одлука од оние на кои таа одлука се однесува.
    Карл Фридрих вaн Визахер


    Гласот на народот е гласот Божји.
    Кемал Ататурк (1881 - 1938)


    Денешните вистински граници не се наоѓаат помеѓу нациите, тие се наоѓаат помеѓу моќните и немоќните, слободните и потчинетите, привилегираните и понижените. Денес, не постои ѕид кој може да ги подели кризите со хуманитарните и човекови права во еден дел од светот, а кризите со национална безбедност во друг.
    Кофи Анан


    На правото се гледа како на творба на човековиот дух создаден за човекови цели, а закони
    те се акти на волјата, но не се и самоволие затоа што се потчинети на рационалните начела на правдата.
    Колучио Салутати (1331-1406)


    Животот е навистина едноставен, но ние сакаме да го правиме комплициран.
    Конфучие


    Кој брзо суди брзо и се кае!
    Латинска поговорка.


    Исправно е да оној што учествува во добивката од нешто, да учествува и во штетата од истото.
    Латинска поговорка.

    ReplyDelete
  11. Основната моќ која ја поседува претседателот е да ги собира луѓето и да ги убедува да направат нешто што тие би требало да го направат без убедување.
    Хари Труман
    Американски Претседател.


    Ако не би постоела неправдата луѓето не би ја познавале правдата.
    Хераклит (530-470п.н.е.)


    Борбата е универзална, а правото е спор и се се раѓа во борба и потреба.
    Хераклит (530-470п.н.е.)


    Слободата што ја уживаат граѓаните не може да се мери со владеjачката машинерија под која тие живеат, без разлика дали е таа владеjачка машина репрезентативна или од друг вид, таа слобода може да се мери со бројот на ограничувања кои владеjачката машинерија му ги наметнува на граѓанинот.
    Херберт Спенсер (1820 - 1903)


    Со мирот и редот демократијата може да биде оштетена исто како и со немирот и нередот.
    Хилдегард Хамбрукер


    Треба да се потчинуваме на законите, најдобар е оној полис во кој граѓаните повеќе ги слушаат законите отколку ораторите.
    Хилон од Спарта


    Тие кои се незадоволни со монархијата, ја нарекуваат тиранија; тие што не се задоволни од аристократијата, ја нерекуваат олигархија: значи исто така, оние на кои што им е неугодно во демократијата, што ја означува желбата за влада; но сеуште јас мислам дека нема луѓе кои веруваат, дека таа желба за влада, е некој нов вид на влада.
    Томас Хобс (1588 - 1679)
    Извадок од Левијатан.


    Ние немавме никаква корист од начелата на Евангелијата: Ако некој ти удри шлаканица, само сврти го другиот образ. Ние покажавме дека секој кој ќе удри шлаканица на нашиот образ ќе заврши без глава.
    Никита Хрушчов (1894 - 1971)


    Денешните напредни земји го достигнале нивното сегашно богатство преку доминација врз други раси и држави... Нивната комплетна суровост, непопречена од чувства на сочуство кон другите ниту пак од апстрактни теории за слобода, еднаквост и правда, им дала почетна предност.
    Индира Ганди (1917 - 1984) (Индиски премиер)
    Кажано на говор во Стокхолм, Шведска.


    Дајте никогаш да не преговараме поради страв, но дајте никогаш да не чувтвуваме страв да преговараме.
    Џон Ф. Кенеди (1917 - 1963)

    ReplyDelete
  12. Дај му на човека риба и ќе руча еден ден, научи го да лови риба и ќе руча цел живот.
    Редакција


    Мислам дека доколку би можело до народот на оваа земја да се допре со Вистината, нивниот суд би бил во полза на многуте, а против неколкумината привилегирани.
    Елеонор Рузвелт (1884 - 1962)


    Луѓето поседуваат вештина со која може да се спасат самите себе од вистината.
    Фридрих Ниче


    Демократските установи се карантин за копнежот кон тиранија.
    Фридрих Ниче (1844-1900)


    Не е знак за мудрост да се оттурнува токму оној чекор со кој сме се издигнале повисоко. Отстранувањето на еден степеник од скалиштето го повлекува целото скалиште.
    Махатма Ганди (1869 - 1948)


    Демократијата не трча, но таа посигурно стигнува до целта.
    Гете (1749-1832)


    Забрането е некогаш да се склучи мир со монарх, кој владее со луѓе кои не му се потчинуваат.
    Џингис Кан (1167? - 1227)


    Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух.
    Гоце Делчев (1872-1903)



    Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.
    Гоце Делчев (1872-1903)


    Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница.
    Гоце Делчев (1872-1903)


    Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.
    Гоце Делчев (1872-1903)


    Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.
    Гоце Делчев (1872-1903)


    Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.
    Гоце Делчев (1872-1903)


    Ниту едно општество не може да се присили на демократија, тоа не е подарок кој еднаш се добива и се задржува за сите времиња. За неа мора секојдневно да се бориме и да ја браниме.
    Хајнц Галински

    ReplyDelete
  13. Политиката е уметноста на возможното.
    Принц Ото фон Бизмарк (1815 - 1898)


    Секоја нација во секој регион во светот сега мора да се одлучи: или сте со нас или со терористите.
    Џорџ Буш, помладиот
    по нападите од 11септември, 2001.


    Времето е мојот најголем непријател.
    Чарли Чаплин


    Кога целото човештво, свесно ќе се преструктуира и ќе го смени светот, ерата на комунизмот ќе зазори.
    Мао Цетунг (1893 - 1976)


    Коцката е фрлена!
    Гај Јулие Цезар (100-44п.н.е.)
    Пред да ја премине реката Рубикон и да започне граѓанска војна со своите противници во Рим.


    Кај добриот судија доказите вредат повеќе од сведоците.
    Цицерон (106-43п.н.е.)
    Римски државник.


    Незнаењето за идните несреќи е подобро од знаењето.
    Цицерон (106-43п.н.е.)
    Римски државник.


    Оној на кого си му направил добро тоа ќе го заборави, но оној на кого си му направил лошо тоа ќе го запамети.
    Цицерон (106-43п.н.е.)
    Римски државник.


    Секој човек греши, но само неразумниот истрајува во својата заблуда.
    Цицерон (106-43п.н.е.)
    Римски државник.


    Меѓу две зла одлучи се за помалото!
    Цицерон (106-43п.н.е.)
    Римски државник.


    Подобро неправдата да се трпи отколку да се наносува.
    Цицерон (106-43п.н.е.)
    Римски државник.


    Бидејќи политичарот никогаш не верува во она што го говоро, изненаден е кога другите му веруваат.
    Шарл де Гол (1890 - 1970)

    ReplyDelete
  14. Највисоката мерка на демократија не значи највисока мерка на слобода, ниту највисока мерка на учество.
    А. Беноист


    Дајте им на луѓето факти и земјата ќе биде безбедна.
    Абрахам Линколн.
    Американски Претседател.


    Сите показатели за однесувањето на Американското општество покажуваат дека тоа е половично евреизирано и половично црнеизирано. Kако може некој да очекува таква држава да опстои?
    Адолф Хитлер (1889 - 1945)


    Како мажи и жени од карактер и верба во цврстината на демократските методи, ние мора да работиме како кучиња за да ја оправдаме таа верба.
    Двајт Д. Ајзенхауер (1890 - 1969)


    Должност е на секој граѓанин, според своите капацитети, да даде легитимитет на сопствените убедувања во политичките работи.
    Алберт Ајнштајн (1879-1955)


    Демократијата не прави силна врска меѓу луѓето. Меѓутоа таа им го олеснува меѓусебниот однос.
    Алехис де Тоскевил (1805-1859)


    Совршеноста е достигната не тогаш кога немаш што да додадеш, туку тогаш кога немаш што да одземеш.
    Antoine de St Exuper


    Човекот за своите уверувања не е одговорен пред никого, па ни пред државата.
    Аристотел


    Фашизмот не е извозен продукт.
    Бенито Мусолини (1883 - 1945)


    Демократијата е процес кој ни гарантира дека со нас нема да владеат подобро од тоа што го заслужуваме.
    Џорџ Бернар Шо (1856-1950)


    Тој е сепак човечко битие!... сега ќе се стави себе си над сите и ќе постане тиранин.
    Лудвиг ван Бетовен (1770 - 1827)
    Се однесува на Наполеон, кога слушнал дека самиот себеси се декларирал како император.


    Не смееме да дозволиме железната завеса да биде заменета со покривка од индиферентност.
    Бил Клинтон

    ReplyDelete

Note: Only a member of this blog may post a comment.